СВЕДОШТВО на Фазли Велиу !!!.
СВЕДОШТВО на Фазли Велиу !!!.
lav Читајте и не чудете се премногу...нели. Според демоНкратијата Македонија ја надмина дури и САД кога вакви небулози ЈАВНО и БЕЗ СОООДВЕТНА КАЗНА (ни) се презентираат???!!!. ОНА планирала да ги промени границите на Македонија Пратеникот Фазли Велиу во својата нова книга "ОНА од битка во битка - Недовршена приказна" признава дека војната во 2001 година била за поделба на Македонија и за реализација на сеалбанската национална цел. Во книгата Велиу изнесува сеќавања од војната преку интервјуа дадени за албански, косовски и за македонски медиуми и разговори што ги водел со тогашниот водач на ОНА, а сега лидер на ДУИ, Али Ахмети и со неговите соборци од Македонија и Косово. Книгата е илустрирана со повеќе фотографии на Велиу со соборците.На средба одржана на 15 октомври 2001 година со Ахмети, Назми Беќири и со други соборци, Велиу утврдил дека се уште не може да се постигне договор за амнестија за борците на ОНА и дал друг предлог. - Да ја разгледаме можноста да одиме во родните места во придружба на меѓународните претставници. Ако не се постигне договор, да се реорганизираме за да се променат границите - рекол Велиу. Претходниот ден тој телефонски се обратил на седницата на Народното движење на Косово и рекол: "Треба неразделно да дејствуваме на сите наши албански простори. Народното движење на Косово е на пат да ја реализира националната програма дел по дел, одејќи кон конечната цел". На 4 октомври 2001 година Велиу му се пожалил на Сами Укшини - Командант Соколи од Косово дека владата поднесла барање водството на ОНА да се пријави пред истражните органи, вклучувајќи го и Ахмети. Укшини му одговорил: "Ако има потреба, ние сме со вас и може да дојдеме кога сакате". Во книгата, Велиу тврди дека ОНА на Косово и во Македонија не ја постигнала целта. "Многу работи во животот не се реализираат секогаш според очекувањата, напорите, желбите и заслугите. И тогаш кога се очекува заслужен резултат, се случува да добиеш помалку. Тоа се случи со ОВК во Косово, со ОВПМБ во источно Косово, а нешто "помеѓу" се случи со ОНА во албанските краишта под Македонија. Тоа на некој начин можеше да се очекува, бидејќи ОНА беше нападната од сите страни од исток и од запад. Внатрешната и надворешната пропаганда беше против нас, како на пример, Исмаил Кадаре, Адем Демачи, дипломатијата, партиите во Косово, ставот на матичната држава, сигналите за напад, Робертсон, Солана, Украина, Бугарија Србија, Грција...", пишува Велиу. На 22 септември 2001 година Велиу запишал: "Сенационалната стратегија треба да се постигне во иднина. На идните генерации треба да им биде отворен патот за конечна борба". На 9 септември Велиу разговарал со Али Ахмети и со Муса Демири-Хаџибаба, главен за логистика за разоружувањето. Велиу прашал дали е останато уште оружје за самоодбрана, а Хаџибаба му одговорил дека го предале само старото оружје.
трендафил Унитарноста на државата во моментов ја обезбедува само ДУИ. Затоа што владее и со Албанците и со Македонците, за разлика од ЛДП и СДСМ кои владеат само со Македонците (неалбанците). Кај што ДУИ ќе им дозволи, разбира се.
`Xa0c
quote:
Originally posted by трендафил
Унитарноста на државата во моментов ја обезбедува само ДУИ. Затоа што владее и со Албанците и со Македонците, за разлика од ЛДП и СДСМ кои владеат само со Македонците (неалбанците). Кај што ДУИ ќе им дозволи, разбира се.
Za razlika od VMRO koj ne mozea da vladeat so nikogo tuku samo si gi polnea nivnite dzebovi.
lav
quote:
Originally posted by `Xa0c
quote:
Originally posted by трендафил
Унитарноста на државата во моментов ја обезбедува само ДУИ. Затоа што владее и со Албанците и со Македонците, за разлика од ЛДП и СДСМ кои владеат само со Македонците (неалбанците). Кај што ДУИ ќе им дозволи, разбира се.
Za razlika od VMRO koj ne mozea da vladeat so nikogo tuku samo si gi polnea nivnite dzebovi.
А овие „денешниве„ само ни ги празнат...мислам на џебовите. А тек за „успесите„ нивни и празнењето на народната каса..гледај ја само Илина мома убава ...не се задржува дома-си ниту 2-3 дни (колу за да си ги плати сметките за комуналии нели) оти има ногу гајлиња за берење , мислам на Македонците од дијаспората. А во Дубаи има ли македонска дијаспора ???
трендафил Добро е што потпредседателот на владеечката ДУИ го кажа ова што веројатно им е јасно на сите објективни набљудувачи на војната и поствоените настани кои имаат со што да го обработат тоа што го гледаат не чекајќи тоа за нив да го направи некој од власта или друга политичка партија. И дека жртвите од војната не биле залудни. Не го тврдеше ли ова и опозицијата, а не тврдеше ли власта дека војната не ја водела ОНА туку поранешната власт. За жал, поради наводното влегување во НАТО во 2006 година ги претопивме тенковите што како подарок ги обезбеди владата на Георгиевски, но за малку ќе се отарасевме и од авионите. Пишува ли во книгата нешто за историјататот на контактите со СДСМ?
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Добро е што потпредседателот на владеечката ДУИ го кажа ова што веројатно им е јасно на сите објективни набљудувачи на војната и поствоените настани кои имаат со што да го обработат тоа што го гледаат не чекајќи тоа за нив да го направи некој од власта или друга политичка партија. И дека жртвите од војната не биле залудни. Не го тврдеше ли ова и опозицијата, а не тврдеше ли власта дека војната не ја водела ОНА туку поранешната власт. За жал, поради наводното влегување во НАТО во 2006 година ги претопивме тенковите што како подарок ги обезбеди владата на Георгиевски, но за малку ќе се отарасевме и од авионите. Пишува ли во книгата нешто за историјататот на контактите со СДСМ?
Мислам дека НЕ СМЕАТ сеуште да зборуваат за подцртаното од мене делче во текстот , НОоооооооооооо се ближи времето кога и ЈАВНО (најверојатно се чини) дека тоа и ќе го сторат. Како што гледаме секидневно на ТВ-ата .....„тие„ (на качаците мислам) никого не есапат ...особено е изразено кон мандатарот н(а)ивен , сите знаете за кого мислам. пс Чекавме 5 години ....ќе почекаме ете и уште 1/2 до цела година ...за да (до)знаеме ...КОЈ СО КОГО ВОЈУВАЛ но и КОАЉИЦИРАЛ подоцна ...нели?
Inkognito ПАЃААТ МАСКИТЕ СЕКОЈДНЕВНО... Сакав да отворам нов топик, но ова ми дојде како во контекст .. СТАВ Партијата на Шаќири - ја гледа Македонија како бинационална држава ДЕБАР - „Македонија ја гледаме само како бинационална држава, држава на македонскиот и на албанскиот народ. Албанското прашање во Македонија не е прашање на човекови права, туку уставно-законската позиција на Албанците. Сў додека двата народа не бидат рамноправни, нема решавање на проблемот", порача Милаим Фејзиу, член на претседателството на Нови демократски сили, на првата средба што ја имаа со граѓаните на Дебар. „Сакаме албанскиот јазик да биде службен, а не втор службен јазик, со што се поставува во подредена положба, употребата на албанското национално знаме да биде на целата територија, а не само во неколку града", рече, меѓу другото Фејзиу. Неговата партија ја поддржувала и опцијата на НДП за федерализација на Македонија, но тоа, според него, барало многу појака економска положба и доза на комодитет. Според него, положбата на Албанците останала непроменета и по Охридскиот договор. Презентирајќи ги причините за формирањето на партијата, лидерот Хисни Шаќири рече дека Албанците имале потреба од создавање здрав политички субјект, наспроти оние што ги направија политичките партии „приватни претпријатија за сопствени интереси°. „Сите заедно треба да се мобилизираме и да бидеме во служба на народот", рече Шаќири. (Ж.Т.)
трендафил Љубчо Георгиевски предлагаше не само етничка поделба на Македонија туку и менување на границите во регионот. Ова признание али Ахмети го соопштува во вечерашното интервју за албанската сателитска мрежа „Алсат“, обелоденувајќи и детали за предлогот што му го дал во време на воениот конфликт 2001 та тогашниот премиер на државава, Љубчо Георгиевски. „Јас имав понуда од Георгиевски во 2001 за поделба на Македонија. дел од медиумите побараа од мене да им ја обезбедам документацијата од оваа понуда. таа документација беше јавна и беше објавена од македонските медиум во тоа време. Портпарол на овој концепт во тоа време беше тогашниот претседател на МАНУ со што мене ми се понуди компромисно решение, липковскиот крај каде ние во тоа време држевме линија на фронтот да и припадне на косово, додека делот на Тетово и Гостивар да и припаднат на Албанија, но јас не подлегнав на ваквите стапици“, вели Ахмети Георгиевски експресно одговори на обвинувањата. јавно го повикувам г динот али Ахмети да ми соопшти преку кој човек и кога таквата понуда му е пратена, а јас одговорно тврдам дека како премиер и ден денеска на никакво ниво не сум имал никаква комуникација со Ахмети, што нормално, циничен е понатаму Георгиевски, е своевидна штета поради фактот што се работи за веќе општо прифатен миротворец и борец за унитарна Македонија.. лидерот на ДУИ за „Алсат“ објаснува зошто ги сметал за погрешни тезите за формирање етнички држави.. вели дека се ке реши со интегрирањето на Македонија во ЕУ, како и на Албанија и на косово за кое се надева дека ке стане независно зашто граници меѓу земјите нема да постојат, а тие што ги посакувале голема Албанија или голема Македонија ке ги имаат до скандинавските земји, шведска и Лондон. лидерот во сенка на ВМРО Народна смета дека претседателот на ДУИ по потреба си ги вади овие тврдења. мотивот сега го наоѓа во признанието на Фазли Велиу дека првичната идеја на она била борба за територии. Ова партијата на Ахмети го отфрли како неточно. Георгиевски во колумна призна дека неговото гледање за Македонија не е како унитарна држава. Негов истомисленик е неговиот поранешен коалициски партнер Џафери. Активен во одбрана на тезата за независно косово во пресрет на дефинирањето на статусот на покраината лидерот на ДПА за „Алсат“ вчера прогнозираше дестабилизација на Македонија доколку Косово биде поделено, затоа што Албанците во државава ке ги споредувале своите права со правата што ке ги добиеле Србите во Косово.
______________________________________
Од изјавата на Ахмети изгледа дека се точни тврдењата дека се работи за шизофреничар. Од една страна наводно тврди дека сака унитарна Македонија, за влез во ЕУ, а од друга дека Косово треба да биде независно. Зошто не мисли дека и Косово може да влезе во ЕУ како дел од Србија, па како што изјави во интервјуто ( не е дадено на интернет) Голема Албанија и на косоварите да им биде до Шведска, а не само неговите сонародници од Македонија.
lav
quote:
Од изјавата на Ахмети изгледа дека се точни тврдењата дека се работи за шизофреничар. Од една страна наводно тврди дека сака унитарна Македонија, за влез во ЕУ, а од друга дека Косово треба да биде независно. Зошто не мисли дека и Косово може да влезе во ЕУ како дел од Србија, па како што изјави во интервјуто ( не е дадено на интернет) Голема Албанија и на косоварите да им биде до Шведска, а не само неговите сонародници од Македонија.
Швајцарците не се глупи луѓе а нивнатаа администрација и лекарите ne се (барем не е докажано) дека се корумпирани. Не бадијала посочениов „миротворец„ и идол на повеќемина овдеприсатни македонци добивал долги години ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА за болен од болести на главата (горна ако некој-а случајно нели помисли на друга-та).
трендафил Се согласувам дека најзаслужен за Рамковна Македонија е Али Ахмети. Другите од актуелната власт само му помагаа и му помагаат во тоа.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Се согласувам дека најзаслужен за Рамковна Македонија е Али Ахмети. Другите од актуелната власт само му помагаа и му помагаат во тоа.
Секако ...особено другарот Б(а)учко како министер за одбрана (некои велат и за капитулации) и кумпанијата негова ...кои со „преструктуирање„ на војската (каква-таква ..од Ќирота нели своевремено „склепана„ од одовде-одонде кадри) по „стандардите„ на НАТО (а кој ЈАСНО и ГЛАСНО ни (по)кажа дека сега засега нема место за нас тамо). Топењето на тенковите наменети за одбрана на Македонија (подарени нели) и продажба на авионите кои беа крваво платени со парите наменети за развој на Македонија , а не и за војна поготово несакана и наметната од тој исти (сега) НИВЕН (смсм и лдп) ДРУГАР ама коаљиционен и амнестиран. Тие од ТЕРОРисти стана (со амнестија невидена никаде досега) станаа ДЕМОН(н)крати дури и ВЛАСТ????. Во која друга земја проаѓа ваквов филм со вакво сценарио ве прашувам Вас сите нормални и неутрални расудувачи ?
Great_Macedonian Во која друга земја проаѓа ваквов филм со вакво сценарио ве прашувам Вас сите нормални и неутрални расудувачи ?<-- vo avganistan be bracko :) Taliban kako dojde na vlast?
трендафил На вчерашната конференција за печат, потпретседателот на ДПА Мендух Тачи постави неколку интересни прашања во врска со заслугите на Ахмети за унитарноста и целовитоста на Македонија . - Која била заклетвата на борците на ОНА? (Мој коментар: дали се колнеле дека ќе се борат за Голема Албанија или за Македонија?) - Што пишува во првите 5 коминикеа на ОНА (Не беше ли нешто за бркање на славомакедонскиот окупатор) - Зошто АРМ не го нападна штабот на ОНА во Шипковица иако имаше позиции на половина километар од селото? (Не го нареди ли тоа Борис Трајковски, кога Бучковски како министер за одбрана не ја проследи наредбата до Генерал штабот, па после тоа наредбите за напад на терористите во Љуботен или за авионски напад врз службениците на ООН од КЗК кои напаѓаа на Радуша беа давани директно, без посредство на министерството) Мислам дека ДПА разбра дека не може да ги победи криминалците од ДУИ додека мнозинството во парламентот е предводено од нивните пајташи, СДСМ. Затоа и почнува да гледа на работите од граѓански аспект, па се бори против најголемите изборни фалсификатори, кои за жал се или се претставуваат како Македонци, за да победи помеѓу Македонците од албанската етничка заедница.
intel Аман бе, за вас криминалцот Тачи и светец ќе испадне на крај. Навистина не знам зошто го одвојувате Ахмети од Џафери во политички поглед или можеби Ахмети и Љубчо(сега и Војо) во здравтвен.
Belomorec ДУИ сите процеси што ги води се во насока на федерализација и отцепување на поголем дел од Македонија. Во тој преоден период интенцијата е на терен да се заземе што е можно поглем дел од Р.Македонија преку познатите процеси на експанзија. И сега каде е дебилитетот на некои македончиња. А ДПА да не беа подобри. А Џафери и Љубчо да не не го правеа истот. итн итн ... Господа постои лична одговорност. Проблемот се решава на еден многу пластичен начин. Бранко Црвенковски, виновен поради потпишување на рамковниот договор, осуден на тешка робија. Љубчо Георгивески виновен поради потпишување на рамковниот договор, осуден на тешка робија. Постхумно се одзема одликувањето на Борис Трајковски и се трга од алејата на великаните. Директор тој и тој виновен за пропаѓање на Железара, Кожара, Газела, Топилница, Порцелнка, Газела осудени на тешка робија и одземање на личниот имот. И ќе има ред и тој ред ќе важи за сите и за Џафери и за Ахмети и за Красничи. И ќе биде тешко но ќе биде светлина односно држава после тоа. ОВака сме само бајка во која се е цветно и весело а народот умира.
Great_Macedonian Belomorec, bidejki toa nema da se sluci... ke im presudi nekoj drug.