Бранителите со своја политичка партија?! | |
dejan | На Македонија и претстои “бурна” политичка есен. Нови политички парти ќе никнуваат како печурки. Покрај извесната реконструкција на Владата, со која премиерот Бучковски сака да обезбеди подобра стартна позиција за претстојните парламентарни избори, прегрупирања се очекуваат и помеѓу партиите од опозицијата. Веќе од поодамна има најави за уште најмалку три- четири партии кои оваа есен треба да никнат на политичката сцена во државата. Иако упорно се крие од очите на јавноста, веќе јавна тајна е дека градоначалникот Трифун Костовски се подготвува да истрча со своја партија во која ќе се обиде да ги собере незадоволниците од СДСМ, но да придобие и дел од членството на другите партии. Секако, главен адут на сите нови партии остануваат партиски неопределените гласачи, чиј процент во државата и натаму е релативно висок.( близу 30 % од гласачкото тело). Причините за самоувереноста во таборот на Костовски е победата на локалните избори и бројот на гласови што отидоа на негово конто. Дали кон партијата на Костовски ќе се приклонат “вечниот дисидент” во таборот на СДСМ Тито Петковски и “детронизираната” Лилјана Поповска, или ќе се одлучат да делуват како посебна политичка сила засега останува непознаница и предмет на политички калкулации. Она што во моментов со сигурност се знае е дека политичката сцена во државата ќе се збогати со уште една партија на бранителите, која најверојатно и ќе го носи името Бранител. За почесен член на партијата се шпекулира со името на екс министерот Љубе Бошкоски кој моментално се наоѓа во Хаг. “Ако оние што ја напаѓаа државата во 2001-та успеаја да освојат мнозинство гласови и да станат дел од власта зошто ние што ја браневме државата и крвавевме за неа да не го постигнеме истото со политички средства”, велат нашите извори. “Бранителите конечно мора да добијат валоризација и свое место во државата”, додаваат тие. Се шпекулира дека меѓу членовите на раководстството на партијата ќе се најдат и актерите од случајот “Раштански лојза” кои со одлука на Основниот суд беа ослободени од сите обвиненија. Токму ваквиот за нив монтиран случај и месеците поминати во затвор се мотив повеќе да се организираат во политичка партија, велат бранителите . Раздвижувања веќе од поодамна се забележуваат и кај албанскиот политички блок. И тука секој има своја калкулација како полесно да се дограби до власта. Сепак, загрижувачка појава кај албанските партии е различното читање и толкување на Рамковниот договор и аналогно на тоа вреднувањето на резултатите кои произлегуваат од него. И покрај тоа што основната функција на Охридскиот договор беше да се задоволат барањата и потребите на албанската заедница во Македонија последниве две години се случува најголемиот расцеп и подвоеност меѓу политичките партии на Албанците . Како причина најчесто се наведува токму незадоволството од имплементацијата на Рамковниот и практицирањето на власта. Доволно е само да го споменеме примерот со екс-потпретсетдателот на Собранието Хисни Шаќири, кој се одметна од ДУИ и формира своја партија. Или бојкот на работата на Парламентот од страна на ДПА кој трае веќе шест месеци. Како резултат на незадоволство кај Албанците во фаза на конституирање е и новата партија на екс-амбасадорот од Швајцарија Алајдин Демири. Има најави за уште најмалку два случаја на прегрупирања на албанскиот политички фактор во пресрет на следните парламентарни избори. Во една ваква ситуација се поставува прашањето ако Рамковниот договор не им е по кејф на Албанците тогаш за кого всушност го донесовме? Веројатно не е заради Македонците?! Зошто Владата наместо целата енергија да ја насочи кон економијата, која е од животно значење за сите граѓани, потроши близу три години во политички дискусии и дебатирања токму по прашања кои се однесуваат на Рамковниот договор. Во таа насока тенденцијата на нови прегрупирања, чија основна политичка агенда е да се задира во нешто што е веќе имплементирано е декадентен процес и претставува враќање наназад. Во моментов се чини дека европската идеја треба и мора да биде единствениот обединувачки фактор на било која политичка сила (нова или стара), од било која провиниенција . Но на Балканот тоа најчесто не функционира така. Примери има колку сакаш. Како и да е есента е пред нас. Дека ќе биде богата нема сомнение. Ако веќе граѓаните се сиромашни, барем есента ќе ни биде богата. Политички се уште! Poveke tuka, http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=0&EditionID=440&ArticleID=18061 |
трендафил | Ако напаѓачите имаат повеќе партии, ДУИ, СДСМ и други, тигаш и бранителите можат да имаат партија. |
Strelec | Edna takva partija 'Branitel' kje go podeli glasachkoto telo na onie shto se PROTIV vlasta! Epten dobitna kombinacija za SDSM! |
ZOTE | Poveche za nikogo ne glasam. Site samo gledaat da lapnat fotelji. |
Jakov | Да сањаше Бучковски, ова немаше да го сонува. Само... ако е точна информацијата и не е толку страшно. Со Љубе као почесен и ген. Стојков на чело одсега се кладам ако во Мк. има 3000 бранители, партијата ке има некаде 1300-1400 гласови. Не е страшно сеуште. Она што може да ја подзаебе ситуацијата за демонтрање на „синиот караван„ е онаа будалана градоначалник, иако како се заплетка во градскиве работи мислам дека и тој може да се слика со новата Партија. |
Aj u Kafic | quote:tuka se soglasuvam so Strelec, no ne gledam shansa za soedinuvanje na partii... |
SLaCk | Formiranjeto na novi partii ne e nesto strasno.Pa ako mnozinstvoto smeta deka treba SDSM da ostane na vlast neka ostane.No sepak mislam deka pred izborite ke ima razni koalicii no kako i da e SDSM ke bide gubitnikot.Jas tipuvam na edna desnicarska koalicija na pomali partii koi edinstveno imaat hrabrost da pokrenat javno nekoi prasanja kako sto e albanizacijata na Makedonija koja e glavna pricina za neuspesite na nasata drzava izminative 15 godini! |
Jakov | poslednive 15?tocna ti e cifrata...od 1968 kako da ima poveke? |
SLaCk | Zboram kolku sto me drzi sekavanjeto prethodno bev mnogu mal:).Interesno e baranjeto na VMRO-NP bidejki sega ke se nosi nov izboren zakon da se nalozi obvrska do mediumite za ramnopravno tretiranje na site partii vo mediumite vo predizbornata kampanja(bevme svedoci na lokalnite izbori deka se izvestuvase samo za nastapite na koalicijata na SDSM i koalicijata na VMRO-DPMNE).So ova ke im se dade shansa na pomalite partii,se razbira dokolku se prifati vakviot predlog(ama teshko:( ) |
slasa | pa glasaj za nasava partija bre vmac za podobro utre |
Strelec | quote:Vo tek e procedura so koja kje se onevozmozhi predizborno koaliciranje, taka da se' shto kazha ti pagja vo voda! |
concrete | Strelec...sto i da bide SDSM "neslavno" ke si otide...,no problemot e koj ke dojde......vusnost STO ke dojde???? |
Aj u Kafic | quote:kakva procedura? Mene toa mi zvuci totalno nedemokraticno |
Strelec | quote:Pa prashanje e i dali kje pomine toj predlog vo sobranieto, makar shto mislam deka takva ideja bi im odgovarala na SDSM i na DUI, pa ako dojde do glasanje ne e ni chudo da dojde i do usvojuvanje! quote:I jas smetam deka SDSM kje bide simnat od vlast, iako ne mnogu ubedlivo. Ima najmalku dve golemi prichini zoshto smetam deka na opozicijata ne i' e odnapred zagarantirana pobedata: Prichina br. 1. Koga kje dojde moment za toa, sigurno kje izvadat nekoj adut od rakav, dali olicetvoren vo pokana za priem vo EU i NATO, dali do nekoj drug golem uspeh... kje pokazhe vremeto! Prichina br. 2. Tokmu toa shto go spomna vo tvojot post... Vo Makedonija vo momentov nemame kvalitetna alternativna ponuda i poradi toa mnogumina shto iako se razocharani od SDSM, sepak kje im ostanat verni i kje glasaat za niv. Patem, se plasham od edna druga rabota... Postoi opasnost opozicijata da se odluchi svesno da gi potkopuva eventualnite uspesi shto ovaa vlast planira da gi ostvari vo poslednava godina pred izborite... Dokolku se odluchi na takvo neshto, mislam deka kje ja napravi najgolemata mozhna greshka... i vo odnbos na Makedonija i vo odnos na svojot rejting! |
concrete | Pricina br. 1.....nema da pomogne ni priem vo NATO i"pokanata" kandidat za EU, Cerciloviot sindrom duri togas e neizbezen. Pricina br. 2.....mislam deka opozicijata nema ni kapaciteti za toa, a i odredeni sili vo nea toa nema da go dopustat, pretpstavuvam pojava na nov politicka entitet koj definitivno go zatvara toj ping-pong turnir. Edinstveno sto moze da bide nepredvidliv dzoker e lebedoviot pev na albanskata prikazna i radikalizacija na toj plan......no toa ako se steknat uslovite za ostvaruvanje na edna mnogu stara analiticka pretpostavka deka "konecnata presmetka " ke otpocne na ovie prostori. Se nadevam deka nema da bide taka.....iako nekoi figuri nekako neprijatno se redat na tablata..... |
SLaCk | "zabrana za predizborno koaliciranje".taa prikazna SDSM ja turka so godini nanazad ama e protivustavna a i nikoj ne moze da spreci POSLEizborna koalicija.A tie kako sto vidovme se najbitni.Pa SDSM pred izbori edno zborese posle izbori vleze vo koalicija so DUI!E na toa mozebi treba da se stavi zabrana!Znaci zaklucok:drzi voda toa sto go kazav.SDSM koga ke padne 2006 ja mislam posle toa ke se podeli isto kako VMRO-DPMNE t.e. poloso.Kako i da e nivnata smena od vlast ke donese pozitivni raboti: pogolema samokontrola na toj sto ke dojde na vlast.A najdobro ke bide toa da bide siroka opoziciona koalicija bidejki dosega se vide deka tie sto imaat apsolutna mok pravat mnogu mnogu greski namerni ili nenamerni i mnogu mnogu mislat na svojot dzeb a malku na nacionalnite interesi.Tipuvam na zgolemuvanje na brojot na glasovi na pomalite partii no vistinski partii ne sateliti,sto ke bide mnogu pozitivno! |