dejan |
Расправа за предлог-декларацијата за неменување на уставното име на Република Македонија, поднесена од група пратеници од опозицијата, почна вчера во Собранието. Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ поддржувајќи ја Предлог-декларацијата, рече дека таа е многу важна во зачувувањето на уставното име на државата, поради што треба да биде донесена од сите парламентарни партии, независно дали се опозиција или на власт.
- Се работи за прашање, кое е од висок национален интерес и по кое не е добро да има дискусија, која ќе не подели. Парламентот едногласно треба да ја прифати декларацијата за да не оставиме простор на колебливост и неодлучност кај нас во Македонија, што ќе биде сигурно искористено од оние што се заинтересирани за промена на уставното име на државата - рече Груевски.
Според Борис Кондарко од СДСМ, Предлог-декларацијата треба да се повлече од причини што со ваквите идеи се навредуваат Република Македонија и македонските граѓани.
- Треба да се засрамите затоа што ве одбија сите политички партии, немате никаква политичка поддршка во јавноста, од интелектуалците и од невладините организации и останувате сам со ваквите штетни идеи, кои ги навредуваат граѓаните на Република Македонија - истакна Кондарко реплицирајќи му на Груевски.
Блаже Стојановски од ВМРО-Народна партија нагласи дека не видел колебање кај ниту еден член на Парламентот за неменувањето на уставното име на државата, и како што додаде отворањето на ова прашање значи лично гледање на Груевски.
Тој рече дека ова Собрание има веќе донесено ваква декларација за неменување на уставното име на Република Македонија во 1992 година.
Стојановски смета дека нема потреба некој да се сомнева во кој било пратеник во македонскиот парламент дали е за зачувување на уставното име на Република Македонија.
- Мене тоа лично ме навредува, бидејќи тука сме 120 пратеници и не треба некому да му докажувам дека сум за неменување на уставното име на мојата држава - додаде Стојановски.
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека декларацијата е порака што е потребна за надвор, бидејќи притисоците се секојдневни за менување на уставното име и оти сите сме единствени дека името на нашата држава е Република Македонија.
Пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП побара од свое лично име и од името на партијата да се повлече декларацијата, бидејќи, како што рече, ова прашање е затворено уште во 1991 година, кога се гласаше за самостојна и суверена Македонија.
Ристана Лалчевска од ЛП изјаснувајќи се дека нејзината партија ќе ја поддржи декларацијата, изрази уверување дека таа ќе биде прифатена со акламација, како став на непромена на уставното име.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2854&stID=62528
Go VMRO[;)] Samo napred, samo taka, ne kako SDS! |