Иселениците бараат информации за инвестирање
Иселениците бараат информации за инвестирање
dejan Мнозина од нашинците од САД се поготвени за вложување на својот капитал, во Македонија се отвораат многу тендери, се отвораат компании, се менуваат законите, а ние го дознаваме тоа предоцна, велат нашите иселеници во САД, кои за септември најавуваат Светислав Стамевски, претседател на Македонско-американската асоцијација од Детроит, САД, најавува дека на 2 септември 2005 година ќе се одржи економска конференција во овој град, со учество на американски конгресмени и сенатори, на кој ќе бидат поканети и претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Владо Бучковски, министри и претставници на останатите партии на власт и во опозиција во Македонија. Потоа соодветна делегација од конференцијата треба да дојде и во Македонија. "Се надеваме дека нашите политичари ќе дојдат за доброто на Македонија. Тие доаѓаа во Америка во изминатите години, се прошетуваа, се сликаа и ништо не правеа. На народот во Македонија му требаат инвестиции, работа и заживување на стопанството. Мнозина од нашинците од САД се поготвени за вложување на својот капитал. Македонците насекаде низ светот просперираат, но не можат и во својата држава. Како може да биде тоа?", јавно на саботната иселеничка средба во Лешок, праша Стамевски, кој е еден од повидните македонски лобисти со развиени контакти со администрацијата на претседателот Џорџ Буш. Атанас Сиљановски од Глоѓи, тетовско, печалбар од Канада веќе 40-тина години нагласува: "Ние сме подготвени да вложуваме, само не е сигурно, кога Македонија како држава би гарантирала за капиталот, би имало повеќе инвестиции во Македонија". На саботната иселеничка средба во Лешок, Војче Симовски, досегашниот уредник на Македонската радио програма - Македонски глас во Детроит, рече: "Информираноста на иселениците не само во Америка, туку и во другите држави во светот е најболната точка. Во Македонија се отвораат многу тендери, се отвораат компании, се менуваат законите, а ние го дознаваме тоа предоцна. Треба да се утврдат правните основи за инвестициите. Пред кратко време една голема американска компанија се обиде да инвестира во Македонија но се врати со кратки ракави, токму од тие причини". http://www.vest.com.mk/default.asp?id=101763&idg=6&idb=1534&rubrika=Makedonija
concrete Dejan , jubilaren 120 pat ti velam: najdi momce, nekoja mlada,tenka,kosooka i prestani da citiras gluposti !!!!!!....... site zboruvaat za demokratija ,ama site nekako baraat "garancii"... ....uste da objasnat kakvi i od kogo...ni Amerikanskata vlada ne garantira za kapitalot...kako moze Makedonskata koja vsusnost ne e ni i vlada "tuku peacko drustvo"....aj ne zezaj.....
sirius Concrete, neshto ti opadna tempoto na postovi-komentari.....??????
zlotty_co_380
quote:
Originally posted by concrete
Dejan , jubilaren 120 pat ti velam: najdi momce, nekoja mlada,tenka,kosooka i prestani da citiras gluposti !!!!!!....... site zboruvaat za demokratija ,
Da se potsetime sto bese demokratija: Slobodno da setas po ulica i da gledas kako drugite ubavo ziveat