Дали порнографијата ја уништува љубовта?
Дали порнографијата ја уништува љубовта?
Strelec Љубовта е едно од најкомплексните чувства и не постои единствена дефиниција. Всушност, постојат толку дефиниции колку шти има луѓе, а и сите тие се точни. Од друга страна, порнографијата си е точно дефинирана дејност со точно дефиниран финален производ. Се обидов да навлезам подлабоко во размислувањата на некои мои пријатели: колку им пречи во љубовта консумирањето на порнографија, или пак обратно, им разубавува некои моменти. Пријателките и не сакаа многу да зборуваат за порнографијата зашто се чувствуваа многу непријатно и правеа кисели фаци без да коментираат. На сите им беа поставено скоро исти прашања и нивните одговори се цитирани целосно, без коментари.

Тој 1: Со мојата свршеница имаме одличен секс! Секогаш сме си доволни еден на друг, па не ни треба екстра стимулација. Порнографијата ја доживуваме исклучиво како стимулација, барем јас така ја консумирав додека не ја сретнав Анета. Со Анета, сексот доби сосема нова димензија. Пред неа, порнографијата ми беше потребна за стимулација при мастурбација, бев навлезен во еден механички ќор-сокак и искрено, почна да ми пречи кога тоа веќе стана дел од моето секојдневие. Наместо задоволство, сексот на тој начин ми стана навика, ако воопшто можам и да го наречам секс моето тогашно секојдневно мастурбирање. Тогаш сексот го сфаќав како општење на маж со што повеќе жени, размислувањето беше исклучиво полигамно и единствено така ми имаше логика. Не ни можев да претпоставам дека ќе сретнам жена која ќе ја окупира целокупната моја фантазија и страст. За среќа, ја запознав Анета! Таа е исполнување на сите мои желби и фантазии! Со неа сексот доби и димензија на игра, а не само љубовен ритуал. Сакаме да гледаме други луѓе како се сексаат, нормално, но многу е поинтересно тоа да е во живо, што засега е невозможно. Во порнографијата ми пречи механичкиот пристап, воопшто не можат да се доловат чувствата, се внимава само на телесната естетика, па дури ми изгледа и некако стерилно. Ретко наидуваме на добра порнографија, па можам да заклучам дека скоро и да не сакаме да консумираме порнографија, барем не онаква каква што ни се нуди.

Тој 2: Отсекогаш ми требала порнографијата, не затоа што во реалниот живот не среќавам така згодни жени како на “порнич”, но не знам зошто, можеби мојата воајерска страна е понагласена. Имам богата збирка на порнографија дома, иако најголемиот дел од филмовите можам да ги гледам само по неколку пати, потоа ми здосадуваат. Кога би имал шанса да гледам секс во живо, би бил пресреќен. Во сите мои досегашни врски партнерките пребрзо ме презаситувале, па чувствувам вечна потрага по нови тела и души за секс. Бев заљубен и сакав само еднаш досега и консумирањето на порнографија воопшто не ми пречеше, туку напротив, ми беше потребна, можеби помалку, но сепак, ми беше потребна. Всушност, можам да кажам дека сум зависник од порнографија, дури бев и на минатогодишниот саем на секс во Берлин. Беше несекојдневно уживање, луѓето таму го сфаќаат сексот како ние кога си кажуваме “здраво”; го имаш на сите страни, тотално е адемонизиран. Така отворено овде да #237; пристапам на некоја девојка, би ме убила! Не ми пречи недостигот на чувства во сексот, баш подобро функционирам кога сето тоа нема тенденција да се развие во емотивна врска. Си го сакам својот живот баш оваков, вечно слободен ловец.

Таа 1: Никогаш во животот не сум купила “порнич”. Неколкупати случајно сум наишла на кабелските порно-канали и откако прво ќе ги прескокнам, се навраќам на нив од љубопитност. Имам долгогодишна врска и кога ми треба малку фантазија, самата ја креирам, иако мојот дечко понекогаш сака заедно да гледаме некој порно-филм додека имаме секс. На почетокот ми беше непријатно, не можев да се помирам со фактот дека некој може да има секс без некаква емоција или дијалог, но подоцна се опуштив откако сфатив дека на тој начин нашиот сексуален живот добива една нова интересна димензија.

Таа 2: Порно-филмовите ми се одвратни, додека еротските филмови можам и сакам да ги гледам. Ме нервираат сите тие совршени девојки и начинот на кој тие го прават тоа бесрамно. Посебно се згрозувам од групните сцени каде што не се знае кој со кого се е--. Знам дека повеќето мажи сакаат да ги гледаат, но доколку имам дечко, не би можела да се помирам со фактот дека тој се пали на други риби и дека јас не сум му доволна. Но кога ќе размислам, подобро да гледа порно отколку да ме изневерува на секој чекор.

Мојот коментар би бил следниот: доколку нешто ви носи уживање и доколку тоа не повредува никого, тогаш тоа е она вистинското.

/Форум/

SpaceLily Jas erotika sakam pojke od porno
bliznak порно со интересна тематика[:p]
The_Crow Porno so rasni kerusi
Mara Јас многу сакам порно испомешано со љубов и еротика[:D][:D]
darkjesus hard core 4eva[^]
slasa voopsto ne , dokakj ke pojdam samo deca pram ,, mislev deka imam 4 sega se pokaza deka imam uste 5 :-))
wolf_pack double penetration porn ja unishtuva ljubovta