dejan |
[img]http://www.smk.org.mk/UploadedImages/Simbol%20na%20opstina%20Pustec.jpg[/img]
18 септември 2005 година, Пустец, Мала Преспа - Советот на општина Пустец, Мала Преспа, Република Албанија, во рамките на своите законски надлежности утврди грб и знаме на општината. За грб и знаме е утврдено и од надлежното министерство за правда на Република Албанија одобрено шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа, што ја прави општината Пустец за единствена во светот општина со Македонци која за официјален симбол го утврди македонското шеснаесет-зрачно сонце. Грбот на општината претставува кружен штит во чијашто средина се наоѓа шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа. Околу сонцето на македонски и албански пишува “Општина Пустец” со лисја од даб и желад како симбол на националниот парк “Преспа”.
За првпат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е воведено и во административна употреба во Република Албанија бидејќи називот на општината на грбот е напишан на македонски и албански јазик.
Церемонијата за подигање на знамињата и откривањето на плочите со грбот на општината на влезот во општинската зграда ќе биде на 19 септември 2005 година со пригодна свеченост во организација на градоначалникот на општина Пустец и Организацијата за заштита на правата на Македонците во Република Албанија “Друштво Преспа” со седиште во Пустец.
На свеченоста поканети се министрите за култура и надворешни работи на Република Македонија и Албанија, градоначал;инците на општините Ресен, Корча и Гази Баба и директори на поголеми македонски фирми.
На отворањето ќе зборува градоначалникот на опшина Пустец,претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров и претседаталот на Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, Едмонд Темелко.
На свечноста ќе присуствуваат жителите на опшина Пустец, а пред нив ќе се изведе богата културно-уметничка програма.
http://www.smk.org.mk/./index.asp?content=vest&id=1023&vlang=mk
Bravo!![:)] |