45 милиони евра за работа во Украина
45 милиони евра за работа во Украина
dejan Нашата најуспешна градежна фирма “Гранит" деновиве склучи нов договор за работа во странство и тоа во Украина, чија вредност е 45 милиони евра. На распишаниот тендер, во силна конкуренција на 10 претквалификувани компании од Европа и Азија, Гранит успеа да ја добие работата која опфаќа реконструкција на дел од магистралниот пат Киев - Чоп, делница Лавов - Строј во должина од 96 километри. Средствата за оваа работа се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), а како инвеститор се јавува Државната агенција за патишта на Украина. Рок на завршување на зафатот ќе биде 30 месеци, а постојат реални шанси вредноста на работите во текот на изведбата да се зголеми за уште 10 милиони евра. Гранит во Украина е веќе присутен бидејќи пред околу две години го доби првиот тендер во оваа земја и тоа за реконструкција на дел од истиот магистрален пат на кој и сега ќе работи, кој на крајот беше со вредност од 82 милиони евра. За завршените работи компанијата доби и награди за врвен квалитет. http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=16191 Bravo!
toni_a gi biduva!!! ama zasto ne me cudi za ukraina...dali zaradi dobri odnosi? samo nekako vo makedonski uslovi tesko se dobivaat tenderi
ProMKD Granit so godini bila firma koja se organizira dobro da raboti vo Ukraina, i zatoa zasluzuvaat da dobijat vakvi dogovori. Kako sto pisuva, i prethodno rabotea na magistralen pat kaj Kiev
achtung_panzer
quote:
Originally posted by ProMKD
Granit so godini bila firma koja se organizira dobro da raboti vo Ukraina, i zatoa zasluzuvaat da dobijat vakvi dogovori. Kako sto pisuva, i prethodno rabotea na magistralen pat kaj Kiev
[:D] Zatoa shto znaat kade rabotat... pogledni ja pozicijata na Ukraina na rang-listata na korpumpirani nacii...[;)]
ProMKD
quote:
Zatoa shto znaat kade rabotat... pogledni ja pozicijata na Ukraina na rang-listata na korpumpirani nacii...
Koj znae ke napravi pari [:)]