dejan |
ОВОЈ ОБЈЕКТ ПРЕКУ ВАРДАР, КОЈ ГРАДОТ ГО ЧИНИ НАД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА, Е ДОЛГ 134,6 МЕТРИ И ШИРОК 23,7 МЕТРИ, А СООБРАЌАЈОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ВО ЧЕТИРИ КОЛОВОЗНИ ЛЕНТИ. ВО ОДНОС НА ИМЕТО НА МОСТОТ, ПО ЛОГИКА НА НЕШТАТА, КОСТОВСКИ ИЗЈАВИ ДЕКА МОСТОТ НЕОФИЦИЈАЛНО ВЕЌЕ Е НАРЕЧЕН "ЦАР САМОИЛ", НО ЗА ТОА ДОПРВА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА
Новиот мост кај Транспортниот центар, што ги поврзува улиците "Никола Карев" и "Беласица" кај Сајмиште, вчера беше свечено пуштен во употреба од страна на градоначалникот Трифун Костовски. Овој објект преку Вардар, кој Градот го чини над три милиони евра, е долг 134,6 метри и широк 23,7 метри, а сообраќајот ќе се одвива во четири коловозни ленти. Дел од мостот е и велосипедската, како и пешачката патека. Според надлежните во Градот со неговото пуштањето во употреба значително ќе се растовари сообраќајот кај Судската палата и ќе се зголеми проточноста во централниот дел од градот.
-Транспортниот центар е само еден дел од решавањето на сообраќајните прашања во нашиот град кој има многу проблеми на ова поле. Сметаме дека овој мост чија изградба започна пред две години е едно од решенијата кое ќе помогне во отстранувањето на сообраќајниот хаос кој моментално владее во градот. Според начинот како е изведен и за колку време, треба да бидеме задоволни и со исто темпо да продолжиме и натаму да ги решаваме проблемите од сообраќаен и безбедносен аспект, во насока на еден урбан и сигурен живот на граѓаните. Во тој контекст е и изведбата на пристапните улици со комплетно преуредување на постојната и вградување на нова инфрасртруктура, изјави вчера на отварањето Костовски. Во однос на името на мостот, тој смета дека не е во негова надлежност да биде "кум", напоменувајќи дека за тоа допрва ќе одлучува Советот. Сепак, по логика на нештата, Костовски изјави дека мостот неофицијално веќе е наречен "Цар Самоил", додавајќи дека нема ништо против тоа име и да остане.
Според надлежните во Градот во текот на септември, останува да се направат страничните скали за качување и симнување на пешаците од мостот, како и да се направат пристапните пешачки патеки од страна на Транспортниот центар.
Градоначалникот Костовски, вчера заедно со градоначалникот на Сарај, Илман Селмаи присуствуваше и на отпочнувањето на изградбата на дел од локалниот пат Кондово - Свиларе во должина од 3,5 километри.
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=16339
Lele, 134 metri dolg! [;)] |