dejan |
Родители на пет ученици од скопската осмолетка „Петар Здравковски-Пенкоо“ завчера ги отпишале своите деца од училиштето зашто пред неколку дена директорот на своја рака го укинал дневниот престој без да ги консултира Училишниот одбор и родителите, дознаваме од членови на Училишниот одбор. Групите на македонски и на албански наставен јазик, со вкупно 25 ученици од прво до четврто одделение што посетувале дневен престој, се растурени. Директорот на основното училиште Исмет Мехмети вчера потврди дека дневниот престој е укинат, но оти тоа не било негова, туку одлука на Министерството за образование. Од Министерството демантираат и велат дека тие само одлучиле да не ги финансираат дневниот престој и целодневната настава и оти училиштето само проценува дали може на учениците да им обезбеди таква настава.
- Точно е дека родители испишаа пет деца, но што се пет првачиња во споредба со 200, кои годинава се запишаа во училиштето? Не сме загрозени од укинувањето на дневниот престој. Тоа е одлука на Министерството. Престојот е укинат зашто според пресметките, родителите требаше да плаќаат по околу 3.000 денари. А, и немаме доволно простор каде да ги сместиме децата од дневниот престој. Наставниците што предаваа нема да бидат прогласени за технолошки вишок, туку ќе бидат поставени на друго работно место - вели Мехмети.
Револтираните родители тврдат дека веднаш реагирале поради одлуката на Мехмети и оти се обратиле и до локалната власт. Родители велат дека се подготвени и понатаму да плаќаат за дневниот престој.
- Веднаш реагиравме и кај директорот и кај градоначалникот на Општината Бутел. Директорот само н$ извести дека повеќе нема дневен престој и замина без никаков дополнителен коментар. Изминативе денови тој е недостапен за нас. Дури и ја заклучува својата канцеларија само за да не се сретне со нас. Во општината ни рекоа дека нема начин како да ни помогнат, објаснувајќи дека тоа е одлука на директорот и мора да се помириме со тоа - велат родителите.
Раководителот на Секторот за основно образование Кирил Ристевски тврди дека Министерството не е замешано во случајот. Тој им порачува на родителите да се обратат до Државниот просветен инспекторат и да го расчистат случајот.
- Донесовме одлука дека не може да продолжиме да ги финансираме дневниот престој и целодневната настава. Укинувањето на дневниот престој во „Пенкоо“ е одлука на училиштето. Директорот никако не смеел да го укине престојот ако родителите се заинтересирани да постои таква настава - вели Ристевски.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2862&stID=63096
Dali se gleda po nacionalnost?? |
трендафил |
Одлуката на власта да се укине целодневната настава е уште една антимакедонска (проалбанска) на оваа коалиција. Пред се` затоа што целодневна настава посетуваат многу повеќе Македонци отколку Албанци. Од повеќе причини. Една е затоа што жените Албанки не одат на работа туку седат затворени во домашен притвор, потоа порано се женат, па првите деца до училиште ги водат не многу старите дедовци, а помладите се придружувани од постарите братчиња и (или) сестричиња. Наместо сите деца да одат во целодневна финансирана од државата (од даночните обврзници) се укинува и оваа. Оваа власт само ги намалува финансијските обврски кон граѓаните, а не гледаме што прави со заштедените пари. Претходната власт наводно крадела (иако колку ми е познато никој до сега не е правосилно осуден), но имаше и за народот. Од социјалната помош за поголем број сиромашни до изградба на објекти со кои ќе се гордеме како народ. Оваа доколку е чесна, тогаш е тотално неспособна. (Ај да не употртебам некој израз што го користат психијатрите или народот за болести од таа група.)
|