Дајте ни земја да ја населиме со 10.000 емигранти |
Strelec |
Обраќање на Здружението "Канада можности во Македонија", од Торонто, Канада:
Дајте ни земја да ја населиме со 10.000 македонски емигранти
Здружението во формирање "Канада можности во Македонија", од Торонто, Канада, вчера упати јавен повик до претседателот на државата, до премиерот, до странските дипломатски мисии, до политичките партии и до македонската јавност со барање да му се додели земја во која ќе се населат 10. 000 македонски емигранти. На таа територија Здружението предлага да има три официјални јазици - покрај македонскиот, официјални да бидат англискиот и францускиот и со неа да управува канадската влада преку претставници на Здружението, според рамките на Законот за локална самоуправа.
- Со задоволство одговараме на повиците на премиерот Бучковски и на министерката Митрева.
- Затоа бараме да ни се додели земја на територија на Република Македонија по пат на концесија од 25 до 50 години, или подарок, доволно пространа да може да се населат за почеток 10.000 луѓе - се наведува во отворениот повик на Здружението.
Во повикот се додава дека на таа територија би владеел законот и правото на Канада, со извесни ограничувања.
Идејата е за почеток да се населат македонски емигранти, пензионери и млади луѓе кои би се школувале во универзитетски центар од светски глас кој би го формирале во соработка со еминентен универзитет од Канада.
- Спремни сме да вложиме се што имаме, а имаме невиден потенцијал.
Имаме поддршка од моќни финансиски институции. Само од вас зависи дали ќе можеме да го оствариме замисленово. Сега сте вие на потег - се наведува во отворениот повик.
|
achtung_panzer |
quote: Originally posted by dejan
... Kako moze da napravis druga drzhava vo Makedonija, akde stranski zakoni ke vladeat??!
Pa vekje e napraveno toa so vladeenje na stranski zakoni vo Makedonija. Pomini niz opshtinite so mnozinsko albansko naselenie i se' kje ti stane jasno... tuku koga vekje se pravi SAO Ilirida, zoshto da ne i SAO Kanada? |
dejan |
Sto mislis ti Strelec? Deka si od Kanada.
Sto mislat ovie lugje? Kako moze da napravis druga drzhava vo Makedonija, akde stranski zakoni ke vladeat??!
Po dobra idea imam, tie 10 000 da se naselat vo bilo koj grad vo Makedonija. |
wolf_pack |
Ova veke beshe probano odamna, Kanada beshe vo pregovori da zazeme eden ostrov od okolu 20,000 zhiteli vo Caribean, ama pustite liberalci cvikaa deka toa ke i bide mozhnost na tie luge da odat na welfare. A zamisli kolku bi bilo ubavo da se go zazemale, pa da gi obnovat plazhite, hoteli da izgradat, pa da si odime na odmor vo "nashe" mesto itn...
ova za Makedoncite, kade trazhat mesto Strelec? Nakaj severna Kanada da ne e? |
Strelec |
quote: Originally posted by wolf_pack
...ova za Makedoncite, kade trazhat mesto Strelec? Nakaj severna Kanada da ne e?
Baraat mesto na teritorijata na Makedonija, a ne vo Kanada!quote: Originally posted by dejan
Sto mislis ti Strelec? Deka si od Kanada.
Sto mislat ovie lugje? Kako moze da napravis druga drzhava vo Makedonija, akde stranski zakoni ke vladeat??!
Po dobra idea imam, tie 10 000 da se naselat vo bilo koj grad vo Makedonija.
dejan... jas imam ushte podobri idei, ama nitu edna od niv ne e ostvarliva...
Tvojata ideja e isto taka dobra, ama samo na hartija... Prvo, nema shansi da najdesh 10 iljadi semejstva shto kje se vratat vo Makedonija (zemi go primerot na tvoeto semejstvo... zoshto vie ne se vratite?)... i vtoro, koga i bi se nashle lugje shto kje se vratat, ako ostanat na sila makedonskite zakoni (i nachinite na primena na tie zakoni), dojdencite preku nokj kje osiromashat!
E sega, vo baranjeto e na prvo mesto naglasena mozhnosta zemjata da se dade pod koncesija... Toa znachi deka posle 25 ili 50 godini, toa podrachje povtorno kje bide pod jurisdikcija na Makedonija... Neshto slichno kako shto se sluchi so Hong Kong... Toa e sega del od Kina i toa ubedlivo NAJBOGATIOT del (samo zaradi toa shto vremeno beshe ostrov upravuvan od Velika Britanija)!
Inaku, lichno jas seushte nemam izgradeno stav vo vrska so ova, bidejki mnogu malku raboti i detali mi se poznati!
|
wolf_pack |
quote: Originally posted by Strelec
quote: Originally posted by wolf_pack
...ova za Makedoncite, kade trazhat mesto Strelec? Nakaj severna Kanada da ne e?
Baraat mesto na teritorijata na Makedonija, a ne vo Kanada!
Moja greshka, ja kao da razbrav deka trazhat da se dodeli teritorija NA R. Makedonija (nadvor od MK).
quote: Идејата е за почеток да се населат македонски емигранти, пензионери и млади луѓе кои би се школувале во универзитетски центар од светски глас кој би го формирале во соработка со еминентен универзитет од Канада.
Takva slichna ideja ima vo Blagoevgradskiot americhki univerzitet mislam. Nema granici na ideite, a bash me interesira so kolkavi finansii se raspolaga za pochetok. |
darkjesus |
Nisto cudno i da se desi takvo nesto.. veke godini unazat izigravame zamorcinja, zosto ne i sega!? site zakoni vladeat vo makedonija samo ne makedonskite.. (albanskite, evropska unija i nato zakonite, zakonite na diviot zapad so dobro poznatite mak. kauboi itn) |
zlotty_co_380 |
Jas ja podrzuvam idejata na brajka kanajgani, neka mu dade Maceodnia zemja neka ja napravat Canada, i ke ja napravat, sekako vo toa ne se somnevam , ja znam Canada mnogu dobro,no sekako vlasata makedonska neka ne se mesa,no ke nasatne uste pogolem problem togas , ako mu dadat na niv togas ke se javat i "drugite", togas tie ke recat: Nije ne sakame da se granicime so "Canada" , daj te ni ja nas zapadna Macedonia pa nie ke ja napravime "Swajcarija" ili "Germanija" ili "Italija" ili ....
A sto ke ostane za nas drugite sto sakame da ja pravime Maceodnia vo stilot na "USA" , "New Zealand" , "Japan" "Australia" , "Evropata" aaaa da ke go zapobravev i negovoto viseocestvo "Hong Kong" , pa zar ke ima mesto na 25713km2 da se napravat uste nekolku drzavi? |
concrete |
[img]http://on.net.mk/SiteImages/fromweb8563.jpg[/img] |
Jakov |
Ako pravilno go razbrav baranjeto na tie 10 000 luge od Canada,jas sum seriozno zagrizen za nivnoto zdravje. Ili se na nekoi genetski modificirani bobinki ili predolgo ziveele sami na North teritories.....ili neznam sto im e?
Mene da me drnkaat po makedonski zakoni a komsiite karsi ulica po Kanadski abe aj????
Ne znaev deka se tolku smeskovci ovie nasive sobraka vo Kanada. Izvinete vaka! |
Great_Macedonian |
Cista zaebancija.. kako prvo, vo makedonija mora da funkcionira samo makedonski zakon.. kako vtoro, ne veruvam deka vo kanada se seuste ostanati 10iljadi ne 'asimilirani' makedonci koj od se srce sakaat da se vratat vo makedonija. Uste edna dobra prikazna so koja se pozanimavaja mediumite. Da vidime kakva prikazna ke ni izmislat narednata nedela.
Concrete, ne zaebavaj sega so toa 'cut-n-paste'.. pa taa e kukata od babami :) |
Jakov |
Jas imam kontra pedlog. Da mi se dodelat 50 hektari i poveke najdobra kanadska zemja, so kompletna infrastruktura, na koja ke vazat zakonite na RM i da se naselam tamu. Ako vo rok od 5 godini toa parce zemja ne go pretvoram vo Eldorado za site lokalni i regionalni neranimajkovci i ebivetrovci, da mi ja zemat zemjata i da me vratat nazad vo RM.
|
Aj u Kafic |
quote: Originally posted by concrete
[img]http://on.net.mk/SiteImages/fromweb8563.jpg[/img]
Како дипломирана по англиски јаѕик, литература и култура можам да потврдам дека барем тоа е точно напишано.
А јас би се вратила ѕа МК, иначе не би сакала да градам куќа таму. Но кога ... тоа е прашањето. Веројатно кога нема да најдам тука работа па ќе отворам невладина во МК... |
Jakov |
E samo uste edna nevladina plus ni fali u MK. malku gi ima. :) |
slasa |
zemja ne treba ima gradovi kade treba da se smestat , Tetovo ,gostivar Debar Kicevo Struga ,, cela zapadna makedonija gi otvora portite samo neka se vratat tie |
Jakov |
Mislam deka so posledniov komentar im ja ubi "golemata" zelba i energija za vrakanje doma. |
Aj u Kafic |
Нека се вракјаат во тие делови на МК од каде се имаат иселено...
|
slasa |
quote: Originally posted by Jakov
Mislam deka so posledniov komentar im ja ubi "golemata" zelba i energija za vrakanje doma.
aman bre jakove zs taka velis treba da se zapoznaeme i sireme bratstvo edinstvo .. [:)] |
Strelec |
quote: Originally posted by Jakov
Jas imam kontra pedlog. Da mi se dodelat 50 hektari i poveke najdobra kanadska zemja, so kompletna infrastruktura, na koja ke vazat zakonite na RM i da se naselam tamu.
Ako insistirash na zakonite na RM (ama i primenata na tie zakoni da bide kako shto e vo RM), togash zemjata (sose kapitalot shto si go vlozhil) kje ja izgubish i ushte dolzhen kje i' ostanesh na drzhavata!?:)
Nego da se vratime na temata!
Македонците од Канада бараат услови за инвестирање во РМ
Постои голема заинтересираност меѓу македонските иселеници во Канада за економска соработка и инвестирање во Република Македонија, но државата треба да понуди подобри услови за таа и конкретно да се реализира, велат претставници од Организацијата „Обединети Македонци“ од Канада кои престојуваат деновиве во Македонија.
Како што посочи на денешната прес конференција во Скопје претседателот на организацијата и успешен канадски стопанственик Борис Мангов, државата е млада и го избрала вистинскиот пат за развој, но во Македонија се уште не постојат услови за бизнис-соработка, иако тие можат да се обезбедат.
„Државата треба да го помогне враќањето на Македонците-иселеници и да ги гарантира нивните вложувања“, смета Мангов кој во моментов преговара со фирми во Македонија за конкретна бизнис-соработка, за извезување на канадски производи од дрвната индустрија на македонскиот пазар.
Тој смета дека извоз на дрвни производи од Канада во Македонија е можен и економски исплатлив, бидејќи Канада е еден од најголемите светски производители и извозници на дрво и дрвни преработки поради што може да си дозволи калкулации со цените.
Според потпретседателот на оваа организација Драги Стојковски, како резултат на голем број барања што ги добиле преку Интернет за воспоставување бизнис соработка од страна на Македонци-поединци, посебно од осамостојувањето на Македонија, иако ООМ е основана со цел да дејствува за национално и културно обединување на Македонците во Канада, тие покренале активности за почнување на соработка и на економски план.
„Условите за соработка се подобрени, но за таа да се реализира државата треба да ги олесни административните и царинските процедури при извозот, односно увозот на стоки, да понуди одредени поволности за Македонците од дијаспората, даночни олеснувања, сигурност на финасискиот и банкарскиот систем и пред се безбедност“, вели Стојковски.
Тој како успешен пример од кој Македонија може да научи го посочи искуството на ирското економско чудо, со оглед дека Ирска стана богата европска земји токму благодарение на олеснувањата што ги нуди за странските инвеститори.
Членови на ООМ оствариле средба и со претставник од секторот за иселеништво при Министерството за надворешни работи.
На таа средба, како што велат, тие добиле поддршка за нивните активности и биле информоране дека Владата подготвува терен за уште поголема соработка.
Според координаторот за соработка меѓу ООМ и Македонија Георги Влчевски, во изминатите година и пол, направени се директни контакти со голем број македонски главно мали и средни компании со цел да се разгледаат можностите за деловна соработка за увоз на производи од Канада, но и за извезување на производи од Македонија на канадскиот пазар.
Во минатото иселениците кои сакале да вложуваат во Македонија се соочувале со рекет од посредници, но со овие директни контакти тие очекуваат да биде воспоставена конкретна и успешна деловна соработка на македонски и канадски фирми во најскора иднина.
На иницијатива на Стопанската комора на Гевгелија на крајот од оваа или на почетокот од идната година во Канада со помош на ООМ ќе се организира саем за претставување на можностите на гевгелиското стопанство, рече Георги Волчевски.
|
sirius |
kako prilog na pogore kazanoto deka nie bi mozele da napravime dobra zaednica-drzava vo Canada, go pastiram sl. citat:
Во славната фуснота Фројд ја опишува следнава сцена: "Седев сам во своето купе од колата за спиење, кога проклетиот воз се заниша посилно од обично отворајќи ја вратата на тоалетот од соседното купе. Влезе еден постар господин во пижама и со ноќно капче. Претпоставив дека сакал да излезе од тоалетот што го делат две купеа, но тргнал во погрешна насока и по грешка упаднал во моето купе. Скокнав со намера да го упатам во вистинска насока, за на своја срамота во истиот момент да сфатам дека неканетиот гостин не е никој друг туку мојот одраз во огледалото на отворената врата, и с#232; уште се сеќавам дека неговиот изглед воопшто не ми се допадна" (1959:403).
|
Inkognito |
ДиЈаспора
Поради рекетот, иселениците не вложуваат во татковината
Многумина Македонци што живеат во Канада, САД и во другите земји сакаат да инвестираат во Македонија, но досега државата не ги создаде елементарните услови да почнеме бизнис, ниту не прашала, рече Борис Мангов, претседател на организацијата "Обединети Македонци" од Канада. Тој има своја фирма во Канада, која успешно работи повеќе од дваесет години.
- Многу Македонци што живеат во Канада инвестираат во Ирска оти таму владата овозможи многу поволности за развој на бизнис. Тие посакуваат попрво да вложат во татковината, но во бизнисот водилка е остварувањето на профит. Тоа во Македонија не е можно во сегашните услови. Основни се безбедноста и даночните олеснувања кои се значајни за привлекување на бизнисмените. Треба да исчезне рекетирањето, кое најмногу не револтира - рече Мангов на вчерашната прес-конференција.
Потпретседателот на "Обединети Македонци", Драган Стојковски, рече дека се уште кај иселениците не е зарасната раната што им ја нанесе државата со запленувањето на заштедите во банките.
- Многумина иселеници изгубија пари не само во македонските банки, туку и преку разни измами при договарање за инвестирање. И покрај таквите горчливи искуства, кај нас не исчезнала желбата да се вратиме во татковината и да работиме - рече Стојковски. (М.Ј.)
|
Lidija |
Go prochitav ovoj topic duri sega, ama od porano otvoren od avgust duri. Mnogu interesna novost, ama iskreno recheno neznam dali se zafrkavat ili malku poozbilni se?!?
Ima prodolzenie na ova tema sega ili ostana na to sho beshe... |
concrete |
Dajte mi zemja , ke naselam 20.000 Makedonci !!!!! |
ProMKD |
ama kakvi Makedonci ke bidat tie concrete? Koga vekje birame, neka ne bidat bugaro/grko/srbo/albo/ fili. Cisti neka bidat [;)] |
concrete |
quote: Originally posted by ProMKD
ama kakvi Makedonci ke bidat tie concrete? Koga vekje birame, neka ne bidat bugaro/grko/srbo/albo/ fili. Cisti neka bidat [;)]
Cisti kolku sakas....samo kazi , ako treba i niz 2 mikronski filter ke gi protneme....a so pedigre od Filip II navaka....... |
ProMKD |
quote: so pedigre od Filip II navaka.......
nice |