Од извоз на текстил остварени над 2,5 милиони евра | |
dejan | Модните куќи „Герас Цунев“, „Единство“, „Хелма текс“, „Хелена“, „Хелена М“ и неколку други помали конфекциски погони од Струмица, во првите седум месеци од годинава остварија рекордно производство од околу 500 илјади конфекциски единици. Речиси 80 отсто од целокупната конфекциска продукција е пласирана на странските пазари, од што се реализирани повеќе од 2,5 милиони евра. Струмичките конфекционери очекуваат до крајот на годинава да произведат вкупно околу 900 илјади конфекциски единици од чиј што извоз ќе бидат остварени близу 4,2 милиони евра. http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=50148 Ova e dobro, samo ovaka. |