Enigma |
quote: Originally posted by cabrini
Би сакал да чујам дискусија на оваа тема, како тој се манифестира денес? Дали е ерес и дали е осуден како таков?
На оваа тема би сакал да знам што во суштина значат поимите афтокефалија и автономија во Црковна смисла и каде и како се тие дефинирани?
Колку појавата на национални Цркви, ГПЦ, СПЦ, МПЦ... итн. кои јасно имаат национален белег се причина за разни расколи и поделби, наместо причина за зближување и единство.
Etnofiletizmot ne e uchenje na crkvata, za da bide eres.
Politikata na Crkvata, kako institucija e neshto drugo,
koja sepak e neminovna za nejzin opstanok vo svetot.
"Avtokefalija", proizleguva od grchkiot zbor "kefale",
shto znachi "glava" (da se ima svoj poglavar), t.e.
nezavisnost. "Avtonomija", znachi samoupravuvanje.
Avtonomniot status na crkvata e chekor do avtokefalnosta.
Crkvata ne mozhe da dobie avtokefalnost, ako taa izvesen
period ne postoela kako avtonomna. Obichno toj period trae
od pedeset do sto godini, pa i povekje, vo zavisnost od
zrelosta i potrebite na crkvata. Avtokefalnosta na crkvata
i e osobeno potrebna, dokolku taa se naogja na golemo
geografsko rastojanie od patriarhijata na matichnata crkva
i ima potreba od svoj crkoven jazik.
Takov e sluchajot na OCA - pravoslavna Crkva na Amerika,
koja porano beshe pod jurizdikcija na RPC.
No, koga se raboti za crkva, koja se naogja na malo rastojanie
od poglavarot na matichnata crkva i, koja go koristi istiot
crkoven jazik, avtokefalnosta e povekje nacionalna zhelba,
otkolku potreba.
Crkvata e posilna koga e obedineta, no poradi nevozmozhnata
administracija na ogromna teritorija od edna uprava, kako i
na jazik, koj e nerazbirliv za narodite, avtokefalnosta na
nekoi crkvi bila neizbezhna.
Konstantinopol nikogash lesno ne daval avtokefalnost,
no kako shto hristijanstvoto se shirelo, a novosozdadenite
drzhavi se definirale kako pravoslavi, crkovnata uprava
od druga dalechna drzhava stanuvala se ponevozmozhna.
GPC, SPC, RPC i dr., spored Tomosot se imenuvani ne po
imeto na nacijata, a po teritorijata: pravoslavna Crkva
na Srbija..., pravoslavna Crkva na Grcija, pravoslavnaya
Tserkov Vsey Rosii, itn.
Crkvata nikogash ne se imenuva spored nacijata, taa go
nosi imeto na gradot vo koj bila osnovana, kako postarite
crkvi: Erusalimska, Antiohiska, Aleksandriska, Ohridska
i dr., ili spored imeto na teritorijata, kako gorenavedenite
pomladi crkvi.
|
Homer MakeDonski |
za etnofiletizmot od intervjuto na Mitropolitot Strumicki g.Naum
Попрво би рекол дека ние православните сме си криви за с#232; лошо што ни се случува и дека преку „грбот” на МПЦ само се откриваат болеста и парализата на Православието, односно крајно редуцираната и промашена мисија и многу бледото сведоштво на Христос што ние православните му го пружаме на светот. Болеста се нарекува етнофилетизам. Со прости зборови, тоа е кога националните интереси, оние што ги надминуваат пастирските димензии и преоѓаат во експанзионистичко-хегемонистички, се поставуваат пред интересите на Црквата и пред заедницата со Бога, за на крајот оние што така прават останувајќи без благодатта на Светиот Дух да ја изгубат и Црквата и нацијата, а забораваме дека Господ рече: Барајте го најнапред Царството небесно и с#232; друго ќе ви се додаде (Мат. 6, 33). Болеста на Православието можеме да ја забележиме преку три појави:
а) Прва и најзабележителна појава е организирањето на Црквите во дијаспората кое не е во согласност со светите Канони. Согласно светите Канони на Црквата во еден град треба да постои само еден Епископ кој ја возглавува Црквата на сите православни христијани што живеат во него (8 пр. на I Всел. Собор и др.). Но, бидејќи Православните Цркви во дијаспората се организираат според начелото на етничка припадност, тие за секоја етничка заедница си поставуваат и свој Епископ. Така се случува во еден град да постојат и десетина православни Епископи, што не е согласно со светите Канони на Црквата, но и со православната догматика во делот на христологијата и еклисиологијата. Меѓу другото, тоа е и лош знак, односно знак дека помеѓу помесните Православни Цркви с#232; уште траат исцрпувачките внатрешно-црковни и етнички борби за црковна и етничка доминација, кое пак истовремено е и реален показател дека времено сме се откажале од мисијата на Црквата кон надвор, меѓу оние коишто с#232; уште не ги допрела спасителната благодат Божја што пребива во неа. Затоа, не гледаме православната вера во дијаспората, освен инцидетно, да се шири надвор од православните доселенички заедници и нивните црковни и клубски простории. Секако, заради отсуство на духовниот живот ги губиме и своите православни верници, особено младите кои веќе не го ни зборуваат својот мајчин јазик, којшто пак Црквите заради зачувување на националното го користат во своите богослужби. Македонската Православна Црква е најмалку виновна за сето ова, бидејќи таа само последна се вклопи во веќе постоечката шема којашто другите Цркви досега ја поставиле без да остават простор за друг пастирски избор, и затоа МПЦ е надвор од дометот на судот на која било друга Црква во однос на ова прашање.
б) Втора појава е промашената мисија на Црквите коишто својата јурисдикција ја протегаат надвор од своите етнички граници. Карактеристичен и нам најблизок пример за ова е СПЦ. По завршетокот на Првата светска војна нејзината канонска јурисдикција се прошири од Македонија до Словенија. Но, како што рековме, бидејќи и СПЦ како повеќето Православни Цркви боледува од етнофилетизам, нејзината, би рекле само национална мисија на тие простори, остана, нормално, празна од благодатта на Светиот Дух и е пример за тотално промашување. Тоа значи дека сите оние што се чувствуваат како Срби традиционално учествуваат во нејзиниот живот, а сите оние што се припадници на друга националност, заради обидот насилно да бидат привлечени и посрбени, се одвратија од Православната Црква. За речиси сто години владеење со тие простори СПЦ буквално не може да се пофали дека православно крстила барем еден Словенец, барем еден Хрват, барем еден Босанец, барем еден Албанец, барем еден Маџар. Но, затоа успеа да одврати од себе околу 60% – 70% Црногорци коишто заради тоа организираат своја посебна Црква, а може да се пофали и со демонската идеја дека три милиони Македонци наводно ги одделила од заедница со останатите Православни Цркви. Тоа е една зла намера којашто пред с#232; нив духовно ги разорува, а не фактичка духовна и црковна состојба.
в) Трета појава е промашената мисија на Црквите внатре во нивните етнички граници. Бидејќи етнофилетизмот го одвојува свештенството од благодатта на Светиот Дух, тоа не може да биде сведок Христов, односно не е способно да го помине патот на очистување, просветлување и обожување, ниту да води други по него. Затоа имаме многу традиционални христијани коишто се тоа само по некаква инерција, а малкумина такви коишто вистински врват по тесниот пат носејќи го смирено и со благодарност крстот Христов. Показател на ваквата состојба се нашите празни храмови. Статистиката е поразителна и сурова. Од стоте проценти на православно население што живее во одредена православна држава одвај 0,5% присуствуваат на неделните богослужби. Тоа се случува на пример и во Македонија, која до душа во споредба со другите православни земји уште и стои некако добро, каде што од 1 600 000 православни само 8000 верници присуствуваат на неделните богослужби. Во Србија присуството на неделните богослужби процентуално е уште помало. На големите празници, пак, како што се Велигден или Богојавление, оваа цифра достигнува само од 10% до 15%. А колку и од овие 0,5% што се редовни на неделните богослужби има такви кои редовно се исповедаат и се причестуваат и живеат под раководство на духовен отец, тоа е друго прашање. Ако и тоа го провериме, тогаш ќе се соочиме со поразителни податоци. Значи, покрај ваквата алармантна состојба присутна кај сите, за големо чудо и срам Православните Цркви с#232; уште се занимаваат со својата борба за превласт. Затоа, на место се зборовите на еден обичен човек, таксист од Белград: „Ма што прават овие нашиве Владици во Македонија? Да сакаат тие вистински да работат, имаат и овде доволно работа!” Просто ни доаѓа да воскликнеме: „Таксистот за Владика, а некои Владици - за таксисти!“
Ова се вистинските проблеми со коишто денес се соочува Православната Црква, кои треба да се освестат и решаваат, а не постојано, свесно или несвесно, да се продлабочуваат. Ваквата состојба е знак дека локалните епископални Цркви ги водат Епископи кои уште не се очистиле од своите страсти, и нивната внатрешна подложност на страстите, особено на страста на етнофилетизмот и на високото мислење за самите себеси, се рефлектира како внатрешна меѓуцрковна борба за власт. Не гледаме видлив физички прогон над Православната Црква денес, кој пак кореспонедира со внатрешната духовна зрелост, особено со дарот на умносрдечната молитва кај прогонетите. Тоа ќе претставуваше потврда за нејзината зрелост во овој историски момент и наша утеха.
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=976 |