Strelec |
* Ако некој те излаже за нешто, тој не е во ред, но ако за истото те излаже уште еднаш, ти не си во ред - Златко Аревски - Арчи
* Каков парадокс!? Совршена љубов е онаа која што те прави несреќен! - Soren Kirkegaard
* Можно е да даваш и без да љубиш, но не е можно да љубиш без да даваш - Ami Carmichael
* Љубовта кај мажите влегува низ очи, а кај жените низ уши - Полска народна поговорка
* Љубовта е игра за двајца, во која што и двајцата можат да победат - Eva Gabor
* Постојат такви кои што ќе ти го грабнат срцето, но постојат и такви кои што ќе ти го вратат на свое место - Elizabeth David
* Ако не одиш до крајот на патот, зошто воопшто тргнуваш - Joe Namath
* Идеалите се како ѕвезди. Не можеме да ги допреме, но затоа можеме да тежнееме кон нив - Непознат автор
* Во бракот многу е поважна толеранцијата, отколку логиката - Irving Stone
* Да се сакаш себеси вистински, значи да не се сакаш само себе - Јевгениј Јевтушенко
* Познавај ги сите, верувај на некои, а сакај само една (еден)
* Љубовта е навистина жешка, но никогаш не знаеш дали ќе ти го загрее срцето, или ќе ти ја запали куќата - Joan Crawford
* Колку повеќе љубов, толку помалку зборови - Холандска народна поговорка
* Вистински пријател е тој што ти ја држи раката и што ти го допира срцето! - Gabriel Garcia Marquez
* Кога срцето гори, некоја искра и од уста ќе излета! - Англиска народна поговорка
* Не плачи затоа што дошол крајот. Смеј се дека тоа се случило! - Gabriel Garcia Marquez
* Љубовните рани може да ги излечи само оној што ги создал! - Германска народна поговорка
* Сакај ме за да те сакам, чувај ме за да те чувам! - Грчка народна поговорка
* Не си го троши времето со некој што не е заинтересиран да го троши своето време со тебе! - G. G. Marquez
* Зошто на животот да не му додадеме повеќе години, а на годините кои ни останале повеќе живот - Слободан Колиќ
* Оној што нешто сака, остави го нека го сака. Ако не го оставиш да го сака, тој и понатаму тоа ќе го сака, а тебе ќе те мрази - Сенегалска народна поговорка
* Не е доволно љубовта да ја насадиш... Треба постојано и да ја наводнуваш - Германска народна поговорка
* Ниту еден човек не ги заслужува твоите солзи, а тој што мислиш дека ги заслужува, не би те ни довел до солзи - G. G. Marquez
* Луѓето секогаш за себе бараат вистинска личност, наместо да се потрудат самите да станат вистинска личност - G. Steinem
* Ништо на светот не може да те направи толку среќен, како сонувањето - A. Rodin
* Раката која што дава е најчесто над онаа која што прима!
* Дури и најмудрите риби гладот ги тера кон јадицата!
* Пристојна дама е онаа жена која што знае што е тоа што не смее да го знае!
* Случајноста е непоканета, но често ни е многу драга гостинка!
* Мрзеливоста толку споро чекори, што сиромаштијата многу брзо ја стигнува!
* Паметниот ги совладува пречките една по една, а глупиот не ги ни забележува!
* За луд се смета оној чија лудост се разликува од лудоста на останатите!
* И среќата ќе се измори доколку некого долго на грб го носи!
* Нов бунар копај, но во стариот не плукај!
* Инвестирај во здравјето како млад, за да видиш аир како стар!
* Ако не можеш некому да му помогнеш, барем не му одмогнувај!
* Будалите не треба да се бараат... Тие сами се јавуваат!
* Чудно е колку малку ни треба за да бидеме среќни и уште почудно е што многу често токму тоа малку ни недосасува!
* Повеќе одмор дај му на јазикот, отколку на рацете!
* Човекот е единствената грешка на природата!
* Славата е отров што се зема во мали дози!
* Смеата е една од најсериозните работи!
* Ако сакаш да те сметаат за богат, оди кај сиромашните!
* Не го прави на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават!
* Носталгијата е всушност комбинација од добрите некогашни денови и сегашната лоша меморија!
* Доколку не мислиш дека си силен, не покажувај заби!
* Дрвото не се соборува само со еден удар!
* Кога ќе се доживее неуспех, глупите лелекаат, попаметните бараат друго решение, а најпаметните уште претходно го имале другото решение во резерва!
* Дури и среќата ќе се умори ако некого на грб долго го носи!
* За да владееш со луѓето, некогаш треба да ги оставиш да мислат дека тие владеат со тебе!
* Молчи за да не те обвинат дека лажеш!
* Добар маж е секој кој вели дека жената му е добра. И обратно!
* Кога имаме 15 години, за нашите татковци тврдиме дека се идиоти, но кога ќе стигнеме до 25-тата, се чудиме колку многу нашите татковци научиле за само 10 години!
* Честит човек тешко можеш да најдеш, а лесно можеш да измамиш!
* Чувај се од бесот на стрпливиот човек... Тој бес доаѓа најдоцна, но е најопасен!
* Најмногу меѓу себе се сакаат луѓето со еднакви доблести, а најмногу се мразат оние со идентични недостатоци!
* Пазете се од оној кој што за другите ви зборува лоши работи, а за вас само добри!
* За пријател можеш да го сметаш оној кој што знае се’ за тебе, а и понатаму те сака!
* Бракот е заедница на двајца во која што се содржат господар, господарка и двајца робови!
* Поштен човек тешко можеш да пронајдеш, но лесно можеш да го излажеш!
* Кога зборуваме за некој друг, се откриваме самите себе!
* За да ти биде рането срцето ти требаат и непријател и пријател! Едниот да те наклевети, а другиот да ти го пренесе тоа!
* Човек се пробива додека е млад. Подоцна стравува младите да не се пробијат!
* Кога би се продавале умови, секој би си го купил својот!
* Луѓето простуваат се’, освен искреноста!
* Брдо со брдо не може да се спои, но човек со човек може!
* На продавачот му е доволно едно око, а на купувачот не му се доволни ниту сто!
* Надежта е сон на будните!
* Не се соборува секое дрво со еден удар!
* Популарноста е и како младоста... Кога еднаш ќе помине, веќе не се враќа!
* Кога влегуваш, мисли и на излезот!
* Розата исто мириса, без оглед со кое име ја нарекуваме!
* И најмудрите риби гладот ги тера кон јадицата!
* Секогаш размислувај што можеш да направиш, а не што може да ти се случи!
* Не ми треба пријател кој што со се’ се согласува и кој што на се’ клима со глава бидејќи мојата сенка тоа може да го прави уште подобро!
* Не гледајте во детето како да е некоја драгоценост, туку трудете се тоа да постане!
* Човек кој што не прави грешки, обично ништо не работи!
* Некои врати се отвораат со клуч, но некои само со глава!
* Ништо не е подосадно отколку што е среќата на другите!
* Кога имаш се’, не гледаш ништо... Ќе прогледаш кога ќе немаш ништо!
* Луѓето простуваат се’ освен искреноста!
* Сите глупости што ги правиме додека сме млади, тешко е да се покријат и надоместат со мудростите што ќе ги поседуваме кога ќе бидеме стари!
* Парадокс: Пријателот на мој пријател е мој пријател, а пријателот на моја пријателка е мој непријател!
* Помогни му на човек кога е во неволја, доколку сакаш истиот тој да се сети на тебе... кога ПОВТОРНО ќе биде во неволја!
* Постоење на дел за пушење во еден ресторан е исто како да постои ДЕЛ во еден базен наменет за уринирање!
* Оние што знаат да зборуваат, употребуваат МАЛКУ зборови!
* Младоста доаѓа и поминува, но недозреаноста може да биде ВЕЧНА!
* Верувај и понатаму во Господ, но СЕПАК заклучувај го автомобилот!
* Никогаш не е интересно тоа што жените го кажуваат. Интересно е ТОА што го премолчуваат!
* Парите се како и жените. Мораш да се грижиш за нив, ИНАКУ ќе отидат во рацете на некој друг!
* Рана која се крие, споро и тешко се лечи!
* Никогаш не е до тој степен лошо, за да не може да биде и УШТЕ полошо!
* Чувај ја раката 1 минут на врел шпорет и ќе ти изгледа како да поминал ДУРИ 1 саат. Чувај ја раката на врело женско тело 1 саат и ќе ти изгледа како да поминал САМО 1 минут!
* Пријателството се создава во среќа, а во несреќа се проверува дали е ВИСТИНСКО!
* Паметниот човек НЕ САМО што не зборува глупости, туку не ги ни слуша!
* Мажот е НАЈСЛАБ во моментите кога жената му шепнува дека е ЈАК!
* Дипломат е човек кој што четири пати размислува пред НИШТО да не каже!
* Тајната за да си го продолжиме животот е во тоа да НЕ си го скратуваме!
* Оној што е слаб во умот, МОРА да има јаки мускули!
* Златното правило гласи: Кој има злато, ТОЈ ги пишува правилата!
|