Македонци се степаа за џамијата | |
dejan | ВО ЛАЖЕЦ, БИТОЛСКО Македонци се степаа за џамијата Едно лице заврши во болница, а друго во полиција, по завчерашната тепачка во селската кооперација во Лажец, Битолско. Шеесет и петгодишниот Трајко Јосифовски и неговиот соселанец, 86-годишниот Алексо Стефановски, по куса расправија дали треба да се гради џамија во селото или не, почнале да се тепаат. Јосифовски му се нафрлил на постариот соселанец, го легнал на подот и почнал да го дави. Присутните успеале да ги раздвојат. Стефановски си отишол дома, а Јосифовски, набргу потоа отишол дома кај негои повторно го нападнал. Набрзо потоа синот на Јосифовски ги раздвоил, по што била повикана полиција, која го привела напаѓачот во полициска станица, а повредениот Стефановски го однесле на лекар, каде што по укажаната помош бил пуштен дома. Против напаѓачот била поднесена прекршочна пријава за физички напад и за нарушување на јавниот ред и мир. Очевидците велат двајцата биле во алкохолизирана состојба. Подолго време се заладени односите помеѓу Албанците, кои сакаат да градат џамија во Лажец, и Македонците, кои тврдат дека на тоа место имало црква. lele ova e gluposti. Se tepame megju sebe, ama ne se slozhuvame!! Seljaci se? Ne, site Makedonci se takvi. |
Aj u Kafic | Дејан, тоа не е ништо посебно, ама има уште одмори и весниците немаат што да пишуваат. |