Рехабилитација од дрога со помош на Библијата
Рехабилитација од дрога со помош на Библијата
Strelec Зависник од дрога цели 13 години. По многу безуспешни обиди да се излечи, 30-годишниот Илија од Велес веќе 15 месеци е чист. Сега, вели Илија, тој води нов поинаков живот. Излезот од наркоманијата го нашол во Библијата. Тој е еден од 7-те момчиња кои во центарот за рехабилитација од дрога „Предизвик за млади“ во близина на Скопје се одвикнуваат од зависност водејќи се по учењата на Библијата. Единствена терапија за нив се евангелијата на светите апостоли. „Работев на својот карактер тука и повеќе се фокусирав на она духовното што може да му помогне на човекот, се фокусирав на проблемите кои го предизвикуваат тој проблем, односно зависноста и така успеав да го победам тој порок со помош на библиски принципи“, изјави Илија Георгиевски. И Кристијан од Скопје веќе 6 години е зависник од тешки дроги. Откако 2 години неуспешно се обидувал со метадонска терапија во болницата за зависности во Кисела Вода, спасот го побарал овде. 9 месеци е во центарот и не користи никакви опојни средства. „Кога бев на метадонска терапија, тоа е еден вид легална дрога и по цел ден се дрогираш, можеби помалку правиш глупости, помалку крадеш или такви работи, но и таа се злоупотребува и немаше ефект“, рече Кристијан Ангелов. Во Македонија има повеќе вакви алтернативни центри, каде при лекувањето од дрога се користи поинаква терапија од досега препорачуваната од експертите. Лекарите се скептични за алтернативните терапии, иако признаваат дека ниту метадонот не е целосно ефикасен. „Кисела Вода е ѕид на плашење, крај каде што еден голем дел од пациентите добиваат помош и успешно функционираат, но голем дел од пациентите остануваат таму на метадон, се криминализирани, одат од Кисела Вода во затвор, од затвор во Кисела Вода, но тоа е друг проблем. Јас не сакам да го критикувам тој програм, бидејќи јас го водев 15 години“, истакна на 6 мај 2005-та д-р Иван Тулевски, невропсихијатар. Центарот е отворен во јуни минатата година. Според обучените лица кои им помагаат на зависниците, методот со употреба на Библијата е успешен кај 86% од зависниците. Двајца од нив наскоро треба да заминат дома излечени. „Ние сме отворени за соработка и запознаени се за нашата работа луѓето кои се одговорни за тоа во РМ, а конкретно со некои лекари кои работат во Кисела Вода имаме потесна соработка“, изјави д-р Валентина Влаисавлевиќ, генерален секретар на „Предизвик за млади“. Третманот за сите зависници е бесплатен, но со помош на донатори капацитетот ќе се проширува, а во план е отворање на женски центар.
RaGeAnGeL Se e do voljata na coekot...inace skoro 99% do bivshive nakromani se prikloneti koj neso spiritualno.Poznavam edno devojce so isto taka se izleci so Biblijata posle 8 god koristenje na heroin sega e majka na zdravo i normalno dete za sreka...Poznavam druga osoba nejze mnogu i pomogna jogata..Eden drug od najgolem diler cel zivot po zatvori shmrkase kokain ko usisivach pak sea enego pocna po 5 pati vdzamija da se molit...u can never tell [;)]
mArInCe ova e dokaz deka se dodeka samiot chovek ne zastanit i ne se zaprashat "sho e ova sho go pram od sebe", nemat spas... i koga toj samiot kje stani svesen deka ona shto go pravi go unishtuva nego, negovata lichnost i negovoto zdravje, toj zavisnik kje prodolzhit da propagjat vo zhivotot..
skull Dali Biblija ce zemi ili ce se posveti na nesto drugo,nego isto mu e. bitno e da VERUVA vo sebesi pred se a posle toa da se obidi da se otkaci od dzankot.oti eve kako paradoks jas znam pojce prilepcani so probaa po manastiri da lecat zavisnost,ama sto fajde koga prvo vrajcanje doma si pocnaa po staro.VOLJATA E ZAKON, taa resava problemi a ne biblijata.
Christian slava na Isus za ovie raboti.[:)][:)]
nemo
quote:
Originally posted by Christian
slava na Isus za ovie raboti.[:)][:)]
Zatoakoga prespivash vo hoteli,moteli ja ima biblijata,tv i sam da si birash[:)]
cabrini Верата во себе помага но не е трајна ако ја нема верата во Бога. Значи читањето на Библијата само по себе не помага, помага Бог кој треба да биде осознаен од оној кој има проблеми дали преку читање Библија, посетување веронаука, пост, молитва итн... Верата во Бога помага, а другото е минливо.