За власта m2 земја во центар на Скопје чини 25 EUR
За власта m2 земја во центар на Скопје чини 25 EUR
Makedon http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=29924

За власта квадрат земја во центарот на Скопје чини од 25 до 500 евра!
Za informacija, 25 EUR/m2 ke najdete vo Petrovec, Rzanicino, Konjari, sela odaleceni poveke od 20km od gradot Skopje. Vo Skopskite sela kako Pripor, Zlokukani, Bardovci, Nerezi cenata na m2 zemja cini po 100 EUR/m2, a vo centarot i vo ubavite naselbi i do 500 EUR/m2.


Александра К. Мишовска


Владата го продава државното земјиште за десетпати помали цени од реалните. Веќе неколку години преку сомнителни зделки еден квадратен метар на атрактивни локации во Македонија се продава и за по 20 евра. И тоа се е законски! Експертите се согласуваат дека власта вистински го обезвреднува земјиштето на целата држава.

Земјиштето за изградба на трговскиот центар „Рамстор“, 40-те локации за изградба на бензински пумпи што Владата му ги подари на „Лукоил“, земјиштето на Скопското кале, државните пазари во центарот на Скопје... се само дел од земјиштето што Владата го распродаде за багателни цени. Државно е и земјоделското земјиште издадено под закуп, за кое веќе со години само 30 отсто од закупците ги намируваат долговите кон државата. На државни локации се и изградените дивоградби во Скопје и во Охрид, а никој од надлежните не презема ништо за да се спречи узурпацијата.

Владата на актуелниот премиер Владо Бучковски се уште не објаснува по која основа, рускиот гигант „Лукоил“ доби државно земјиште за да гради бензински пумпи во Македонија. Десетина месеци претходно актуелната владина коалиција одлучи да продаде 4,5 хектари државно земјиште за изградба на американска амбасада на Скопското кале, и тоа само по 50 евра за квадратен метар. Тогашниот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку изјави дека цената не била ниска бидејќи земјиштето и се продавало на земја што е стратегиски партнер на Македонија. За продажбата на оваа локација се заинтересира и антикорупциската комисија, од каде што утврдија дека Владата не ги почитувала законите кога одлучила да го продава ова државно земјиште. Министерот Буџаку, пак, за време на својот мандат потпиша 20 непосредни спогодби за отуѓување државно градежно земјиште. Според судските сознанија, најниската цена по која министерот го продавал земјиштето е од 50 денари за квадратен метар, па се до 1.500 денари за квадрат во центарот на Скопје.


Една од најголемите афери кога станува збор за државно земјиште е дилот што актуелниот претседател Бранко Црвенковски, во време кога беше премиер го склучи со турската фирма „Коч холдинг“, на која и продаде државно земјиште во центарот на Скопје за 25 евра за квадратен метар. Локацијата од 20.000 квадратни метри на чиј дел сега се наоѓа трговскиот центар „Рамстор“ се продаде за само 560.000 евра. Власта го продаде земјиште без да распишува тендер или да го продава на јавна лицитација на која ќе се утврди пазарната вредност на локацијата. Згора на тоа, за „Рамстор“ беа одобрени и специјални попусти за комуналии. Колку за споредба, пред десетина дена преку јавно наддавање, грчки „Веро“ купи државно земјиште во Скопје за 510 евра за еден квадрат.

За време на владеењето на актуелната власт, приватни станаа и државните пазари во Скопје. Владата на „Скопски пазар“ му го продаде „Бит-пазар“ за само 44.000 евра, а Зелениот пазар за 23.000 евра. Јавноста оваа продажба ја нарече законска кражба, антикорупциската комисија ги бараше документите за продажба, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ цело време тврдеше дека „Бит-пазар“ вреди 9 милиони евра, а Зелениот пазар три милиони евра.

Според последните податоци, државата загубила 34,4 милиони евра од непосредни спогодби на Владата, која десет пати поевтино од реалната пазарна цена во последните три години продаде 86.450 квадратни метри државно неизградено земјиште.

Makedon Abe Lambe i Vojo se nula za ovie od SDSM; moze voda da im nosat. Oni (VMROvcite) napravija po milionce, a ovie od SDSM/LDP be MILIONISTA [:D]
lav
quote:
Originally posted by Makedon
Abe Lambe i Vojo se nula za ovie od SDSM; moze voda da im nosat. Oni (VMROvcite) napravija po milionce, a ovie od SDSM/LDP be MILIONISTA [:D]
Џабе се трудиш да ги разубедиш „граѓаниве„ дека „избраниве„ се крадци со ТАПИЈА. Тоа треба и мкра да го сторат „новинарчињата„... особено оние кои „љубат да веслаат„ со свирчињата и то в‘уста....ама пустињата (ке ја фатат наскоро изгледа) веќе се со к(д)упени од Власта газој.
concrete Tolku im ceni bre 25 EU...PAZARNA EKONOMIJA....da vi go povtoram vicot za ubavata bela koza i dvete beli kokoski na at pazar ??????
Strelec Prefrlete gi tekstovite i komentarite na ovoj topik: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=10965 Da ne otvarame nov topik za sekoj nov naslov vo vesnik!