toni_a |
До крајот на годинава
Струјата поскапува за околу 18%
Кон крајот на годинава или евентуално на почетокот на идната година струјата ќе поскапи во просек за околу 18%. Експертите објаснуваат дека поскапувањето на струјата мора да се случи без разлика дали ЕСМ ќе се приватизира или не. Поголемите преработувачки капацитети веќе го калкулираат поскапувањето на струјата при пресметка на нивните трошоци за работење за идната година и најавуваат намалување на обемот на производство
Цената на струјата до крајот на годинава ќе поскапи во просек за 18%, дознава “Капитал” од владини извори. Поскапувањето најверојатно ќе го побара ЕЛЕМ, компанијата за производство на електрична енергија, кое се формираше по поделбата на Електростопанство на Македонија, кое и по приватизацијата ќе остане во сопственост на државата. Ако ЕЛЕМ побара поскапување на струјата заради зголемените трошоци на производство и неопходните поголеми инвестиции, тогаш неговата одлука мора да ја следат и другите играчи на пазарот со струја, односно дистрибуцијата и преносот.
Поскапувањето на струјата веќе е договрена работа од пред извесно време, но сe уште се работат пресметките за тоа колку точно ќе поскапи струјата.
За поскапувањето на цената на струјата треба да одлучи Регулаторната комисија. Од таму велат дека за да донесат одлука за поскапување на струјата треба претходно некоја од компаниите кои се формираа со поделбата на ЕСМ да поднесат барање и да образложат зошто бараат покачување на струјата. Од почетокот на идната година треба да почне да се применува и новата методологија на пресметка на цената на електричната енергија. Во новата формула, по која ќе се пресметува струјата, ќе влезат и вложените пари на идните газди на ЕСМ, што исто така ќе ја поскапи цената на чинење на произведената електрична енергија. Во Регулаторната комисија велат дека не значи со сигурност дека новиот тарифник ќе ја поскапи цената на струјата. Според новиот тарифник кој се подготвува највисоки сметки во струја граѓаните ќе плаќаат во зимскиот период. Со новиот тарифен систем корист ќе имаат оние потрошувачи, кои рационално трошат електрична енергија.
Новата ценовна политика доаѓа како резултат на преземените обврски од лани потпишаниот атински меморандум, кој предвидува примена на ист тарифен модел во сите земји од регионот.
Експертите од облста на енергетиката со кои разговаравме велат дека струјата мора да поскапи, безр разлика дали ЕСМ ќе се приватизира или не.
“Порастот нема да дојде како последица на приватизацијата, туку поради влијанието на цената на струјата на регионалниот пазар, потребата за нови енергетски извори и зависноста на ЕСМ од нови вложувања за обновување на постојната мрежа”, велат извори на “Капитал”.
Според аналитичарите, Владата и ЕСМ наскоро ќе мора да ја поскапат струјата затоа што компанијата земала и мора да враќа неколку кредити што се вложени во изградба на нови енергетски станици, мрежи, трафостаници, далноводот кон Бугарија и хидроцентралата „Козјак”. Наскоро треба да се вложат пари и во новите јагленокопи од каде се копа лигнит, кој е погонско гориво во РЕК „Битола”, најголемиот производител на струја во земјава. Токму поради ова се неизбежни нови инвестиции од околу 130 милиони евра, кои ќе се обезбедат од кредити, а за сметка на тоа ќе мора да поскапи струјата или државата да се откаже од дел од ДДВ што го наплаќа на цената на струјата.
Цената на струјата исто така е важен фактор за продажбата на ЕСМ. Заради тоа се планира поскапувањето на струјата да се нарави пред приватизацијата со цел државата да добие поголема продажна цена за енергектските капацитети. Трајче Черепналковски, директор на МЕПСО неодамна изјави дека очекува порастот на цената на струјата да се движи од 20% до 30%, но дека поскапувањето на струјата не треба да се поврзува со приватизацијата на ЕСМ.
Уште еден шок за економијата
Поскапувањето на цената на нафтата веќе ги зголеми трошоците на работење на фирмите, а дополнително оптоварување ќе биде поскапувањето на струјата. Некои поголеми компании веќе го калкулираат поскапувањето на струјата во пресметките за трошоците за разботење за идната година.
“Капитал” разговараше со неколку компании од металопреработувачката индустрија, која има големо влијание врз индустриското производтсво. Тие објаснуваат дека поскапувањето на нафтата, веќе предизвикало зголемување на цените на гасот и мазутот, што ги зголемило нивните трошоци на работење. Доколку струјата навистина поскапи, велат тие, ќе мораме да го намалиме обемот на производство за да не работиме со загуби, што сигурно ќе се одрази врз индустриското призводство. Зголемените трошоци на производство ќе се одразат на неколку начини. Фирмите ќе мора или да ги намалат маржите со кои работат, што ќе се одрази на профитот, а тоа, пак, ќе го намали капацитетот на фирмите да инвестираат. Голем дел од компаниите од преработувачката индустрија, која има најголемо учество во индустриското производтсво велат дека размислуваат за намалување на обемот на производство за идната година, за да го усогласат своето работење со зголемените трошоци. Тоа од своја страна ќе предизвика забавување на економската активност и пад на индустриското производство.
Доколку поскапувањето на струјата се случ и кон крајот на гдината, проценките се дека тоа нема да создаде инфлаторни притисоци врз цените, барем не годинава. Инфлаторни притисоци од поскапувањето на струјата може да се очекуваат во првото полугодие, велат аналитичарите.
И Светската банка смета дека струјата мора да поскапи
Светската банка уште минатата година и порача на Владата дека идната година ќе мора да има позначајно зголемување на цената за да може да се покриваат инвестициите во електросекторот. Сегашната цена може само на краток рок да ги покрие трошоците на работење во ЕСМ, но на среден и подолг рок мора да се обезбедат пари за покривање на инвестициите во електро системот, велат меѓународните експерти. Пораките до Светската банка стигнаа по договорот за нов заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од 45 милиони евра, кои ќе станат акции на банката по приватизацијата на ЕСМ. Светската банка исто така предупреди дека пред Македонија се многу неопходни инвестиции во енергтескиот сектор, како новите јагленокопи, далноводот кон Бугарија, хидроцентралата Матка 2, изградба на гасна централа. И во Здружението на енергетичари сметаат дека Електростопанство со сегашната цена на струјата тешко може да обезбеди развој. Во услови кога Македонија е во групата на земји со најниска цена на струјата, сите анализи укажуваат дека инвестициите ќе мора да се покриваат со нова цена на струјата.
Извештајот на Светската банка, кој препорачува поскапување на струјата, како и новата ценовна политика за струјата се совпаѓаат со барањата од атинскиот меморандум.
|
toni_a |
Енергетска врска Балкан-ЕУ
Земјите од Југоисточна Европа и и Европската Унија денеска во Атина потпишаа договор за единствен енергетски пазар.
Со овој Договор, кој се очекува да стапи на сила во почетокот на идната година, ќе се либерализира пазарот на електрична енергија и природен гас во Европа, што е значајно за Македонија како голем увозник на енергија.
Потписниците на Договорот за единствен енергетски пазар го сметаат за историски.
Координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек кажа дека во наредните 15 години во енергетскиот сектор во Југоисточна Европа треба да бидат вложени 12,5 милиони евра за обнова на капацитетите, како и 8,3 милиони за пренос и дистрибуција.
Директорот на МЕПСО, претпријатието за пренос и дистрибуција на електрична енергија, Трајче Черепналковски, кој е во македонската делегација во Атина, вели дека овој Договор е значаен за Македонија.
„Македонија како земја која е зависна од увоз на енергија, а овој Договор се однесува на електрична енергија и гас, со него се вклучува во една регионална заедница и се обесбедува транспарентен начин на трговија и пристап до сите извори на енергија во регионот. Со тоа се овозможува поголема сигурност за идното снабдување со елекстрична енергија", вели Черепналковски.
Регионалната соработка се очекува и да ги намали трошоците за енергија и и да создаде стабилни системи.
Економскиот ефект од Договорот треба да биде и создавање на поголем, предвидлив пазар, кој ќе биде привлечен за инвеститорите.
http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2005/10/051025_macedonia_energy.shtml |