Струшки вечери на поезијата |
Strelec |
Вечерва свечено отворање на Струшките вечери на поезијата
Со меѓународно поетско читање „Меридијани“, вечерва на платото пред Домот на поезијата во Струга свечено ќе биде отворено 44-тото издание на меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата.
Годинашен добитник на Златниот венец на СВП е американскиот поет Вилијам Стенли Мервин, во чија чест претпладнево во Паркот на поезијата во Струга ќе биде засадено дрво.
На СВП 2005 ќе учествуваат околу 40 странски и триесетина домашни поети. Фестивалот неофицијално почна вчера со симпозиум на тема „Арс поетика“.
Во наредните денови СВП ќе ги има стандардните поетски содржини - портрет на лауреатот во црквата Св. Софија во Охрид, „Ноќи без интерпункција“ и „Мостови“ - што на 28-ми ќе го затворат фестивалот на Дрим.
На 29 август поетите ќе учествуваат во Скопје на поетско матине на Матка и на вечерен митинг во Сули ан. На СВП 2005 ќе биде одржана специјална седница на Европската поетска академија.
Покрај добитникот на Златниот венец 2005 Мервин, во Струга допатува и младата колумбиска поетеса Андреа Коте, носителка на наградата „Мостови“ за најдобар млад поет што СВП и УНЕСКО ја доделуваат од минатата година.
Вчера заврши преведувачката работилница, во чии рамки во изминатата недела на 6 јазици беше преведуван избор од поезијата на Петар Т. Бошковски, годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ која се доделува за најдобра стихозбирка од македонски поет објавена меѓу два фестивала.
СВП 2005 ја има стандардната издавачка продукција - специјално издание со стихови од Мервин, антологии на македонски и на англиски јазик, избор национална - годинава израелска поезија, и збирката „Плејади“ во која ќе бидат опфатени стихови на поети од Франција, Јужна Африка, САД, Австралија, Судан, Тунис-Канада и од Јапонија.
Лауреатот Мервин на Струшките вечери на поезијата учествувал во 1972 година, кога Златниот венец му беше доделен на англо-американскиот поет В.Х. Одн.
Тој нагласи дека оттогаш носи пријатни спомени за фестивалот и за сето она што го видел во Македонија, „нејзините древни градови, природата и нејзиното познато гостопримство...“.
Седумдесет и осумгодишниот поет од Њујорк е една од најмаркантните личности во американската модерна поезија. Првата поетска книга „Маска за Јанус“ ја објавил во 1951 година, а оттогаш издал уште петнаесетина стихозбирки. Повеќе години живеел во Европа, каде што го учел поетскиот занает на европските класици и современи поети.
Мервин е меѓу најквалитетните преведувачи во САД. Преведува од италијански, шпански, португалски, француски и од латински јазик. Како мошне успешни се вбројуваат неговите преводи на дела од Еврипид и од Данте.
Добитник е на голем број награди и признанија. Во 1970 година ја одбил Пулицеровата награда за поетската збирка „Носач на скали“, протестирајќи на тој начин против војната на САД во Виетнам.
Во моментов живее на островот Хаику на Хаваите. Над две децении Мервин е и активен екологист и поборник за заштита на природата.
|
Strelec |
Бојкот на албанските поети на СВП
Сите писатели Албанци од Македонија ги напуштиле Струшките вечери на поезијата. Причината се навредливите песни за албанскиот народ и држава на поетот Еди Бируали, кој потекнува од Тунис, а живее во Канада, објавени во изданието „Плејади“.
Втората причина е прашањето на јазикот. Вчера, токму на денот на свеченото отварање на фестивалот, Фатмир Сулејмани, член на Управниот совет на СВП, во отворено писмо до министерот за култура Стефановски поднесе неотповиклива оставка на членството во советот.
„За поети, за луѓе кои се сметаат за најкосмополитски на овие простори не би смееле тоа никако, на ниеден начин да го допуштат“, изјави Фатмир Сулејмани, член на Управен совет на СВП.
Сулејмани, кој во советот на СВП беше назначен од Министерот само пред неколку месеци, во своето писмо Зоран Анчевски, претседателот на Советот на фестивалот, го обвини за албанофобија.
Сепак, тој не одрекува дека неговата заложба е всушност двојазичност на Струшките вечери на поезијата.
„Албанците само позираат таму. Како се чувствува еден млад Албанец што не го знае јазикот, а како што се знае, Струга сега е веќе една општина каде со закон...“, вели Сулејмани.
„Поради тие луѓе мора нешто да се направи. Меѓу другото и непочитувањето на двојазичноста е причина за оставката“, додаде Фатмир Сулејмани.
Анчевски, кој во медиумите имаше бурна полемика со претходникот на Сулејмани, Агим Винца, за А1 изјави дека нема официјална оставка на членот на советот, не ја коментираше неговата постапка, но дека сега за него најважно е програмата на Струшките вечери да помине во најдобар ред.
Градоначалникот на Струга пак, Рамиз Мерку, кој направи преседан, вчера на свеченото отварање прв пат обраќајќи се и на македонски и на албански јазик, сега како што се дознава, поканил писатели од Албанија и од Косово за да фестивалот не остане без албански автори.
44-тите Струшки вечери на поезијата, по ланските настани кога беа жртва на политички барања, се вратија во матичната Струга, гламурозно и поддржани од речиси сиот државен врв, а граѓаните со поделени ставови.
„Местото е тука на СВП, ланската година тоа што се направи беше многу некултурно и неубаво како за нас, така и за пред светот што се рекламираме. Ситуацијата е сосема сменета и не се СВП како што беа порано. Пак е како пред 2001-вата, одлуката од организаторите, плакатите се пишани само на македонски и англиски за жал не е ништо ново“, рекоа стружани.
Фестивалот Струшки вечери на поезијата завршува в недела со манифестацијата „Мостови“.
|
sirius |
Каде и да мрднеш вон границиве, по враќањето доживуваш културен шок. Ние, заедно со Албанија, сме меѓу најпримитивните европски земји. Да има памет, пред секој дневник на македонецот треба да му се прикажува азбуката и по неа пораката: Глуп си! ... редовно треба да се објавува дното на табелата на нации што најмалку читаат, а тоа се, се знае, Албанија и Македонија. А "културните" будали што нe доведоа до таму, и понатаму го опседнуваат бедното министерство и се жалат на суровите времиња кои немаат разбирање за нивната ступидна "култура". Грозно е. А немоќта и очајот раѓаат само уште поголема нестабилност. И затоа, богати господа пиљари, велетрговци, социјалистичко-феудални директори, големосопственици, нафатирани комунисти, сите вие што купувате трети и шести станови и коли и кои децата, ко африкански министри, ги праќате надвор од ужасов..... кога процесов на заглупување и пауперизација еден ден ќе се слегне... ма глупости, ништо. Заборави. Во некоја друга прилика///////////,come on guy, you talk too much!!!
|
zlotty_co_380 |
Da ne go upropastuvam topikov, ama moram da go kazam ova, pamtite koga imase k-15 na vremeto , i koga bese ona so struskite veceri na poezijata. Osobeno onaa pesnata na japonecot sto pobedi,
mnogu bese jaka. Toso mnogu ubavo ja otpea. Vaka nekako bese:
Anje uaa hee mi oo oooiimee
Anjeee uuui eeeaaa kkaaammmm
midn ko vaaaa see mi laaaa
onjeee viiii la siiiiii muuuuuu
taaaaaaaaaa miiiiiiii knjeee viiiiiiii
vakaa nekako bese prvata strofa, ako nekoj ja znae cela
ili ako imam nekoj greski neka ja popravi slobodno.
Mnogu jaka pesna bese, zimi kozata na komsijata [:D] |
ozonce |
Iskreno, preteruvaat!
Ako pochnat i vo kulturata i umetnosta da si gi prevrtuvaat predcite vo grob, neznam kade im e idninata.
Koja dvojazichnost?! Na Strushkite vecheri na poezijata se chita na site jazici... Da ne sakaat da im gi prevedt pesnite na lbanski...
Zal mi e shto i albanskite "intelktualci" pochnaa da arzmisluvaat na nivo na eden rost selanec, koj mozesh da go nagovorish na bilo shto!! |