Дијаспората и нејзините инвестиции во Македонија
Дијаспората и нејзините инвестиции во Македонија
bliznak Диjаспора
Поради рекетот, иселениците не вложуваат во татковината

Многумина Македонци што живеат во Канада, САД и во другите земји сакаат да инвестираат во Македонија, но досега државата не ги создаде елементарните услови да почнеме бизнис, ниту не прашала, рече Борис Мангов, претседател на организацијата "Обединети Македонци" од Канада. Тој има своја фирма во Канада, која успешно работи повеќе од дваесет години.

- Многу Македонци што живеат во Канада инвестираат во Ирска оти таму владата овозможи многу поволности за развој на бизнис. Тие посакуваат попрво да вложат во татковината, но во бизнисот водилка е остварувањето на профит. Тоа во Македонија не е можно во сегашните услови. Основни се безбедноста и даночните олеснувања кои се значајни за привлекување на бизнисмените. Треба да исчезне рекетирањето, кое најмногу не револтира - рече Мангов на вчерашната прес-конференција.

Потпретседателот на "Обединети Македонци", Драган Стојковски, рече дека се уште кај иселениците не е зарасната раната што им ја нанесе државата со запленувањето на заштедите во банките.

- Многумина иселеници изгубија пари не само во македонските банки, туку и преку разни измами при договарање за инвестирање. И покрај таквите горчливи искуства, кај нас не исчезнала желбата да се вратиме во татковината и да работиме - рече Стојковски. (М.Ј.)

од: www.dnevnik.com.mk


Ех Македонијо, да ти се м**** во тебе!
Strelec Bliznak... Topik za toa vekje ima otvoreno i istiot tekst e tamu plasiran! http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10732#211776