Кошарка мажи.
Кошарка мажи.
a-pin-dim Македонската репезентација убедливо ја победи Луксенбурк со 105 - 66. Утре гостуваме во Грузија ако ја победиме Грузија ке влезиме во баражот.
јузер 36-31 za nas na poluvreme..
a-pin-dim Izgubija vo Gruzija, denes posledna sansa za baras priklucokot igrat portiv Finska im posakuvam uspeh.
dejan Dali otidevme vo Belgrad???
Great_Macedonian dali ja pobedivne finska?
Thief Да, ја победивме и играме бараж со Австрија.
a-pin-dim Lesen protivnik se pogodi na Makedonskata repezentacija, sega ostanuva samo da se ostvarat planovite na Davitkov.
SirAndReW Davitkov e opasen choek, moze da se nadevame na pobeda ;)
a-pin-dim Nija na sve se nadevame pa ke vidime kako ke bide raspletot.
SpaceLily Dime kj si ti za kosharka nemash visina, metro i shumska jagotka si:)
a-pin-dim
quote:
Originally posted by SpaceLily
Dime kj si ti za kosharka nemash visina, metro i shumska jagotka si:)
I Alen Ajverson nema visina ali svetski igrac je... Eve do deka ima vakvi ljuge sto ne se razbirat vo nisto ke tonime i tonime!
achtung_panzer [:D][:D] A be Dimso be, ti se pushta Spejska be, ti odma na nozh...[;)][:D][:D]
a-pin-dim
quote:
Originally posted by achtung_panzer
[:D][:D] A be Dimso be, ti se pushta Spejska be, ti odma na nozh...[;)][:D][:D]
Aj da ti veruvam deka mi se pushta! ( ama jas kako so znam ako izlezam pred nejze ke me siluva :O) ) Da se nadovrzam na kosharakata vo prviot naprevat pomegu Austrija i Makedonija zavrasi so ubedliva pobeda na Makedonija so 75 : 101 | ne ocekuva miren barash vo Skopje sto Makedonija ke se najde vo Devizija "A" .
bliznak Дивизија Диме:)
a-pin-dim
quote:
Originally posted by bliznak
Дивизија Диме:)
Fala na popravkata, vo sabota im pozeluvame povtorno da pobedat.
beaver hunter Kako zavrshi natprevarot pomegju Makedonija i Avstrija?
a-pin-dim
quote:
Originally posted by beaver hunter
Kako zavrshi natprevarot pomegju Makedonija i Avstrija?
Da ti kazam zavrasi fenomenalno, takov naprevar do sega nemam videno na Makedonskata Repezentacija. Neznam kolku zavrasi ali znam deka ubedlivo po ftor pat gi pobedivme Avstrija.
a-pin-dim Кошарка - Македонската репрезентација нов член на А-дивизијата Австријците се молеа за брз крај на мечот Кошаркарската репрезентација на Македонија следната година ќе се натпреварува во најквалитетната европска А-дивизија и ќе учествува во квалификациите за пласман на Европското првенство 2007 во Шпанија. В МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА 99:62 (26:20, 22:10, 27:16, 24:16) Скопје. - Сала "Градски парк". Гледачи: 2.000. Судии: Коромилас (Грција) и Накиќ (Хрватска). МАКЕДОНИЈА: В. Стефанов 14 (10 ас.), Самарџиев 2, Р. Стефанов, Ѓуров 8, Димитровски 12, Чековски 12, Тасовски 6, Гечевски 14, Антиќ 16, Стак 7, Блажевски, Самарџиски 8. АВСТРИЈА: Колик, Вошанк 2, Јандл, Артнер 2, Хутер 8, Ортнер 14, Кнабл 14, Колмаер 6, Мејер 2, Мејс 4, Хелмиг 2, Волчич 8. Кошаркарската репрезентација на Македонија следната година ќе се натпреварува во најквалитетната европска А-дивизија и ќе учествува во квалификациите за пласман на Европското првенство 2007 во Шпанија. Во баражот за пласман во елитата, Македонија пред своите гледачи славеше убедлива победа над Австрија и го круниса одличниот настап низ циклусот квалификации во Б-дивизијата. Со оваа висока победа, националниот тим докажа дека заслужува да игра и да се бори со најдобрите на Стариот континент. Прославата на овој успех беше причина македонската публика повторно да ја исполни салата "Градски парк" до последното место, нешто што не се случило во последните три години. Кошаркарите го исполнија она што го ветија - победа и натпревар со многубројни атракции и потези кои предизвикаа воздишки кај фановите. Австрија "покажа заби" само во првата четвртина, но тоа се должеше на желбата кај нашите репрезентативци уште на стартот да изведуваат убави потези за публиката. Капитенот Врбица Стефанов ја одушеви публиката со неверојатни асистенции и со одлично организирани контри, а Димитровски со своите "проектили" од осум метри. Разликата постојано растеше, а австриските кошаркари едвај чекаа семафорот да го означи крајот на мечот, бидејќи срамот беше голем. Нашите си поигруваа со противникот во одбраната. Стак, Самарџиски и Антиќ делеа "банани", а Гечевски го полнеше кошот на спротивната страна. Перо Антиќ ја крена публиката на нозе со прекрасно изведениот "цепелин" по асистенцијата од Врбица Стефанов. Оваа атракција навивачите ја чекаа цели три четвртини, бидејќи им е добро познат одразот на Антиќ, кој важи за најдобриот македонски забивач. Сите кошаркари влегоа во игра и се запишаа во листата на стрелците, а публиката го скандираше името на Перо Блажевски кој беше единствениот што не излезе на паркетот. Атмосферата на теренот и во репрезентацијата најдобро ја опиша младиот Предраг Самарџиски: - Им благодарам на сите за укажаната шанса. Ваква атмосфера не сум доживеал ниту во плејофот со Партизан. Бевме многу опуштени пред мечот, но селекторот Давитков не спушти на земја. Ова е огромно искуство за мене во дресот на националниот тим. Ниту нашиот селектор Јорданчо Давитков не го криеше задоволството од остварениот пласман во европскиот кошаркарски крем. - Мал проблем беше мотивацијата, со оглед на високата победа во Гмунден. Среќен сум поради пласманот. Играчите дадоа се од себе, иако малку претераа во своите обиди за атрактивни завршници. Сепак, публиката уживаше. Две години се боревме и сега можеме да констатираме дека сме член на А-дивизијата - искоментира Давитков. Квалитетот на нашите кошаркари го призна и австрискиот селектор Шритвајзер. - Едноставно е, Македонија не е Б, а Австрија не е А-репрезентација. Бевте најдобри во Б-дивизијата. Моите кошаркари не се подготвени да одиграат на ваше ниво. Ние сме ништо во однос на кошаркарска Македонија. Ждрепката за групите за претстојните квалификации за ЕП 2007 ќе се одржи во јануари, откако ФИБА ќе го утврди системот на натпреварување. О. Костов *** Дресот со број "13" на Џонс повлечен Дресот со бројот "13" што го носеше натурализираниот македонски репрезентативец Кенајн Џонс, кој ненадејно почина од инфаркт минатиот месец на 27-годишна возраст, ќе биде повлечен. Ова го потврди и Кошаркарската федерација на Македонија, која на полувремето и ги подели на публиката дресовите што кошаркарите ги носеа на првите три квалификациски натпревари. Еден дрес му припадна и на семејството на починатиот претседател Борис Трајковски. *** Преполна сала, продадени 73 влезници! За првпат по неколку години, салата "Градски парк" беше исполнета до последното место. Трибините беа премали за да ги примат заинтересираните фанови, кои дојдоа во огромен број. Сепак, според информациите на КФМ, биле продадени само 73 влезници. КФМ поделил гратиси на фирмите, а некои се обидоа истите да ги продадат пред салата. Очигледно, македонската публика се уште не стекнала култура да купува влезници и на тој начин да им изрази поддршка на оние за кои што навиваат. Извадено од страната на Вест.
SpaceLily
quote:
Originally posted by a-pin-dim
quote:
Originally posted by beaver hunter
Kako zavrshi natprevarot pomegju Makedonija i Avstrija?
Da ti kazam zavrasi fenomenalno, takov naprevar do sega nemam videno na Makedonskata Repezentacija. Neznam kolku zavrasi ali znam deka ubedlivo po ftor pat gi pobedivme Avstrija.
I jas go gledav Dime...voodushevena bev od to kako zavrasi naprevarot.