Бугарите се позаинтересирани за студирање во Мак
Бугарите се позаинтересирани за студирање во Мак
dejan Интересирањето на странските студенти за упис во прва година на некој од факултетите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” годинава е речиси двојно поголем од лани. Станува збор за бројка од 110 академци, кои се сконцентрирани, главно, на Медицинскиот, Стоматолошкиот и на Факултетот за фармација, а сега првпат пројавуваат желба и за студии на Правниот, Филозофскиот и на Филолошкиот факултет. Колку за илустрација, навалицата на бугарските студенти на медицинските науки е најизразена, зашто на Софискиот универзитет, на пример, годишно во државната квота на Стоматолошкиот факултет се запишуваат само 6-7 бруцоши. Најголемиот број од странските студенти, близу стотина, се од соседна Бугарија, шестмина се државјани на Турција и тројца на Србија и Црна Гора. Досегашна практика е дел од нив да се враќаат во своите земји веќе по прва година, со исклучок на оние што се запишуваат на Фармација. Ист е случајот и со државјаните на Република Македонија, кои поради ограничените уписни квоти, за да не ја загубат годината, се запишуваат, главно, на Софискиот универзитет, но се враќаат откако ќе се префрлат на нашите факултети. Странските студенти кои студираат на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” плаќаат годишна школарина од 2.500 до 3.000 американски долари. На Скопскиот и на Битолскиот универзитет и оваа есен можност за запишување ќе имаат и 40 Македонци по потекло, кои живеат во Албанија, Бугарија и во Србија и Црна Гора. Оваа привилегија важи и за оние што живеат во соседна Грција, но поради политички причини, тие не ја користат оваа можност. Практиката за прием на Македонци од соседството трае веќе десетина години и за нив е карактеристично тоа што при конкурирањето наведуваат и алтернативна високообразовна институција каде би сакале да студираат, со што се одбегнува концентрирањето на медицинските науки. За разлика од странските студенти, Македонците по потекло кои живеат во соседните држави овде добиваат стипендија од Владата, не ја плаќаат школарината и резервирано им е местото во некој од домовите на Студентскиот центар “Скопје”. http://217.16.70.245/?pBroj=1885&stID=43731&pR=3 Interesno, sto mislite??