Чувари ќе бркаат манијаци и наркомани во Градски п
Чувари ќе бркаат манијаци и наркомани во Градски п
dejan Јавното претпријатие "Паркови и зеленило" поднело барање до градските власти за заштита на Градскиот парк и негово прогласување за еколошка зона. Претпријатието, итно побарало воведување на 24 часовна чуварска служба како би можела да го заштити паркот од моторни возила, но и од манијаци, наркомани и други граѓани кои го пустошат зеленилото и ги уништуваат реквизитите.
"Градскиот парк е од отворен тип без ноќно обезбедување што условува уништување на парковската опрема, светлечките тела, мостовите, како и вандалско и настрано однесување на посетителите. Постојаното делување на чуварската служба, полицијата и сообраќајната полиција во период од 24 часа ќе спречат сообраќајни движења, како и разни други дејанија- влегување на возила, обивање на рампите, а ќе се намали и вандализмот, наркоманијата и перверзијата, кои се редовни појави во паркот", се вели во барањето од што "Паркови и зеленило" го испратило до Градот.
Чуварската служба, велат од "Паркови", пожелно е што побрзо да профункционира имајќи предвид дека поради дивеењето на одделни групи млади кои се пијанчат во вечерните часови, секој викенд со трактори, паркот се чисти од тони и тони ѓубре.
Од "Паркови" посочуваат и дека од големо значење е оградувањето на паркот , како би можело тој да стане од затворен тип во ноќните часови. Меѓудругото, се вели во барањето, за заштита и разубавување на Градски парк, потребно е и реконструкцијата на тревниците во вториот дел од паркот, како и оние кај кафеаната "Опатија".
Тревникот во вториот дел од паркот не е обновен речиси три децении. Затоа од претпријатието предлагаат обновување на вегетацијата т.е садење на големи цветни површини со што би се оживел и обоил паркот .
Од јавното претпријатие посочуваат и дека Градскиот парк целосно ќе заживее, кога според документацијата, би се доизградиле сите предвидени содржини, како мини спортски терени, детски игралишта, кула видиковец, летна сцена, библиотека на отворено и друго.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=102492&idg=6&idb=1543&rubrika=Skopje

Pa cela drzhava se so manijaci!!