WEB на месецот |
intel |
WEB страната:
http://venera-vk.blogspot.com/
е прогласена за ВЕБ страница на месецот според:
http://www.linktipper.nl/leden/start.php?lid=3134
Со големо задоволство сакам да ве известам дека Вероника е наш член и тоаа поодамна со ник Nikita.
Ја познавам неколку години и можам да кажам дека е прекрасна личност која и покрај големите работни обврски наоѓа време да напише по некој стих и секако да одвои по малку време за пријателите, секогаш со многу пријатна насмевка на лицето.
Би одвоил неколку од нејзините песни кои можете да ги видите на првиот линк:
[img]http://photos1.blogger.com/blogger/639/993/400/DejaVu_1024.jpg[/img]
Deja vu
Се појави од мракот
на секојдневието,
како искра немирна
да ми го покажеш патот
кон заборавените соништа.
При првата средба,
со првиот поглед - знаев!
Те познавам од некаде.
Тој поглед, таа насмевка
и немирна сонежлива душа
полна со копнежи и илузии
ги познавам добро.
Сум ги видела и порано
во длабокиот, скриен сјај
во нечие око.
Око видено некогаш
во одразот на огледалото.
[img]http://photos1.blogger.com/blogger/639/993/400/mystic-dreamsTH.jpg[/img]
Знаеш ли
Знаеш ли колку
е долга ноќта
кога телото ти гори
во пламенот на сеќавањата,
а искрите на копнежот
се гаснат од допирот
на студената осаменост.
Знаеш ли колку
тежи мракот ноќва
и задушува секоја воздишка
и мисла помислена
онака....бесмислено.
Знаеш ли каде исчезнува
целиот тој трепет,
сите тие копнежи и немири,
и дали го наоѓаат патот
носени на крилјата на страста,
во темнината на погледот
со затворени очи.
Знаеш ли.....Ма, знаеш.
[img]http://photos1.blogger.com/blogger/639/993/400/art.woman.by.mirror.jpg[/img]
Можев
Можев да ти пратам поглед,
велат, очите се
огледало на душата.
Можев да ти дадам насмевка,
велат, насмевката е
најубав украс на човекот.
Можев да ти кажам збор,
велат, убавиот збор
железни врати отвора.
Можев, но замолчав.
Велат, молчењето е злато.
Станав побогата
со уште еден неизречен копнеж.
[img]http://photos1.blogger.com/blogger/639/993/400/Lady%20of%20Mists%20final.jpg[/img]
За тебе
Создадов за тебе
чудесен свет од илузии.
Го закитив со соништа
и осветлив со надеж.
Исплетов мрежа од желби,
ја оставив пред портите,
и го фрлив клопчето
да се тркала до тебе,
да ти го покаже патот.
А ти . . .
Ти го пречекори и замина.
Песните се пренесени со слика, како што е на линкот. |
sisi |
Bev na stranata na Veronika i znaes sto? Ostaj stranata...sodrzinata boli od ubavina.Mi ja napolni dusava. Sekoja cest i sekoja godina da ja zima nagradata. Vredi. |
Nikita |
Фала, Интеле.
Фала Сиси.
Мене ми е чест што еден македонски блог е избран за ВЕБ страна на месецот на ексјугословенски портал.
А чест ми е и што имам другари како Интел. |
OooOo |
Ova e za pozdrav vo sekoj sluchaj. |
The`bItCh |
Bravo koleshke! Sekoja chest..samo prodolzhi taka[:X][:X][:X] |
wolf_pack |
BRAVOS[:)] Super poezija redish. |
angel |
Navistina ubavo! [:)] |
sardaukar |
Преубаво |
sardaukar |
Вакви чувства преточени во стихови ми го менуваат животот. |
angel |
quote: Originally posted by sardaukar
Вакви чувства преточени во стихови ми го менуваат животот.
Imam cuvstvo deka ti sardaukar imas tvoi stihovi. Bi bilo fino ako gi spodelis so nas. Mozes da otvoris samo tvoj topik za tvoite stihovi (kakov sto imaat sisi i Thief) ili da se nadovrzes na veke postoecki topik za poezija. Ti go preporacuvam prvoto. [;)] |
sardaukar |
Не ангел, немам пишувано ништо освен една единствена песна многу оддамна. Имав уште некоја ама сосем ги заборавив другите. Жалам што те разочарав. |
dejan |
Mnogu ubavo! Neznam dali sum cital nesto po dobro od toa vo moj zhivot ama me pravi mene da pisuvam nesto taka!
Bravo na devojkata:)))) |
DJ_SHEMA |
Elegijsko |