дискриминација врз Роми
дискриминација врз Роми
dejan Забранет влез за Роми во кафулињата
Најмногу случаи на расна дискриминација врз Роми се регистрирани во Кочани, Виница и во Делчево, вели Мухамед Точи од "Месечина"

Ромите Сенад, Шенај и Бирџан седнале во едно едно од кафулињата на кејот 13 Ноември во Скопје. Келнерката ги замолила да си одат под изговор дека тука служат само постојани гости. На прашањето од кога важи тоа правило, одговорил газдата: "Од вчера момче, од вчера нов закон".

Приказната на овие тројца младинци е само една од повеќето регистрирани од Граѓанскиот советодавен центар при хуманитарната ромска организација "Месечина" во Гостивар, која има отворено шест центри низ земјава.

Уште четворица други Роми се пожалиле во "Месечина" за некоректен однос на газда на кафуле во скопскиот Градски трговски центар. Тие седнале во кафулето, но веднаш биле замолени да си заминат. Откако двајца од нив покажале полициски значки, биле услужени.

Мухамед Точи, координатор во "Месечина", вели дека не е покренато обвинение против газдите на кафулињата, бидејќи нема закон на кој може да се повикаат. Чекаат Хелсиншкиот комитет и група пратеници да го донесат законот за анти-дискриминација и недискриминација.

- Многу случаи на расна дискриминација врз Роми се регистрирани во Кочани, Виница и во Делчево. Расизмот се појавува и во други градови во земјава како Прилеп и Охрид. На Ромите им се даваат објаснувања од типот "зафатено е", "не служиме", "дојдете утре", "не сум надлежен" и слично - објаснува Точи.

Тој додава дека во Виница имало и организирана група "Црна ружа" која ги малтретирала Ромите.

- Имаше и група од Битола која одеше по ромските населби и црташе кукасти крстови, кршеше прозорци, пишуваше пароли, но сега ситуацијата е помирна бидејќи водичот на групата е затворен поради прекршок кој не е поврзан со неговиот однос кон Ромите - објаснува Точи.

Според него, Ромите ретко се одлучуваат да покренат тужба бидејќи немаат доверба ни во полицајците, кои ги имаат истите предрасуди дека Ромите лажат, крадат и не треба да им се верува.

За навреда на Ром, и тоа токму на Точи, е осудена само Дафина Наумоска од Центарот за социјална работа во Гостивар. Точи на 28 јануари 1999 година дошол во Центарот за да извади документ. Наумоска го избркала со зборовите: "Циган еден, животно едно, излегувај надвор". Таа е осудена на еден месец затвор и условно на година дена.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2835&stID=60901

lele nemozam da veruvam! Ova se epten gluposti! Posebno so kafanite, tie 'luksuzni' kafani!! Sto napravile Romite za da go zasluzhat ova??
OooOo
quote:
Originally posted by dejan
Sto napravile Romite za da go zasluzhat ova??
Se rodile u Makedonija .... toa napravile ;)
RaGeAnGeL Gospode aman!Koja teshka seljanija sme nie!Jas si imam eden dobar drugar rom i se vikat Kadri i ne go menvam za 100 makedonci!
wolf_pack Znam deka neshto policijata gi diskriminira romite kaj nas u Kochani ali za ovie grupi formirani kako u Vinica, neam chueno. Jas lichno gi gleam kako miren narod, veseli dushi shto stvarno znaat da se fanat za instrument i da razveselat. Kochani Orkestar rules:) Esma e mazhena za Kochanec:) Grupata Bahtalo so nivniot kompozitor Ersoj Kazimov:) [url="http://www.macedonia.se/mk/Generate/20/Artist_Info/4/"]Poveke Tuka[/url] Da ne go zabraeme kralot nash najgolem, King Ferus[:)]