БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ го отфрли барањето на...
БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ го отфрли барањето на...
dejan ...дуи
Идејата за двојазичност во Армијата и во полицијата воопшто не е содржана во охридскиот договор и тоа не е случајно. Кога се преговараше во 2001 година во Охрид беа споменувани вакви и некои други идеи, а од сосема јасни принципиелни и прагматични причини беа отфрлени, изјави вчера претседателот на државата Бранко Црвенковски, кој е и еден од потписниците на охридскиот договор. Тој го оцени барањето на ДУИ со законот за употреба на јазиците да се овозможи употреба на албанскиот јазик во безбедносните сили како апсолутно неприфатливо.

- Се работи за структура во која поставеноста на хиерархијата и координацијата на командувањето треба да бидат сосема јасни и недвосмислени. Никакви контроверзии во тој дел не треба да бидат внесувани - додаде Црвенковски.

Завчера и премиерот Владо Бучковски барањето на ДУИ го оквалификува како неприфатливо и надвор од рамковниот договор. Но, наспроти ваквите оценки, ДУИ останува категорична во барањето со законот за употреба на јазиците, што Владата го најави, да се регулира употребата на албанскиот јазик во Армијата и во полицијата.

- Сите политичари треба конечно да расчистат со тоа што навистина пишува во Уставот и во рамковниот договор. Во Уставот јасно е посочено дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, исто така, е службен јазик. Додека, во органите на државната власт службен јазик различен од македонскиот може да се користи во согласност со закон. Ние не бараме ништо што не е предвидено во Уставот. Не бараме да се користи албанскиот јазик во меѓународните односи, но имаме право на тоа во државните органи - изјави Рафиз Алити, потпретседател на ДУИ.

Претседателката на ВМРО-НП Весна Јаневска иницијативата на ДУИ ја оцени како смешна и додаде дека нема потреба воопшто да се усвојува закон за употреба на јазиците, бидејќи со актуелните закони е опфатено се што е предвидено со рамковниот договор.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во една армија издавањето наредби мора да се прави прецизно, јасно и разбирливо за сите нејзини припадници. Затоа, велат во партијата, наредбите единствено можат да бидат издадени на официјалниот јазик.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2839&stID=61279

Ne razbiram!! Neli Branko sve im davase na DUI?! Kako moze on da rece NE?! Se cudam! NE na DUI!
redstar Dejane,nemoj da se cudis. Mozes samo da go zapametis ona sto go kaza pred nekoj den, pa za da komentirame deka posle nekoe vreme, koga i oficijalno ce se ozakoni megju drugoto i komunikacijata na albanski megju pripadnicite na vojskata i policijata vo Makedonija,zborovite na pretsednikot bea samo uste edna obicna parada i kao funkcioniraat instituciite na sistemot. Kojznae uste kakvi ne baranja ce proizlezat od repertoarot na golemoalbancite od DUI vo naredniov period, a se pod floksulata primena na jazikot na entitetite vo instituciite na sistemot Laksam-laksam...