Слободан Милошевиќ, Бора Чорба и "Леб и сол"! | |
Strelec | ШТО СОДРЖИ НОВИОТ СРПСКИ УЧЕБНИК ПО ИСТОРИЈА? Првите примероци на новиот учебник по историја за осмоодделенците во Србија, во издание на Заводот за учебници и наставни средства, деновиве излезе од печат. Но, изненадувањето не е во тоа, туку во "збирот" на личности, ставени на едно место: од светот на филмот, музиката, спортот, и секако, сегашни и бивши српски политичари. Тука, меѓу другото, можат да се видат фотографии на Слободан Милошевиќ, Воислав Коштуница, Зоран Ѓинѓиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Владе Дивац, Емир Кустурица и на српските бегалци како го напуштаат Косово. За Милошевиќ пишува дека е “шеф на Сојузот на комунистите на Србија, избран 1986 година и оти трпеливо ја градел кариерата на комунист, верен на изборните револуционерни начела”. Осмоодделенците во Србија во новиот учебник ќе можат да прочитаат и за културата на раниот комунизам, за крахот на Југославија, за златното време на ју-поп културата, за успесите на југословенските спротисти, за тоа дека печат на ју-рокот му дале групите “Смак” од Крагуевац, “Леб и сол“ од Скопје и “Рибља Чорба” од Белград. Автори се историчарите Сузана Раиќ, д-р Коста Николиќ и Небојша Јовановиќ. |
Aj u Kafic | quote:се мислам дали добро разбирам македонски: што пишува точно за Слобо? Верен на изборните револуционерни начела? |