Manaki
Manaki
sisi ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

Родригез и Стораро го почнуваат "Манаки"

"Син Сити" или "Гревоград" на Родригез ја започнува официјалната селекција на годинешниот фестивал. Во чест на лауреатот ќе биде прикажан "Последниот кинески цар" на Стораро, а
во "Балканика", "Среќна нова 49"


Најновиот филм на Роберт Родирегес "Син Сити" вечерва го отвора 26. Интернационален фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" во Битола. "Син Сити" е продолжение на соработката на Родригез со Квентин Тарантино и нивните филомови "Десперадос", "Четири соби", "Од самрак до зора". Овде се јавува и Френк Милер кој игра во оваа стрип - играна продукција каде што како главни глумци се јавуваат Брус ВилисМики Рурк, Бенисио Дел Торо, Џесика Алба, Клајв Овен. Филмот е во официјалната конкуренција за награди на фестивалот, а како директор на фотографија се јавува самиот Родригез.
Филмот е преведен како "Гревоград" и е поделен во неклку приказни со неколку јунаци кои се прототипови на градот на гревовит. Лошиот Мери кој се одмаздува на цел град за убиството на неговата љубена, убава како божица, добриот детектив кој не се откажува од својата идеја и единствениот добар полицаец кој до крајот ја негува надежда за доброто во овој град.
Вечерва на отворањето е најавена и церемонијата на врачувањето на "Златна камера 300" за животно дело на Виторио Стораро, во чија чест како втор филм на вечерта ќе биде прикажан "Последниот кинески цар".
Во киното "Театар" ќе започне прикажувањето на краткометражната програма, како и специјалната селикција за оваа година "Балканика". Прв филм во оваа програма во чест на 100 од првите снимки на Балканот и 100 години македонска кинематографија е "Среќна нова 49" од Столе Попов, каде што директор на фотографија е Мишо Самоиловски.



sisi Znam deka vesta ke bide pomestena i na podforumot "Kultura",no smetam deka e znacaen nastan od mnogu aspekti zatoa go smestuvam tuka. Inaku,godinava na Festivalot mu se pridava posebno vnimanie i znacenie,zacineto so mnogu poznati gosti,slavni zvezdi od stranstvo a i nasi kulturni i filmski dejci. Seto toa zavitkano vo glamur,crveni tepisi,cvetni aranzmani,skapi toaleti,preskapi vleznici,elegantni avtomobili,kokteli i normalno bodi gard dijademi. Stana konecno rabota na prestiz da se prisustvuva na vakov nastan od svetski rang,pa se barase karta poveke. "Manaki" toa i go zasluzuva. E sega uste da bide se vo red so organizacijata i do krajot na festivalot da se zadrzi nivoto i dostoinstvoto,pa ke se falime po svetot deka i nie "konj za trka" imame.[:)]
wolf_pack Mnogu ubavo:) A ne razbrav, dali ke dojdat tie glumci od GrevoGrad na poseta vo Bitola?
sisi Da se nadevame.[:0] Taka e najaveno od organizatorite..[8D]
sisi Дождот ја растури забавата Дождот ја растури забавата, ама битолчанки си дојдоа наконтени Се прекрши нешто во традицијата на “Браќа Манаки” се помести терминот десеттина дена порано, па можеби силниот дожд што не се памети на отворањето на манифестацијата е знак дека фестивалот треба да се врати на крајот на септември! Шега или нe? Се прекрши нешто во традицијата на “Браќа Манаки” се помести терминот десеттина дена порано, па можеби силниот дожд што не се памети на отворањето на манифестацијата е знак дека фестивалот треба да се врати на крајот на септември! Шега или не, но дождот ја ;растури, забавата која ја чуваа во тајна за да биде изненадување на отворањето. А тоа било шоу, што се одложИ за еден од следниве денови, со групата каскадери кои ;запалени во оган ќе се движат и ќе изведуваат дел од нивните активности при снимањето на опасни сцени во акционите филмови. Поради дождот угледните гости меѓу кои е И еден од најголемите сниматели во светот Виторио Стораро од хотелот ;Епинал; до Домот на културата беа возени со коли. Граѓаните на Битола И покрај лошото време пристигнуваа како И секогаш, уредно, на време, дотерани И располежени од настанот кој е белег на нивниот град. Во преполната сала во која годинава се слават И 100 те години од македонскиот филм, на отворањето на “Манаки” дојдоа И доајените на македонските филм И многу млади филмаџии кои допрва ќе ја раскажуваат македонската филмска приказна. На бината Златна камера 300 за оскаровецот Виторио Стораро, кој на шега вели дека е канет неколку пати, но дека ја чекал 100 годишнината од филмот во Македонија за да ја прифати поканата. Официјално фестивалот го отвори министерот за култура Благој Стефановски кој одржа здодевен говор , ко ј го нема отпечетено за користење од медиумите И неможеме ништо точно да пренесеме, но општ впечаток е дека тоа наликуваше на политичка кампања во која беа ;искористени; И Браќта Манаки И 100 те години македонски филм, И Милчо Манчевски И Стораро, за на крајот да се каже дека е ова најголемиот настан во Битола И во Македонија, што не обврзува кон достигнување нови височини кои тешко ќе ги дофатиме. Prezemeno od "Vest"
Jakov Ja denes bev voBitola bas e super i bas e filmska celata atmosfera. A i bitolcanki se trudat da izgledaat holivudski. Super se.