Културен информатор-настани
Културен информатор-настани
angel Веста е од 22.09.2005 година МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА Почнуваат европските денови на културното наследство Со изложба на македонски свадбени килими, вечерва во 20 часот, во Музејот на Македонија во скопската Стара чаршија ќе биде отворена манифестацијата Европски денови на културното наследство. Изложбата ќе ја отвори министерот за култура Благој Стефановски. Во рамките на манифестацијата, која ќе трае до 30 септември, во Музејот на Македонија ќе се одржи ревија на документарни филмови, семинар, изложба на фотографии и посета на археолошки локалитет. Во тој период ќе бидат бесплатни влезовите во музеите и на археолошките локалитети што се вклучени во одбележувањето на манифестацијата. Нашата земја по десетти пат се приклучува во одбележувањето на Европските денови на културното наследство, манифестација што Советот на Европа, со поддршка од Европската Унија, ја установи во 1991 година. Годинашната тема на манифестацијата е "Нематеријалното - духовното наследство", а во неа ќе се вклучат околу 15 музејски институции. На изложбата "Македонски свадбени килими" ќе бидат претставени експонати од Музејот на Македонија, а ја подготви Јасемин Назим, кустос-советник во Етнолошкиот оддел на Музејот. Ќе се одржи ревија на документарни филмови на тема "Нематеријалното културно наследство", краток семинар на тема "Финансирање на културните институции и градење на партнерства", со кој ќе раководи Алис Закс Зимет, ќе бидат изложени фотографии наградени на Десеттиот меѓународен конкурс за фотографии на тема од културното наследство, а ќе биде организирана и посета на археоастрономската мегалитска опсерваторија кај кумановското село Кокино.
ozonce Вечерва, (вторник, 11 април) со почеток во 21.00 ќе биде прикажан филмот Divine trash, документарен филм за творештвото на Џон Вотерс. Културен центар Точка
angel Веста е од 03.11.2005 год. Денес во Галеријата на Заводот и Музејот - Прилеп Тематска изложба “Прилеп 1944-1990“ Изложбата на фотографи насловена “Прилеп 1944-1990“ вчера точно на пладне беше отворена во Галеријата на Заводот и Музеј Прилеп. Поставката опфаќа стотина фотографии, од кои поголемиот дел се сопственост на оваа реномирана прилепска институција, а останатите се од други автори. Автор на изложбата е вишиот кустос- историчар Блаже Талески,а ја отвори д-р Дукадин Камшикоски. Со ова изложба Заводот и Музејот го започнуваат одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на оваа институцијата.,,Со изложбата сакаме да направиме потсет за се она што било карактеристично за градот.На фотографиите се сликани згради, институции, училишта и други објекти кои се сведоштво на развојот и растот на градот“-вели Рубинчо Белчески,директор на Заводот и Музеј. Инаку ,неофицијално дозанаваме дека по повод денот на градот, 3-ти ноември, на Заводот и Музејот - Прилепе му е доделена Третоноемвриска плакета за особениот придонес во заштитата и презентацијата на културното наследство во изминатите 50 години.
angel Веста е од 03.11.2005 година Филмските аматери од светот, во Битола Интернационалниот фестивал на аматерскиот докуметнарен филм "Камера триста", кој го организираат Кино-сојузот на Македонија, Кино-видео клубот "Студио Милтон Манаки" и Народна техника од Битола, годинава целосно ќе биде финансиски покриен од страна на Министерството за култура. На годинашново 13 издание во официјалната конкуренција пристигнаа над 30 документарни филмови од 10 земји од светот. Од нив 15 ќе бидитат во конкуренција за наградите. По повод 100 години од првите снимки во земјава, ќе биде промовиран трудот на Илинденка Петрушева, под наслов "Сонце на дирек" посветен на почетоците на филмските проекции во Македонија.
sisi Промоција на романот "Лицето на Бога" од Тихомир Стојановски Со промоцијата на романот "Лицето на Бога" од Тихомир Стојановски, на сцената на Факултетот за драмски уметности, Културниот центар "Скрб и утеха" ќе одбележи 130 години од раѓањето на Војдан Чернодрински. Книгата ќе ја промовира писателот Петре Башески. Делови од романот ќе читаат актерите Александар Џуровски и Страшко Милошевски. Ќе бидат изведени делови од повеќе претстави на театарот "Скрб и утеха".
angel Во Музејот на Македонија “Хроника на едно лето” Вечерва (19 ч.) во Кино салата на Музејот на Македонија, на Фестивал на документарен филм насловен “Оддавање почит на Жан Руш“ ќе биде прикажан филмот “Хроника на едно лето“ (1960). Филмот ја има добиено наградата на критиката на Фестивалот во Кан во 1961 година и е награден во Венеција и Мајнхам. Во текот на летото 1960 година, социологот Едгар Морен и Жан Руш го истражуваат секојдневниот живот на младите парижани за да се обидат да ја сфатат нивната концепција на среќата. Овој филм-есеј неколку месеци ги следи истражувањето и промените кај главните протагонисти. Многу брзо, на почетното прашање “Како живееш? Дали си среќен?” се надоврзуваат суштинските прашања, политиката, очајот, досадата, осаменоста... Групата испитувана во текот на истрагата конечно се среќава за време на првата проекција на филмот, разговара за тоа, го прифаќа или отфрла; двајцата автори се соочуваат со ова сурово, но страсно искуство на “филм-вистина”.
ozonce Циклусот филмови на Џон Вотерс во Културниот центар Точка продолжува... Вечерва, (вторник, 04 април) со почеток во 21.00 ќе биде прикажан филмот Cry Baby. Филмот е од 1990 година и трае 85 минути. Добредојдени сте... Културен центар Точка
angel Веста е од 25.10.2005 година ВО МУЗЕЈ НА СКОПЈЕ Ретроспектива на Павле Кузмановски Ретроспективната изложба на академскиот сликар Павле Кузмановски ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музеј на Скопје. Претставени ќе бидат деведесетина дела работени во масло и комбинирана техника. Изложените слики Кузмановски ги работел од 1967 година до денес. Презентирани се дела од целините "Сведоци", "Мртви природи", "Девојки", како и "Актови" и "Портрети" кои македонската јавност досега имаше можност да ги види на засебни изложби. За оваа ретроспектива на Павле Кузмановски е издаден и пообен каталог-монографија. Нејзин издавач е Музејот на Скопје, текстовите се на Дора Андова Фотева, а фотографиите ги направиле Драган Стаменковиќ и Станимир Неделковски.
angel Веста е од 29.10.2005 година 50 години Завод и Музеј Прилеп - Наследство, традиција, респект Прилеп е град ризница на движно и недвижно културно наследство, кое се создавало со векови како доказ на човековиот кретивен дух. Тоа богато наследство години наназад го истражува, аргументира, валиризира и презентира Заводот и Музеј од Прилеп. Почетоците на музејската дејсност датираат уште во далечната 1948 година кога е формирана првата музејска поставка на збирка документи, фотографии и уметнички слики од прилепски автори со тематика од НОБ. Оттогаш се родила идејата за формирање на институција која ќе го сочува богатото културно наследство на прилепскиот крај. Одлуката за формирање на институцијата Музеј е донесена во јуни 1955 година. Историчарот на уметност сега покојниот Бошко Бабиќ, добил задача од претседателот на градот Џоџа Николоски да го формира Музејот. И така таа година со неколкумина ентузијасти започнал со работа Прилепскиот Музеј. Негов прв директор е Бошко Бабиќ. Годинава кога се одбележува јубилејот 50-години од формирањето се забележува дека развојот на институцијата е долгогодишен. Од Музеј во 1981 година прераснува во Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј. Институција која во годините наназад има висок рејтинг и која е носител на голем број научно истражувачки проекти. Повеќегодишната историја на Прилеп овозможила во установата да се развиват научни дисциплини при што се создале неколку музејски збирки со голем број експонати. Како што минувале вековите, се сменувале народите и оставале свидетелства за својот живот, култура и уметност. Така и во долгогодишното дејствување Музејот создал археолошка збирка, нумизматичка, историска, етнолошка и збирка на дела од современата ликовна уметност, кои сведочат за минатото, сегашноста, но ќе бидат посет и за идните генерации. -Среќен сум што сум дел од овој колектив и што како прв човек на институцијата годинава сите вработени заедно ќе го прославиме јубилејот. Оние кои го создале Музејот не се меѓу нас, но ова се моменти кога можеме да се сеќаваме на нив зашто ни оставиле во наследство респектабилна институција која години наназад ја истражувала историјата на Прилеп, движното и недвижното културно наследство и уште повеќе што сето тоа се презентирало во јавноста преку многубројните издадени публикации и изложби. Можеме со гордост да кажеме дека располагаме со значајни споменици на културата, со извонредни збирки, со Музејот на тутун од светско реноме, со Галерија на икони, два меморијални музеи од НОБ и последно со куќата на основоположникот на македонскиот литеаратурен јазик Блаже Конески, вели директорот на Музејот, Рубинчо Белчески, при тоа доадавајќи дека прилепскиот крај крие уште тајни во себе, многу наследство кое треба да се доситражува, бидејќи тука на овој простор се случувале многу настани и дејствувале истакнати интелектуалци. А, јубилејот како што е достојно се одбележува со бројни манифестации. Деновиве ќе биде отворена изложбата на фотографии “Прилеп 1944-1990 година“, потоа ќе биде промовирана монографијата “50 години Музеј“ која не е само ретроспектива на досегашната работа, туку говори за минатато, за сегашноста и за иднината, а во тек е и подготвоката на постојаната археолошка поставка. -Сега кога зад институцијата се 50 години, плановите за следниот период се големи. Наша и моја задача како прв човек е да ги реконструираме Марковите кули, тоа наше природно богатство, да направиме постојана етнолошка поставка, да издадеме публикации за сите позначајни културно -историски споменици со кои ќе се презентираме во земјава и во странство и секако да го излагаме културното наследство, особено она што не е доволно познато во јавноста -вели директорот Белчески.
sisi Се отвара мултимедијалниот центар "Мала станица" [img]http://www.vest.com.mk/images/{630AED28-5E50-4EFB-B188-5A833AF2C9D0}_mala-2.jpg[/img] Задутре со ретроспективата на Милош Коџоман се отвара мултимедијалниот центар "Мала станица". Објектот има површина од 2000 м2, а за неговото уредување Министерството за култура од 2002 година до денес даде десет милиони денари. "Мала станица", како дел од уметничката галерија, е опремена како модерен мултимедијален простор во кој ќе има изложби, проекции, перформанси и разни други случувања. Освен ретроспективата на Коџоман ќе биде отворена и изложбата "Македонска фотографија - почетоци", ќе бидат претставени и "Македонска арт видео антологија" и филмот "Боите на времето" на Стефан Шашков, а ќе биде одигран и перформанс на Искра Шукарова и Младен Марковиќ.
sisi ОД УТРЕ ВО СКОПЈЕ Танц провокација мејд ин Балкан На сцените на Макдонската опера и балет, во Чифте амам и во Музејот на современа уметност ќе бидат прикажани 17 танцови проекти на автори од Балканот за кои организаторот тврди дека за нашата публика ќе бидат многу провокативни па дури и шокатни. Од денес до недела "Локомотива" центарот за нови иницијативи во уметноста и културата за првпат во Македонија ќе го организира фестивалот на современ танц "Балканска танц платформа". Фестивалот е биенален, се отрганизира третпат, а претходно се одржа во Софија во 2001 и во Букурешт 2003-та година. На сцените на Макдонската опера и балет, во Чифте амам и во Музејот на современа уметност ќе бидат прикажани 17 танцови проекти на кореграфи и автори од Балканот. Отворањето е денес во 17 часот на Малата сцена на МОБ со претставата "Мапа на мисли" на кореографката Мариа Борончеа. По неа, па се до полноќ на истото место ќе се одвиваат претставите "Еден правец внатре" на Кире Миладиновски од "Танц студио Зодијак, "Дел од монолог" на Милош Софреновиќ (СЦГ), "Хуанита Хилдегард Бо" на Галина Борисова од Бугарија и на крај ""Кардиоадаптер" на Силвија Мечиг од Хрватска. И следните два дена во периодите од 17 часот па се до полноќ, ќе се претстават автори со уште 10-ттин а проекти. Како што вели организаторот, со оглед на тоа дека во Македонија современата танцова уметност е на самите почетоци, претставите ќе бидат многу провокативни па дури и шокантни за публиката. "Балкан танц платформа" завршува во недела со трибина. [img]http://www.vest.com.mk/images/{E51AE64E-59DA-4427-B17F-758C5CF372D3}_tanc-2.jpg[/img]
ozonce
quote:
Originally posted by angel
Веста е од 03.11.2005 година Филмските аматери од светот, во Битола Интернационалниот фестивал на аматерскиот докуметнарен филм "Камера триста", кој го организираат Кино-сојузот на Македонија, Кино-видео клубот "Студио Милтон Манаки" и Народна техника од Битола, годинава целосно ќе биде финансиски покриен од страна на Министерството за култура. На годинашново 13 издание во официјалната конкуренција пристигнаа над 30 документарни филмови од 10 земји од светот. Од нив 15 ќе бидитат во конкуренција за наградите. По повод 100 години од првите снимки во земјава, ќе биде промовиран трудот на Илинденка Петрушева, под наслов "Сонце на дирек" посветен на почетоците на филмските проекции во Македонија.
Zlatnata plaketa ovaa godina ja dobija Nikola Gajdov i Dejan Panov za prekrasniot film za stradanjata na beglacite na granichniot premin Medzitlija za vreme na kosovskata kriza. Filmot e snimen bez znaenje na policijata i na pretsavnicite na megunarodnite institucii. Vednash posle snimanjeto na filmot na Medzitlija doshle specijalcite i na "pendrek" gi vratile beglacite (Romi od Kosovo) vo Skopje. Ona shto e snimano ne e se prikazano, no dovolno e i ova da se vide. Navistina go zasluzija ova. Jas utre ke prisustvuvam na revijata i na dodeluvanjeto na nagradite. Vetuvam ke dobiete fotografii od Bitola :)
angel Ozonce gi cekame tvoite fotografii.
ozonce 03.03.2006 година, со почеток во 20 часот во Културниот центар Точка ќе се одржи промоцијата на поетската збирка Карпа Жива од Перица Сарџовски. Книгата е во издание на издавачката куќа Современост, а промоцијата ќе биде проследена со видео арт презентација. Книгата ќе ја претстават Васил Тоциноски и Ратко Младеноски, а за видео арт проектот ќе зборува Мери Каталиниќ. Карпа Жива преставува спонтан плод на едно мистично патешествие низ призорите на човековата потсвест. Составувана како болно лупење на старо кожувиште од ризниците на македонската потсвесна историја, во директен конфликт со суровата и лицемерна идеолошка хендикеприраност на македонската политичка реалност, Карпа Жива #147;бележи сведоштво за еден голем пад#148;, пад кој води до дното на човековата (а)морална бездна и ја допира примарната струја на човековите нагони, онаа зовриена страст која тлее длабоко некаде во македонскиот ген и од која се чека #148;да зароди вулкан#148;...
јузер
quote:
... Книгата е во издание на издавачката куќа Современост, а промоцијата ќе биде проследена со видео арт презентација. Книгата ќе ја претстават Васил Тоциноски и Ратко Младеноски, а за видео арт проектот ќе зборува Мери Каталиниќ. ...
Извини, морав ова да го задебелам.[:D] Ратко Младич зел македонски пасош и станал книжевник.[:D] А инаку он има служено војска порано во Охрид, Штип и т.н. пишуваше во весник пред некое време.
angel Веста е од 05.11.2005 година Отворен Третиот Ромски фестивал “Златно тркало 2005“ Во знакот на декадата на Ромите Во хотелот “Континентал“ во текот на викендот се одржува Третио Ромски филмски фестивал насловен “Златно тркало 2005“. Фестивалот, кој е во организација на БТР телевизијата, ќе трае до 6 ноември и в текот на овие три дена ќе бидат прикажани 24 кратки и долгометражни филмови од 13 земји. Главно станува збор за документарни филмови во коишто се обработува тематиката на животот и проблемите на Ромите на различните страни во светот, и кој оваа година ќе протече во знакот на декадата на Ромите, што започнува 2005, а ќе трае до 2015. Овие дела се наменети за филмска и телевизиска продукција, а во “Континентал“ ќе бидат прикажани на видеобим со обезбеден превод. Заедно со филмовите се очекуваат и нивните автори кои доаѓаат од соседните земји, Србија и Црна Гора, Хрватска, Албанија, Бугарија, Романија, Унгарија, но и од Италија, Чешка, Шпанија, Канада и, се разбира и од Македонија. Селекцијата на филмовите кои конкурираат за наградата “Златно тркало“ ја направи седумчленото жири, кое ќе одлучува и за наградите. Жирито го предводи Данчо Чевревски, декан на Факултетот за драмски уметности кој му дава голема помош и поддршка за фестивалот, а членови се: професорите Апостол Трпески и Владимир Блажевски, германскиот продуцент Армен Мајнер, режисерката Марија Џиџева, претставникот од Советот за радиодифузија, Роберто Беличанец и новинарот Сафе Камбер. Филмовите тематски главно се ориентирани на животот на Ромите, на сето она што претставува нивна специфика, но и разлика зависно од местото на живеење. Така, на пример, на фестивалот ќе можеме да го видиме 15-минутниот документарен фим “Ромска крв“ на Пол Полански од Косово, кој се осврнува на животот на Ромите што по конфликтот на Косово живеат во кампот во Косовска Митровица, односно во подрачје кое е контаминирано. Во последниве пет години забележани се 29 смртни случаи и тоа најчесто на деца. Нивните барања да се дислоцираат не вродуваат со плод и тие и понатаму живеат таму. Од Ниш доаѓа Жељко Мирковиќ со својот филм за еден слеп музичар насловен “Мухарем - музиката и очи на животот“. Исто така ќе биде прикажан 15-минутен документарец “ Првпат на море“ на Леда Фестини од хрватската телевизија. Филмот го следи патувањето на Самир и Вишња кои за Ѓурѓовден за првпат ќе отидат на море. Од Романија доаѓа едночасовната приказна за Михаил насловена “Земјата ве чека“. Приказната се осврнува на едно семејство со 10 деца кое живее во североисточниот дел на Романија и од кое дури пет деца ќе отидат на Универзитетот. Но, Михаил ќе реши да се врати. Од Унгарија ќе дојде Кристо Ковач со неговиот документарец за Ромите кои својата егзистенција ја обезбедуваат продавајќи стари апарати. Македонија ќе се претстави со филмот “Ромска работа“, којшто е направен во копродукција со Бугарија и Романија, а кој се зборува за нивниот бизнис во сите три земји. Автор од Македонија е Зоран Димов (инаку, директор на фестивалот), а од Бугарија и Романија коавтори се Петар Стефанов и Кристинела Илиеску. Тоа е само еден дел од филмовите кои ќе можат да се видат на фестивалот, а кои ќе се прикажуваат преку ден од 10 до 16 часот. Во сабота ќе се одржи и воркшоп посветен на ромската филмска музика, чиј гостин ќе биде Влатко Стефановски. Затворањето на фестивалот и доделувањето на наградите ќе се одржи внедела, на 6 ноември, во Универзалната сала во 19 часот. Фестивалот, како што ни кажа Муарем Рамуш, доделува седум награди, и тоа Гран-при како главна награда, а исто така и награди за најдобар филм, за најдобра режија, сценарио, камера, музика. Овој фестивал, кој од првото издание има интернационален карактер, на своето отворање во 2002 година го донесе Јуџин Чаплин, синот на Чарли Чаплин. На него се прикажува голема лепеза на филмски остварувања кои се осврнуваат на животот на Ромите и кој успева многу од нив и за првпат да ги промовира.
angel Веста е од 05.11.2005 год. [img]http://217.16.70.245/izdanija/1921/31721.jpg[/img] Трет Салон на стрип На авторот Диме Иванов - Димано ќе му биде доделено признание за афирмација на стрип-културата и уметноста во Македонија Денес во 18 часот во Стрип центарот на Македонија, ќе започе Третиот меѓународен "Салон на стрип - Велес 2005", кога ќе биде доделено и годишното признание настрип авторот Диме Иванов - Димано за афирмација настрип културата и уметноста во Република Македонија. Утре со отворањето на изложбата на хрватскиотстрип, ќе започе одбележувањето на 70 годишнината на стрипот во Хрватска за што ќе зборуваат хрватските гости. На "Салонот" ќе биде претставена и дел од издавачката дејност во Хрватска. Вечерта ќе заврши со слободни стрип разговори. На третиот ден ќе биде претставен младиот стрип автор од Бугарија, Даниел Атанасов, чијаспецијалност се Манга стриповите, кој ќе зборува и за влијанието на јапонскиот Манга стрип меѓубугарските автори. На последниот ден ќе се говори за српските стрип случувања меѓу двата "Салона", а "Третиот Салон на Стрип - Велес 2005" ќе заврши со трибина за македонските стрип автори и нивните хонорари.
sisi Верба и скепса Кон изложбата на Павле Кузмановски, 40 години творештво, Музеј на град Скопје. [img]http://www.vecer.com.mk/content_images/8329610502005116175612.jpg[/img] Искажаното мислење дека малата слика “Зимски пејсаж” од 1969 година го содржи сликарскиот карактер на Павле Кузмановски, времето го потврди. Оваа, објективно, непретенциозна слика, е во европскиот колористички модернизам, а по перцептивната психологија е симбиоза меѓу тивката трансцедентност на белото и светлината, и искуствата за смирена отвореност, тивка строгост и економичност и транспарентност на мотивот. Павле Кузмановски прави “свои” автентични слики кога успева да биде токму во таквата спонтана симбиоза, во своите циклуси на Сведоци, Мртви природи-плодови и Девојки. Во повеќедецениската серија на Сведоци (автопроекција во длабока старост!?), раните слики имаат сталожена поза, продорен поглед како нивно “дејствие”, и гест преку отворената уста: “само ве гледам и ви се чудам!” Подоцна Сведоците активноста ја артикулираат и преку рацете, а гестот на устата (напнат) веќе станал изговорен прекор. Во последните години Сведоците, и покрај нивниот атрибут за искуствена мудрост, и самите реагираат ужаснато на ужасите што ги “гледаат”, со драстична стилска промена во варијанта на експресивна раздразнетост: “стварноста, во афективни ситуации или процеси, нема разбирање за искуствата и мудроста”. Од смирена мудрост сведоците дошле до крик: самите сведоци станале дел од крикот. Целата серија има конотации и пораки на проблем или закана за егзистенцијата и опстанокот. Првите две етапи имаат врски со ренесансните и барокните искуства во содејство со византиската уметност, а третата - во формирање етапа, со дисторзирана византиска варијанта и колористичка експресија на 20 век. Триптихот “Беше еднаш во една земја” е нов (и неизвесен) храбар чекор, деликатен и актуелен за комуникација, сроден но и инверзивен со последните ренесансни, посебно шпанските “затемнувања”, или современата опскурност на амбиентот или егзистенцијата кај Величковиќ или Бејкн. Серијалот Девојки е лирски натопен а воедно и спонтан според Полоковата варијанта, а на изложбата има еден вистински бисер. Мртвите природи-плодови се сублимат на “стариот пејсаж” за сликање бело на бело. Најдобрата автентичност е во најчистите композиции, кои имаат и хиперреализам, но имаат и тивка трансцедентност како респект за природата и плодноста, за соковите и светлината, за природната убавина. Тие се светлите супстанци на животот, а во очите на Сведоците се огледуваат девијантните моторики на (не)разумот. Во читањето и доживувањето наоѓаме верба во животот како природен феномен, но скепса кон луѓето. Вербата припаѓа на женскиот принцип кој со сета непредвидливост е поприлагодлив и во дослух со супстанците (Плодови и Девојки), а сомнежот е во машкиот принцип кому му принадлежи или го “узурпирал” проектирањето и устројувањето на животот(Сведоци). И самата палета и самиот колористички израз ја има истата поларизација: лазурност и етерична флуидност во Плодовите и Девојките, (и во првите две етапи на сведоците), и пастозност со вознемирен гест за напнатата егзистенција во третата етапа на Сведоците.
ozonce Културен центар Точка Марко и Жарко ве повикуваат на отворена критичка дебата на тема: Проституцијата: „општествено зло“ или „комерцијална дејност“? По прикажувањето на четирите филма во октомври на тема „проституција“ во просториите на „Точка“, во вторник на 08.11.2005 год. во 20.30 часот, ќе се одржи критичка дебата на тема: Проституцијата: „општествено зло“ или „комерцијална дејност“? Ве покануваме да учествувате на критичката дебата на која ќе присуствуваат гости од неколку невладини организации. По дебатата, публиката ќе има можност да им поставува прашања на поканетите гости во врска со темата.
sisi Kaj najdoa debatava na temava da ja organiziraat bas vo Tocka? E svasta znaci od kolegive. Bas ti fala Ozon,nemase da znam so napraile,osven ako ne dobijam pokana utre. I fala ti na pokanata da ja slusam debatata,xaxaxaxaaa,malku mi e dosadna.. rabotno sekojdnevie mi e,ama sepak ke idam da cujam.[;)][:)]
angel
Во Охрид се подготвува презентација на вредните артефакти Златната маска ќе биде изложена во куќата на Робевци
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1928/32131.jpg[/img]
Златната маска и ракавицата откриени на Самоиловата тврдина во Охрид, заедно со 50 тина златни, бронзени, железни, керамички и килибарни апликации откриени во истиот простор, во гроб кој датира од крајот на 6 и почетокот на 5 век пред новата ера, ќе бидат изложени во посебна просторија во куќата на Робевци, напролет идната година. Ова деновиве го најави археологот Паско Кузман од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, потенцирајќи дека вредните археолошки примероци ќе бидат изложени во посебна просторија, во кружна и обезбедена витрина, во нов амбиентален простор. Паралено со оваа презентација, во две помошни простории од левата и десната страна, на посетителите за прв пат ќе им бидат презентирани околу 380 златни археолошки примероци откриени на локалитетите во Охрид и охридско. "За прв пат ќе ги изложиме вредните златни предмети од хеленистичкиот и римскиот период чиј број го надминува вкупниот број на златни предмети кои ги поседуваат сите останати музеи во Македонија" - напоменува Кузман, потенцирајќи дека презентацијата треба да биде готова пред почетокот на идната туристичка сезона. За оваа намена, веќе се во тек подготовките и обезбедувањето на кружна витрина, која треба да им пружи комплетна сигурност на вредните предмети од Самоиловата тврдина.
angel
Значајна потврда од Универзитетот "Ерланген" во Нирнберг Во Македонија имало неандерталци Потврдено е дека испратените примероци на алатки ги изработувал неандерталец во периодот меЃу 47.100 + 4.800 и над 50.000 години пр.н.е.
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1928/32130.jpg[/img]
Музејот на Македонија деновиве го доби очекуваниот позитивен одговор од германската лабораторија од Институтот за физика на Универзитетот Ерланген во Нирнберг, дека во Македонија имало неандерталци, како потврда на испратениот вреден материјал од извршените истражувања, материјал кој датира од времето на мустеријенот, односно средниот палеолит. Потврдено е дека испратените примероци на алатки ги изработувал неандерталец во периодот меѓу 47.100 + 4.800 и над 50.000 години п.н.е, а датирањето, според истражувачот на овој значаен период во земјава Љиљана Шаламанов-Коробар, виш кустос за старо камено време, било извршено врз два примерока од јаглен од огништа, пронајдени во слоевите од пештерата Голема Пешт кај село Здуње, во Горно Порече, општина Македонски Брод. Љиљана Шаламанов -Коробар потсетува, и во оваа прилика потенцира, дека во 1999 година, за прв пат е вршено пробно сондирање во пештерата Голема Пешт кај село Здуње, кога се откриени 26 камени артефакти и фрагментиран фаунски материјал. Во 2003 и 2004 година започнале систематски ископувања и од две кампањи биле откриени 6 000 камени артефакти и 4 900 животински коски. "Најверојатно станува збор за работилница, бидејќи ископувањата се на мал простор од 6 метри квадратни и на длабочина од 70 см, а концентрацијата на наодите е многу голема. Карактеристичните типови на орудија отсуствуваат, односно или се наоѓаат во некој од другите простори на пештерата или пак се изнесени надвор. Доминантни се одбитоците кои се делумно ретуширани (во збирката има и назабени и со засек орудија), но сепак, тие не можеа да ја разрешат енигмата на локалитетот " - вели таа. Годинава добиените мали финансиски средства биле пренаменети и биле поканети пет специјалисти од повеќе области за да ја извршат потребната детерминација на материјалот: др. Д. Михаиловиќ - професор на Филозофскиот факултет во Белград, специјалист за горен палеолит и мезолит; др. С. Сиракова - од Археолошкиот институт во Софија - специјалист за среден и горен палеолит; мр. И. Крумов - специјалист за среден палеолит; др. В. Димитријевиќ - палеонтолог - професор на Геолошкиот и Филозофскиот факултет во Белград; мр. М. Маринска - од Институт по зоологија од Софија (обработката на микрофауна е во тек). Врз основа на мултидисциплинарните податоци бил добиен одговор за присуството на период и фаза која подолго време се сметаше дека е епипалеолитска (ран мезолит), за која што заблуда, напоменува Коробар, било виновно присуството на кварцот - суровинскиот материјал кој преовладува дури во 80% од малиот број на парчиња од риолит, базалт и јаспис. Исто така, во прилог на мезолитскиот карактер на наодите, одела и нивната микродимензионираност. За присуството на крупна фауна во откриваниот период, говорат и следните податоци: најбројни, дури со над 80% се остатоците од елен, а во многу мали проценти се потврдува присуство на срна, алпски козорог, мечка, хиени, дабар, птици, желка. "Големиот број на откриени јадра, претставува главен показател за техниката која била употребувана (начинот на кој се одбивани одбитоците) и тие го детерминираат откриениот ансамбл во доцниот среден палеолит (со левалоа и дисковидна концепција). Сепак, се чекаше одговор од германската лабораторија од Институтот за физика на Универзитетот Ерланген во Нирнберг" - вели Љиљана Шаламанов-Коробар, која потенцира дека, пештерата каде е откриен вредниот материјал е засега најстар локалитет на тлото на Р. Македонија, но и дека "сме горди што нашето потекло носи гени од тоа толку далечно време". Таа изразува и голема благодарност до Министерството за култура кое минатите години одвојувало финансиски средства за проектите во Здуње, без чија што подршка никогаш не би можело да се дојде до епохалните откритија.
sisi УТРЕ ВО СОБОРНИОТ ХРАМ "СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" Концерт на православна духовна музика [img]http://www.vecer.com.mk/content_images/47832113420051116211933.jpg[/img] ЌЕ НАСТАПИ КАМЕРНИОТ МЕШАН ХОР "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" ПОД ДИРИГЕНТСТВО НА ПРОФ. ПАНЧЕ ЈОСИФОВ Концерт на православна духовна а-Капела музика, утре (19,30 ч.), во Соборниот архиепископски храм во Скопје, ќе одржи Камерниот мешан хор "Св.КлиментОхридски". Првобитната основна дејност на овој Хор, формиран во 1992 година, беше и се уште е опслужување на потребите на МПЦ, односно сослужение на неделните и празничните литургии во Соборниот Храм "Св.Климент Охридски" како и учество на разни пригодни свечености во рамките на МПЦ. Хорот ја изведува Литургијата на Јован Златоуст од македонскиот композитор Атанас Бадев која досега доживеа повеќе од 600 изведби. Паралелно со овие активности, Хорот е присутен и на концертните подиуми во Р.Македонија како и на меѓународни фестивали. Покрај богатиот репертоар на православната духовна музика од светските и македонските класични и современи автори, Хорот на својот репертоар има и композиции од стари мајстори, романтичари, композиции инспирирани од фолклорот, како и црковни композиции од западната римо-католичка провиниенција. Во последно време, особено внимание се посветува на изведбата на дешифрирани духовни композиции кои датираат од 8. и 9. век и се хармонизирани од еминентни македонски композитори. Камерниот мешан хор "Св. Климент Охридски" е составен од 21 високо професионални вокални уметници, солисти, вокални педагози и хорски уметници. Проф.Панче Јосифов е уметнички раководител и диригент.
sisi ОД ДЕНЕС ВО ВИЕНА Денови на македонскиот филм во Австрија [img]http://www.vest.com.mk/images/{4F4ED57D-84DA-4D35-A8C1-88E6C0B61760}_film-2.jpg[/img] Од денес до недела во Виена ќе де одржи манифестацијата "Денови на македонскиот филм" . Во програмата е вклучен избор на филмови работени последниве 10 години. Манифестацијата се организира во годината кога се слави стогодишнината на македонската кинематографија. На програмата се филмовите: "Пред дождот" на Милчо Манчевски, "Џипси меџик" на Столе Попов, "Како лош сон" на Антонио Митриќески, "Илузија" на Светозар Ристевски, "Големата вода" на Иво Трајков, "Балкан-кан-кан" на Дарко Митревски и "Бубачки" на Игор Иванов - Изи. Ревијата на македонски филм во Виена ја организираат Министерството за култура на Македонија, фестивалот "Браќа Манаки" , а од австриска страна: Федералната агенција, Дирекцијата за култра и медиуми и Култур Контакт.
photographer Изложба на уметничка фотографија „Куманово 2005“ Поставена во галеријата на Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово до 01 декември 2005. Повеке информации [url="http://fotosojuznamakedonija.blogspot.com"]тука[/url]
sisi Auuu,ovaa e navistina dobra,optimisticka. [img]http://photos1.blogger.com/blogger/7138/570/320/ErolBajram-Tunel4.jpg[/img]
angel ИЗДАВАЧИТЕ ПОДГОТВУВААТ ОФАНЗИВА Добар маркетинг ќе го продаде македонскиот роман на Европа "Папокот на светот" од Венко Андоновски, "Разговор со Спиноза" од Гоце Смилевски, "Балкански жртвен јарец" од Луан Старова, "Дива лига" од Влада Урошевиќ, "Скриена камера" од Лидија Димковска се само мал број од многуте квалитетни македонски романи што можат одлично да се пробијат на европскиот книжевен пазар, сметаат нашите издавачи, академици и писатели. За да се постигне тоа, потребно е на странските саеми на книгата, наместо со евтини книги, да се оди со моќна реклама и со дела од познати домашни автори што ќе бидат квалитетно промовирани, додаваат првите луѓе на книгоиздателствата. Според Јован Павловски од книгоиздателството "Ми-Ан", за да го пласираме нашиот роман надвор од земјата мора секој издавач што настапува како комесар на странските саеми на книгата да склучува договори со светски издавачи. - Не е проблем да се преведе романот и да се издаде. Проблемот е во изградба на една литерарна инфраструктура што ќе го проследи издавањето на тоа дело во странство, како и лоби што објективно, а не субјективно, ќе ги снабдува другите издавачи со каталози, со авторски податоци од нашите писатели и со критики за дела објавени кај нас. Потребен ни е и поагресивен настап на меѓународните саеми на книгата. Тој што ќе биде комесар треба да има задолженија да склучува договори со странски издавачи за понуда на нашата литература - вели Павловски. На годинашниот меѓународен Саем на книгата во Софија наш комесар ќе биде книгоиздателството "Матица македонска". Според Дејан Павлевски, Саемот на книгата во Софија може да биде место каде што нашето издаваштво и државата можат да ги тестираат своите маркетиншки способности. - За да покажеме дека знаеме да ги рекламираме нашите автори пред странска читателска публика, потребно е во Софија да не одиме со какви било наслови, туку со квалитетни дела и со рекламен материјал со кој ќе го свртиме вниманието на посетителите и на издавачите. Саемот на книгата во Софија може да ни биде генерална проба пред нашиот настап на светскиот Саем на книгата во Франкфурт в година. Македонски роман може да се продаде и во Франкфурт, но без добра реклама на авторите и на државата, од одењата на странските саеми ќе нема корист - вели Павлевски. Со сличен став се и нашите академици и писатели. За академик Катица Ќулавкова, македонската книжевност има одлични автори, но нивното творештво може да се пробие надвор само со интензивен маркетинг. - Во нашата книжевност има одлични романи. Пример за тоа е романот "Дива лига" од Влада Урошевиќ, кој поради необмислената маркетиншка активност остана речиси незабележан од читателската публика. "Дива лига" е едно од домашните прозни дела што можат да го најдат своето место во западноевропските книжарници, но за да го оствариме тоа неопходна ни е силна маркетиншка програма за извоз на домашното прозно творештво - вели Ќулавкова. За академик Луан Старова, чиј роман "Балкански жртвен јарец" беше наш кандидат за годинашната балканска книжевна награда "Балканика", романите се уметнички дела, но и производи од чиј квалитет зависи нивната побарувачка на надворешниот книжевен пазар. - Услов за книгите да бидат објавени надвор е да се добро напишани, да бидат потврдени од судот на читателите и да имаат добар преведувач. Книгите денес се изложени на пазарната економија и од тоа зависи дали ќе се продаваат или не. Втор услов е финансиска поддршка од државните институции, кои досега апсолутно не ми помогнале во објавувањето на мои дела во странство. Сите книги што ми се објавени во странство се резултат на добриот превод, на квалитетот и на заинтересираноста на странските издавачи што, по игра на случајот, дошле до тие романи - вели Старова.
sisi Излезе монографијата "Десет века св. Јоаким Осоговски" [img]http://www.vest.com.mk/images/{16533D60-1495-4761-84D2-8934CD36AECE}_joakim-2.jpg[/img] Монографијата "Десет века Свети Јоаким Осоговски" од Јордан Михајловски е објавена неодамна во чест на десетте века од востановувањето на ова манастирско светилиште кај Крива Паланка. Авторот Михајловски нагласува дека оваа монографија не е само обид за синтеза и хронологија на настанате, туку и настојување за објективен и научен пристап во третирањето на историските факти и настаните. Манастирот "Свети Јоаким Осоговски" е стожер околу кој пулсираат христијанскиот и општерствениот живот цели десет века. Промоторот на монографијата, Цане Мојановски, за ова дело истакна дека е "видлива трага за милениумското постоење и дејствување, реално и духовно, на Јоаким Осоговски, на исклучителната мисија на верата и верувањето на народот од овој крај".
angel МОБ ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ 165 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЛЕМИОТ КОМПОЗИТОР Балетски коктел "а ла Чајковски" [img]http://www.vecer.com.mk/content_images/62443293820051123183817.jpg[/img] НА 30 НОЕМВРИ НА ГОЛЕМАТА СЦЕНА НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВААТ ДЕЛОВИ ОД БИСЕРИТЕ НА БАЛЕТСКАТА УМЕТНОСТ: "ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО", "ЗАСПАНАТА УБАВИЦА"... Во чест на 165 години од раѓањето на композиторот Петар Илич Чајковски, на 30 ноември, на големата сцена на Македонската опера и балет ќе се одржи гала балетски концерт, на кој ќе се изведуваат делови од најпознатите дела на овој плоден композитор. Уметничкиот директор на Балетот, Катерина Кипроска најавува голем спектакл на кој, на едно, место публиката ќе може да ужива во бисерите на балетската уметност. Ќе се изведуваат делови од "Лебедовото езеро", "Заспаната убавица", "Оревокршачка" и "Ана Каренина". Настапуваат првенците, солистите и балетскиот ансамбл на МОБ, Василиј Чичијашвили, Катерина Кипроска, Александра Мијалкова, Горан Божинов, Марија Јосифовска, Наталија Николова, Ивана Коцевска, Мирјана Поп Алексова. Ќе гостуваат и два балетски пара од Бугарија (првенците на Националниот софиски балет, Билјана Никифорова и Јасен Волчанов) и од Германија (Марија Кичевска и Дастан Чинибаев).
dada Sani
quote:
Originally posted by ozonce
Циклусот филмови на Џон Вотерс во Културниот центар Точка продолжува... Вечерва, (вторник, 04 април) со почеток во 21.00 ќе биде прикажан филмот Cry Baby. Филмот е од 1990 година и трае 85 минути. Добредојдени сте... Културен центар Точка
Istiot onoj "Cry Baby" so Johnny Deep po koj zenskite kubea kosa vo 90-tite?:) Po koj povod e ciklusov? Od poodamna mislam da prasam - Tocka e pod nadleznost na Ministerstvo za kultura?
јузер ozonce, ne ke bide loso so Google Earth da ni ja lociras ovaa Tocka na zemjinata topka za da otideme da gledame ciklus filmovi na John Waters :)
ozonce Kulturniot centar Tochka e proekt na NVO Kontrapunkt, a se naoga odma do Vlada na Ilindenska na semaforite. Tamu e smestena i knizarnicata Ili Ili... Poveke na www.kontrapunkt-mk.org
јузер ozonce fala za informacijata. Samo na stranata pisuva deka posleden film sto se prikazuva e Female Trouble na 28 mart. Kade go pisuva ova: "Вечерва, (вторник, 04 април) со почеток во 21.00 ќе биде прикажан филмот Cry Baby"?
ozonce :) e toa go dobivam na mail :) malku kasnat so azuriranje na stranicata... no shto e tuka e :)
јузер :)no tuka e ozonce da ni azurira nam :) Pomina vecerva 4 april, cekame na ozonce da ne keep us informed za datumot na slednoto prikazuvanje :)
sisi Делата на Русе влегоа и во Белата куќа Скулптури, бисти, портрети, релјефи на Русе Андоновски ги красат Белата куќа во Вашингтон, кабинетот на францускиот претседател Жак Ширак во Париз, кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, Министерството за северни територии во Канада... [img]http://www.vest.com.mk/images/{EB6996EB-0782-45A2-AF8B-85E92C14B2BC}_ruse-2.jpg[/img] За квалитетните луѓе во Македонија, како по правило обично прво ќе се чуе во светот, а потоа дома. Таков е случајот и со академскиот скулптор уметник Русе Андоновски од Куманово, кој во својот творечки опус досега изработил над 1.000 дела што сега може да се најдат речиси на сите континенти. Ретко кој во Македонија знае дека неговите скулптури, бисти, портрети, релјефи, ги красат Белата куќа во Вашингтон, кабинетот на францускиот претседател Жак Ширак во Париз, кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, Министерството за северни територии во Канада, ресторанот Роџерс на Петтата авенија во Њујорк, модното студио Џорџо Армани во Милано и уште голем број на резиденции, амбасади, државни институции, приватни компании и домови низ светот. Негови пријатели и клиенти се грофот Фабио Белберџиоло од Варезе, грофот Доналд Левит Втори од Тексас, САД, грофот Аб Ван Асенделс од Холандија, поглавицата на индијанското племе Сенека Кент Кафле од Бостон, шефот на мисијата на ОБСЕ Крек Џемсен и уште многу други. Тие многу се задоволни и импресионирани од оригиналноста на неговото творештво заради што му се оддолжуваат на несекојдневен начин. Андоновски особено бил пријатно изненаден од необичниот гест што го направил сопственикот на престижниот ланец ресторани "Роџерс". "Во 1997 година преку еден поранешен пријател добив нарачка да го излеам логото на ресторанот. Двете плочи со готвачот во пругаста облека ги завршив многу брзо и ги испратив. По неколку дена во моето атеље во Зебарњак ненајавено се спушти хеликоптер на една меѓународна мисија и ми донесе подарок од 'Роџерс'. Во знак на благодарност, сопственикот испратил специјалитет на куќата по авион, директно од Њујорк за Скопје, а потоа од Петровец со хеликоптер беше донесено кај мене. Се сеќавам дека јадењето се состоеше од пржени компирчиња со ракови или нешто слично што потсетуваше на црвчиња, но беше многу вкусно", вели Андоновски. Плочите од бронза и денес стојат на двете страни на влезот од ресторанот "Роџерс" на Петтата авенија. Скромниот 50-годишен уметник, најголем дел од своите пријатели во светот ги запознал на усовршувањето на скулптурските, сликарските и дизајнерските техники во Дизелдорф, Болоња и Рим, како и во време на постдипломските студии во Париз. Искрени пријатели и соработници има и меѓу претставниците на меѓународните мисии во државата. Преку нив ја добил и несекојдневната можност и чест да изработи плакета за францускиот претседател Жак Ширак. Еден од неговите подобри пријатели, некогашен мисионер на УНПРЕДЕП, Крег Стивенс, сега вработен во бушовата администрација, во Белата куќа, во својот офис го чува портретот што му го изработил Андоновски. "Со господинот Стивенс се запознавме случајно на еден прием во Скопје. Тој изрази желба да го посети атељето каде што работам. Штом ги виде моите дела, веднаш побара да му изработам портрет. Го седнав пред мене и за 15 минути го изработив портретот од глина. Наредниот ден го излеав во бронза. Кога се виде, не можеше да се изнарадува и да се изначуди колку ликот е автентично пресликан. Си замина од Македонија, но останавме пријатели, редовно се слушаме по телефон и постојано ме вика да одам кај него во Америка", раскажува Андоновски. Скулпторот Андоновски понекогаш изработува дела по нарачка без да го знае вистинскиот сопственик. Така се случило, една за него обична бронзена плоча, да заврши во студиото на модниот креатор Армани. Русе и неговата сопруга Гордана своето дело го виделе на телевизија, во една модна емисија кога бил промовиран новиот парфем "џио" на Армани. Покрај него, како лого стоела нивната плоча. Нарачката пред осум години, во име на модниот креатор ја направил нивниот пријател грофот Бел Берџиоло без да им каже која е вистинската намена и за кого ја изработуваат плочата. Меѓу овековечените големи луѓе, во атељето на Андоновски е и претседателот Бранко Црвенковски. При неодамнешната посета на Куманово, тој му го подарил портрет - фигурина, кој го изработил пред две години. Претседателот се израдувал на подарокот и задоволно прокоментирал дека многу е елегантен на скулптурата. Вештите раце на Андоновски ги имаат изработено и портретите на поранешниот претседател Киро Глигоров и Васил Тупурковски. За да му се оддолжи на својот град и да остави траен уметнички белег, сега изработува скулптура во бронза на Батко Ѓорѓија во природна величина што ќе биде поставена на Градскиот плоштад. Ликот на прочуениот кумански мајтапчија и шегаџија Андоновски го создал пред седум години за потребите на Деновите на комедијата. "Куманово ќе се препознава по Батко Ѓорѓија и ќе се гордее со својот крал на шегата", вели Русе. Семејството Андоновски живее само од и за уметноста. Додека Русе работи во своето атеље - Ливница, во местото Зебарњак, покрај Куманово, неговата сопруга му помага во доработка и слика икони. Брачниот пар вели дека имаат планови за еден голем светски проект за кој допрва ќе се чуе.
sisi Охриѓани бараат место за споменик на патронот Поставувањето споменик на свети Климент Охридски, патрон на Охрид, предизвика полемики за тоа каде треба да биде лоциран. Градоначалникот Александар Петрески ја поддржува идејата споменикот да се постави на кружниот тек на плоштадот, а на ова остро се спротивставија стручните лица од Заводот и музеј. - Споменикот не треба да се постави на кружниот тек од неколку причини. Прво сметаме дека споменикот на свети Климент не може да биде поголем од споменикот на неговите учители свети Кирил и Методиј, кој е само на неколку метри од предложената локација. Бидејќи патронот заслужува голем споменик, ние сметаме дека тој треба да биде поставен на место од кое ќе може да се гледа од Струга и Подградец - вели директорот на Заводот и музеј, Јордан Трца. Тој како можна локација го посочува Горни Сарај. Од Заводот го споменуваат и Плаошник, но во моментов таму не може ништо да се поставува, бидејќи се одвиваат археолошки истражувања. Владиката Тимотеј изјави дека не ги знае сите детали за предложените локации и не може ништо конкретно да каже, но ја поздравува иницијативата за поставување споменик на светителот. На 30.12.2005 ќе се одржи трибина на која градоначалникот Петрески, црковни великодостојници и стручни лица ќе дискутираат за најдобра локација за поставување на ова спомен-обележје. Споменикот на свети Климент Охридски е подарок од бизнисменот Зоран Зеленикоски, кој донира 300 илјади евра за негово поставување. Според предложениот проект споменикот ќе биде лиен во бронза и ќе биде висок 6,5 метри. Автор на споменикот е скулпторот Томе Серафимовски. [img]http://www.nubsk.edu.mk/Fresco1.GIF[/img]
sisi Три новогодишни концерти со Македонската филхармонија Еден концерт ќе биде со позната филмска музика, останатите два се со традиционалните валсови, полки, маршеви, најмногу од виенските браќа Штраус. Македонската филхармонија ќе има три новогодишни концерти. Првиот е на 22 декември, во пресрет на католичкиот Божиќ, а на програмата е најпопуларна филмска музика од 10-ттина познати филмови. Диригент на овој концерт ќе биде композиторот и музиколог Илија Пејовски. Вторите два концерта се оние традиционалните, ќе се одржат на 29-ти и 30-ти декември. Програмата е вообичаена: валцери, полки, мазурки, маршеви најмногу од мајсторите на овие музчки стилови, виенските браќа Штраус. Диригент ќе биде Вјачеслав Прасов од Новосибирск- Русија. [img]http://www.vest.com.mk/images/{5E52470D-5BD4-46A9-8FBB-F1705DFCBA80}_filharmonija-2.jpg[/img]
ozonce 08.12.2005 година, во 20.00 часот, во просториите на Културниот центар Точка, ќе се отвори изложбата на фотографии на Катерина Рисатовска насловена BitMaP.WAV. Оваа изложба е реализирана во соработка со Димитар Самарџиев, кој ја направи звучната обработка на фотографијата. На оваа самостојна изложба се претставува со 30 колор фотографии. Ова е извадок од текстот во кој авторите ја објаснуваат идејата што ја поттикна и начинот на кој се реализира во рамки на илзожбата. Тргнуваме од фотографиите како најавтентични копии на претпоставениот оригинал, како обид за заробување на светлината што паѓа врз предметите и се одбива од нивната површина. Сончевите зраци кондензираат и коагулираат во фабриката обликувајќи разнобојни конци. Може да се каже дека конците (оптегнати врз машините) потсетуваат на жици од расклопено/растурено пијано или некој друг инструмент. Може да се каже дека фотографирањето (во) пропадната фабрика укажува на нашиот индустриско/технолошки пристап кон излажбата. Може да се каже се и сешто, но овие фотографии претставуваат суровина за производство на звуци, а не на зборови. И тоа не е обид за нивно толкување или превод од светлина во звук, туку звуците едноставно сапрофитираат врз или под сликите. Тука нема никаква симболичка врска, туку само замена на еден формат за дигитален запис со друг (BMP > WAV) - од фотографија во фонографија. Само колку да се употребат средствата, или само колку да им овозможиме на инструментите да не инструментализираат. Само затоа што постои таков софтвер. Само колку да го истакнеме шумот и да го издигнеме на степен на изразно средство. Да уживаме во фетишумот што е присутен на/при секој обид за пренесување пораки. Да им овозможиме на културните потрошувачи да си здодевнуваат во галеријата со noise во заднината. Затоа што, за разлика од раните 80-ти, noise-от веќе не е директен напад врз mainstream естетиката, туку сега претставува совршена позадина за (ш)уметнички излажби.
ozonce Veles grad na kulturata 2005 09.12.2005 god. izlozba na Blagoja Manevski naslovena kako "Parada" Umetnichka galerija 19h
sisi БОЖИКНА ИЗЛОЖБА Сергеј Андреевски во САД ги промовира сликите "Александар Македонски" Денеска во галеријата Сајд Стрит во Питсборо, САД, македоснкиот сликар Сергеј Андреевска ја отвора својата Божикна изложба, "Графики". Делата се работени во сито техника и покрај , за нас познатите циклуси на "Прегратки", "Џез", "Пијанисти", Андреевски го промовира и новиот циклус инспириран од Александар Македонски. Идејата за изложбата произлезе од сопственикот на галеријата , уметникот Мајкл Моска кој со уметноста на Андреевски се сретна годинава, за време на првата интернационална ликовна колонија на Флорида. Досега, Сергеј Андреевски многупати и се има претставено на американската публика но ова е прво самостојно претставување на негови графики и цртежи во Сајд Стрит галеријата со која потпиша ексклузивен договор за долгорочна соработка. Во исто време, творештвото на Андреевски ќе биде промовирано во Шкотската престижна галерија "Броунс" во Теин, Хајленд. Ексклузивитетот на оваа галерија е тоа што при секоја новогодишна изложба, на своите клиенти им ги претставува новите имиња што галеријата ќе ги застапува од следната година. [img]http://www.vest.com.mk/images/{A77A7122-343B-4269-8867-97C520895CB9}_sergej-2.jpg[/img]
sisi Теракотните икони од Виничко поле отидоа во Австралија [img]http://www.vest.com.mk/images/{D6FDEA39-5681-4E2C-A18A-C7B527A17061}_ikoni-2.jpg[/img] Светски познатата збирка на теракотни икони од Виничко Кале, Виница, од денес ќе биде изложена во Волонгонг во Австралија. На изложбата што е насловена "Македонски христијански корени" ќе бидат претставени дваесет и пет теракотни икони поделени во четири циклуси: Старозаветни теми, Давидови псалми, Христолошки теми и претстави на светители. За изложбата е направен и каталог, а експонатите ќе ги дополнуваат и фотографии од ископувањата на археолошкиот локалитет Виничко Кале во изминатите 20 години. Изложбата е дел од манифестацијата "Денови на македонската култура во Австралија", а ова значајно културно наследство ќе биде претставено и во Мелбурн, како и во неколку други градови во Австралија. "Македонски христијански корени" досега е презентирана во дваесетина европски метрополи како Москва, Минхен, Париз, Рим, Лисабон, Анкара, Варшава. Целата колекција на Виничките Теракоти содржи педесетина цели и стотина фрагменти од икони кои потекнуваат од шестиот и седмиот век.
ozonce 26.01.2006, во 20.00 часот, во просториите на културниот центар Точка, ќе се отвори изложбата на фотографии насловена Солилоквиум на Дарко Петровски и Љупчо Ристовски. Дарко Петровски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Kатедрата за oпшта и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 2003 година член е на фото клубот Елема од Скопје и почнува интензивно да се занимава со фотографија. Учествувал на повеќе групни домашни и меѓународни изложби. Oва е прва негова самостојна изложба. Во моментов работи како професор по македонски јазик во Гимназијата НОВА во Скопје. Љупчо Ристовски е роден 1978 год во Скопје. Со фотографија активно се занимава од 1998. Член е на фото клубот Елема. До сега има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и во странство. Ова е негово второ претставување пред фотографската публика во Скопје. Самиот наслов на изложбата Солилоквиум- разговор на душата сама со себе, ја дава главната карактеристика на концептот на овие двајца автори, кои ни ги предаваат ретките мигови на исполнетост од глетките во природата. Допирните точки се изразени во интимните лирски мигови кои се забележани, а се соодветни со ширината на погледот и исполнетост на душата пред бескрајните предели кои се отвараат пред нив. На секоја фотографија и соодветствува по еден стих кој понекогаш ја објаснува, дополнува или пак произлегува од неа. Двајцата ќе се претстават со црно-бели фотографии, чија традиционална техника и потреба од занаетчиска умешност е дополнителен израз на потребата од интимниот пристап кон создавањето на делото, како и сигурноста произлезена од контролата врз целиот процес на изработка.
dada Sani Ozonce, bese li na Solilokvium izlozbata?
ozonce Sani ne, u Negotino sum :(
SpaceLily Topicov da se prekrstit vo Radio Mileva.
ozonce Edna prichina zoshto toa da se napravi i ke se napravi, bidejki ti taka sakash?!
quote:
Originally posted by SpaceLily
Topicov da se prekrstit vo Radio Mileva.
sisi НА ДЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКА КУЛТУРА "Синтезис" со четири концерти во Австралија Најпознатата македонска етно група "Синтезис" на 15-ти февруари заминува за Австралија каде на Деновите на македонската култура ќе одржи четири концерти. Како што не информираше Радослав Шутевски од "Синтезис" тие ќе имаат час и петнаесетминутни самостојни претставувања: првото е на 18-ти февруари во Мелбурн, следниот ден ќе концертираат во Камбера. На 25-ти февруари настапуваат во познатата Опера хаус во Сиднеј, а последниоопт концерт е на 26-ти во Волонгог. "Синтезис" повторно ќе и се претставата на австралиската публика со најдоброто од неколкуте албуми на групата
Jakov
quote:
Originally posted by ozonce
Edna prichina zoshto toa da se napravi i ke se napravi, bidejki ti taka sakash?!
quote:
Originally posted by SpaceLily
Topicov da se prekrstit vo Radio Mileva.

SpejsLili glaven i odgovoren urednik na Radio Mileva Internacional.... 24/7 on the air. [;)]
ozonce Revija na kineski filmovi; 09.02.5005 ПОП ЛАДНЕВНА КИНО ОД КИНА 6ДО8 8ДО10 КУЛТУРЕНЦЕНТАРТОЧКА :))
ozonce На 10.02.2006, во 21.00 часот, во просториите на Културниот центар Точка, ќе биде поставена инсталација на Ивана Драгшиќ, насловена СК-320-ИБ. Ивана Драгшиќ е родена 1982 година. Во моментов апсолвент на факултетот по социологија. Претходно има самостојна изложба во рамките на престојот на Бард колеџ во Њујорк, каде учествува и на повеќе групни изложби. Нејзините интереси главно се движат по една линија - третираwето на јавните, општествените појави на еден приватен и многу емотивен начин, но изразната форма се менува во зависност од проектот.
ozonce Марко Петрушевски и Жарко Трајановски повторно со филмската програма во Точка! Од утре, 13.02.2006, со почеток во 21.00, па во следните четири вторници ќе бидат прикажани филмови кои ја допираат темата Алтернативни сексуални идентитети. Ќе бидат прикажани четири филма: Макс, љубов моја од Нагиса Ошима, Зрелоста на Лулу од Бигас Луна, Објект на љубовта од Роберт Париџи, Се што отсекогаш сте сакале да знаете за сексот а не сте имале храброст да прашате од Вуди Ален.
ozonce 27.02.2006, во 20.00 часот, во просториите на Културниот центар Точка, ќе се отвори изложба на стрипови на Горан Дачев. Во последниве 10 години е фокусиран на развивање "Наративна графичка уметност". На изложбата ќе бидат претставени повеќе различни стрип табли, во А3 формат. Освен со стрип се занимава и со изработка на Storyboard и изработка на илустрации и насловни страни на книги. Активно работи и објавува од 1992 година. Досега има работено Storyboard на филмот "Преку езерото". Стрипови и илустрации и ма објавено во повеќе меѓународни и домашни магазини и весници. Има учествувано на повеќе групни изложби и интернационални фестивали како: "Art No Borders" 4-ти интернационален фестивал за стрип, Битола, "One Must Draw The Line Somewhere", K&S Galerie, Берлин, Германија, "Месец на современата македонска уметност", Загреб, Хрватска, "Festival International de la Bande Dessinee artistes de l`ex Yugoslavie" - Angouleme, Франција, "Xer" - Cinema Rex, Белград, СЦГ и "Стрип во Лифт - Македонски стрип во движење", патувачка изложба, повеќе градови низ Македонија.