Писмо.....
Писмо.....
Jakov Пред некој ден дома го најдов писмото што како копиљ го пратив дома од моето прво кампување. Драги мамо и тато, На кампување ни е супер. Чичко Перо не натера да ви пишеме за во случај да сте ја виделе поплавата на телевизија. Ние сме добрo. Водата однесе само еден шатор и две вреќи за спиење. За среќа никој не се удави пошто бевме во планината, го баравме Иван. Е да, кажете им на неговите родители дека на Иван му е добро. Не може сам да им пише, скршена му е раката. Иначе јас се возев во еден од спасувачките џипови. Баш беше супер. А Иван немаше никогаш да го најдеме да не беше невремето со грмотевици. Чичко Перо му викаше на Иван зошто не кажал на никого дека ќе оди да шета. Иван му рече дека му кажал на вечерата. Чичко Перо веројатно не го слушнал затоа што беше пијан. А знаете ли дека ако ставите боца со плин во огин ќе ескплодира? Но сепак, влажните дрва не горат. Само шаторот. И моите панталони, ама ако, имам бермуди. Сега Дуле баш е смешен без коса. Ние се враќаме назад во недела, ако ја поправи колата чичко Перо до тогаш. Не беше тој крив што излетавме од патот, кочниците работеа кога тргнавме од дома. Чичко Перо вика дека колата е толку стара што не е чудно зошто е прљава цело време, а и тоа што е гужва внатре кога седиме 10 деца. Убаво е што не пушта чичко Перо да го држиме воланот од време на време, да може он да одмори очи. Пошто Никола е најстар, чичко Перо го учи да вози. Ама само во планините, таму има малце сообраќај. Таму можеш да видиш само тешки камиони, коли нема ич. Сабајле сите отидоа да се бањаат, ама мене чичко Перо не ме пушти дека незнам да пливам, па ме пренесе со неговиот чамец преку езерото. Баш беше убаво. Сеуште се гледаат дрва под водата, од поплавата. Чичко Перо е баш супер, никогаш не ни вика. Дури ни сабајле кога ги скинавме појасите за спасување не се налути. Пошто мора да ја поправи колата ние се трудиме да не му сметаме па се криеме по цел ден. Чичко Перо никогаш не знае каде сме. На почетокот тоа малце му сметаше ама сега се навикна. Чичко Перо ни кажа на сите дека сме го поминале основниот курс за давање прва помош, кога се давеше Јована и Гоце кога си го исече прстот. Јас и Дарко повраќавме ама чичко Перо рече дека знае зошто, па да не се секираме. Јас мислам дека е од пилешкото што ми го дадовте од дома, а заборавивме да го изедем одма. Ни текна на него кога го видовме кучето како го јаде. Сега морам да одам, треба да одиме до селото да украдеме поштенски марки за писмата, немаме пари. Не се секирајте за ништо, јас сум добро. п.с. Чичко Перо ми рече да ве прашам дали сум примил вакцина против тетанус? Што е тоа тетанус?
RaGeAnGeL hahahahahahahahahaa zakon
Jakov Sajber devojce nemoj da se lutis i ti, ama ne si razbrala vo koj kontekst sum napisal deka jas go prativ pismoto.....
cyberlady Jakov, te molam nemoj da se lutis, ama jas mislam deka ova pismo ne si go pisuval ti. [:)]
dalila Cudna rabota[:0]...nema greshki vo pishuvanje vo pismoto[:D]
Jogi Ne sum zgresila?Of sram da mi e!
cyberlady
quote:
Originally posted by dalila
Cudna rabota[:0]...nema greshki vo pishuvanje vo pismoto[:D]
dalila nemoj da ispadne deka mu dadov na Jakov. [:I]
Jakov
quote:
Originally posted by cyberlady
quote:
Originally posted by dalila
Cudna rabota[:0]...nema greshki vo pishuvanje vo pismoto[:D]
dalila nemoj da ispadne deka mu dadov na Jakov. [:I]
nemas zlatno ti da mu dades na Jakov toa sto on saka, toa samo Dalila mi dava nikoj drug.....
cyberlady bip-bip [:)]
dalila
quote:
Originally posted by Jakov
... toa samo Dalila mi dava nikoj drug.....
ccccc...pak si lazhel, a?[:p][:D]
cyberlady sisi, izgleda na podforumov samo jas moram da vnimavam na recnikot. [:)]