Strelec |
[img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/liljana-popovska.jpg[/img]
„Дали т.н. даночна пирамида, не е свесно и намерно пренасочување на вниманието од суштината - како се живее во Македонија, колку се троши, кој троши“, изјави Лилјана Поповска, пратеник.
Каде одат парите на граѓаните, праша денеска пратеничката Лилјана Поповска. Против кого и со каква цел Владата ја објави кампањата против даночната пирамида и најави спектакуларни резултати, а предизвика негативни ефекти.
„Непријатно чувство на хајка кај стопанствениците, единствените живи чинители во нашава мртва економија. Учени од поранешни искуства, очекуваат притисоци и рекет. Дадовме лоша порака до Европа и добивме прашања од Брисел“, рече поповска.
Државата троши се повеќе, а граѓаните се се посиромашни, оцени Поповска, откривајќи фрапантни податоци за зголемувањето на буџетските трошоци.
Државата за седум години потрошила дури 2,6 милијарди евра повеќе од расходите во 98-та, кажано поинаку, како на секое семејство да му одзела по пет илјади евра.
„Каде отишле тие патри, на што се потрошени и што добиле граѓаните како услуга? Ако граѓаните не чувствуваат подобрување на животот, дали овие потрошени средства не говорат за пирамидален начин на водење политика. Зошто ова не е прашање на едно министерство, на една Влада, ова е прашање на тренд и навика, на досегашна пракса на управување со државата“, додаде Поповска.
|