Makedoncite bez pravo za REFERENDUM!
Makedoncite bez pravo za REFERENDUM!
Makedon УСВОЕН ВЛАДИНИОТ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА РЕФЕРЕНДУМ "Бадентер" доби уште поголема моќ На пратениците од позицијата вчера им успеа да обезбедат кворум и со 59 гласа "за", го изгласаа Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. "Против" гласаше единствено Лилјана Поповска од ЛДП. Опозиционерите, кои претходно се изјаснија дека не го поддржуваат законското решение, не присуствуваа на гласањето. "За" гласаа и 17 пратеници, припадници на етничките заедници кои не се мнозинство во Македонија, со што беше исполнет Бадинтеровиот принцип. Со донесувањето на Законот, овој принцип стана главна сопка и при распишувањето на референдум на државно ниво. Отсега, референдум нема да може да се распише за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници и со мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот што се изгласа, како што неодамна стори и со законот за знамињата. (Д. Д.) http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=16774
Great_Macedonian Makedon... ednas za ova i jas pisuvav koga bese zakonot vo formiranje.. ama vidi vaka, izleze nekoj pred parlament da se sprotivstavi? da protestira?.. so prost narod sekoj moze da si igra! neka ni e na zdravje-po iljaditi pat.
Makedon
quote:
Originally posted by Great_Macedonian
Makedon... ednas za ova i jas pisuvav koga bese zakonot vo formiranje.. ama vidi vaka, izleze nekoj pred parlament da se sprotivstavi? da protestira?.. so prost narod sekoj moze da si igra! neka ni e na zdravje-po iljaditi pat.
POPROST NAROD OD NAS NEMA!
трендафил Наполно се согласувам дека во ниедна нормална земја ваков закон не би прошол без масовни протести. Во иднина можеме да очекуваме проширување на законите што ќе се донесуваат со Бадинтеровото правило, односно се` помала можност за корекција со референдум. Но ова од друга страна е можеби и добро, затоа што се знае на кој начин во 2001 година се воведе Бадинтеровото правило, па можеби значи дека власта сака да го принуди македонскиот народ на ист начин да се избори за демократијата.
OooOo
quote:
Originally posted by Makedon
POPROST NAROD OD NAS NEMA!
Da bevme prosti, kje imavme silna drzhava ;)