Новите локални власти |
Strelec |
МОН: Градоначалници незаконски разрешуваат директори на училишта
Министерството за образование и наука се спротивставува на начинот на кој новоизбраните градоначалници на општините разрешуваат директори во некои училиштата, појава што Министерството ја констатирало по пренесувањето на надлежностите од централната на локалната власт.
„Разрешувањата, односно наименувањата не се вршат според законските диспозиции. Министерството за образование и наука оваа вонзаконска тенденција ја оценува како загрижувачка, зашто разрешувањата на директорите пред почетокот на новата школска година, освен што е незаконито, тоа може да ја загрозува динамиката на реформите кои се во тек“, соопштува МОН.
Во Битола сменети директори во седум училиштата
Во четири средни и три основни училишта во Битола, градоначалникот Владимир Талевски, завчера ги разреши директорите и назначи нови. На тоа се спротиставија досегашните директори и не ги напуштаат фотелјите, сметајќи дека е постапено спротивно на законот.
Вчера и денеска, овие училишта имаат по два директора, а професорите добиваа различни задолженија. Некои од нив, поради ваквата конфузија, решија неколку дена да не одат на училиште и да причекаат како ќе заврши пресметката помеѓу локалната и централната власт.
На пресот во СДСМ рекоа дека, незаконски се сменети досегашните директори, бидејќи не е извршен трансферот на надлежности. Ова е гола желба за власт и се се партизира.
Од друга страна, градоначалникот Талевски рече, дека Министерството за образование ја кочи децентрализацијата и крајниот рок од 1-ви јули, кога требаше да заврши трансферот на образовните надлежности, не е испочитуван.
Од повеќе професори ми пристигнаа жалби, дека во некои училишта се нарушени меѓу човечките односи и дека финансиски лошо се работело и затоа ги извршив смените. Нека не остават да работиме, а ние превземаме одговорност дека сега ќе биде подобро, рече Талевски.
Тој ги отфрли обвинувањата, дека ново назначените директори се поставени според партиски клуч.
Tekstov vo sina boja epten e za veruvanje!:)
|
Jakov |
quote: Originally posted by Strelec

Crvenovo e ziva vistina. Me cudi samo zosto tokmu vo SDMS se slucile protestite a ne vo ucilistata, vo odborot na roditeli, vo podracnite edninici na MON ili ednostavno megu graganite od edinicata na lokalnata samouprava. A me cudi i zasto ne se slucil protest vo kanceariite na drugite dva koalicioni partneri koi se vo vlasta. Kolku sto znam i LDP i DUI imaat svoi kanclearii i clenstvo vo Bitola. |
Jakov |
E ova e kretenizam. Abe ne e za sekoj seljak vlast da mu se dade.
Аеродром како нова општина без сопствена зграда четири месеци. Седниците на Советот ги одржуваше во просториите на соседната општина Кисела Вода. Како привремено решение, Министерството за локална самоуправа ја понуди зградата на Рударскиот институт.
За неа, градоначалникот Кирил Тодоровски ќе плаќаше по 900 евра месечно. Но Тодоровски одби, со образложение дека тој простор не му е доволен и не одговара на потребите на општината. Се вселија во зградата на Заводот за унапредување на стопанството.
Иако реновирањето на просториите во изнајмената зграда на општина Аеродром е завршено и за неа градоначалникот плаќа 6.000 евра, тој е на став дека седниците на Советот треба да се одржуваат во општината Гази Баба.
Местото каде ќе се одржуваат седниците на Советот на општината е причина за конфликтот меѓу градоначалникот и дел од советниците. Тодоровски се правда дека се уште нема услови за работа во новата зграда. Советниците од СДСМ не сакаат да ја напуштат зградата на ЗУС. Обвинуваат, дека градоначалникот сака да ја злоупотреби својата функција.
„Ние сме советници на општина Аеродром и остануваме во Аеродром. Во Гази Баба кој сака нека оди“, изјави Страшо Нелковски, советник од СДСМ во општина Аеродром.
И покрај добрата волја која владееше меѓу Арсов и Тодоровски, делбениот биланс ги скара сопартијците.
„Го направивме предлогот, го дадовме до г-динот Тодоровски и еве поминаа 10-тина дена, немаме одговор“, рече Џорџе Арсов.
Помина четири месеци од новата локална власт. Конкретни резултати сеуште нема. Во Аеродром има надградби, дупки по улиците, ѓубре на секаде. Дали градоначалникот Тодоровски ја чека новата општинска зграда, да почне да ги решава натрупаните проблеми.
|
трендафил |
Што се однесува до директорите изгледа дека како дошле така и си отишле. Поради партијската книшка. Колку што ми е познато ниту еден од сменетите не бил директор пред 15 септември 2002. СДСМ можеше да ја прекине традицијата и да ги остави барем најуспешните директори. Затоа што тие и ја почнаа приказната. Со плурализмот ги сменија сите директори што од комунисти не се трансформираа во социјалдемократи.
|
lav |
Во право си за безобразлукот ...ама повремено си викам ...а што ако позади тоа се крие СТРАВОТ од Владата и нејзиното очебијно споро префрлање на надлежностите , иако од 01.07.2005 тие теоретски се „газди„ на својата територија.
На „своите„ градоначалници (некои велат) им дава помош , разбира се во затскриена од јавноста форма (да не се сетат власите-де) а на други не им дава и тоа што е неопходно нужно...само за да докаже и покаже оти се неспособни.
Но да се стрпиме уште малку време додека не се демисионира оваа Власт и самите ќе си излезат на „виделина„ , мислам на тоа кој е кој и за што е способен да стори (секако не мислам без соодветни средстав...како материјални така и финансијски) |
Strelec |
quote: Originally posted by lav
...а што ако позади тоа се крие СТРАВОТ од Владата...
Оф, гревчиња... Е ајде да ги жалиме сега!?:)))
|
lav |
quote: Originally posted by Strelec
quote: Originally posted by lav
...а што ако позади тоа се крие СТРАВОТ од Владата...
Оф, гревчиња... Е ајде да ги жалиме сега!?:)))
Јас воопшто немам зашто да ги жалам ....при такви принадлежности и можности кои им се пружаат во иднината , а кои се веќе видени од 1974-1992 година .....(од)кога автономијата или пак поимот општина-држава беше со сила на Устав суспендирани.
Тогаш само беше според Босанската СЈАШИ МУРТО ДА УЗЈАШЕ КУРТО и обратно , а и денес предчуствувам дека можеби и ќе биде слично , разбира се ...сега од други личности наместо денешните министрите и други државни фунционери. |
Strelec |
quote: Originally posted by трендафил
Што се однесува до директорите изгледа дека како дошле така и си отишле. Поради партијската книшка... СДСМ можеше да ја прекине традицијата...
Истава оваа работа ја слушаме и читаме после секои избори, од страна на тој што победнл...
И пак во круг!?
|
трендафил |
Традицијата продолжува. Сепак за мене е поголем проблем што градоначалникот на Боговиње од владдечката ДУИ не им дозволува на сопствениците на мотелот Бриони да го обноват иако ги имаат сите дозволи за тоа и што на денот кога мотелот беше разурнат организирал турнир во фудбал на местото на злосторството и блокада да не можат роднините и пријателите на загинатите да запалат свеќи. Се повторува ли приказната со, на пример, Тетово-Табак.
|
трендафил |
Ситуацијава со смена на 20-тината директори само покажува кој ја има контролата над средствата за јавно информирање, односно под чија политичка информативна тортура сме. Кога неколкуте илјади директори назначени од старата власт беа сменети со доаѓањето на Положани на министерското место, тоа беше нормално. Сега, кога се менуваат директорите од СДСМ и ЛДП, се крева гласот до небо. А најголем број од сменетите директори нема високо образование, туку се со вишо. Се разбира, тоа само по себе не значи дека не ја обавувале добро работата, но апсурд е помеѓу неколкуте илјади директори што не го подржувале УЧК во 2001 година (директно преку ДУИ или индиректно преку СДСМ и ЛДП) да нема ниту еден добар. Во некои места, Љубанци на пример, родителите на учениците протестираа поради смената, но оваа власт се разбира не ја интересира многу гласот на народот. Гласот на Али Ахмети или Агим Красниќи е веќе нешто друго.
Ситуацијата во образованието всушност покажува и каква локална самоуправа е направена. Сите долгови државата ги префрла врз локалците. Исто така и високот вработени од министерствата. Дури сака да ги остави и партијските кадри. Наводно директорите ќе бидат лиценцирани, но на обука и полагање за лиценца одат само актуелните директори. Како што и судството и обвинителството наводно ќе бидат независни, а всушност ќе бидат зависни од постоечките кадри (кои понатаму самите ќе бираат нови колеги) кои се под контрола на партиите од власта. Како што се случи со настаните врзани со Кондово и Агим Красниќи. Наводно владата не направила ништо. Но изгледа премиерот направил како претседател на СДСМ, а министрите како членови на партија, а не како министри. Исто како и „независниот“ обвинител Стерјо Зиков и „независната“ претседателка на судот Добрила Кацарска. Но никој не објаснува како Красниќи е ослободен од барањето притвор и по предметите што ги воделе судии што се на годишен одмор, а документите биле заклучени во нивните бироа.

Едноставно колега ....судиите ги „пратиле„ клучевите по (електронска) ПОШТА , или пак можеби „проработеле„ калаузи(те).
|
трендафил |
На вчерашната конференција за печат од страна на СДСМ разбрав дека судот ги вратил старите директори на нивните работни места. Се работи ли за голема ефикасност на судот или за тоа дека тој е под контрола на СДСМ.
Нејасно ми беше и дали градоначалникот на Струмица присутен на таа конференција, прво допатувал во Скопје на своја или на сметка на струмичани за да го озборува нашиот градоначалник Костовски. Иначе нему му е лесно затоа што пред него градоначалникот беше од ВМРО-ДПМНЕ па му нема оставено големи долгови, за разлика од тие што наследија градоначалник припадник на партиите од власта, како скопскиот на пример. Иначе не ми е јасно каква е таа децентрализација ако централната власт определува кој да биде директор во училиште за кое е одговорна локалната самоуправа.

Менне ептен ми е јасно колега...оти законот е „правен„ според мерката на сдсм , ама ја утнале работата ...мислам на проценката дека на минативе локалните избори ...всашност ќе претрпат видлив и евидентен пораз и повеќето градоначалници НЕМА да бидат нивни ...освен во тие од рангот на долнодупени и свирипичино. |
intel |
quote: Originally posted by lav
quote: Originally posted by трендафил
Ситуацијава со смена на 20-тината директори само покажува кој ја има контролата над средствата за јавно информирање, односно под чија политичка информативна тортура сме. Кога неколкуте илјади директори назначени од старата власт беа сменети со доаѓањето на Положани на министерското место, тоа беше нормално. Сега, кога се менуваат директорите од СДСМ и ЛДП, се крева гласот до небо. А најголем број од сменетите директори нема високо образование, туку се со вишо. Се разбира, тоа само по себе не значи дека не ја обавувале добро работата, но апсурд е помеѓу неколкуте илјади директори што не го подржувале УЧК во 2001 година (директно преку ДУИ или индиректно преку СДСМ и ЛДП) да нема ниту еден добар. Во некои места, Љубанци на пример, родителите на учениците протестираа поради смената, но оваа власт се разбира не ја интересира многу гласот на народот. Гласот на Али Ахмети или Агим Красниќи е веќе нешто друго.
Ситуацијата во образованието всушност покажува и каква локална самоуправа е направена. Сите долгови државата ги префрла врз локалците. Исто така и високот вработени од министерствата. Дури сака да ги остави и партијските кадри. Наводно директорите ќе бидат лиценцирани, но на обука и полагање за лиценца одат само актуелните директори. Како што и судството и обвинителството наводно ќе бидат независни, а всушност ќе бидат зависни од постоечките кадри (кои понатаму самите ќе бираат нови колеги) кои се под контрола на партиите од власта. Како што се случи со настаните врзани со Кондово и Агим Красниќи. Наводно владата не направила ништо. Но изгледа премиерот направил како претседател на СДСМ, а министрите како членови на партија, а не како министри. Исто како и „независниот“ обвинител Стерјо Зиков и „независната“ претседателка на судот Добрила Кацарска. Но никој не објаснува како Красниќи е ослободен од барањето притвор и по предметите што ги воделе судии што се на годишен одмор, а документите биле заклучени во нивните бироа.
Едноставно колега ....судиите ги „пратиле„ клучевите по (електронска) ПОШТА , или пак можеби „проработеле„ калаузи(те).
Лав, погледни колкав текст непотребно го повторуваш за да одговориш со два реда.
Од денес натака ќе ти го бришам комплетно вакавите постови. |
трендафил |
А знае ли некој дали во Липково почна да се вее и знамето на Република Македонија до знамето на Република Албанија, односно во склад со законот на ДУИ и СДСМ. Или градоначалникот на Липково уште нема јарбол? Не е ли непочитувањето на државата поголем проблем од еден директор кој сигурно ќе си замине од местото во склад со традициите што ги воведе СДСМ кога во 1992 Црвенковски ја формира првата политичка влада и се стана партијско. Од општествениот имот до работните места под државна или локална ингеренција.
|