За сите кои не биле во војска- како да киднете
За сите кои не биле во војска- како да киднете
Jakov кое го напишал еден италијански регрут за да се ослободи од воениот рок:
---------------------------

Почитуван господине министер за одбрана!

Дозволете ми да ви изнесам некои факти, кои ќе ви објаснат многу работи при решавањето на мојот случај.

Во моментов чекам повик за отслужување на воениот рок во италијанската војска. Имам 24 години и оженет сум со 44-годишна вдовица, која има 25-годишна ќерка.

Со таа ќерка се ожени татко ми. Така татко ми стана мој зет, зашто е оженет со ќерката на мојата жена. Истовремено, ќерката на мојата жена стана моја маќеа.

Во јануари јас и жена ми добивме син и станав татко. Тоа дете е брат на жената на мојот татко, значи шура на татко ми. Но, истовремено е и мој вујко, бидејќи е брат на мојата маќеа т.е син ми истовремено е и мој вујко.

Два месеци подоцна и жената на мојот татко доби син, кој мене ми е брат, зашто е син на мојот татко, ама е и мој внук, затоа што е син на ќерката од жена ми.
Значи јас сум брат на мојот внук и бидејќи мажот на мајката на некое лице е истовремено и нејзин татко, од тука излегува, дека сум татко на ќерката на мојата жена т.е и брат на нејзиниот син.
Значи јас сум свој сопствен дедо!

Со ова образложение, почитуван господине министер, Ве молам да ме ослободите од воена обврска, бидејќи според законот, татко, син и внук неможат истовремено да служат воен рок.

Ве молам за разбирање во решавањето на мојот случај.

---------------------
По писмото, во досието на дечково било напишано:

Лицето се разрешува од воена обврска поради психички пореметувања и ментална нестабилност, кои се резултат на несредени семејни односи.
achtung_panzer [:D][:D][:D]Stara fora koja teshko deka kje pali [;)] Nauchete da rakuvate so oruzhje, kje vi treba...
mArInCe svashta...:)
vardarce Da ne ispadne na kraj tipov deka si e sam svoj dedo [:D]. Inaku eve eden dobar sovet za izbegnuvanje vojska, cekajte nekade do 27-28 godini, ke ve fati nekoja amnezija upss amnestija i resen problem [:D].
ozonce Ova mozebi pali vo Italija, no ne i kaj nas :) Da ne sum pri kraj na vojskata ke go pushtev ova do nashiot mil i drag minister za odbrana :) koj ne dava plata veke cel mesec MME :)
DJ_SHEMA A mene amnestijata me fakja li? Ja napolniv 27 godinava.
OooOo Prviot bran amnestija projde, koj znae dali kje ima vtor bran. Mozhda kje treba nova akcija da se napravi ;)
DJ_SHEMA Zatoa ja ne si odam vo Makedonija :)
Jakov ccccc patriot, be...... leleeeee od edna vojska da se plasele. :)
Aj u Kafic Србите сега ги чекаат диаспорците до 35 години ... дечко ми има 28 години и никако да го ослободат, па можеби ќе оди на 32 години ...
Jakov Ti imas decko? Opaaaa pa sto sedis ovde bre devojce, tolku li ti e maliot dosaden pa so nas se druzis.
Aj u Kafic ОТ Можеби сега ќе ја разебереш мојата прва изјава за македонско-српските односи. А зошто сум цел ден пред комјутер? Дипломската...