dejan |
Можеби преименувањето ќе наиде на отпор, а веројатно тоа ќе биде и трауматично за Македонците, но мора да се има предвид бројот на учениците и наставниот кадар според националната структура, изјави директорот на гимназијата "Кирил Пејчиновиќ"
Раководството на тетовската гимназија "Кирил Пејчиновиќ" ќе го реактуелизира барањето за промена на нејзиното име, кое ќе биде поднесено овојпат до локалните власти на Тетово. "Ние и пред 2 години се обративме со такво барање до Министерството за образование, врз основа на иницијативата на училишниот одбор, наставниците и родителите. Но, не добивме одговор", изјави директорот Зулџеват Абдија.
Во оваа гимназија, која повеќе децении го носи името на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ, учат 2.350 Албанци и 300 Македонци.
"Можеби преименувањето ќе наиде на отпор, а веројатно тоа ќе биде и трауматично за Македонците. Но, тоа е логично да се направи, ако се има предвид бројот на учениците и наставниот кадар според националната структура", нагласува директорот Абдија. Тој засега не прецизира кое би било новото име на оваа обрзовна институција. Во компјутерите во кои се води педагошката и административна евиденција веќе е избришано името Кирил Пејчиновиќ, и покрај зборот гимназија стои само Тетово.
Градоначалникот на Тетово, Хазби Лика посочува: "До мене и до советот на општината се уште не е пристигнато ниедно барање за промена на имиња на образовни и други институции. Ние сигурно ќе го почитуваме бадинтеровиот принцип за тие прашања и ќе одлучуваме заедно со советниците Македонци, без предрасуди и без загрозување на ничија култура".
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=104318&idg=6&idb=1570&rubrika=Makedonija
Prvo Dame Gruev da se smeni, sega ova! Nema granici tuka. |
ProMKD |
Spored direktorot, "logichno" bilo da se smeni imeto poradi etnickata pripadnost na mnozinstvo od ucenicite. Logichno? LOGICHNO e da se nosi MAKEDONSKO IME NA MAKEDONSKO UCILISTE. Ke mu dadat nekoe siptarsko ime, i sto posle? Sto ke znaci toa ime? Toj siptar ne dal nikakva pomos vo ostvaruvanjeto na Makedonskoto Uciliste koe ke bide pod negovo ime. Na primer, da bese "Goce Delcev" ke znaci nesto, revolucija, Makedonska drzava... |