Shpageti i drugi vidovi testenini |
The`bItCh |
Шпагети Болонезе
потребни состојки:
- 500 гр. шпагети
- 500 гр. мелено говедско месо
- 800 гр. конзервирани домати
- 2 главици кромид
- 100 гр. пармезан
- магдонос
- 5 чешниња лук
- 2 моркова
- 1 корен од пашканат
- 1 кафена лажица шеќер
- 1 говедска коцка за супа
- 2 дл. црвено вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер
подготовка:
На даската за сечење ситно го сечкаме кромидот. На оган ставаме тава за пржење. Во тавата ставаме масло да се загрее. И во тенџерето со зовриена вода на оган додаваме масло. Во второто тенџере со зовриена вода ја ставаме коцката за супа. Исечканиот кромид го собираме во сад и го оставаме настрана. Морковите и коренот од пашканат ги рендаме на покрупната страна на рендето. Изренданиот зеленчук го оставаме на чинија настрана.
На загреаното масло во тавата го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Промешуваме. Потоа во тавата го додаваме изренданиот зеленчук. Повторно промешуваме. Зовриената вода во тенџерето ја посолуваме. Во тенџерето ги ставаме шпагетите да се варат. Шпагетите ги притискаме со лажица решетка за да бидат покриени со вода. Содржината во тавата ја посолуваме и ја промешуваме. Потоа со црпалка во тавата налеваме од супата. Ја покриваме тавата со капак и оставаме да се динста. Откако течноста ќе испари го тргаме капакот. Во тавата го додаваме меленото месо. Го ситниме месото со лажица и го мешаме. Ја покриваме тавата со капак. Варените шпагети ги истураме во цедалка. Ги попрскуваме шпагетите со масло за јадење. Во тавата со испржено мелено месо ги додаваме конзервираните домати. Промешуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Посолуваме. Повторно промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Откако течноста ќе испари го тргаме капакот и во тавата го додаваме црвеното вино. Промешуваме. Во тавата ги додаваме со алатка изгмечените чешниња лук. Промешуваме. Уште еднаш налеваме супа. Повторно промешуваме. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го ставаме на чинија настрана. Во тавата го додаваме шеќерот. Промешуваме. Додаваме пармезан и сечкан магдонос. Ја покриваме тавата со капак.
[img]http://www.eismann.es/Images/Produkte/0098.jpg[/img]
добар апетит[;)] |
dalila |
Kaneloni so pileshko
[img]http://www.krstarica.com/slike/kuvar/italijanska/kaneloni_piletina.jpg[/img]
potrebno e:
500gr brokuli
sol, biber
500gr domati
500gr pileshko file
1 glavica kromid
1 strak magdanos
12-16 kaneloni(rolnichki)
2 lazhici puter ili margarin
2 lazhici brashno
1/2 litar mleko
narendano muskatno orevche
125 gr mocarela
Brokulite se chistat, mijat i razdeluvaat na pomali delovi.
Se varat vo solena voda okolu 3 minuti.Potoa se vadat i cedat.
Se mie domatot, lupi i secka na pomali kockici.Isto taka i mesoto se mie i secka na kockici.
Se secka kromidot i na malku masnotija se proprzhuva se dodeka ne stane so staklast izgled, pa se dodava mesoto i se dinsta.
Se dodava sitno iseckaniot magdanos, se posoluva i pobiberuva i so ovaa smesa se polnat kanelonite.
Vo ognootporen sad se redat domatite i brokulite pa preku niv i napolnetite kaneloni.
Se pravi beshamel-sos od puterot, brashnoto i mlekoto.Se zachinuva so muskatnoto orevche, sol i biber i se prelivaat kanelonite.
Mocarelata se seche na krishki i se redi vrz seto ova.
Se peche na 200 stepeni celziusovi okolu 45 minuti. |
The`bItCh |
Тестенини со спанаќ и бадеми
- 500 гр. тарана
- 500 гр. спанаќ
- 100 гр. бадеми
- 100 гр. суво грозје
- 3 чешниња лук
- 2 китки млад кромид
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Водата во тенџерето на оган ја посолуваме. Го покриваме тенџерето со капак. На даската за сечење младиот кромид ситно го сечкаме. Исечканиот кромид го оставаме на чинија настрана. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го оставаме во сад настрана. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Потоа во тавата ги додаваме исечканиот кромид и лук. Промешуваме и оставаме да се пржат.
Претходно исчистениот и измиен спанаќ го сечкаме. Исечканиот спанаќ го додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Во тавата го додаваме сувото грозје. Промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. На работната маса ги толчиме бадемите. Истолчените бадеми ги собираме во сад. Потоа бадемите ги додаваме во тавата на оган. Тараната ја ставаме во тенџерето со зовриена вода на оган Содржината во тавата ја промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Сварената тарана од тенџере ја ставаме во цедалка. Ја плакнеме тараната со студена вода. Од цедалката тараната ја префрламе во длабок сад. Во садот додаваме масло за јадење. Потоа тараната ја додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. Со лажица решетка тестенините со спанаќ и бадеми ги ставаме на чинија за сервирање. |
dalila |
Bravo Katja[:)]..malku go proshiriv naslovot na topikot, se nadevam ne ti smeta[;)] |
The`bItCh |
Нема проблем:)) твое катче прај шо сакаш[;)]
Тестенини пинели
потребни состојки:
- 350 гр. макарони
- 1 тиквичка
- 200 гр. сечкани маринирани шампињони
- 2-3 лажици пармезан
- 2 чешниња лук
- магдонос
- 1 коцка за супа
- маслиново масло
- сол и црн пипер
подготовка:
Водата во тенџерето на оган ја посолуваме. Во зовриената вода ги ставаме макароните да се варат. Во другото тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме Кнор коцката да се вари супа. На оган ставаме тава за пржење и во неа маслиново масло да се загрее. Чешнињата лук ги сечкаме и ги ставаме во тавата на оган да се пржат. Тиквичката ја лупиме и ја сечеме на половина. Во тавата ги ставаме шампињоните да се пржат и промешуваме. Тиквичката ја сечкаме на полукругови. Ги додаваме парчињата тиквичка во тавата и промешуваме. И макароните во тенџерето ги промешуваме. Во тавата наросуваме мелен црн пипер. Ги вадиме парчињата лук од тавата. Потоа со црпалка додаваме од супата во тавата и промешуваме. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го собираме во сад. Тенџерето со варените макарони го тргаме од оган и ги истураме макароните во цедалка. Исцедените макарони ги додаваме во тавата на оган и промешуваме. Во тавата го додаваме исечканиот магдонос и повторно промешуваме. Посолуваме. Го додаваме пармезанот и промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Содржината од тавата со лажица ја ставаме на чинијата за сервирање. |
dalila |
Testenina so pechurki vo sos od pavlaka
[img]http://www.dobartek.hr/ps.php?slika_id=20050722103031gj&max_width=260&max_height=365[/img]
sostojki:
300gr tenki testenini
400gr pechurki
1,25 dl slatka pavlaka
2 lazhici polnomasna kisela pavlaka
malku zgnechen luk
sitno seckan magdanos
2 kockichki puter
sol, biber
Vo soodveten sad promeshajte ja slatkata so kiselata pavlaka , kratko provarete ja i dodadete go lukot.
Dodadete gi ischistenite i iseckani pechurki, zachinete so sol i biber.Varete na tivok ogan 2 do 3 minuti.
Testeninata svarete ja vo posolena vrela voda.Vo tava stopete go puterot i na nego stavete ja svarenata i dobro iscedena testenina.
Vo sosot od pechurki dodadete sitno iseckan magdanos i po potreba dodatno zachinete go.
Testeninata stavete ja na zagreani tanjiri i prelijte ja so sosot od pechurki. |
wolf_pack |
Тестенини со спанаќ и бадеми и канелони со пилешко[:)] јаооооо колку сум стравол[:D] Cuisine за најдобар под-форум[^] |
dalila |
Kaneloni Cezar
[img]http://www.krstarica.com/slike/kuvar/italijanska/kaneloni_cesar.jpg[/img]
potrebno e(za 10 lica):
800gr mocarela(ili nekoj drugo meko sirenje)
200gr beshamel sos
100gr shunka
40gr parmezan
15 jajca
400gr brashno
300gr puter
1,75 litar mleko
15ml zejtin
sol, biber
malku mushkatno orevche
Od 5 jajca, 250gr brashno, 3/4l mleko i malku sol izmatete testo za palachinki i od nego ispechete 10 tenki palachinki.
Vo laden beshamel sos izmatete 2 vzholchki, shunka iseckana na kockichki, na kocki isechena mocarela i narendaniot parmezan, pa zachinete so sol i biber i mushkatnoto orevche.
So taa smesa premachkajte gi palachinkite, svitkajte gi i sekoja isechete ja na kosi parchinja otprilika 6 cm, da bi dobile za sekoja osoba po 3-4 kaneloni.
Od 50gr puter, 75gr brashno i 1l mleko napravete beshamel, trgnete go od oganot, izmatete vo nego 8 zholchki i potoa poleka dodadete gi cvrsto izmatenite belki.Polovina od taa smesa, stavete ja vo podmachkan ognootporen sad, na nejze stavete gi kanelonite, pokrijte so ostatokot od smesata, posipete so narendano sirenje i pechete vo rerna na umeren ogan. |
sisi |
quote: Originally posted by wolf_pack
Тестенини со спанаќ и бадеми и канелони со пилешко[:)] јаооооо колку сум стравол[:D] Cuisine за најдобар под-форум[^]
[:D] Ostaj sto Dalila dobro gotvi - fakat! Ama Wolfi koga ke pocne da se podliznuva,[:p],da ti se prijade,stvarno.[;)][:)][:D] |
wolf_pack |
и то шо викаш а сиси[:)]
Еве лазањата што сестра ми ја направи, сам сплескав половина[:D]
[url="http://img184.imageshack.us/img184/6727/lazagna0014hz.jpg"]Лазања 01[/url]
[url="http://img199.imageshack.us/img199/576/lazagna0020dm.jpg"]Лазања 02[/url]
Се надевам тука припага ова, со шпагетите и калионите[:)] |
dalila |
quote: Originally posted by wolf_pack
и то шо викаш а сиси[:)]
Еве лазањата што сестра ми ја направи, сам сплескав половина[:D]
A receptot e od ovie ovde postiranite ili na sestra ti?
Ako e nejzin receptot davaj go[;)] |
wolf_pack |
Ќе ја видам вечер и ке ја прашам да ми го даде[;)] |
dalila |
quote: Originally posted by wolf_pack
Ќе ја видам вечер и ке ја прашам да ми го даде[;)]
Sestra ti na godishen odmor da ne zamina?![:D] |
dalila |
Rvioli vo rerna(ravioli al forno)
[img]http://www.krstarica.com/slike/kuvar/italijanska/ravioli_rerna.jpg[/img]
Sostojki za 4 lica:
500gr polneti ravioli
1/2l gotov beshamel-sos
100gr parmezan
So puter ja premachkuvame tepsijata, pa redime red ravioli, red beshamel sos i se taka so red se dodeka ne se potroshat site sostojki.Raviolite se redat nevareni, zatoa shto kje se svarat vo rernata so beshamelot, na niv i onaka i treba samo nekolku minuti da bidat gotovi.
Koga sve kje se naredi, se posipuvaat raviolite so parmezan, kje se stavat vo rerna ise peche na 180 stepeni okolu polovina chas, se dodeka parmezanot ne pozholti.So chachkalica se probuva dali jadenjeto e gotovo. |
dalila |
Shpageti so tuna
potrebni sostojki:
400gr shpageti
1 konzerva tuna
400gr domati
1 glavica kromid
malku shekjer
origano
sol, biber
Kromidot se chisti, sitno se secka i se proprzhuva na zagrean maslinov zejtin.
Se dodava origanoto i sitno iseckaniot domat, pa sve zaedno se dinsta na tivok ogan.Se posoluva, pobiberuva i se dodava malku shekjer.
Tunata dobro se cedi, se isitnuva i se dodava vo tavcheto kade shto se dinastale kromidot i domatot i se promeshuva.Se ostava da stoi na toplo.
Shpagetite se varat vo solena voda i se proceduvaat.Se sipaat vo tanjiri i se prelivat so topliot sos. |
dalila |
Lazanji vo rolnici
[img]http://www.krstarica.com/slike/kuvar/italijanska/lazanje_rolnice.jpg[/img]
potrebno e(za 4 lica):
500gr brokuli
1 kocka instant supa
500gr shampinjoni
1 glavica kromid
50gr puter ili margarin
sol, biber
150gr kashkaval
3 lazhici brashno
2,5dl mleko
malko narendano muskatno orevche
16 listovi za lazanja
1 lazhica zejtin
16 parchinja tenko isechena slanina
zejtin
Brokulite se chistat, mijat i se delat na pomali parchinja.Se stava da provrie 1/2l voda, se dodava kockata za supa i vo toa se varat brokulite 5-6 minuti.
Brokulite se cedat i se sochuvuva supata.
Shampinjonite se chistat i se seckaat na livchinja.
Kromidot se chisti i se secka sitno.Se zagreva malku zejtin i na nego se proprzhuva, najprvo kromidot taka da stane staklast, a potoa se dodavaat i shampinjonite.
Se zachinuva so sol i biber.Se vadat sostojkite od tavata i se stavaat na strana.
Kashkavalot se renda.Se zagreva 40ml zejtin, se doliva supata od brokulite i mlekoto.Se dodeava polovinata od kolichinata sirenje.Se zachinuva so sol, biber i muskatnoto orevche.Se dodavaat shampinjonite i brokulite.Se ostava da se ladi.
Vo pogolem sad se stava voda da vrie.Se dodava malku zejtin, pa listovite od lazanjata(eden po eden) se varat okolu 4-5 minuti i se ostavaat na chista krpa da se oladat.
Na sekoj list se stava slanina i shunka, pa meshavinata od zelenchukot i se vitkaat vo rolnichki.
Se redat vo namasten ognootporen sad.
Ostatokot od meshaniot zelenchuk se posipuva preku lazanjata, se posipuva so ostatokot od kashkavalot i se peche vo zagreana rerna na 200 stepeni okolu 40-45 minuti. |
dalila |
Lazanja so pechurki
[img]http://www2.serbiancafe.com/kuvar/img/1042_lazanje_gljiva.jpg[/img]
sostojki:
pechurki
kompir
testenina-lazanja
morkov
kromid
sol, biber, vegeta
sos od soja
alfredo sos (sos od sirenje)
izrendana mozzarella
Testeninata se vari.Se secka sitno kromidot i morkovot, se dinsta na puter, pechurkite se chistat i se seckaat na shniti, dodavaat vo sherpata i se dodava malku voda.Se ostavaat pechurkite da potemnat i da pushtat voda, se dodavaat zachinite(sol, biber, vegeta, soja sos) i se vari 10-tina minuti.Potoa se renda 1 kompir, se mesha so pechurrkite i samo edna minuta se ostava da vari.
Vo podmachkana tepsija se stavaat korite, potoa sosot od sirenje, pa sosot od pechurki i sve taka se dodeka ne se potroshat site produkti.Na kraj, se renda mozzarellata .
Se pokriva so aluminiuska folija i se stava vo zagreana rerna da se peche okolu 50 minuti.
Potoa se trga folijata i se prodolzhuva so pechenje ushte 15-tina minuti. |
The`bItCh |
Шпагети карбонара
- 500 гр. шпагети
- 200 гр. сланина
- 4 јајца
- 200 гр. павлака
- 300 гр. кашкавал
- 50 гр. путер
- магдонос
- 3 чешниња лук
- сол
Најпрво ги земаме лентите сланина и на даската за сечење ги сечкаме на мали парчиња. Исечканата сланина ја ставаме на една чинија. Потоа од покрупната страна на рендето го рендаме кашкавалот. Изренданиот кашкавал го ставаме во сад настрана. На оган ставаме тенџере со вода да се загрее. Водата ја посолуваме и додаваме масло за јадење. Во тенџерето ги ставаме шпагетите да се варат.
Ги земаме јајцата ги кршиме и ги двоиме жолчките од белките. Жолчките ги додаваме во длабокиот сад со изренданиот кашкавал. Потоа во садот ја додаваме павлаката. Магдоносот го сечкаме и го додаваме во садот со кашкавалот, жолчките и павлаката. Се убаво промешуваме додека не добиеме хомогена смеса.
Тенџерето со шпагетите го тргаме од оган и сварените шпагети ги цедиме со цедалка. Исцедените шпагети ги плакнеме со вода.
На оган ставаме една тава и во неа додаваме путер да се растопи. Кога путерот ќе се растопи ја ставаме исечканата сланина да се пржи. Лукот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата со сланината на оган. Промешуваме и ги додаваме исцедените шпагети во тавата. Ги промешуваме шпагетите и сланината. Потоа во тавата го додаваме филот од жолчки, кашкавал и павлака. Еден домат го сечкаме на кришки и со нив ја украсуваме чинијата на која ќе ги служиме шпагетите. Земаме од подготвените шпагети карбонара и ставаме на чинијата за послужување. Врз кришките домат ставаме гранчиња француски магдонос.
[img]http://www.helmut.friedrichs-essen.de/rezepte/Rezepte%20als%20Bild%202/spaghetti%20carbonara.jpg[/img] |
dalila |
Kaneloni poneti so spanakj i kashkaval
[img]http://www.inet.co.yu/kuvar/s/a-m/kaneloni-spanac-sir.jpg[/img]
potrebno e:
200gr kaneloni
600gr sos so domati i shampinjoni
500gr spanakj
100gr kromid
50gr puter
1 lazhica vegeta
300gr kashkaval
200gr mozzarela
4 lazhici rendan parmezan
Na zagrean puter se proprzhuva iseckaniot kromid, se dodava vegetata, ischisteniot i izmien spanakj(mozhe i zamrznat) i dinsta, a pred krajot se dodava i kashkavalot.
Kanelonite se polnat so ovoj fil, redat vo ognootporen sad i prelivaat so sosot od domati i shampinjoni.Se perkrivaat so iseckanata mozzarela i posipuvaat so rendaniot parmezan.
Se stavaat vo rerna i pechat okolu 40 minuti na 200 stepeni.
Gotovite kaneloni se sluzhat so zelena salata. |
dalila |
Lazanja za gurmani
[img]http://www.gastronaut.hr/images/recepti/lazanje_sladokusci.jpg[/img]
sostojki:
340gr brashno
3 jajca
300gr spanakj
za fil:
sholja sos [url="http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10615"]bolonjez[/url]
40gr puter
supa od zelenchuk
100gr kashkaval
Se zamesuva testoto od navedenite sostojki i se ostava da ostoi polovina chas.
Se rastpuva puterot vo eden sad i se dodava so postojano meshanje malku brashno, sol i postepeno supa.Koga kje se zgusne beliot sos se dodava malku izrendan kashkaval.
Se rasukuva testoto i se seche na pravoagolnici od 8 x 14 cm..Se varat vo posolena voda(6 minuti) so nekolku kapki zejtin, vadat i ostavaat na chista krpa da se iscedat.
Se premachkuva tavcheto so puter pa se redi red testo, preliva so bolonjeze sosot, beliot sos pa rendan kashkaval i se taka dodeka ne se potroshat sostojkite a se zavrshuva so beliot sos.
Se peche 10 minuti na temperatura od 200 stepeni celziuosovi.Mozhe da se posipe so rendan parmezan. |