Во четврток интерпелација за Владата |
трендафил |
За четврток, 22 септември е закажана седницата на Парламентот на која ќе се најде интерпелацијата за владата на Бучковски. Премиерот е очигледно задоволен со работата на министрите, па затоа не прави реконструкција. Ќе видиме какво мислење имаат пратениците. Дали мислат дека ова се најдобрите луѓе од ДУИ, ЛДП и СДСМ?
|
трендафил |
Денеска ќе има интерпелација на владата за која сите однапред знаеме дека нема да успее. Тоа е и разликата помеќу првата македонска влада, експертската на Никола Кљусев и подоцнежните политички влади. Првата, иако најдобра во самостојна Македонија, падна без никакви проблеми. Политичките влади без разлика на тоа колку се лоши никако не можат да паднат иако истите партии можат да форираат нова влада.
Добро е што овој пат ДУИ, ЛДП и СДСМ се договорија со опозицијата да не употребуваат балкански селски штосови од типот нивните пратеници експресно да се јават за збор, па пратениците од опозицијата да не можат да дојдат до збор, туку седницата да биде на европско ниво. Веројатно на оваа седница власта ќе обезбеди кворум за гласањето на крајот на денот. Тоа секогаш го прават кога е интересот на власта во прашање. Кога се работи за Македонија, може и да се почека.
Интересно е и дали пратениците од власта што не го одобруваат работењето на овие министри ќе гласаат за нив, или ќе избегаат од гласањето. Во гласање против, не се надевам.
|
трендафил |
ПАРЛАМЕНТОТ РАСПРАВА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА (МИА)
Координаторот на ВМРО-Народна партија, Чедомир Краљевски претпладнево во Парламентот ја образложи иницијатава на својата пратеничката група за изгласување на недоверба на Владата.
Како главни причини зошто актуелната Влада треба замине, Краљевски ги посочи влошената економска, политичка и безбедноста состојба во државата.
"Ова не е првпат да упатуваме на неспособноста на Владата, денес само се потврдува тоа со одлуките што ги носат министрите. Ниту една иницијатива на опозицијата не е прифатена, а власта се обидува да не претстави како креатор на проблемите, што е врв на ароганцијата", рече Краљевски.
Тој вели оти е создадена критичина маса која укажува дека оваа државна гарнитура не е способна да ја води државава и треба да го отстапи местото на оние кои ќе имаат концепт и знаење да ја изнесат државата од кризата.
"Македонија се наоѓа во социјален, економски и политички хаос што го предизвикува оваа Влада. Заслугата им припаѓа на сите тројца премиери, Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски, кои се впуштија во исполнување на Рамковниот договор, но и на исполнување на сите најрадикални барања на поранешните припандници на 'ОНА', сега нивни коалициски партнери", вели координаторот на ВМРО-Народна.
Тој се наврати и на неуспесите и на пропустите на Црвенковски и на Костов. "Не е ниту помалку крива и оваа влада која го примени етничкиот критериум за територијална организација на локалната саомуправа, со што моќата беше распеделена според политички клуч. Не се помалку виновни ниту поради изгласувањето на Законот за знамиња со кој се загуби дел од македонскиот суверенитет", рече Краљевски.
На премиерот не му е туѓо, додаде тој, да манипулира со изјави и ветувања заради стекнување корист, како што беше онаа со влезот со НАТО, кои кај странските партнери создаваат впечаток на несериозна држава. Граѓаните се доведуваат во заблуда дека само што не сме влегле и сите наши проблеми ќе бидат решени, а не им се објаснува дека не можеме во Европа и во НАТО со ваква сиромаштија, туку со темелни реформи во сите сектори.
Според него, Македонија има пад на индустриското производство, најниска стапка на економски раст во Југоисточна Европа и астрономска бројка од околу 400.000 невработени.
"Власта наместо да го реши овој проблем, измислува нови статистички методи на бришење на невработени. Особено голема закана е порастот на цените на електричната струја и парното, што ќе придонесе за зголемување на сиромаштијата, што ќе прерасне во социјални немири кои секако ќе ја дестабилизираат земјата. Се поголем е бројот на самоубиства во земјата", оцени Краљевски.
За пратеничката група на ВМРО-Народна, оваа Влада има особено големи пропусти во развојот на земјоделието, бидејќи го уништила.
"Укинати се бенефициите за сите стратешки производи, како житото, тутунот, млекото, јагнето, а лозарството и винарството се симнати од програмата за поддршка, укинатие се премиите", соопшти Краљевски додавајќи дека и натаму останува проблемот со даночните пирамиди и со раселените лица.
"Една од многуте слаби точки на оваа Влада е спроведувањето на реформи и изградбата на стандарди кои ќе не приближат до Европа", рече пратеникот од ВМРО-Народна.
По неговиот говор, пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ, од името на својата пратеничка група побара пауза од еден час поради разликите во усното образложение на Чедомир Краљевски од она што нив писмено им било доставено.
Според Деловникот, кога Собранието гласа за недоверба на Владата седницата треба да заврши до полноќ.
Владата ја губи довербата ако за тоа се изјаснат 61 пратеник.
Премиерот му се обраќа на Собранието половина час пред гласањето, но тој има право да го направи тоа и порано. Ако пратениците и изгласаат недоверба на Владата, премиерот поднесува оставка до Парламентот.
За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Република Македонија.
Иницијативата за доверба на Владата се поднесува со потписи на 20 пратеници. Прашањето за доверба на Владата на дневен ред на собраниска седница се поставува три дена по поднесувањето на иницијативата до Собранието.
Ова е прв пат да се расправа и да се гласа за доверба на Владата на премиерот Владо Бучковски.
|
lav |
Ова е единствена прилика (после не-НАМЕРНОТО и честопати злоупотребувано од спикиерот на Парљаментот фиромски време на пратенички (ногу незгодни за јавен и експлицитен одговор на власта) прашања.
Барем повремено ќе се извади нечистата и неиспрана (со ништо асално) долна облека на Власта и тоа ЈАВНО , и има да С‘МРДИ и Б‘ЗДИ ОХОХО на комуњарска реа.
После мора и ДЕРАТИЗАЦИЈА на Парљаментот да се врши , поред „проветрувањето„ кое се обавува (на) секои 4 години.
А (изгледа) дека треба почесто тоа да се прави. |
Strelec |
off topic:
lav и трендафил...
Ме интересира што ќе кажете во врска со овој топик:
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=11250
|
dejan |
Dali nekoj znae koja istorija se uci poveke? Makedonskata ili Albanskata?? |
јузер |
Ljubco vo momentov go gledam na govornica..
Ne propustam takva prilika.. |
Great_Macedonian |
juzer, zas? |
трендафил |
Интересно беше што власта очекува од опозицијата да не зборува за лошите работи. Наводно тоа го спречувало влезот во ЕУ и НАТО. Јас напротив мислам дека земји во кое има едноумие неможат да влезат во вакви организации. Посебно е смешно кога тоа го зборува опозиција што со сите сили се трудеше да ја прогласи сопствената држава за најкорумпирана (иако тоа не беше точно) само за да дојде на власт. А опашката за корумпираноста сега удара и по нив.
Во врска со безбедноста на земјата што е според Кондарко сега подобра, би напоменал само дека токму тој е првиот македонски пратеник ранет со огнострелно оружје. Од преголема безбедност.
|
lav |
quote: Originally posted by Strelec
off topic:
lav и трендафил...
Ме интересира што ќе кажете во врска со овој топик:
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=11250
На моменти ете....добивам впечаток дека не си ти тој за кој се преставуваш дека си...нели (интелегентно влакнесто сеирџиче) со „вакви„ ...ај да кажам детски работи (има и посоодветен израз за оваква состојба на духот нели?) кои ги по незнам кој пат прашуваш ..и не само ти ...ами сите од твоето „јато„ ...за кое мислам дека нема да стаса ни до НАТО , а камоли да „свари„ една и единствено јасна и веќе кажана вистина.
Не сакам да правам компарааации , ама ми заличуваш на еден од „другарите„ на бучкосан-иов ни владетел. |
трендафил |
quote: Originally posted by Strelec
off topic:
lav и трендафил...
Ме интересира што ќе кажете во врска со овој топик:
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=11250
Веројатно ова прашање можеше да се постави и со приватна порака. Во секој случај ќе одговорам на местото каде што е поставено.
Тешко е да му докажам нешто на некој што не сака да ме слуша. Ова ми е исто како некој Бугарин кога ќе каже дека нема Македонци. Или ако јас кажам дека Стрелец и Интел се една личност, со исто однесување. Или дека сите што пишуваат во полза на ДУИ и неговите партнери се една личност. Мојот живот е мој и повеќе нема да одговарам на вакви прашања што периодично се повторуваат од почетокот на моето учество по интернет форумите. На ајвар некои од учесниците ги познавав лично и сме се смееле на ова прашање, што и таму се поставуваше. За се` е виновен еден модератор (кој веројатно истото го прави и овде - со истиот ник) кој објави дека сме на иста ИП адреса (еден сервер). Благодарејќи му на него и почнаа да се поставува ова небитно прашање од време на време. Во секој случај, благодарам за значењето што ми се придава. Изгледа дека јас и Лав сме најпопуларни на форумов.
|
lav |
quote: Originally posted by трендафил
quote: Originally posted by Strelec
off topic:
lav и трендафил...
Ме интересира што ќе кажете во врска со овој топик:
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=11250
Веројатно ова прашање можеше да се постави и со приватна порака. Во секој случај ќе одговорам на местото каде што е поставено.
Тешко е да му докажам нешто на некој што не сака да ме слуша. Ова ми е исто како некој Бугарин кога ќе каже дека нема Македонци. Или ако јас кажам дека Стрелец и Интел се една личност, со исто однесување. Или дека сите што пишуваат во полза на ДУИ и неговите партнери се една личност. Мојот живот е мој и повеќе нема да одговарам на вакви прашања што периодично се повторуваат од почетокот на моето учество по интернет форумите. На ајвар некои од учесниците ги познавав лично и сме се смееле на ова прашање, што и таму се поставуваше. За се` е виновен еден модератор (кој веројатно истото го прави и овде - со истиот ник) кој објави дека сме на иста ИП адреса (еден сервер). Благодарејќи му на него и почнаа да се поставува ова небитно прашање од време на време. Во секој случај, благодарам за значењето што ми се придава. Изгледа дека јас и Лав сме најпопуларни на форумов.
А можеби и нај-непопуларни (да не кажам дури и „омразени„-не од сите) од форумските чиновници.
Одговорот се надевам дека нема да биде како на една слика (не гледам , не зборувам и неслушам) која во мигов ја немам ама ќе се потрудам да ја најдам.
Сечија помош за пронаоѓање нејзино е добродојдена и благословена.
|
lav |
Да се задржам на темата за интерпелацијата односно нешто малку постаро парче од текст со прашање кое и вчера многумина си го поставуваа за оваа „влада„...нели.
Цитирам
SLaCk Lesno e da vetuvas pred izbori deka ke ima vraboten po eden od sekoe semejstvo,deka ke ima bezbednost,deka nema da ima funkcioneri UCK-i,deka ke nema nepotizam ama koga si na vlast tesko odi a?E tesko e dragi nasi pozicioneri ama veruvame i natamu vo ovaa "sposobna" em "SERIozna" vlada samo edna godina se na vlast kojznae kakvi ubavini ne cekaat vo nerdnive tri?!
Колку за споредба нели???. |
трендафил |
Да се вратам на темава. Власта очигледно заборавила на сопственото учество во владата на Георгиевски. Покрај тогашниот министер за одбрана сега и министерката за надворешни работи зборуваше за губењето на меѓународната подршка на Македонија во 2001 година, ЗАБОРАВАЈЌИ да каже дека таа беше министер. Периодот од 1998 до 2002 се прикажуваше како црна дупка. Се заборави дека тогаш го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација, со Светската трговска организација, акционата програма со НАТО и друго. Исто така старата власт од страна на министрите и пратениците од власта се означуваше како криминална. Но чудно е како по потпишувањето на договорот со ЕУ, со цел да влеземе во ЕУ, таа власт организираше добри избори, за разлика од изборите на актуелната власт. Да потсетам дека законите се исти, но дека криминалот (во случајов изборна измама) се случуваат поради непочитување на законот, односно поради постоење на криминалци. Наместо да гледаат што направиле од своето доаѓање до сега, владата се споредуваше со некој кој ги загубил изборите. Ниту збор за тоа што пишуваше во нивната изборна програма, каде ситуацијата во 2002 година ја оценуваа полоша отколку што беше и врз таа почетна основа ветуваа дека ќе го направат тоа што го ветуваа. Премиерот по втор пат, еднаш кога дојде, втор пат сега рече дека до сега работеле на стабилизацијата и безбедноста и дека сега ќе почнат да работат врз економијата. Претходно, како премиер истото го рече и Црвенковски. Излегува дека Хари Костов беше ставен на премиерско место како експерт за општински граници, а не како финансијски.
Оваа власт, сем за отварање на продавници со непосредна спогодба (без разлика на нивната големина или дали се за стока за широка потрошувачка или за нафтени деривати) не успеа да донесе други странски инвестиции.
Но очигледно е дека откако видовме дека премиерот е задоволен од ваквата состојба во државата, па не направи реконструкција на владата, сега гледаме и дека пратениците од ДУИ, ЛДП и СДСМ се задоволни па ја подржаа владата. Нека им е жив и здрав новиот политички партнер - Агим Красниќи.
|
lav |
quote: Originally posted by трендафил
Да се вратам на темава. Власта очигледно заборавила на сопственото учество во владата на Георгиевски. Покрај тогашниот министер за одбрана сега и министерката за надворешни работи зборуваше за губењето на меѓународната подршка на Македонија во 2001 година, ЗАБОРАВАЈЌИ да каже дека таа беше министер. Периодот од 1998 до 2002 се прикажуваше како црна дупка. Се заборави дека тогаш го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација, со Светската трговска организација, акционата програма со НАТО и друго. Исто така старата власт од страна на министрите и пратениците од власта се означуваше како криминална. Но чудно е како по потпишувањето на договорот со ЕУ, со цел да влеземе во ЕУ, таа власт организираше добри избори, за разлика од изборите на актуелната власт. Да потсетам дека законите се исти, но дека криминалот (во случајов изборна измама) се случуваат поради непочитување на законот, односно поради постоење на криминалци. Наместо да гледаат што направиле од своето доаѓање до сега, владата се споредуваше со некој кој ги загубил изборите. Ниту збор за тоа што пишуваше во нивната изборна програма, каде ситуацијата во 2002 година ја оценуваа полоша отколку што беше и врз таа почетна основа ветуваа дека ќе го направат тоа што го ветуваа. Премиерот по втор пат, еднаш кога дојде, втор пат сега рече дека до сега работеле на стабилизацијата и безбедноста и дека сега ќе почнат да работат врз економијата. Претходно, како премиер истото го рече и Црвенковски. Излегува дека Хари Костов беше ставен на премиерско место како експерт за општински граници, а не како финансијски.
Оваа власт, сем за отварање на продавници со непосредна спогодба (без разлика на нивната големина или дали се за стока за широка потрошувачка или за нафтени деривати) не успеа да донесе други странски инвестиции.
Но очигледно е дека откако видовме дека премиерот е задоволен од ваквата состојба во државата, па не направи реконструкција на владата, сега гледаме и дека пратениците од ДУИ, ЛДП и СДСМ се задоволни па ја подржаа владата. Нека им е жив и здрав новиот политички партнер - Агим Красниќи.
Морееее...само ако му „текне„ на тој другарот на бучкосаниов , не е чудо и министер за внатррешни да го клае тој кој со еден ТОП им ги врза „рачињата„ а и самиот најсетне прогледа(л) ....оти без качачка подршка оваа „влада„ самата ќе падне ко да е скапана круша-оскоруша.
Мислам и без најмало ветре да (ги) дувне. |
intel |
quote: Originally posted by трендафил
На ајвар некои од учесниците ги познавав лично и сме се смееле на ова прашање, што и таму се поставуваше. За се` е виновен еден модератор (кој веројатно истото го прави и овде - со истиот ник) кој објави дека сме на иста ИП адреса (еден сервер). Благодарејќи му на него и почнаа да се поставува ова небитно прашање од време на време. Во секој случај, благодарам за значењето што ми се придава.
Нема тука модератори од Ајвар, згрешка си.
Така да не си придавај сам значење.
quote: Изгледа дека јас и Лав сме најпопуларни на форумов.
Не сте свесни колку сте во право.Јас, Пана, thief(бобан модераторот од ајвар) и уште неколкумина едвај ве дочекавме да се појавите тука. |
ozonce |
Iako ne sum aktiven na ovoj forum, gi sledam temite koi gi otvarate i gi chitam. Sekoj od vas brani nekoja politichka strana, sekoj od vas sledi nekoja politichka ideologija, na koja sekako imate pravo.
Sledejki ja sednicat aza interpelacija na vladata zakluchiv edno neshto za politichkite partii vo Makedonija.
Tie sakaat samo da dojdat na vlast, nishto drugo!!!
Od kade go imam zaklucheno ova? Izlagnjeto na Tito Petkovski (znam deka nekoj od vas go mrazi, dali poradi samata lichnost ili poradi toa shto e od SDSM). Negovoto izlaganje beshe primer za vistinska demokratija vo koja etikata ima golem procent vo sproveduvanjeto na politikata. Javno kaza deka ovaa vlast nema da padne, bidejki parlamentarnoto mnozinsvo gi gleda partiskite interesi, namesto drzavnite, deka parlamentarnoto mnozinstvo si gi gleda sopsvtvenite interesi namesto intereseite na makedonskite gragani (tie ne se makedonski gragani).
Iashe eden predlog na koj i jas ne mozev da osanam ramnodushen, no za zal prisutnite vo sobranieto ostanaa, predlog koj me natera da razmisluvam. Negoviot predlog beshe, namesto da se troshi vremeto za vakvi sednici (poradi faktot na partiskite interesi), da se soberat site potencijali na site politichki partii i zaedno da rabotat na vlez vo eu, nato, ekonomija..., shto dava edno edinstvo i jasna cel za toa kade sakame da bidime, so predhodno izgotvena strategija...
Na negovoto izlaganje nemashe nitu edna replika ili slichno, od kade moze da se zakluchi deka ova drzi voda. NO...
Ostanatite komentari bea (od opozicijata) vie nishto ne rabotite, ja prodavate Makedonija, gi umirate graganite na Makedonija i slichni eftini govori so koi se sobiraat samo eftini politichki poeni (neznam dali veke toa pali). Naviduam toa se politichari so sredno shkolo (copy right k-15), a ne luge koi imaat neshto vo glavata i luge koi treba da vodat edna drzava.
Normalno na ova sleduvaa repliki vo forma: ami vie kako ja vodevte drzavata, i vie kradevte, i vie nishto ne napravite, bez konkretna inicijativa ili strategija. Ili izlaganjeto na Buchkovski deka ke napravel se za da go ostavri ona koe go ima zamisleno... Pa luge ova ne e monarhija neli?!
Celta na ovaa moja poraka ne e da gi napadnam partiite (nemam namera da trosham vreme na toa) tuka malku da razmislete za toa dali vredi da se zalagate za nekoja partija i da gi branite nejzninite pariski interesi. Dali vredi da se vadat ochi za nekoj tamu gore... i slichni podchovechki osobini so koi se degradira samata lichnost, a poslednicite se jasno vidilivi.
|
achtung_panzer |
quote: Originally posted by ozonce
... Sledejki ja sednicat aza interpelacija na vladata zakluchiv edno neshto za politichkite partii vo Makedonija.
Tie sakaat samo da dojdat na vlast, nishto drugo!!!
Dobro utro [:D] Megjutoa dali senjor Petkovski kje go povtori istoto od da recheme pozicija na premier/pretsedatel na drzhava- partija? Iskreno se somnevam, sepak se raboti za razocharan partiski aparatchik...
Oh da, pa i niz "opozicijata" ne nedostasuvaat ambiciozni partiski chinovnichinja... nekogash vo zhivotta nivna mozhebi i kje im se sluchi "the Tito moment"...
Koj e spasot od partiskava peshadija? Mozhebi edna fina zhurka so DJ Hans Mitraljezac? |
Great_Macedonian |
'Power corrupts, Absolute power corrupts absolutely' Historian Lord Acton (1834-1902) |
Jakov |
Не ми беше у планот ама прво малку ќе искоментирам она што го спомнува Озонче.
По дефиниција политичка партија е група на луѓе кои имаат примарен интерес да дојдат на власт. Тоа е исто како да имаш фудбалски тим кој се бори да испадне.
Тито Петковски...мислам дека имаш мала печатна грешка кога го оценуваш неговиот говор во Собранието. Демократија или демагогија, на што мислеше? Петковски своевремено беше Претседател на Собранито ама тогаш не раскажуваше вакви приказни за тоа како владата ќе остане со или без гласање. Петковски секогаш бил фин и интересен додека пред него не се оави камера, тогаш е само тажен и лошо протолкуван транзиционен лик.
Она што остави белег на оваа седница на која имаше гласање за недоверба е уствари обратното. Предлагачот и иницијаторот на седницата(за прв пат во Мк, веројатно и пошироко)и даде подршка на Владата. Дали не го разбраа прашањето дали нешто друго е незнам. Кога самонаречениот неформален лидер и претендент за враќање на власт, во 2005 година елаборира како владата на Хари Костов и онаа на Црвенковски се виновни за неуспехот, а на 5 метри од него седи целата влада која ја расkурцава државата безмилосно, што повеќе?
Љубчо го фали Бучко, Љубчо му обезбедува нови 100 дена плус една година, Љубчо го врти фокусот од митинигот на 15.09 се со цел да ја ослаби позицијата на опозицијата. Од друга страна Премиерот(кој по функција се грижи за ДОБРОТО на РМ) кокетира повеќе од очигледно со човекот за кого коалициониот партнер на премиерот недела дена џавка дека давал предлози за делење на Мк. Место Бучковски да го викне Обвинителот и да го седне својот партнер Ахмети и да го разоткријат и политички егзекутираат Љубчо, тој од говорницата кажува како е „среќен и задоволен„ што најголемиот десничар во РМ ја фали владата и ги подржува нејзините реформи.
„Зато чемо ми да пропаднемо„....уствари ни ова веќе не е актуелно, ние сме веќе длабоко пропаднати.
И како веќе еднаш не научат, дека умре тоа време кога лугето се -изираа со закани, мафтање со прстот, прекорување и ветувања од типот „ќе видиш ти си следен за -изирање„.
1998 сопствената ароганција ги порази 2006 сопствената ароганција ќе ги сплеска. Никој овде никогаш, нема да ја научи и разбере басната за „зајакот и желката„ тажно.! |
Inkognito |
Kolku i da beshe bescelna interpelacijava .. zabelezhav edna interesna situacija, a toa e slednava :
Najavija deka Buchkovski kje nosel nekoi jabolka i krushi na govornicata, chunki sakal da kazhe deka vo Makedonija sepak imalo ubavi neshta ... no koga se pojavi na govornicata vekje gi nemashe jabolkite i krushite (negovite ministri gi izele)pa samo kazha deka IMAL jabolki i krushi i trebalo da se gordeeme so niv.
Moj zakluchok od gorenavedenovo:
Makedonija IMA! no ministrive negovi gi IZELE! kako i site ministri (nezavisno od toa chii partiski boi gi nosele)pred niv!
Toa e nashata nesrekja! GNASI ni ja vodat drzhavata
|
intel |
quote: Originally posted by Jakov
„Зато чемо ми да пропаднемо„....уствари ни ова веќе не е актуелно, ние сме веќе длабоко пропаднати.
Аман бе Јаков, да не се зачлени во партијата на Бетон.
Него да ги прашам опозиционериве, како сте Понеделнички?
Се опраивте ли од завршниот говор на ДР.Владо Бучковски. |
Jakov |
Da napravi Beton partija so clenovi kako mene, Makedonija dosega ke imase JDP 300% pogolem od denesnivo, ama ajde....
Da da deneska so pesna se razbudiv, zo porivi da bidam evropeiziran. Stanuvam sto da vidam niz pendzere...jabolkata tokavi, kruskite vokavi... po zemja se rascutelo, prickite peat "Vlado.....vlado....." milina.....
Abe Intel, intel....srcinja s(t)e nema sto..... |
intel |
quote: Originally posted by Jakov
Abe Intel, intel....srcinja s(t)e nema sto.....
Kажи, нели с(м)е.
Абе има Бучко да ги европеизира сакале они или не, мислам на Бонева и компанија.
|
Jakov |
More i da gi natoizira ne samo da gi evropeizira.... |
intel |
quote: Originally posted by Jakov
More i da gi natoizira ne samo da gi evropeizira....
Се че биде, ама изгледа дека како прв чекор ќе мора да ги натурализира во вистински Македонци кои ќе работат дури и од позиција на опозиција за добро на својот народ. |
Jakov |
quote: Originally posted by intel
quote: Originally posted by Jakov
More i da gi natoizira ne samo da gi evropeizira....
Се че биде, ама изгледа дека како прв чекор ќе мора да ги натурализира во вистински Македонци кои ќе работат дури и од позиција на опозиција за добро на својот народ.
come again....
ne te ukapirav kogo da naturalizira i vo sto? |
Pana |
...abe Jakov kakov ebacki cviker si stavil brat..... |
трендафил |
Прво треба Бучковски да се европеизира. Во секоја нормална земја, не само од Европа, тој ќе зборуваше најповеќе за својата влада, потоа за владите на двојцата негови претходници од истата коалиција. Не ќе ги оценуваше опозиционерите, затоа што ова не беше интерпелација на опозицијата, туку на владата. Но Бучковски всушност се обраќаше само до луѓето со посебен ментален склоп. Кои уште веруваат дека во тек е вработувањето на по еден невработен од секое семејство или дека во 2006 година ќе добиеме покана во НАТО. Или доколку не веруваат во тоа многу сакаат некој да ги лаже. Или можеби не им е важно што се работи или што се прави. Важно е тоа да го прави НИВНИОТ лидер.
А јас уште еднаш ќе кажам. Доколку ова е навистина најдоброто што го имаат ДУИ, ЛДП и СДСМ, Господ да не чува од самите себе што ги трпиме.
|
Jakov |
quote: Originally posted by Pana
...abe Jakov kakov ebacki cviker si stavil brat.....
Ovie brat sami e*at |