dejan |
"Македонија фолк 2005" е најновиот бугарски фолк-фестивал чија "премиера" ќе биде на 24, 25 и 26 септемрви во Благоевград. Фестивал како фестивал, музика, песни млади момчиња и моми, секој сака да ги види и слушне, но повеќе од скандалозно е што Бугарите си прават приватна журка на која заштитен знак ќе им биде името на нашата држава. Зошто? Зошто не "Бугарија фолк 2005"? Да не им е срам од името на сопствената им земја, па што сега позајмуваат туѓи имиња? Мотивот!? За жал, и покрај упорното ѕвонење не успеавме да се слушнеме со директорот Ангел Ангелов. Наши извори велат дека на овој фестивал освен сите бугарски песни, шанса им се дало на "македонски" да се изразат Сузана Гавазова (на фотосот), Јадранка Тушевска, Лидија Милошевиќ- Саманта и Благој Стојановски- Џиџи. Не би се рекло дека нашите пејачи точно се запознати со името на фестивалиот, зашто во тој случај нема да се соочат со понижувањето што ќе им биде направено. Ова, се разбира, ако се земе предвид што само пред 15-тина дена на "Пирин фест" Зуица Лазова наградата за интерпретација си ја подигна претставена под непостоечката национална припадност "Бугарска Македонка". Што е многу многу е, па макар и од првите ни соседи!
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=16964
Sto e ova?? Znam deka Makedonski pesni vo Bugarija se popularni (posebno po starite)....ama sega ova?? Isto znam deka Bugarija prodava Makedonski pesni ama pisuvat 'Bugarski pesni' Uste kolku vreme ke dozvolime uste edna druga zemja da ni ja krade muzickata istorija koja ni e mnogu bogata??
Isto, koga pobedi premierot na Bugarija, slavese so Makedonski pesni (na vreme procitav)
Kade se Grcite sega?? Neli ova treba da bide 'FYRO.M Folk 2005' ???[xx(] |