Карпалак
Карпалак
трендафил Оддадена почит на македонските бранители од Карпалак
МИА


08.08.2005
По повод 4 годишнината од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп, утрово на спомен обележјето кај Карпалак венци положија членови на нивните семејства, Премиерот, Министерот за одбрана, претставници на АРМ, на политички партии, на локалната самоуправа од Прилеп и на Здружението на резервни воени обврзници - учесници во настаните 2001-2002 година.

Панихида за загинатите отслужи митрополитот полошко-кумановски г. Кирил во сослужение со свештеници на МПЦ.

По полагањето на венците, министерот Манасиевски во Домот на АРМ ќе организира ручек за роднините на загинатите.

Кај месноста Карпалак, на 8-ми август 2001 година во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата, загинаа Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.

___________________________________



Нека им е слава на резервистите од Прилеп и на сите што загинаа за Македонија.


П.С.:Минатата година, премиерот Бучковски, тогаш министер за одбрана, вети дека на местото на кое неговите коалициони парнери го извршија злосторот, ќе биде изградено спомен обележје. За жал остана доследен во исполнувањето на сите дадени ветувања, па споменик нема. Можеби не добил дозвола за градба од Али Ахмети и неговите.
Strelec трендафил, dejan овде отвори топик за истава оваа работа: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10745 Јас ќе го заклучам овој топик, иако во принцип кога постојат дупликат топици се заклучува оној топик што е подоцна отворен. Отстапката се прави од причина што сметам дека настанот повеќе заслужува да му се даде статус на значаен настан, отколку на политичка вест, па се надевам дека нема да замериш!