трендафил |
ДПА ќе печати книга за врските меѓу ДУИ и СДСМ
Весна Велкова, А1 телевизија
08.09.2005
Во „Белата книга“ што ќе ја печати на англиски јазик, ДПА најавува дека ќе ја разоткрие лагата на ДУИ. Според партијата на Џафери, Ахмети не ја водел војната за правата на албанците туку за да дојде на власт.
Партиски извори велат, дека ќе изнесат докази за сите контакти и координации меѓу ДУИ и СДСМ пред 2001-та. Ќе биле спомнувани и имиња и на актуелни функционери. Тачи не прецизира точно што ќе содржи книгата, но потврдува дека ќе излезе.
„Главните тези на „Белата книга“ се - последниот состанок на централното претседателство. Во сабота ќе се направи скелетот на книгата и ќе биде одобрен од страна на централниот одбор и мислам дека за најмногу 10 дена ќе излезе книгата“, изјави Мендух Тачи, потпретседател на ДПА.
Инаку „Белата книга“ на ДПА која требаше да излезе порано, според неофицијални информации ги подели членовите на последниот состанок на претседателството.
Партиски извори велат, дека тандемот Џафери и Тачи побарале повеќе да не бидат употребувани термините - команданти на ОНА, но и ниту еден член на ДПА да не присуствува на која било прослава на паднатите борци на ОНА.
Неофицијално во ДПА велат, дека од ваквиот став не било задоволно т.н. воено крило на партијата. Сепак заклучокот бил - членовите кои нема да ги почитуваат ваквите одлуки да бидат исклучени.
|