15 септември - ветено : сторено | |
трендафил | |
трендафил | Дел од разнебитувањето на Македонија е и тоа што најголемиот дел од нацијата не му верува на ниеден лидер. Без лидерство нема држава. Без разлика дали некогаш се работело за племство или сега за полтичка партија. Ако не ни е добар ниту македонец кој ќе не води тогаш. Но мораме да правиме селекција, а не да се вртиме во круг, како што направивме на 15 септември кога премиерот го извадивме од политичкиот контејнер. |
sardaukar | Значи сега од СДСМ народот почнаа да го најдуваат виновен за своите политички и економски неуспеси. Народот е криминален и мрзлив, затоа тие не можат да вработат по едно лице од секое семејство. СДСМ веднаш би донел инвестиции и веднаш би се отвориле вработувања, ама луѓево не сакаат да се вработат. Откако се осамостоивме сите си рекоа што ќе одиме на работа и своеволно доброволно си заминаа од работа. Некои чудни луѓе Македонциве секој ден по некој се беси или се фрла под воз без причина, туку-така. |
lav | quote:Одговорот на сите твои дилеми и констатации искажани тука ...се наоѓаат во далечната 1990 година кога другарот Гошев (сегашниот-ни гувернер на НБМ) ни го доведе „најмудрото„ човече што Македонија некојпат го попратила у Београд(у) за да се нели ногу „мачи„ за државата одкаде и се родил ...служеејќи му на надежниот ученик на сатрапот Сталин ...на поранешна југославија. |
concrete | quote:Jas batka odamna pijuckam....i mu se cudam na umot na ova Intel-ov i drustvo,cekam koga ke go vidam kako sobira grancinja ili analizira sodrzina na kontejner....do togas samo pivce.....koga mecka igra vo komsii, mnogu e verojatno i doma da ti dojde ..... |
lav | СИТ ГЛАДЕН НЕ ВЕРУВА Вели НАЈМакедонската поговорка ...нели? пс Колку тољку ....за да не се заборав(и)ат некои наши Македонци |
Inkognito | Еве потврда на изјавите од интел .. не сме осиромашиле, туку напротив, имаме гооолем раст од цели 3% годишно (не знам дал да се смеам дал да плачам на изјавава), значи покрај интел еве и стручно лице од странство да ја потврди нашата благосостојба ... Лидерот на тимот на Светскат банка за Македонија ги почна финалните преговори Кортни: Македонскиот народ не осиромашува Економијата, сепак, покажува мал раст, а ако се спроведат реформите, таа ќе се развива уште повеќе НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Македонскиот народ не осиромашува. Не може да се каже дека расте бројот на сиромашните луѓе во земјава. Вака оптимистички гледаат на работите светските банкари, барем ако се суди според изјавата на лидерот на тимот на Светската банка за Македонија, Брус Кортни, кој вчера ги почна финалните преговори со македонските власти околу новиот аранжман. ”Всушност, македонските граѓани не стануваат посиромашни. Мислам дека статистичките податоци јасно покажуваат дека, сепак, има мал раст. Економијата на Македонија, со исклучок на 2001, кога во земјата владееше воениот конфликт и бавното закрепнување во 2002, економијата расте со три проценти”, изјави Кортни, прашан како го коментира фактот што државниот апарат троши сў повеќе и повеќе пари од буџетот, а во исто време македонските граѓани стануваат сў посиромашни. Не само што состојбата во државава не ја смета за толку лоша, туку напротив, Кортни се надева дека во иднина нашата економија ќе расте уште повеќе, што ќе отвори серија нови работни места. Но, тоа ќе се случи само ако нашите власти ги исполнат реформите, за што поддршка ќе добијат токму од новиот ПДПЛ-аранжман на Светската банка. ”Се надеваме дека реформите што ги презема Владата сега ќе го зголемат растот и отворањето на работните места”, смета светскиот банкар. Големи надежи се посветуваат на развојот на малите и средни бизниси, како и на привлекувањето на директните странски инвестиции, кои треба да го помогнат извозот и да ги креираат новите работни места. Инаку, веќе не се поставува прашањето дали Македонија ќе го добие аранжманот од Светската банка. Тоа станува речиси сигурна работа, особено откако Кортни вчера нагласи дека во земјава е постигнато доволно ниво на реформи, за СБ да ја одобри новата програма. Според него, последниве дводневни преговори ќе бидат лесни и не се очекуваат никакви проблеми. ”Нашиот тим е тука за да ги финализира преговорите за Програмата за развојни политики што планираме да ја поддржиме, а на чии детали работевме со Владата во последниве десет месеци и повеќе. Сметаме дека досега се постигнати доволно реформи за да можеме да ја одобриме програмата. Станува збор за тригодишна програма, за која сега само ќе ги финализираме техничките детали”, потенцира Кортни. Тој очекува новиот аранжман, кој е прв програмски заем за развојни политики за Македонија, да биде доставен пред Бордот извршни директори на 27 октомври годинава. Пофални зборови од Кортни вчера добија добро започнатите реформи во здравствениот сектор, кој инаку е една од нашите најболни точки. Комплименти заработи и министерот за здравство, Владо Димов, кој според светскиот банкар, е прилично енергичен и креативен. Од него тој очекува дека ќе ги продолжи реформите, но предупреди дека тие се компликувани и нема да се случат преку ноќ, туку ќе се одвиваат подолг период. ”Реформите во здравството се потфат што е во тек. Ние очекуваме овие реформи да продолжат. Новиот министер се зафати со работа со многу енергија и многу идеи, но мора да имате на ум дека ова е многу сложена реформа и ќе бидат потребни неколку години за да се разработат деталите. Но, сега за сега почетокот е прилично добар”, уверен е Кортни. Првата транша ќе биде префрлена во декември и ќе тежи 30 милиони долари. |
intel | quote:Ти да не волонтираш како клетвар во некој манастир?? Ти демек засекогаш ќе останеш во удобната фотеља со платен интернет чипс и пивце и ќе ги сожалуваш чепкачите по контејнери.Немој само да се расплачеш жити се. quote:Ете ти сега, мора и овој Кортни да Сдсмовец или што би рекол Дејан, ДУИ така му рекле да рече, Што ќе каже сега седесе? |
concrete | [quote]Originally posted by intel
[quote]Originally posted by concrete [br Ти да не волонтираш како клетвар во некој манастир?? Ти демек засекогаш ќе останеш во удобната фотеља со платен интернет чипс и пивце и ќе ги сожалуваш чепкачите по контејнери.Немој само да се расплачеш жити се. Ne be daleku bilo , kletvar , aj be ne zaebavaj , samo zagrizen prijatel.... foteljata, cipsot , ADSL etc.etc. si gi plakam od dzeb so pari cesno zaraboteni,so platen danok,cisti kako solza.....dodeka gi ima ..tvoive prijateli ( i drugite ne se poarni) se grizat samo sto poveke da mi strbnat....he,he!!!! Nikoj ne se interesira za toa kako mozat da se napravat: smo zinale: daj,daj !!!!! Ko klenovi !!!!!!! |
Great_Macedonian | Abe sto sve cudni i vie sega.. ete Intel vi kaza deka novi koli ima nasekade niz makedonija.. ama zaboravi da kazes deka vo makedonija ili imas nova kola-ili nemas kola :)sdsm obezbedi ubav zivot za POLA NASELENIE.. sto barate vie sega, za cel narod da obezbedat dobar zivot... ej sto sve cudni, pa ne se tie od sds "superman" ;) ... Intel da ti e*am i branko i bucko.. ako nekogas imam prilika pokraj niv da pominam, vrat im kinam-cela drzava ja prodadoa mameto nivno mamino.. kako ne ti e stram da podrzuvas kleti predavnici!!! I dodeka intel i pana se gordeat so kletite-cigani-skapani predavnici zverovi- branko i bucko... za vozvrat na vasata iskrena ljubov kon niv sds vi odgovori so uste eden predavnicki cin.. 'nema da smeat makedoncite da mozat poveke da pravat referendum za predavnicki zakoni koj sds gi nosi'. na zdravje neka ni e... uste ednas. |
lav | Освестување, конечно! ПИШУВА: Владимир Тулевски Завчеравечер не се случи револуција. Имаше асамо обичен митинг на опозицијата пред Владата и потврда дека опстојуваме на определбата Македонија да ги достигне саканите цели по еволутивен пат. Тоа што во своите обраќања го кажаа лидерите на неколкуте опозициони партии, сосема беа во право. Никој не може да им се противстави со вистински аргументи на тврдењето дека во државава се оди надолу и дека се прпелкаме трошејќи ги последните резерви кислород за преживување. Факт е дека немаше еуфорија и добро е што не се обистинија некои претпоставки дека собирот на незадоволните може да излезе од контрола и да предизвика бран на немири. Сосема сум сигурен дека за ваквиот исход на ова последно случување на платото пред Владата воопшто не повлијае и никого посебно не охрабри излегувањето на коалицијата "За Македонија" пред граѓаните со нова платформа токму во очи на најавениот митинг. Немаше влијание ниту пораката на лидерот на СДСМ Бучковски дека она што го направиле досега им дава морално право да побараат уште еден мандат, ниту на Пенов од ЛДП кој на незадоволните им предложи да направат пресек како изгледала државата кога ја воделе оние што денес се опозиција. Демек, Коалицијата и покрај тоа што направила пропусти пожнеала и значајни успеси. Уште повеќе сум сигурен дека незадоволните ниту оддалеку не се поведоа по оптимизмот на водачот на тимот од Светската банка за Македонија Брус Кортни кој излезе со констатација дека македонскиот народ не осиромашувал, што во превод значи дека полека почнал да се богати. По се изгледа најдоброто во сите лоши работи што му се случуваат на нашиот народ е тоа што конечно се освестува и ја сфаќа суштината: со кого се има работа, кој се му удира четки и дека ниту овие што се на власт, ниту пак оние што сакаат да седнат на нивно место нудат гаранција за излез од катастрофалната ситуација. Ги виде и едните и другите, кои не мрдаат ниту чекор подалеку од своите предизборни ветувања и меѓусебни критики. На сите им е јасно дека и едните и другите ги поминаа сите тестови и се покажаа на дело дека не се способни да водат држава. Што се однесува до оние од Светската банка, како институција која треба да одигра сериозна улога во реформирањето на државата, и нив добро ги прочита народот. До утре да тврди некојси Кортни дека не сме биле сиромашни сами добро знаеме што имаме на маса и каков ни е алот. Трагедија е само што таквите како него мислат дека сме удрени со мокра чорапа. Такви сеирџии веќе мајка не раѓа. Зошто сум убеден во тоа? Па, не треба да биде човек многу паметен за да сфати дека цела деценија и повеќе Македонија ги слуша советите на Светската банка и на ММФ и прави како што ќе кажат нивните експерти, и што е најчудно нашата власт добива главно пофалби за добро спроведените директиви, а ваму од друга страна работите стојат во место. Не се ли се тоа перверзни поигрувања и изживувања со еден народ? Х Х Х Неделава имавме три самоубиства со фрлање под воз во Скопје и Велес, а преку една исповед најавено е спалување на четиричлено семејство од Охрид. Причините се исти кај сите овие таксиратлии луѓе: нема светлина во тунелот. Исклучително лоша вест, ќе се согласите. |
трендафил | Малку за најголемата гордост на оваа власт (откако НАТО остана за некоја друга или никогаш), мирот и стабилноста во земјата со само еден пример што се случува во главниот град на нашата држава. На 15 септември 2003, по една година власт тогашниот премиер Црвенковски рече дека целата влада работела на мирот и стабилноста и затоа немало резултати на другите полиња, пред се` во економијата. На 2.11.2003 објави дека мирот и стабилноста се воспоставени и дека сега владата ќе удри по економијата. Следниот премиер Хари Костов го имаше случајот Кондово, кој наводно беше решен на денот на седнувањето на Бучковски во премиерската фотелја. Без апсење или одземање на оружјето од терористите. На 17.12.2004 веднаш по изгласувањето на владата на Бучковски, неговиот министер за внатрешни работи изјавува: „Значи, јас ви кажувам најодговорно дека нема да се пазариме со никого во иднина. Кондово не смее да се повтори, не од други причини, затоа што пораката што ќе ја испратиме ние од МВР, понатаму ќе биде порака до сите, не само за Кондово, туку за сите криминалци, што се во државата“, изјави Љубомир Михајловски, министер за внатрешни работи. ([url="http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=40777"]види повеќе[/url] На излезе дека Кондово се повтори (дали по налог на владата како притисок врз гласачите на референдумот?), како и начинот на кој се реши. Што би рекле во претходните случаи челниците од СДСМ лажеа. Наполно се согласувам со Џанго дека со тоа се тоа се упати јасна порака не само за Кондово, туку за сите криминалци во државата дека доколку се малку посилни или соработуваат со ДУИ и СДСМ нема да бидат казнети. Дали лажат и сега или мислат дека Кондово но и мирот и стабилноста во земјата се навистина решени. Додека ловецот Фадил Авдија вели дека дивечот на Шар Планина се уништува со автоматски пушки. ([url="http://www.vest.com.mk/default.asp?id=104130&idg=6&idb=1568&rubrika=Revija"](повеќе)[/url] Каква е таа мирна и стабилна земја во која слободно се убиваат животни со оружје кое не смее да го има ниту едно приватно лице. Не е ли тоа само тренинг за убивање на луѓе. Ако на ДУИ и СДСМ повторно тоа им затреба за да останат или се вратат на власт. (Како во 2001та). Дали СДСМ се мајстори на лагата или голем дел од нашите сограѓани сакаат да бидат многу излажани? Иначе, мислам дека има светло на крајот од тунелот. За една година ќе има избори. |
Inkognito | quote:Не, тој Кортни не е СЕДЕСЕ туку е оној кој седи врз СЕДЕСЕ, оној кој ги користи СЕДЕСЕ заради интересите на светската банка. |
lav | quote:Зарем пак ли ќе мораме ....да „влегуваме„ во нов и од другого „ископан„ тунел!???. |
dejan | Bravo bre Trendafil! Uste eden znacen topik koj site treba da go procitat!! Stvarno, neznam kako moze SDS uste da go ima TOA na nivniot sajt, ne se sramat?! Lele kavka slika od Branko! haha, zhiva komedija... |
The_Crow | zatoa deneska so avtobusot na vmro idam skopje da protestiram pred vlada da se iznavikam uaaaaaaaaaaa komunjari takaaaaaaaaaaaa eeeeeeeeee i da mavnam troa po nekoj patlidzan ili jajce oti togas nikoj ne te goni, onaka da mavnes jajce na vlada, odma ke te strepat u corka. |
трендафил | 31.08.2002 Струга, говорник Бранко Црвенковски
|
lav | Не влеговме во оваа битка за да правиме коалиција со тие што мора да ги поразиме! Добро вечер драги пријатели. Добро вечер и благодарам за поддршката што ни ја давате. Почитувани граѓани морам да речам дека со вашата одважност, решителност, одлучност што ја покажувате ни давате и волја и желба да истраеме во оваа тешка политичка битка до конечната победа на 15 септемви, победа која нема да биде само на оваа Коалиција, туку на сите нас заедно. Се ближи денот кој што долго време го чекавме. Нашиот народ вели: ,,Многу било, малку останало,,. На 15 септември ја имаме можноста да ги оствариме сите наши надежи, сите наши желби. На сите ни е јасно, дури и на оние во власта дека Вака повеќе не може. Дека овие 3 години се 3 години на несреќа во Македонија. 3 години на растурање, рушење и распродавање на нешто што беше тешко спечалено. Не само од нас, туку од многу претходни генерации. Драги пријатели се ближи и денот кога ќе го прогласиме, односно прославиме денот на независноста. 91 година на 8 септември токму вие почитувани граѓани со својот глас решивте да тргнеме по патот на независноста и самостојноста. Знаевме дека тој пат ќе биде тежок. Знаевме, меѓутоа исто така дека е огромна волјата на овој наш народ да дојде до своја македонска држава. Држава меѓународно признаена. Успеавме да ја чуваме и да ја браниме таа држава. Успеавме да го сочуваме мирот тогаш кога насекаде околу нас беснееја војни. Успеавме да си го сочуваме народот од страдања. Успеавме да си ја сочуваме државата. И затоа драги пријатели денес кога не прозиваат и кога не прашуваат што е тоа што ние сме го направиле кога сме биле на власт можеме со гордо кренато чело да им кажеме: Ние го направивме она што е највредното-Направивме наша, самостојна, независна, македонска држава. Овие денови драги пријатели постојано ни порачуваат- Главата горе. Меѓутоа се поставува прашањето кога беше погорд и со погордо крената глава нашиот човек. Дали тогаш кога нашето знаме се завиори пред ОН 93-тата? Дали тогаш кога станавме членка на Советот на Европа? Или во овие две години кога на една третина од македонската територијата го нема ниту знамето, ниту државната власт? А исто така дури и на Мечкин Камен во Крушево, за време на државната прослава не видовме наше државно знаме. Дали беше погорд и со погордо крената глава нашиот човек тогаш кога цел свет не нарекуваше оаза на мирот или во овие две години кога ги запознавме сите страдања, сите жртви што ги носи една крвава војна? Дали беше погорд тогаш кога бевме понапред од сите околу нас? Не сакавме да се споредуваме, ни беше под чест, со Бугарија, Романија или Југославија. Или денес кога сите тие го фатија возот за Европа, кога дури и Бугарија размислува дали да ни воведе визен режим плашејќи се од криминалот и сиромаштијата во Македонија. Велат главата горе, државната каса е полна. Буџетот е полн со пари. Што вреди буџет полн со пари кога се празни сметките на претпријатијата, кога се празни џебовите на граѓаните, кога сиромаштијата царува секаде околу нас. Драги пријатели, нема среќа за еден народ, ако е народот сиромашен, а државата богата. Велат-главата горе ние градиме цркви и споменици. Меѓутоа забораваат да ги споменат сите споменици. Забораваат да ги споменат оние спомениците на срамот, криминалот, на неморалот. Оние палати на Водно, замоци во Делчево, Владимирово. Партиските резиденции во Охрид, во Берово. Забораваат да ги споменат сите оние фирми, фарми, печатници, хотели, банки сето она што го направија своја приватна или партиска сопственост. Тоа што го направија свое, а му припаѓа на целиот народ. Почитувани граѓани така повеќе не може. Од 16 септември во Македонија ќе има ред и закон. Од 16 септември во Македонија ќе се знае кој е чесен, а кој е криминалец. Кој треба да го почитуваме и да биде во првите редови, а кој треба и мора да одговара. Вчера портпаролите на владејачките партии, меѓу другото, објаснувајќи нешто што не може да се објасни порачаа дека се подготвени веднаш и тоа со драго срце да направат коалиција со СДСМ. Каква црна коалиција ? Ние не влеговме во оваа битка да коалицираме со нив. Ние влеговме во оваа политичка битка да ги поразиме на 15 септември. Да ја поразиме нивната политика. Драги пријатели, во оваа изборна единица на чело на листата се наоѓа човек во кој што имаме и ние и вие целосна доверба-Тито Петковски. Ве повикувам на 15 септември да го дадете својот глас PROTIV Коалицијата, да го дадете својот глас за вашите деца, да го дадете својот глас својот глас за својата татковина Р. Македонија. Да живее Р.Македонија ! |
intel | Каков брилијантен говор,Утре пак би гласал за Бранко. |
dejan | Ej, barem covekot priznava nekoj raboti, "ако е народот сиромашен, а државата богата" |
Inkognito | Kakov brilijanten lazhgo, BUDALA Utre pak bi glasal za Branko. |
Jakov | civ deka se plakalo po 100 evra za prvite tri reda pred Vlada a slednite 10 redovi cinele po 50 evra. Ama zatoa koga ke gi slikaat na tv...ke imaat dokaz i ke mozat od 2006 da konk*riraat za funkcii. |
intel | Сега е 17:34,и имаат слободни активности до 20:00.Еве слушам како тренираат еден по еден за до година, викааат -на 15 септември народот ќе ја земе судбината во свои раце:)))) па друг глас итн. ЦЦЦЦ што значи Бранко да ти биде идол:)) |
intel | quote:Па сега, треба ептен будла да бидеш па да не гласаш за него, односно да гласаш за будала.Трето нема. |
achtung_panzer | quote:... inaku vekje nema da ti davaat pari za internet od partiskata kasa... |
concrete | Epten ne da nema, tuku kako ke se najde takovo CETVRTO moj drag Intel. A uste ti da sakas da ni objasnis onaka PAMETNO kakov te dal Gospod ....kako plakas: voda,struja,parno,telefon,ADSL i mobilen ( 2 ili 3) znaci ne prasuvam za : hrana,benzin, obleka,knigi za vo skolo,knigi za tebe, dzeparlak na decata, renoviranje na stanot, patlidzan odmor vo Grcija, sedenje vo kafance itn.ili ne daj Boze nekoja bolnicka smetka, za zabari veke ostavi.... I za tebe ne mi e ni gajle vsusnost i da izlazes, ama kako toa go pravat onie 400.000 FYR -Ovci toa probaj da mi go objasnis , ako voopsto nesto pravat ili plakaat????? AJ STVARNO NE TRESI ZELENI...IC NE SI SMESEN...TAZEEN SI VO SVOJATA BESKONECNA NAIVNOST ILI BESKRAJNO LICEMERIE. Fakt e deka Makedonija e na kolenici...koj i kako ja donel na tie kolenici sega raspravanje ne ni pomaga mnogu.Prasanje e kako da se stane...tvoive , a ni ovie sto bi bile Kalif namesto Kalifot definitivno ne gi biva....kazi nekoja UMNA , ako imas, Pana i partiskite,vladiniot i drugoto "mnozestvo" portparoli se zadolzeni za takvi zeleni..... PS: Slusam za smesniot predlog : tie sto ne plakaat za sega samo za voda da se skratat za graganskite prava...tocno li e ??? Kolku znam vodata nekoja komicna LDP ja drzi, poznata po suplivi ministri , upotreblivi edinstveno ko camci na pumpanje ...ili gresam ????? Ili definitivno resivte toa kobajagi "scijalnata" glazura da ja izmiete za da se vidi pravata boja..................., ako e taka Dobrodojdeni ste vo nasiot fasisticki klub !!!!! Samo da znaete nie pocnuvame prvo so danocite , a ne so vodata...pa presmetajte se da ne zgresite nesto :):):)!!!! |
wolf_pack | quote:А бе а да се обесеше на Камениот Мост со него заедно... |
intel | Види сега, тоа е мој личен став, а ти имаш право да ги критикуваш идеите.Овде не сме на сеир. |
intel | quote:Четврто[:0], ајде бе биди поконкретен, направи нешто за својата Држава. quote:Нормално дека не те интересира зошто одговорот мој е енквивалентен на твојот, па си викаш во меѓувреме, Што ми требаше да го прашам, да не праша и он[^] quote:Тресам зелени?????Абе ај знаеш ли колку се 400 илјади од 2 милиона и на што е еднакво тоа, а гледам се повеќе и повеќе нови возила, адсли,полни меани,пазари, продавници,а како е дотерана младинава за мерак да ја гледаш, книги мниги што те гледам чуден. quote:Не викај де те слушам јас односно те читам како селски буквар и без големи фонтови.Ниту сум смешен, ниту наивен а боже сачувај лицемерен. Скраја да е па за утописта да се наречам. Не си троши време со анализа на интел, никој нема да те палти за тоа-верувај.Дискутирај си и ич уво да нете боли. quote:Утопијата од тука натака немам намера да ја коментирам[8] |
OooOo | quote:A kaj gledash toa? Vo Skopje kade shto kriminalot i sivata ekonomija cveta?? Trkni do drugite mesta pa vidi kako e ... |
angel | Во Велес пред некој ден видов навечер полни кафани, на сите маси вечери, луѓе дотерани, луди коли....а баш се зачудив од каде кога нели скоро сите фирми им се во стечај. |
concrete | quote:Pa komentiral , ne komentiral isto ti se faka.....a i iskreno receno polesno e za dusata ......ima moze ovde nekoj strucnjak koj precizno ke ja definira taa sostojba na umot...toa veke e vo strucni sferi..... PS. A sto pisuva vo toa selskiot bukvar , bas me zainteresira, ne sum imal moznost takov da imam vo race :):):)!!!???? |
intel | quote:Пишува дека cocrete го учел пред неколку децении, ама од(т)какао се покондурил заборавил дека некогаш го држел во раце-;!)-)) |
concrete | quote:Neozbilen si....vo moe vreme imavme tablicki i klinec :):):)!!!, za toa prasuvam...pokonduril??????da ne mislis oblekol konduri?????, a tuka si greska uste pradedoto na mojot pradedo nosel najki :):):) Majka mi velese : pokondirena tikva..., a jas sekogas mislev deka toa e nekoe parfe od tikva :):):)!!!! |
intel | quote:Да е само Скопје и Велес арно.Почни вака, Куманово, Скопје, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар, Тетово...тоае ти е накде 70% од населението по бројност.Абе и во Америка, Франција, Германија итн има сеуште села кае од магаре не виделе понатака, каква дозвола и полагање за кола, а да не правиме мубет за оние кои ако со сендвич во раце те видат нож ќе ти збрцаат да ти го земат и тоа по метрополите нивни. Знаеш ли ОооОо колку има само Тојота нови Land Cruiser продадено од нова година до сега? само 70 комада а цената овде е 42.000 евра за разлика од УСА каде е 30 и некоја.70 на 2 милиона.Во Америка би било 10500ком. на 300 милиони?? За ситната боранија како што е Јарис и Корола ич да не ти кажувам.А тек другите поевтини дилери.Лада на пример-Матиз-попара, фокуси папапапа. Сиромаштија??? Не дај боже да ги покаже некој вистинските статистички податоци, какви кредити бе земање, има да даваме. Ама таа е многу долга и широка за дискусија. |
intel | quote:Затоа тебе не ти оди со она едначењето по звучност, шо да праиш млади генерации додека ни текне ете ти го Бране уште еден мандат--);~!! |
gisot | Интел,темата е што е остварено од ветувањата на сдсм на Македонскиот народ од 15ти септември 2002 до денес. Ако има такво нешто, дај одговори, ако нема немој да не` малтретираш со своите прокомунистички ставови,не сме на седница на цк скм пдп. (намерно ги пишувам со мали букви,заш`о ни тие не ги заслужиле). |
concrete | quote:Pa sto da ti kazam osven: AMIN!!!!! Um so inka ne se tura :):)!!!! |
Jakov | Eeeee drag moj Trendafile, OooOo, Concrete i ostanati "looseri" Nisto vie ne znaete za Makeodnija. Nisto ne ste razbrale a neznam ni dali ke razberete. Ne razbravte 15 godini nanzad deka soodnosot raste pravo proporcionalno. Ne sekoja nova toyota novo dete na 5 godini so sunger za sofersajbnata. Sekoj nov landrover dve novi decinja za perenje na raskrsnici.Ne razbravte li deka Makedonija znaci Skopje, ama znaci isto taka i selata vo Sveti Nikole. Eeeee more sramota ni eden bukvar makar i selski da ne se procital. Znaete li deka MT net ima blizu 8000 adsl korisnici. ZNaete li deka MON(ministerstvo za obrazovanie) ima blizu 50 000 deca koi nemozat da prodolzat vo sredno skolo zasto nemaat finansiski sredstva da izvadat avtobuska karta za regionalen avtobus Brnjarci Skopje i da kupat stri kompleti ucebnici za 500 denari. Znaete li vie deka so sekoja kupena lada i matiz vo Republika Makedonija Crveniot Krst na istata taa Makedonija kompletira po eden paket od 10 kilogrami so stara obleka ama ne za romite ovojpat paketite odat za Makedoncite. ZNaete deka so sekoj uplaten aranzman vo Turcija se upakaat sredstva vo novite crkovni kujni vo koi sekoj den redot raste za po tri metra a lugeto stojat zalepeni eden zad drug. Znaete li sto raboti mojot sosed i kako kupi Berlingo...ne znaete zasto nesakate da prasate....ve interesiraat samo konduri. EPa ke vi kazam....raboti vo edna "humanitarna-predavnicka-antidrzavna organizacija" ima skluceno dogovori so 3 gradski hoteli i 10 skopski kafeani...seta hrana koja ostanuva i siot stra leb vo prodavnicite i supermarketite da go sobira ....ne ne ne brzajte ne rani svinji i od parite ne kupuva koli....Sekoj den sobranata hrana ja nosi vo nekolku gradski geta(koi osven toj drugi nemozat da gi vidat) i im ja deli hranata na pregladnetite zombi(koi pak samo toj gi gleda)...se zbori deka tie ustvari vozat audi 4 ama se pravele na mutavi pa koristele zasto hranata bila od Aleksandar Palas..... I vie ke kazuvate sto e 15 septemvri.....eeee... Go znaete Nexhat i sin mu Enver....stariot ima 80 godini i sekoden sobira grancinja, treski i pilevina niz Kisela voda za da ima so sto da se gree nazima, a koga nema drvca za sobiranje so sin mu kopaat po nivite vo DOlno Lisice i gi vadat kompirite koi gazdite ne gi videle i neuspeale da gi soberat. Se trkaat so lokalnite gluvci koj ke najde prv kompir, zasto i za ednite i za drugite toa im znaci zivot... Ima edna evrejska...ama nema da ja kazam ke ostavam za nekoja druga biserna prigoda..... |
intel | quote:..пред нова година стојам на семафор кај судот и гледам неколку деца продаваат петарди, кога меѓу нив и внук му на Nexhat. Доаѓа до прозор и го прашувам, абе мали зошто не си во школо а он ми одговара -ќе ти јебем шкољо, од петарда зимам два миљарди за ден Не го прашав како се вика ама после многу години ако сме здрави и живи Јаков ќе ни напише на форумов со “загриженост“ -Го знете Енвер и син му Нехат(крстен е на дедо му) собираат гранчиња....... Ах тие вработувања по еден од семејство...ццццц.. |
Tik Tak | Sve shetan narod tuka.....aj da si zemam pivo... |
intel | quote:Земи некое “светско а наше“[:)] и наздравје. |
трендафил | 15.09.2003
„Во овој момент постојат некои почетни резултати, но не од оној тип што граѓаните би ги почувствувале во секојдневниот живот, кои допрва ќе дојдат“, изјави денеска премиерот Бранко Црвенковски по повод една година од доаѓањето на власт на коалицијата „За Македонија заедно“ и ДУИ.
02.11.2003
"Мораме јасно и отворено да кажеме дека имаше сектори во кои бевме помалку успешни или целосно неуспешни", рече во изјава за новинарите премиерот Црвенковски по повод едногодишното работење на неговата Влада. "Факт е, рече тој, дека во текот на минатата година на планот на домашните и странските инвестиции Владата не покажа успех".
"Факт е и дека во битката со невработеноста не покажавме резултат од кој можеме да бидеме задоволни, а Владата во многу ситуации оставаше впечаток на нерешителност, бавност и неподготвеност за преземање ризици. Честопати Владата оставаше впечаток дека повисок приоритет е не да се постигне резултат, туку да не се направи грешка. Ова се тешки времиња за нашата држава и во извршната власт мора да бидат луѓе кои се подготвени да преземат и ризици", рече Црвенковски.
...Црвенковски, инаку, смета дека Македонија сега во сите сегменти е поперспективна држава за разлика од пред една година. "Денес Македонија, за разлика од пред една година, е држава со јасна европска и евроатлантска ориентација на која никој не и предвидува нов конфликт, ниту нова војна ...
|
Tik Tak | quote:Da si ziv i zdrav[:)] sto ********* mi se useli u komsii auuu... ama aj da ne se mesam u "politika":))) |
dejan | Lugje, aj ma odgovorite na topikot!!! |