АРМ во Ирак |
dejan |
[V]...Sepak bravo za nasi Volci vo Irak!
Македонските "волци" освоиле остров во Ирак
Нивната земја е позната како родно место на Александар Велики, пишуваат американските весници
Во операцијата "Жолт камен", македонските "волци" во Ирак сами обезбедиле влез и почнале "чистење" на остров од каде што бунтовниците со артилерија гаѓале сојузничка база кај Таџи. Македонските ренџери во Багдад заробиле трговец со оружје, една од трите "цели" на целодневната потрага на Наменските сили "Багдад" на крајот на јули, пишуваат весниците на коалициските сили во Ирак.
Новиот сојузнички запис за македонските сили во Ирак е објавен во август, а се однесува на операција од 27 јули, која Наменските сили "Багдад" ја извеле низ целата престолнина. Коалициските сили и ирачката полиција заробиле 10 лица, од кои три биле цел на операцијата. Еден од нив, познат трговец со оружје, го заробиле македонските ренџери, кои дејствувале во северозападен Багдад.
- Водот на македонските ренџери е многу добро обучена единица, со одлична дисциплина. Имаат високо ниво на вештини, тактичка и техничка стручност и се важен дел од нашите сили - рекол американскиот офицер Ентони Кеди од 11. Полк на оклопна коњица, Прва оклопна дивизија, кој со македонските војници и со ирачката армија изведувал операција во Хор ал Баш, кај Таџи.
Во таа операција Македонците учествувале како дел од американската Прва оклопна дивизија. Целта била да се пребараат куќите во местото во потрага по оружје и муниција. Војниците од новата ирачка армија во таа операција дејствувале под надзор на македонските и американските трупи. Во операцијата биле заробени осум бунтовници.
Најголемиот запишан подвиг на македонските војници во Ирак, објавен во коалициските весници, се однесува на операцијата "Жолт камен", во која учествувале армиските командоси - "волците". Откако сојузничка база неколку пати била гранатирана од островот Ал Рашида кај Таџи, коалициските сили презеле голема операција против бунтовниците на островот. Операцијата ја извеле комбинирани сили од 39. и 4. Бригада на Првата коњичка дивизија на Армијата на САД и македонските специјални сили, на 23 април лани. Единствениот влез на островот, каде што се наоѓала една од претседателските палати на Садам Хусеин, во која биле утврдени бунтовниците, бил еден мост. Војниците од 39. Бригада направиле кордон околу островот.
Операцијата ја почнале македонските "волци". Успеале да го обезбедат единствениот приод на островот и веднаш почнале да го "чистат" северозападниот дел. Откако приодот бил обезбеден, Американците почнале да се распоредуваат на Ал Рашида. Подоцна во операцијата, која траела пет часа, биле вклучени тенкови и оклопни борбени возила.
Репутацијата на македонските војници била потврдена и на минатогодишната прослава на 8 Септември во матичната база на македонскиот контингент во Ирак. Заменик-командантот на мултинационалните сили во Ирак ги посетил специјалците на АРМ, а коалициските весници ги пренесуваат неговите зборови:
- Тие се цврсти и одлично обучени војници. Резултатите од нивните операции во Ирак се неверојатни. Командирот на баталјонот во кој се распоредени, американскиот потполковник, многу се гордее со нив. Вели дека прекрасно работат.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2853&stID=62447 |
трендафил |
Да зависи парламентарното мнозинство на СДСМ и ЛДП од муџахедините во Ирак, како што овде зависи од ДУИ, владата на Бучковски би им наредила на војниците да се однесуваат како што се однесуваат овде. За среќа тоа не е случај, па војниците се борат слободно, како што се научени да се борат. Рибата смрди од главата, не од опашот, -вели една народна поговорка.
П.С.: Меѓу војниците во Ирак веќе одамна Албанците не се ПРАВЕДНО застапени. На сопствено барање.
|
Jakov |
Дејане да ги спојам оваа и темата има ли Макеоднија нафта ако ми дозволиш. Се шпекулира дека островот кој го освоиле волците во Ирак бил богат со нафта, така да најверојатно наскоро Макеоднија ќе има нафта. Значи не е попусто се ова. И немој да се возбудуваш премногу :) |
dejan |
lol cuti!!:p |
intel |
quote: Originally posted by dejan
lol cuti!!:p
Наместо да ги пофалиш Волците ти со насловот на темата набиваш негативна енергија уште пред да ја прочита некој темата а многу и ќе ја прерирапаат.Затоа ќе ти го сменам насловот. |
ZOTE |
Dali nekoj gi znae iminjata na tie amerikanski vesnici, i dali imate info na angliski za da vidam kako pishuvale amerikanskite vesnici. Bi sakal ako moze da se postiraat na forumot za da prochitame site. |
wolf_pack |
quote: - Тие се цврсти и одлично обучени војници. Резултатите од нивните операции во Ирак се неверојатни. Командирот на баталјонот во кој се распоредени, американскиот потполковник, многу се гордее со нив. Вели дека прекрасно работат.
Па нормално бе американац[:D] трењирани се во Вермонт со Америчките ренџери и Делта Форс. |
toni_a |
siromastija sto ti prai... |
OooOo |
quote: Originally posted by intel
Наместо да ги пофалиш Волците ти со насловот на темата набиваш негативна енергија ...
Abe ne gledash deka brzo go uchi Makedonskiot sistem kako raboti :))
|
toni_a |
quote: Originally posted by OooOo
quote: Originally posted by intel
Наместо да ги пофалиш Волците ти со насловот на темата набиваш негативна енергија ...
Abe ne gledash deka brzo go uchi Makedonskiot sistem kako raboti :))
ja za Dejan gledam mnogu dobra idnina...samo da ne zaboravi!!!![:D] |
achtung_panzer |
quote: Originally posted by toni_a
siromastija sto ti prai...
Majkata... a Bundesverot beskichmenjachki koga kje se pokazhe, kje se vidi bogatstvoto sho prai... igrajte si dzhamlii vo Brisel...
Vaka se kove jadro na idna armija shto kje aspirira na nadmokj vo regionot...
|
dejan |
quote: Originally posted by toni_a
quote: Originally posted by OooOo
quote: Originally posted by intel
Наместо да ги пофалиш Волците ти со насловот на темата набиваш негативна енергија ...
Abe ne gledash deka brzo go uchi Makedonskiot sistem kako raboti :))
ja za Dejan gledam mnogu dobra idnina...samo da ne zaboravi!!!![:D]
E ova ti e dobro toni....ti i tvojata 'pozitivna' energija[;)] |
трендафил |
Нашите војници во Ирак не викаат дека непријателот имал топ па мора да се предадат, како што тоа го направи Бучко во Кондово со бандата на Агим Красниќи. Или како што ќе направи со командант Бреза во Брест.
|