Aj u Kafic |
Признавам, треба да седам на дипломската, ама не ми одит, па ај еве нешто за моите патувања.
Минатата 2004 стажирав во една НВО во Скопје и испадна дека една помлада колешка има ист хоби као јас: шопинг.
Па зошто многу ми се допаднаа едни чизми нејзини, а она ги имаше купено во Бугарија, решивме да ме прошета мене и да одиме за Софија на шопинг.
Тргнавме со автобус од Скопје некаде окулу полноќ, и стврано друштво си бевме, со нас една другарка која студира во Софија а се најде и некој пријател нив кој сакаше да си ја посети девојка му во Софија.
Пред пат се разбира си набавивме смоки, слатки работи и нормално вода. Јас по навика тргнав на пат со 1,5л вода, и после еден саат некаде измеѓу Куманово и Крива Паланка така уз муабет јас ја испив скоро целото шише... нормално ми дојде потреба ѕа ВЦ.
Прашав каде имам тоа, па ми рекоа: на бугарска граница, па не е ни далеку, некаде 45 мин до саат.
Хм, ок, што друга да правам, па ај добро ни одеше муабетот и јас ... стискав.
Од еднаш сред пат автобусот застанува, има некој технички проблем. Баш добро, мислев јас, излегуваме, мене прва мисла, па позади некое дрвце, батали што се плашиш од змии, сега ти ќе одиш да мочаш.
Но, надвор, само ливада, ние едно дрвце, ни едно село, ништо, само македонска темнина и ... мене ми се моча.
Ок, Весна, ништо понатка стискај, и мислам дека не беше толку приметливо дека цело време рипкав на место ...
Некаде после 20 минути продолживме по пат. Со некоја брзина од 30 км на час. А не ни ја имавме таа кривата Паланка помината...
После многу многу прашања уште колку имаме до граница, еве: македонска-бугарска граница.
Не знаете колку се радував.
Но ништо. Јас за тие 24 години доволно патував и за мене граница беше секогаш работа од неколку минути, ќе те зирне некој граничар и ај толку, поминуваш. Ахам, поминуваш утре сабаље.
Веќе не ме фаќаше место. Имав само една мисла. Почнав да рипам во автобусот. Праев некои глупи демек шеги, ако ме прашува бугарски граничар зошто патувам за БГ, ќе му одговорам, за де се измочам. Трпев некои изреки, ти дете од Германија да видиш што е граница. А мене ми се ... извините.
Чекавме 45 минути.
И ден денес не ми е јасно зошто Македонците ни ги провериа пасошите. Но тоа го направиа ... и јас не трпеливо чекав да влезам во БГ за да ...
Автобуст нели ни беше расипан, и на граница не чекаше нов. Па за све си има процедура, па после неколку минути кога без крај ни ги прегледаа пасошите, не натераа да излеземе надвор и да ја поминеме границата пешки. Со нашиот багаж. Кој ни го прегледаа сред ноќ во една голема темница као демек да зирнат, па нели за све има процедура ...
Конечно. Ме ослободија. Со една другарка изтрчавме до ВЦто, јас како во ојфориа, па ... гледам како тетки чекаат. Срам не срам, отворам врата за во машко ВЦ, другарка ми по мене, срам не срам, ова е итен случај, гледам има две кабини, мијалник, ја туркам вратата од левата кабина, и се здрвувам. Знаете како изгледа Вцто од вашиот кошмар?
Јас знам. Едно од тие за стоење, све мокро, црно рѓосано, гадливо смрдежно, па мислиш дека ќе паднеш у несвест. Јас сум многу гадлива. Верувајте ми, јас сум многу гадлива. Ама ова беше итен случај.
Сакав да стигнав жива до Софија, да си купам неколку пара кондури, па кога се толку ефтини, да знаете што све трпам за ефтини кондури.
Све поминува.
Излегувам надвор во таа темна бугарска ладна ноќ, и дишам ладен бугарско воздух као да е златен, јас сум како во шок.
Гледам нешто чудно ми е, леле, панталоните ми се доле мокри. Се ушљапале кога ги симнав ...
Спомнав дека сум гадлива? Другарка ми ме гледа, и ми вели: па не ти текна да ги кренеш? Златна, не сум знаела дека треба, ова во Германија нема, а пријателка ми која ме дружеше во другата кабина, па она тоа го стори. не израснала во Германија, очигледно...
Мислев ќе полудев. Од целата мака добив воспаление на бешиката. Се качивме пак во автобус имавме некаде 3? саати до Софија ...
Дечкото ми прави муабет, а мене, од воспалението пак ... извинете.
А цело време исто мислев за тие гадни фармерки кои се на мене, и едвај дочекав да стигнам во Софија, да се сместам (па и таму трчав), и прво се туширам, се преоблекувам (а носев само една сукјна и тие фармерки со мене, демек не претерувај, само еден ден си таму, па со таа сукјна ладно ми беше) и ... после 7 саати мака ... дишам.
А и го поминав цел град да си најдам фармерки ... а и купив некои прекрасни кондури и многу многу други работи.
И што се научив од оваа приказна:
не пиј на пат, и крени си ги панталоните!
|