Пити, зелници, буреци, гибаници... |
Strelec |
Пита од месо
Потребен материјал:
250г. остро брашно
1 лажиче сол
1/2 прашок за печиво
120г. путер
5 лажици вода
За филот:
600г. ситно сечкано телешко месо
50г. путер
150г. кромид
1 лажиче рузмарин
200г. шампињони
150г. пченка
1 луто пиперче (по желба)
1 лажица сушени зачински билки
1 лажица остро брашно
За премачкување:
1 жолчка
2 лажици млеко
Подготовка:
Брашното измешајте го со прашокот за печиво, додадете путер исечен на ливчиња, сол, вода и замесете мазно тесто, па оставете го еден час во фрижидер. На путер испржете го ситно сечканиот кромид, додадете го телешкото, лутото пиперче, сушените зачински билки, рузмаринот и динстајте со вода околу 40 минути. Пред крајот на варењето додадете ја пченката, исечканите шампињони и продолжете да динстате уште 15 минути. Додадете брашно разматено со околу 50 мл вода и варете уште 5 минути. Вака подготвениот фил за пита оставете го да се излади. Дел од тестото истенчете во кора на набрашнета работна површина и ставете го во кружен калап со пречник од 25-30 см. Убаво обложете го дното и страниците со тестото. Врз него распоредете го филот, па ставете го вториот дел од тестото кој исто така, ќе го развиете во кора. Жолчката помешајте ја со млеко и премачкајте го тестото, избоцкајте го со виљушка и печете во рерна на температура од 200 степени околу 40 минути. Печената пита послужете ја со зелена салата.
|
The`bItCh |
Пита Ореов Лад
Потребни состојки:
- 1 кгр. Брашно
- 200 гр. Сирење
- 300 гр. Урда
- шеќер
- 2 јајца
- 1 свеж квасец
- вода
- масло за јадење
- сол
Подготовка:
Во еден поголем длабок сад ставаме 500 мл. вода. Потоа додаваме 200 мл. масло за јадење. Додаваме и малку шеќер. Посолуваме. Потоа во садот додаваме една четвртинка свеж квасец и 2 јајца.
Со рака ја мешаме смесата а потоа во садот додаваме брашно додека добиеме средно тврдо тесто. Користиме од моето брашно на мелницата Кадино со 10 годишна традиција поради квалитетот.
Со рака го замесуваме тестото и го месиме додека почне да се одлепува од садот. Потоа тестото го префрламе на набрашнета работна маса. Со двете раце убаво го месиме тестото додека стане мазно. Потоа тестото го развлекуваме во долга форма и од него сечеме 4 еднакви дела. Преостанатото тесто го оставаме настрана. Од секое парче тесто правиме по една топка И на набрашнетата работна маса со сукалка расукуваме кори. Расуканите кори ги оставаме да стојат на еден чаршав.
Во еден поголем длабок сад ја ставаме урдата и сирењето. Потоа земаме една од рассуканите кори И ја ставаме на чаршаф на работната маса. Со раце ја развлекуваме кората од сите страин во големина на работната маса. Ја попрскуваме кората со масло за јадење и ја филуваме со урда и со сирење. Со помош на чаршафот кората од двете страин ја виткаме во ролати кои се соединуваат на средината.
Земаме една бакарна тава за печење И ја намрснуваме со масло за јадење. Претходно свитканиот ролат го виткаме во круг И го ставаме во средината на тавата. Истата постапка ја повторуваме И со втората половина од тестото. Питата одозгора ја попрскуваме со масло за јадење И тавата ја ставаме во фурна да се пече на температура од 250 степени 20- тина минути. Користиме вградена фурна на НАРДИ мултифункционална со 4 грејач и 2 вентилатора со што се спречува создавањето кондензација, а се овозможува и печење на повеќе нивоа без мешање на миризбите. Откако питата ќе добие златно румена боја ја вадиме тавата од фурна И ја ставаме на работната маса. Со нож питата ја сечеме на поголеми парчиња И секое парче го ставаме на чинија за сервирање. Украсуваме со 2 топки кисела павлака И по едно гранче копар врз нив.
|
The`bItCh |
[img]http://on.net.mk/SiteImages/fromweb8578.jpg[/img]
Банички
потребно:
- 1 свеж квасец
- 500 гр. Брашно
- шеќер
- 300 гр. Сирење
- 500 мл. Вода
- масло за јадење
- сол
подговотка:
Во садот со квасецот, додаваме 2 лажички шеќер и малку сол. Потоа додаваме малку млака вода и мешајќи со лажичката го растопуваме квасецот. Во садот додаваме 2-3 лажички брашно, промешуваме и го оставаме квасецот да стасува.
Го земаме садот со брашното и во средината на брашното правиме длабнатинка. Во длабнатината ставаме сол и 1 лажичка шеќер. Потоа во длабнатината го истураме стасаниот квасец. Мешаме со лажица и додаваме масло за јадење. Постепено додавајќи млака вода со рака го замесуваме тестото. Вода додаваме додека тестото стане доволно тврдо. Потоа тестото го вадиме наработната маса и со двете раце убаво го месиме. Од тестото формираме една топка и неколку пати ја удираме од работната маса. Потоа во тестото правиме длабнатинки и во нив ставаме масло за јадење. Тестото уште еднаш убаво го месиме со двете раце. Од готовото тесто формираме топка и ја оставаме на чинија да стасува. Земаме една тава за печење и ја намрснуваме со масло за јадење.
Стасаното тесто со нож го сечеме на 4 еднакви делови. Го земаме првиот дел, го размесуваме со раце и од него формираме топче. Со сукалката сукаме кора, во големина на чинија. Оваа постапка ја повторуваме со сите 4 делови од тестото. Корите ги редиме во тавата за печење и ги премачкуваме со масло за јадење. Ги оставаме да стојат 15-тина минути.
Настрана во еден сад со вилушка го гмечиме сирењето.
Ја земаме првата кора од тавата, со раце уште малку ја растегнуваме и ја положуваме на кујнска крпа. Во еден сад ставаме масло за јадење, со кое ќе ги мачкаме рацете, за да ја растегнеме кората. Со раце кората ја растегнуваме, со големина како за пита. Со остар нож ги сечеме краевите од кората и кората уште еднаш ја попрскуваме со масло за јадење. Врз кората ставаме од гмеченото сирење и со помош на кујнската крпа кората ја виткаме во ролат. Вака подготвениот ролат, го виткаме во круг и ја формираме баничката. Готовата баничка ја ставаме во намрснета тава за печење. Постапката е иста за сите 4 банички. Баничките од озгора ги попрскуваме со масло за јадење, и тавата ја ставаме во фурна да се пече 15-тина минути на 250 степени. Кога баничките ќе добијат златно румена боја ја вадиме тавата од фурна и ја ставаме на работната маса. Полуизладените банички, ги вадиме на традиционален сад за сукани специјалитети. Баничките се служат со кисело млеко.
|
The`bItCh |
Австралиска пита со месо
потребни состојки:
- 500 гр. брашно
- 1 јајце
- 200 гр. јунешка кртина
- 300 гр. пилешко месо
- пармезан
- прашок за печиво
- 500 мл. млеко
- масло за јадење
- сол и црн пипер
подготовка:
Во длабока чинија го ставаме брашното. На средината на брашното со лажица правиме длабнатина. Во длабнатината ставаме прашок за печиво, сол и мелен црн пипер. Потоа во длабнатината го кршиме јајцето. Почнуваме да мешаме со лажица и во чинијата додаваме од млекото. Замесуваме помеко тесто. Работната маса ја набрашнуваме. На работната маса го ставаме тестото. Го месиме тестото со раце и постојано додаваме брашно, додека не стане доволно тврдо. И јунешкото и пилешкото месо ги сечкаме на коцки. Парчињата месо ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Со раце ги мешаме парчињата месо на даската за сечење, за да попримат од солта и црниот пипер. Тавата за печење ја намрснуваме со путер. Тестото со нож го сечеме на два дела. Првата половина од тестото ја набрашнуваме и ја месиме со раце. Со сукалка од тестото развлекуваме кора. Кората ја ставаме во тавата за печење. Врз кората ги редиме парчињата месо. Месото го наросуваме со пармезан. Магдоносот ситно го сечкаме. Потоа и магдоносот го додаваме во тавата за печење.
Вториот дел од тестото го месиме. Со сукалка и од него развлекуваме кора. И оваа кора ја ставаме во тавата за печење. Со помош на вилушка горната кора ја притискаме за да се залепи со филот и со долната кора. Врз кората наросуваме пармезан. Врз пармезанот ставаме парчиња путер. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 40- тина минути на температура од 250 степни. Откако питата ќе порумени ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож питата ја сечеме на поголеми коцки.
|
The`bItCh |
Брза скопска пита[:D]
потребно:
-3 јајца
-300 гр овчо сирење
-500 гр спанак
-3 дл кисела вода
-500гр готови кори за пита
-масло за јадење
подготовка:
Го земаме спанакот и на даската за сечење со нож ситно го сечкаме.
Исечканиот спанак го ставаме во еден поголем длабок сад. Садот со спанакот го оставаме на страна. Во една чинија сирењето со вилушка убаво го гмечиме. Изгмеченото сирење го додаваме во садот со спанакот.Во чинијата каде што го гмечевме сирењето едно по едно ги кршиме јајцата. Потоа јајцата ги матиме со вилушка. Изматените јајца ги додаваме во садот со спанак и сирење. Целата смеса во садоот со лажица убаво ја промешуваме и ја оставаме на страна.
Земаме една тава за печење и ја потураме со масло за јадење.
Земаме една од корите за пита и ја попрскуваме со масло за јадење. Потоа со лажица кората ја потураме со кисела вода. Кората ја филуваме со пртходно подготвениот фил од спанак, сирење и јајца. Вака подготвената кора ја виткаме во ролат. Готовиот ролат го виткаме во круг и го ставаме во средината на тавата. Ја земаме втората кора, ја подготвуваме на ист начин како и првата кора и ја ставаме во тавата. На овој начин редиме КОЛПИТА. Постапката ја повторуваме додека имаме кори и додека ја исполниме целата тава. Готовата пита ја попрскуваме со масло за јадење и ја ставаме да се пече на 225 степени околу 20-тина минути.
По дваесетина минути испечената пита ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож питата ја сечеме на четвртинки. Го земаме парчето пита и го ставаме на чинија за послужување. |
The`bItCh |
Ѓевречиња од месо со кајмак
- 2 ленти сланина
- 500 гр. Мелено месо
- 300 гр. кајмак
- 300 гр. Кашкавал
- француски магдонос
- 1 главица кромид
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Го земаме меленото месо и го ставаме во еден поголем длабок сад на работната маса. Потоа на даската за сечење ги земаме лентите сланина и најпрво ги сечкаме на тенки ленти по должина, а потоа на коцкички. Коцкичките сланина ги додаваме во садот со меленото месо. Потоа го земаме кашкавалот па и него го сечеме најпрво на ленти, а потоа на коцкички. И коцкичките кашкавал ги додаваме во садот со меленото месо и коцките сланина. Потоа ја земаме главицата кромид и неа ја сечкаме на ситни коцкички, па и кромидот го додаваме во садот со месото, сланината и кашкавалот. Содржината во садот добро ја посолуваме, а потоа ја наросуваме со црн пипер. На даската за сечење го земаме францускиот магдонос и ситно го сечкаме. И ситно исечканиот магдонос го додаваме кон содржината во садот. Потоа со раце за разммесуваме содржината во садот се додека не добиеме хомогена смеса. Од вака подготвената смеса со раце најпрво правиме топки, а потоа од нив формираме ѓевречиња. Формираме онолку ѓевречиња додека не ја потрошиме целата подготвена смеса.
Скарата на која ќе ги печеме ѓевречињата ја попрскуваме со масло за јадење. Ги земааме ѓевречињата и ги ставаме на скарата да се печат. За време на печењето ѓевречињата ги превртуваме за да бидат подеднакво испечени од двете страни. Во текот на печењето ѓеврчињата ги попрскуваме со масло за јадење. За време на печењето скарата ја поклопуваме со тава.
Додека се печат ѓевречињата, на оган ставаме една тава и во неа го ставаме кајмакот, малку да се растопи.
Кога ѓевречињата се печени внимателно, да не ни се растурат ги тргаме од скарата и ги ставаме на чинија за послужување.
Растопениот кајмак го промешуваме со лажица и го ставаме во средината на ѓевречињата, а и целите ѓевречиња ги посипуваме со кајмак. Одозгора врз ѓевречињата наросуваме ситно исечкан магдонос. Земаме една пиперка и ја сечеме на половина по должина. Потоа секое парче од пиперката го засекувааме од едната страна на повеќе места во вид на лепеза. Врз секое од ѓевречињата ставаме од вака засечените парчиња од пиперката. |
dalila |
Gibanica
[img]http://www2.serbiancafe.com/kuvar/img/390_giba.jpg[/img]
Sostojki:
500gr kori za gibanica
1/2kg cvrsto kravjo sirenje
2 sholjichki zejtin
200mml kiselo mleko
200mml slatko mleko
1 pecivo
4 jajca
Sirenjeto se drobi, i se promeshuva so mlekata i zejtinot.Se dodavaat zholchkite, sol i pecivoto i seto toa dobro se izmeshuva.Na kraj se matat belkite i vnimatelno se dodavaat vo filot.
Za prilozhenata kolichina na sostojki potrebno e da se zeme tavche so prechnik 25cm.Se podmachkuva dnoto i se stava hartija za pechenje testo po shto i ona se premachkuva obilno so zejtin.
Ova kje pomogne posle pechenjeto gibanicata cela da se izvadi od tavcheto.Prvata kora se stava vo tavcheto i vishokot se ostava da visi nadvor od tavcheto.Podocna koga kje se naredat site kori so ovoj vishak kje se "zatvori" gibanicata.
Se stava filot, ramnomerno se razmachkuva i se taka posle sekoja kora se dodeka ne se potroshat i korite i filot.Prfi postavuvanje na sekoja kora, ne treba da se pritiskaat-korite treba da bidat vo lesen dopir so podlogata.Sega, delot od prvata kora shto visel od tavcjheto go prefrlame vrz gibanicata.
Otkoga gibanicata e naredena, so tenok i ostar nozh ja probushuvame na nekolku mesta i ja ostavame da se odmori okolu polovina chas.
Tavcheto se stava vo predhodno zagreana rerna na 180 stepeni.Koga procesot na pechenje kje dostigne do pola(okolu polovina chas), gibanicata se preliva so polovina chasha topla voda vo koja imame dodadeno 1 lazhichka zejtin i 1 lazhichka sol.
Posle toa se prodolzhuva so pechenje se dodeka gornata kora ne dobie temno-smegja boja.
|
dalila |
Gibanica so spanakj
[img]http://www2.serbiancafe.com/kuvar/img/374_gibanicaspanaca.jpg[/img]
sostojki:
500gr tenki kori
500gr sirenje
500gr spanakj
4 jajca
sol
mleko
zejtin
Spanakjot se bari vo malku posolena voda, se cedi, secka i promeshuva so pasiranoto sirenje.Se dodavaat jajcata i se posoluva.
Vo pleh podmachkan so zejtin, se redat polovina od korite, se rasporeduva filot, pa se stavaat ostatokot od korite.Se peche vo zagreana rerna(200 stepeni) otprilika 45 minuti, dodeka korite ne se zacrvenat i stanat krckavi. |
dalila |
Posen zelnik so pchenkarno brashno
[img]http://www2.serbiancafe.com/kuvar/img/442_pi.jpg[/img]
Sostojki za 6 porcii:
600gr pchenkarno brashno
500gr koprivi ili spanakj
1 sholja zejtin
sol
1 pecivo
Se zamesuva testo od pchenkarno brashno, pecivo, voda, malku sol i zejtin.
Polovinata od testoto sipete ja vo podmachkan pleh, poravnete da dobiete ravna kora.
Ischisteniot spanakj(ili koprivi) izmijte go i proprzhate go kratko vreme na zejtin.
Se sipa spanakjot vrz korata i ramnomerno se rasporeduva, preku nego se sipa ostatokot oa testoto, so shto se oblikuva vtorata kora.
Se peche na umerena temperatura okolu 1 saat. |
slasa |
of leleeeeeeeeeee ogladnev
|
The`bItCh |
Пита од боровинки
[img]http://www.vecer.com.mk/content_images/pita-borovnica.jpg[/img]
Потребно:
За тестото:
300 г остро брашно тип 500
1/2 прашок за печиво
малку сол
6 лажици ладна вода
2 лажици шеќер во прав
150 г путер
За филот:
400 г боровинки
1 лажичка цимет
80 г мелени ореви
50 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 лажица презли
За премачкување: 1 жолчка
За посипување: шеќер во прав
Подготовка: Брашното измешајте го со прашокот за печиво, додадете путер исечен на ливчиња, сол и шеќер и се заедно изронете со прсти и на крајот додадете ладна вода. Замесете мазно тесто и оставете го во фрижидер 30 минути. Боровинките добро измијте ги и исцедете ги. На набрашнета работна површина дел од подготвеното тесто развлечете го во кора малку поголема од калапот, па ставете ја во (со пречник 25-30 см) претходно подмачканиот и набрашнет калап. Со тестото прекријте го дното и страните на калапот. Одозгора посипете со презла и распоредете ги исцедените боровинки, се посипете со цимет, шеќер во прав, ванилин шеќер и ореви. Преостанатото тесто расукајте го во тенка кора и неа ставете ја врз боровинките, одозгора премачкајте со жолчка, а на некои места набоцкајте со виљушка за да не испука тестото при печење. Печете 35-40 минути на 180 степени. Питата послужете ја посипана со шеќер во прав. Место боровинки може да се користи кое било зрнесто овошје, свежо или замрзнато.
Добар апетит[;)] |
dalila |
Pita so pileshko
potrebno e:
1-2 pile
zejtin
6 jajca
glavica kromid
kori za pita
sol, biber
Se chisti pileshkoto i seche na parchinja, se proprzhuva na zejtin se dodeka mesoto ne stane mekano.
Se odvojuva mesoto od koskite i se mele na mashina za melenje meso.
Mesoto se proprzhuva zaedno so kromidot(sitno iseckan), se dodava biverot i solta, celite 6 jajca i se filuvaat korite:
Vo podmachkan pleh se stavaat edna preku druga 3 kori, sekoja poedinechno poprskana so zejtin, se prekrivaat so filot, potoa se redi red kora-red fil, se dodeka ne se potroshi celiot materijal.
Najgornata kora se poprskuva so zejtin i voda i peche vo zagreana rerna. |
dalila |
Pita so jabolki
[img]http://www2.serbiancafe.com/kuvar/img/1108_apfelstrudel.jpg[/img]
potrebni sostojki:
500gr kiseli jabolki
150gr kristal shekjer
150gr prezla
80gr puter
1 lazhichka cimet
1 kesichka vanilin shekjer
80gr suvo grozje
2 lazhici rum
za korite e potrebno:
500gr brashno
malku kvasec, malku sol
mlaka voda po potreba
Se zamesuva meko testo od navedenite sostojki i se usukuvaat shto e mozhno potenki kori.
Jabukite se ljushtat, vadat semkite i swe sechat na chetvrtinki, i se sechat potoa na krishki.Sekoja krishka treba da bide so debelina okolu 3mm.Vo tava se rastopuva puterot i se proprzhuva prezlata se dodeka ne dobie brao-zholta boja.Treba da se vnimava da ne zagori.Koga e gotova, se pomeruva na strana i ostava.
Se pomeshuva:listovite od jabolkite, shekjerot, vanilata, cimetot rumot i suvoto grozje(predhodno potopeno vo mlaka voda i iscedeno).
Sve fino se mesha i se pristapuva kon filuvanje na korite.Sekoja kora se poprskuva so rastpen puter i so prezlite i se nanesuva od filot i taka sve dodeka ne se potroshat navedenite sostojki.
Vo podmachkan pleh, se stava pitata(po zhelba mozhe da se svitka kako rolat), se premachkuva so rastopeniot puter i se peche na 220 stepeni okolu 40 minuti.
p.s. ovaa pita e ushte poubava ako dodademe vo filot i 200gr kisela pavlaka ili 200gr izmaten shlag, kako i okolu 100gr meleni orevi.[:)] |
dalila |
Пита со туна
- 1 пакување смрзнато лиснато тесто
- 370 гр туна од конзерва
- 400 мл павлака
- 8 тврдо варени јајца
- сол и црн пипер
Во поголем длабок сад ја ставаме туната. Ја гмечиме со вилушка. На покрупната страна од рендето во садот ги рендаме варените јајца. Мешаме со вилушката. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Ја додаваме павлаката. Мешаме со вилушка.
Работната маса ја набрашнуваме. На набрашнетата работна маса ја ставаме кората од лиснато тесто. Ја набрашнуваме кората, како и сукалката. Со сукалката ја рассукуваме кората. Со помош на тавата ја формираме кората од лиснато тесто. Со алатка и ги отсекуваме краевите на кората, но толку за да биде по два сантиметри поголема од тавата. Керамичката тава за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Со четка ја намрснуваме целата внатрешност на тавата. Со помош на сукалката ја земаме кората од работната маса и ја ставаме во тавата. Врз кората го ставаме филот од туна. Го рамниме филот со лажица.
Повторно ја набрашнуваме работната маса. На масата ја ставаме втората кора. Ја повторуваме истата постапка, како и со првата кора од лиснато тесто. И втората кора ја ставаме во тавата. Со помош на алатката ги отсекуваме непотребните делови од корите. Потоа двете кори заедно ги свиткуваме по работ на горната површина на питата. Го кршиме јајцето и ја делиме жолчката од белката. Ја матиме жолчката со готварска четка. Во изматената жолчка додавамемасло за јадење. Со помош на готварската четка, со изматена жолчка ја премачкуваме Питата со туна. Со нож на неколку места ја боцкаме питата. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 225 степени. Ја вадиме тавата од рерна. |
dalila |
Pita so meso i oriz
[img]http://www.inet.co.yu/kuvar/s/n-z/pita-meso-pirinac.jpg[/img]
za testoto potrebno e:
500gr brashno
250gr puter
1 lzhica prashok za pecivo
120ml voda
za fil:
1kg junetina
150gr oriz
100gr puter
400ml jogurt
100gr kromid
sol
1 lazhica seckan magdanos
seckan celerov list
1 lazhica vegeta
jajce za premachkuvanje
Mesoto se secka na parchinja i vari vo posolena voda so granche celer.Orizot se vari vo posolena voda.
Vo megjuvreme se zamesuva testoto od navedenite sostojki.Mesoto se secka na pomali parchinja, a iseckaniot kromid se dinsta na puterot.Potoa se dodava mesoto, orizot, magdanosot i vegetata.Sve dobro se izmeshuva, trga od oganot, dodava jogurtot i poleka izmeshuva.
Testoto se deli na dva dela(edniot neshto pogolem od drugiot) pogolemiot se rastenchuva so sukalo i se stava vo kalapt taka da gi pokriva i ivicite na kalapt.Po testoto se rasporeduva filot, a potoa se prekriva so rugiot del na testoto, isto taka rastencheno so sukalo.Se premachkuva so jajce, rasekuva na nekolku mesta i stava da se peche na 200 stepeni okolu 1 chas.
Pechenata pita se sluzhi so jogurt ili kiselo mleko.
|
dalila |
Pita so shunka i so maslinki
[img]http://www.inet.co.yu/kuvar/s/n-z/pita-sunka-masline.jpg[/img]
potrebno e:
200gr brashno
60gr margarin
sol
za fil:
1 glavica kromid
1 cheshne luk
1 zelena piperka
1 lazhica maslinov zejtin
2-3 domati
100gr dimena shunka
1 shaka maslinki bez kovchinja
3 jajca
3 lazhici mleko
sol
Margarinot se izdrobuva sitno so brashnoto i solta, pa so dodavanje na ladna voda se zamesuva testo.Se rastenchuva na okrugla plocha , pa so nego se oblozhuva modlata taka da se pokrijat ivicite.Se stava vo zagreana rerna i peche na 200 stepeni okolu 10 minuti.Vo megjuvreme na zejtin se prodinstuva iseckaniot kromid i lukot, zaedno so iseckanata piperka i shunka.Ovaa smesha se rasporeduva po polupechenata kora, domatite se sechat na kocki pa i oni se stavaat na pitata zaedno so maslinkite.Se matat jajcata so mlekoto, posoluvaat i so toa se preliva filot.Se vrakja vo rerna i se peche ushte okolu 30 minuti.Pred serviranje se seche kako torta.
|
beti869 |
koj spomnuva pastrmajlii?A, Dalila so ti treba sega toa samo strvosti ni pravis? |
dalila |
Mesna shtrudla so jajca
[img]http://www.coolinarika.com/img/recipe/222253_1.jpg[/img]
potrebno e:
1 pakovanje zamrznato lisnato testo
za fil:
500gr meleno svinsko meso
biber
1/2 lzhichka melen crven piper
1 lazhichka vegeta
50ml zejtin
2 jajca
2 lazhici senf
1 glavica kromid
3 vareni jajca
1 lazhichka naseckan magdanos
za premachkuvanje:
1 jajce
Lisnatoto testo tenko se razvlekuva i 1/3 od korata premachkajte ja so senf.Na kockici iseckajte gi varenite jajca.Na zagrean zejtin proprzhete go sitno iseckaniot kromid i crveniot piper.Dodadete go mesoto, vegetata, biberot i iseckaniot magdanos.Lesno proprzhete so dodavanje na voda, okolu 20-tina minuti.Vo oladenoto meso dodadete gi izmatenite jajca.Na sekoj list od testoto posipete so iseckanite jajca, pa stavete od filot i svitkajte vo rolat.Povrshinata na rolatite premachkajte gi so izmateno jajce i pechete vo predhodno zagreana rerna na 200 stepeni celziusovi okolu 35 minuti. |
dalila |
Gibanica so pchenkarno brashno
[img]http://www.kuvarica.co.yu/jelovnik/images/testa/pite-krompir-palenta.jpg[/img]
potrebno e:
250gr mast
250gr kajmak
7 jajca
1l mleko
1/2kg pchenkarno brashno
1 lazhichka soda-bikarbona
sol
Se matat dobro masta so kajmakot, malku se posoluva a posebno se matat jajcata pa se dodavaat na predhodnite.Sve zaedno dobro se izmatuva.
Vo drug sad se mesha mlekoto so pchenkarnoto brashno.Dobro se razmatuva za da ne ostanuvaat grudchinja, malku posoluva pa ostava da odstoi desetina minuti.Sega zaedno sve dobro se promeshuva, dodava sodata(ili prashok za pecivo) i presipuva vo podmachkan sad za pechenje(vodete rachun sadot da bide dovolno dlabok, zatoa shto gibanicata kje narasne) i peche vo predhodno zagreana rerna na 225 stepeni celziusovi odprilika 45 minuti.Gibanicata prvo se ostava da se oladi i posle toa se seche na kocki.
|
dalila |
Pita so shampinjoni
[img]http://www.dobartek.hr/ps.php?slika_id=20050205103629gj&max_width=260&max_height=365[/img]
sostojki:
500gr lisnato testo
600gr shampinjoni
50gr puter
200gr sirenje
1dl pavlaka
1 zholchka
1dl vinjak
50gr izrendani orevi
sol. biber
1 veza magdanos
1 jajce za premachkuvanje
Izmienite i isushenite shampinjoni se seckaat na livchinja.Sirenjeto se renda, a magdanosot se secka.Odmrznatoto lisnato testo se istenchuva so sukalo i so pomosh na kalupot (so prechnik 26cm) se sechat dva kruga vo velichina na kalupot.Od ostatocite se oblikuvaat kraevite na pitata.
Vo eden sad se stavaat shampinjonite i izrendanoto sirenje.Se dodava zholchkata izmeshana so pavlakata,izrendanite orevi i seckaniot magdanos.Se zachinuva so sol i biber, dodavaat parchinja od puterot i dobro promeshuva.Vo kalapot se stava na dnoto edniot krug od lisnatoto testo.Dobro se pritiska na dnoto.I stranichnite zidovi se oblozhuvaat na kalupot so testo i polni so vekje pripremeniot fil.Se pokriva so ostanatiot del od testoto, zasekuva so nozh i premachkuva so razmatenoto jajce.Se peche ne 180 stepeni okolu 45 minuti. |
LIDIJA - SKorpija |
EEEEEEEE ja zaebav dietata sega[V].[:(] |
beti869 |
so be Liki ni se lutis sega? |
beti869 |
PITA SO PRAZ
1 solja jogurt
3 jajca
3 solji brasno
1 solja maslo
malku sol
300-400 gr iseckan praz
Prvo se matat jajcata a potoa se dodavaat drugite sostojki i se pece vo nabrasneto plekce 30 tina minuti na 180 stepeni.Dobar apetit. |
beti869 |
Ne stasav da ja slikam odma se izede |
LIDIJA - SKorpija |
quote: Originally posted by beti869
so be Liki ni se lutis sega?
Ma kakvi.Jas toa komplimenti delam za receptive - na moj nacin[:D] |
beti869 |
dobro de jas samo taka kolku da se najdeme vo muabet |
dalila |
Штипски пастрмајлии
[img]http://www.korab.org.mk/baba/baba5.jpg[/img]
(ЗА 4 ЛИЦА)
- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)
Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли. |
sasha |
hmmmm...sho mi pravite ligi...znaete deka ne gotvam....:))))))) |
beaver hunter |
ako de, ako ne znaesh da gotvish...
dimeto neka stigne vo LA toj kje se grizhi za toa... |
sasha |
ne bre...eve mafisKuma se ponudi da me nauci:)) |
dalila |
Pita so kisela zelka
potrebno e:
edna glavica kisela zelka
pola kg kori za pita
2 jajca
chasha kisela voda
sol
Zelkata se secka shto e mozhno na positno i se przhi se dodeka ne omekne.
Se dodava sol, samo vnimatelno poshto taa vekje e solena, se trga od oganot i koga kje se oladi se dodavaat razmateni jajcata.
Prvo se stavaat nekolku kori(2-3), se poprskuvaat so zejtin, i se stava del od filot.Pa pak se stavaat nekolku kori i fil i sve taka se dodeka ne se potroshat site sostojki.
Poslednata kora se premachkuva so zejtin i preliva so kisela voda.
Se ostava da odstoi desetina minuti i se peche vo dobro zagreana rerna.Se peche okolu dvaesetina minuti.Se sluzhi topla i odlichno ide so kiselo mleko[:)] |
voda |
dalila daj nekoja recepta za prav burek ne so kupeni kori |
voda |
dalila dali moze da se dobijat recepti za sitni kolaci makedonski ama ne moderni recepti tuku stari tradicionlni ---kolaci so pivo ezinja gurabii i tn znaes nesto sto ne lici na snikersi mikersi tuku koga ke griznes da znaes deka si griznala makedonce---kolace |
Kaneo |
quote: Originally posted by beti869
PITA SO PRAZ
1 solja jogurt
3 jajca
3 solji brasno
1 solja maslo
malku sol
300-400 gr iseckan praz
Prvo se matat jajcata a potoa se dodavaat drugite sostojki i se pece vo nabrasneto plekce 30 tina minuti na 180 stepeni.Dobar apetit.
E vakvi lesni recepti najmnogu sakam [8D]. Prasanje: treba li prazot prethodno da se isprzi ili da se svari, ili samo taka naseckan se stava? |
dalila |
Da se svari nikako, ama da se isprzhi mozhe...kje dobie ubav vkus.
Mada, toa e po zhelba.Nekoi go stavaat i zhiv. |