Владата не сака да го казни градоначалникот | |
dejan | Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи можат прекршочно да ги гонат локалните власти на Липково затоа што не го истакнуваат државното знаме. Прашањето е дали сакаат нешто да преземат, велат правни експерти откако двете министерства завчера се прогласија за ненадлежни да ги казнат прекршителите на Законот за употреба на знамињата на етничките заедници. - Законот стапи во сила и институциите се должни да го спроведуваат. МВР може од своите патроли да се информира дека во Липково се прекршува овој закон. Информација може да достават и граѓаните, но зошто се тогаш патролите? И за Министерството за правда е недозволиво да седи со скрстени раце - велат професори од Правниот факултет во Скопје. Во општината Липково вчера ни рекоа дека ќе го истакнат државното знаме покрај албанското во дворот на општината кога градоначалникот Беќир Саќипи ќе се врати од годишен одмор и ќе даде пари за јарбол. - Градоначалникот е потписник на сметката. Ние не сме овластени да располагаме со пари, а јарболот треба да се плати. Ќе го поставиме знамето и свеченост ќе организираме, за да прославиме - велат во општината. Правниците велат дека јарболот е само изговор. - Ако општината толку нема пари, нека им даде државата и јарбол и знаме. Така ќе отпадне изговорот што сега го наведуваат како проблем. Редно е некој да го опомене градоначалникот еднаш или двапати, по што мора да се покрене прекршочна постапка - коментираат правниците. Законот предвидува казни и за градоначалникот и за општината. Казните се парични, и се од 20.000 до 300.000 илјади денари за општината што се плаќаат од буџетот. Градоначалникот лично треба да плати од десет до 50.000 денари. http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=29277 Kako moze DUI da go kazni covekot?? A mislev na SDS... |
Jakov | http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10677&whichpage=1 obrati Dejane vnimanie na postot pod reden broj 10. |
dejan | Fala bre:p |
трендафил | Сигурно е дека владата не сака да го казни СВОЈОТ градоначалник. Да беше од опозицијата, тешко него. |
dejan | Bas taka Trendafil! Samo...od koja opozicija?? |
Jakov | каква позиција опозиција, кај сте виделе вие во која држава се казнува и лови редок дивеч заштитен со знаме...пардон закон. |
Thief | Аманте, бе, луѓе! Уште не сконтавте дека за едни важи закон во државава, а за други Договор од пред кооперација во Охрид? И да не сум чул уште еднаш нешто против кутрите мали УЧИ-и, јасно? |
Strelec | dejan, dva pati istiot post go stavash na dva razlichni topika... I dvata topika od tebe otvoreni... Neka ne se dupliraat temite i diskusijata neka prodolzhi [url="http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?whichpage=3&TOPIC_ID=10677#211145"]OVDE[/url]! |