ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ | |
Inkognito | Државата падна на случајот "Вранишковски" Во случајот "Вранишковски" државата демонстрираше школски пример за ограничување на слободата на вероисповеста и беа доведени во прашање непристрасноста и објективноста на судот, смета Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија. Последната манифестација на несекуларниот карактер на македонската држава, според Хелсиншкиот комитет претставува обвинението, судењето и пресудата по основа на предизвикување верска омраза изречена на Јован Вранишковски, носител на идејата за формирање паралелна православна црква. Основниот проблем на донесената пресуда е утврдувањето на кривичното дело, под кое може да се подведат постапките на Јован Вранишковски и образложението дадено во пресудата што претставува школски пример за манифестирана верска омраза и нетрпение и кое ја доведува во прашање непристрасноста и објективноста на судот. Организацијата за заштита на човековите права смета дека "битолскиот Основен суд отишол чекор понатаму од таа пресуда, кога спротивно на законските прописи го упатил Вранишковски на отслужување на казната затвор во "Идризово" (наместо во битолскиот затвор) и ја отповикал условната казна затвор за друго кривично дело (ако се има предвид дека отповиканата условна осуда се однесува на сосема друго кривично дело, иако навидум е во законски рамки, ваквото отповикување апсолутно не соодветствува на досегашната судска практика на судовите". Комитетот ја повика власта да го преиспита сопственото делување и да го приспособи на Уставот и на прифатените меѓународни стандарди и потсетува на суштината на правото на слобода на уверувањето и вероисповеста, кое не може да биде ограничено заради заштита на доминацијата на ниту една вероисповест. Комитетот бара враќање кон процесите на секуларизација на државата и ја повикува, "наместо самата да се вмешува во меѓуцрковните односи, да ги заштити сопствените граѓани од таквото мешање од страна на други држави". |
Inkognito | Писмо Според Хелсиншкиот, правата на Вранишковски пред сите други (Повод: "Државата падна на случајот Вранишковски", "Дневник", 10 август) Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р. Македонија , бранејќи го лицето Зоран Вранишковски, не прозва и нас, НВО-секторот (посебно оние за човекови права), но и други институции, што не сме ги проблематизирале и осудиле постапките на власта во овој случај. Како НВО сме се основале и поради немањето доволно слух на државата за определени наши права и состојби, но тоа не значи и дека ќе молчиме на крајно неиздржани соопштенија како ова. Именом иако не се автохтона НВО, но слично како и други "клонирани" НВО низ државите, основани некаде и од некого а заради нешто, "Хелсиншкиот" еве овде ги брани нашите права, притоа всушност оспорувајќи ни ги во однос на нечии лични. Затоа што, ако не беше така, ќе реагираа уште кога нашите деца ни ги носеа календарчињата на Зоран за 2004 година, по станарските сандачиња. Зоран ни згазна на правото за слободна волја, мисла и приватност со календарчиња печатени - никаде (зашто не се знае каде) во тираж - незнаен, платен данок никаков (тој, за разлика од нас, и не мора да плаќа?). Дека се гола пропаганда на која сме изложени се гледа од тоа што дури 18 страници од ова книжуле се само плукање по државните институции, (МПЦ) и други состојби, 9 фотографии се со неговото "величие" Зоран, а само 2 икони, што кажува се - тој е "поважен" и од нив?! Каде бевте, господа, кога вашиот штитеник во многубројните ТВ-настапи најподмолно ги понижуваше сите наши верски обреди, венчавки, погреби, слави, крштевања како празноверни и ништовни. Што е тоа ако не сеење страв, несигурност и омраза?! Во отсуство на правна подлога, Соопштението ви изобилува со "силни зборови" и ништо друго. За пресудата велите дека била "школски пример" за верска омраза и нетрпение, со што ја оспорувате и објективноста и непристрасноста на судот. Според таа логика, и Вашето соопштение може да се прогласи за такво, бидејќи на крајот завршува со напад и на српските власти. Зошто?, се поставува прашањето, што пак има вие на тоа да ни укажувате и да ни ги распалувате националните страсти против нив, а во исто време имате друг "Хелсиншки комитет" во Србија. За одлуката на Битолскиот суд - отповикување на условната со казна за друго кривично дело, велите, "иако навидум е во законски рамки", апсолутно не соодвествувала со судската практика. Господа, во правото нема "навидум", привидум или од око, но ако е нешто во законски рамки, тоа е така. Она "апсолутно" можете и со десет да го помножите, но тоа не ќе значи дека ако досегашната практика не сретнала решение и треба за навек така да остане. И онака постојано ви е на удар судството. Токму за практиката и барате коренити промени, но во контекстот кој така ви одговараше тогаш, но сега, во случајов, го барате спротивното. Поради ова, господа душегрижници, аман не бранете не повеќе! И онака откако не браните, се помалку права имаме. Еве сега доживеавме вие да ни ги газите правата, зашто, според Вас - правата на Зоран се пред сите други права. НВО "ИСКОН" Претседател, Драги ТраЈков http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2838&stID=61136 |
Jakov | Istitot toj komitet koga se pojavi zoran so svoja paralelna crkva go smetase nego za covek koj razgorouva omraza na verska i nacionalna linija vo Makedonija? |
Thief | Беа и останаа шизоидна организација! |
dejan | F*U* im vikam na Helsinshki Komitet!! Sto ne im rece nesto na Grcka??? Ili Srbija?? Sega oni odlucile deka nesmee da se otvori Makedonska Crkva, taka nesto!! |
Jakov | Deki ne se vozbuduvaj im vikaat i tamu. Pa posle i tamu gi pcujat i im se ljutat. Inaku takvi organizacii osven sto pisuvaat izvestai ne pravat nekoja seriozna belja, oni se eden vid sovest vo opstestvoto, a znaes i samiot kako postapuvas so svojata sovest. Eve na primer ako ti se pusta devojkata na drugarti....pa ti razmisli sega. Nema Mk. problem i opasnost od Helsinki committee, ima od Serbian commision in FYROM ili t.n POA. |
f9 | Во случајот "Вранишковски" државата демонстрираше школски пример за ограничување на слободата на вероисповеста и беа доведени во прашање непристрасноста и објективноста на судот, смета Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија. И што има тука спорно? Комитетот си е во право.Му се суди за некаква Расна,Верска и Национална обланда која е многу тешко да се протурга низ правниот систем и да има легалитет.Читам човекот бил криминалец-трошел пари ненаменски,а парите биле од поклони и за чие трошење тој бил задолжен по своја совест да ги троши. Не знам ни како тоа ќе помине со легалитетот. Се ми се чини дека Синодот не сака да си ја превземе одговорноста за устоличување на такво чедо со таква совест на такво место.ЕЈЈЈ Владика се бира,-а не бостани недозреани!Македонската православна црква е заштитена и со уставот и со законите и границите на јурисдикција на црквата на тој начин се штитат.На сите западни демократи треба да им се објасни разликата мегу религиозното устројство на православната црква во однос на кодексот на права за религиозните слободи кој се развиле на запад според спецификите на тие демократии. |
Jakov | Covekot ima prekrseno poveke zakoni, kako vo finansikoto rabotenje taka i vo odnos na razgoruvanje na verska netrpelivost sto e kaznivo po zakon. Osven toa go krsi i zakonot za verski organizacii a verojatno i nekoj drug so toa sto vodi neregistrirana organizacija. Zakonot vo RM ne dozvoluva paralelni Pravoslavni institucii nesto sto sega i Srbija ke go vovode otkako vidoa deka ima Makedonci i Crnogorci koi sakaat da otvorat crkvi pod nasa MPC i crnogorska CPC jurizdikcija. Okolu odlukata na sudot, taa e vtora bi se reklo ispravna odluka na makedonskite sudovi po slucajot so Lozjata na brat Ljube...znaci deka sepak poleka ama se slucuva i tamu nesto pozitivno. Osloboduvanjeto na Vraniskovski ke bese samo uste eden dokaz deka se popusta pod pritisoci od strana osobeno koga stranata e nadvor od Mk, bilo EU bilo Beolgrad.... |
трендафил | Колумна - Ѓорѓи Марјановиќ Копилјаци Има една народна приказна за човекот и мечката со убаво наравоучение: и најтешката рана зараснува, додека грдиот збор долго тлее во душата на оној кому што му е упатен? Зборот, грд или убав, сеедно, може да има неверојатна моќ (еден српски поет има стихозбирка под наслов "Уби ме прејака реч"). На приказнава се сетив пред многу години, во Германија: на ТВ следев некаква дебата во Бундестагот. Некој од челниците на германските "сдсм-овци" (СПД) го употреби зборот Volksverhetzug (дразнење на народот). Уследи страшна ерупција на бес кај сојузниот канцелар Хелмут Кол! Се тресеше од лутина поради тоа што за означување на дејноста на неговата партија е употребен тој збор. Отиде дотаму што ја спомна и можноста од поведување кривична постапка. Фатија да ме копкаат две нешта: прво, зошто тоа "дразнење на народот" толку тешко го погоди човеков и второ - како е можна кривична постапка против член на парламентот поради нешто што го кажал од говорница. За второво дознав дека тамошниот КЗ (за разлика од македонскиот!) не им два на германските пратеници апсолутен имунитет за си што ќе го кажат од говорницата: ако кажаното е кривично дело, тогаш зборот паѓа под удар на КЗ, како и таквото дело на кој и да е граѓанин. А токму "дразнењето на народот", според германскиот КЗ, и ден-денес е доста тешко кривично дело! Тогаш ми стана јасен бесот на бундесканцеларот! Минатата недела зборував за "случајот Вранишковски". Во меѓувреме се изнаслушавме, се изначитавме на оваа тема. Притоа, некои луди, млади отидоа дотаму да не потсетат дека "за зборови судела шпанската инквизиција и комунистичките судови", така што, ние со осудата на "дотичниот" сме "се избришале себеси од картата на слободните и демократски држави во светот" (!?). Капак на се беше едно неверојатно матно писание на ОБСЕ против оваа осуда од перото на некаков си експерт по меѓународно јавно право (!?). Нема смисла да ги наведувам неговите зборови со кои го напаѓа не толку македонскиот суд, колку нашиот Кривичен законик, кој не давал основа за правилно определување на судот. Ќе повторам: кривичното дело "Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост" (чл. 319 КЗ) воопшто не е ниту македонска измислица, ниту гробар на македонската демократија. Него го наследивме од СФРЈ (а таму фигурираше од 1951 наваму). Најпосле, иако не и најмалу важно, ова дело го има и во Англија и во Франција и во Германија и во Швајцарија... И тоа е формулирано на горе-долу ист начин како и во Македонија. Инаку, јасно се гледа дека Србите не ја знаат "приказната за Јована". Затоа, својата последна колумна ја преведов на српски (откако ја дополнив со нужните појаснувања) и по Интернет му ја испратив на белградско ВРЕМЕ, сметајќи го за најмалу инфицирано со српскиот национализам. Не го објавија! Не сакам да ги обвинувам. Можеби дури и не ја отвориле електронската пошта. Се бидува! Она што посебно сакав (и сакам) да им го кажам како на српските, така и на нашиве домашни билмези е дека верските слободи никако не смеат да се користат за предизвикување верска омраза, раздор и нетрпеливост. Фактот што ние за претседател на Републиката избравме граѓанин кој не беше православец (Борис Трајковски) зборува за тоа дека ние во Македонија не само што немаме ништо против другите вероисповеди, туку во тоа не гледаме ни пречка во политичкиот избор. Св. Јован грчко-српски е сосема друга приказна: тој не прави нова црква, не проповеда нова религија; тој просто плука врз МПЦ, прогласувајќи ја за толпа расколници, а со тоа плука и врз нас, правејќи не нешто како ѓоа-христијани па и полошо од тоа! Да ги видиме поодблиску последиците од "ставот" на Св. Јован за православните верници во Македонија: ако МПЦ не е вистинска црква, туку расколничко дувло, тогаш и се што таа го прави нема врска со црковните работи. Школски пример за тоа што значи ова: родителите на Вранишковски (кои се некаде на моја возраст), венчани се, претпоставувам, од страна на свештеник на МПЦ. Што ќе рече и тие, според зборовите на нивниот роден син, не се венчани во вистинска, туку во ѓоа-црква. Нивниот брак црковно е неважечки и тие до ден-денес живеат во вонбрачна заедница. Според истава логика, ниту нивното синче Зоран не е законито, туку вонбрачно дете (штом бракот на родителите е неважечки, ни децата не им се законити). Врти-сучи испаѓа: г. Вранишковски самиот за себе тврди дека е копиле! Што тврди овој човек за себе не ме интересира! Она што ме интересира, она што е, напротив, човечки и казнено-правно мошне релевантно во ненадејниот верски пресврт на бившиот епископ (кој, од владика на МПЦ и стана најогорчен душман) е дека изнесеново за (вон)брачноста на неговите родители и за неговата лична (вон)брачност, се однесува на сите македонски верници без исклучок: сите тие се некрстени, невенчани, копилјаци, сето тоа е расколнички џган што, во најдобар случај, го чека чиштилиштето, а не рајот. Нека ми каже некој (па и сдсм-овскиот колумнист, мојот драг млад пријател, Ивица Боцевски) дали човек може да остане рамнодушен кога некој вака безочно го прави "копиле"? Не верувам! Или, ако може, тогаш мора да има образ од ѓон. Ете, затоа, паѓаат во вода сите приказни за повреда на верските слободи и права во Македонија. Србите до вчера (а богами и ден-денес) ни се потсмеваат дека по Втората светска војна имаме изградено повеќе џамии одошто цркви, што, патем речено, е сосема точно. Но, токму тоа зборува за нашата верска толеранција, а не против неа. Само, сево ова треба да умее да се документира и брани (и пред Србите, но и пред меѓународната јавност), а не да се дрдори за некаква си "независност" на судовите, за која знаеме каква е. Не мора мене да ме викнат за експерт! Еве, премиерот нека го задолжи, да речеме, несторот меѓу криминалистите на Правниот факултет во Скопје, професор Камбовски, да му направи макар и најсумарен споредбено-правен преглед на регулативата за "предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост" во современа Европа. Не се сомневам дека тој јасно ќе го докаже ова што овдека го тврдам: нашата регулатива не е подолу од европската, па не мора да се срамиме ни од осудата на Вранишковски ниту пак од нашиот Кривичен законик. Патем речено, тој (уште во фаза на нацрт-закон) му беше доставен Советот на Европа и од нејзините експерти доби сосема пристојна преодна оценка! Никој ништо посериозно не му забележа. А ако македонскиот КЗ е ОК за Советот на Европа, тој мора да биде ОК и за ОБСЕ. Ако не е така, тогаш ОБСЕ е поблиску до норвешкото значење на оваа англиска кратенка. Знам зошто Норвежаните не беа среќни со неа, но ми е срам тоа овдека да го толкувам. |
Aj u Kafic | Toj zbor Volksverhetzung e povrzan so Rezhimot na Hitler i zatoa Kohl tolku se lutese ... no sepak: dobra kolumna. |
Inkognito | СЛУЧАЈ "ВРАНИШКОВСКИ" ОБСЕ во одбрана на Јован Мислењето на судот дека владиката Јован Вранишковски со заедништвото и бранењето на каузата на Српската православна црква во Македонија предизвикал религиозна омраза и нетрпеливост не е доволно за да се оправда осудата и не е во согласност со религиозните слободи. Судот исто така немал рамноправен пристап во случајот "Вранишковски" бидејќи како доказ се земени забелешките на соседите на кои им пречеле богослужбите во станот на Јован, а од друга страна не се прифатени изјавите на оние кои рекле дека немаат ништо против таквата практика на Вранишковски. [b]Објаснувањето во пресудата поврзано со делењето верски календари не е логично[/b]. Ова се трите главни забелешки во мислењето на ОБСЕ за пресудата во случајот "Вранишковски". Мислењето било подготвено од Малколм Еванс, професор по јавно меѓународно право на Универзитетот во Бристол, кој исто така е член на панелот-експерти за религиозни слободи во рамките на ОДИХР. Еванс ја критикува судската пресуда за Вранишковски, а забелешките му се за ограничувањето на верските слободи, и неможноста на судот да формира прифатливи стандарди во своето одлучување, со што се поткопува неговата објективност и непристрасност. "Членот 319 од македонскиот Кривичен законик е непрецизен за да може врз основа на него да се процени дали пресудата против Јован е издржана. Она што е јасно е дека ако законот дозволува криминална пресуда врз база на изнесените докази и причини за пресудата, тогаш таа не е компатибилна со правото на религиозна слобода и верување", пишува во мислењето на Еванс. Според него, суштината на пресудата е во објаснувањето на судот дека преобраќањето на Јован во член на СПЦ само по себе претставува чин на омраза и нетрпеливост. Како главен доказ за тоа, според Еванс, било противењето на МПЦ кон СПЦ, при што судот не го зел предвид правото на Вранишковски самиот да ја избере својата црква, на која во согласност со сопствените уверувања ќе и се поклонува. Експертското мислење на Еванс го побара ОБСЕ за да се утврди дали пресудата против Вранишковски е во спротивност со Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи. Мислењето било доставено до сите релевантни институции во Македонија. Во Владата потврдија дека го добиле мислењето од ОБСЕ, но Владата нема никаква можност да се меша во преиначувањето на судската одлука. Imav mozhnost da gi vidam tie kalendarchinja .. izgleda ovie od OBSE gi nemaat videno... |
трендафил | И Хелсиншкиот комитет, но и сите други организации за човекови права работат со ограничување. Ќе го спомнам само случајот Раштански Лозја. Беа многу гласни во повикувањето државата да ги изведе „виновниците“ пред суд. Кога (во прв степен) дојде до обвинителна пресуда замолчаа. Не ја коментираат судската пресуда, што е во ред. Но не е во ред што не побараат истрага, затоа што повеќето од сведоците пред судот рекоа дека во истрагата од нив изјавите се изнудени. Не ги интересираат ниту човековите права на сведоците, ниту на обвинетите. |
Jakov | Нека го праша некој професор Еванс каков е казнениот закон на Обединетото Кралство и како тој се применува кон тамошните натоварени со ранци патници на меторото и автобусите, ке си го добие потребниот одговор зашто Зоран(Јоанидис) е во затвор во Идризово. |