Brane bil za SRBOSLAVIJA- tvrdi ANDOV |
Makedon |
Време, петок, 23 септември 2005
http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=31428
ANDOV, prviot Makedonski prv Parlamentarec vo svoeto svedostvo za VREME VELI:
По седницата на Претседателството на СФРЈ на 10 јануари 1991 година, на која како претставник на новата власт од Македонија учествував и кога се одлучи судбината на СФРЈ да се префрли на средбите на претседателите на републиките, решив што поскоро нашето Собрание да донесе декларација за сувереност. Штом се вратив од Белград, го предложив составот на Комисијата за уставни прашања, за чиј претседател бев избран. На поединечни средби ги повикав Драги Арсов од ВМРО-ДПМНЕ и Тито Петковски од СКМ-ПДП. На првиот му предложив да води работна група за подготвување на текстот на декларацијата, а на вториот да води работна група за подготвување платформа за учество на Македонија на идните средби на претседателите на републиките. На 25 јануари 1991 г. Собранието ја донесе Декларацијата за сувереност.......
Во март истата година Љубчо Георгиевски тврдеше дека само месеци не делат од распадот на Југославија и дека треба што поскоро да прогласиме вистинска независност на Републиката. А Бранко Црвенковски упорно му се закануваше дека на секоја седница ќе го потсетува на глупоста што ја кажува се додека јавно не ја повлече. Подоцна стана јасно дека Бранко бил жртва на концепцијата за „независност“ на Македонија, која се обидувал да ја наметне Глигоров.
При донесувањето на одлуката за одржување референдум за независност, Љубчо Георгиевски изрази сомневање во можноста македонскиот народ масовно да излезе на гласање. Наредниот ден појдов кај Георгиевски да му укажам на штетноста на неговиот став. Тој како објаснување ми го кажа следното: „...Не се сомневам во желбите и чувствата на македонскиот народ, туку во неговото водство... Можеби не знаете, но ќе ви кажам дека Киро Глигоров многу помалку верува во македонскиот народ, отколку што јас верувам... Пред давесетина дена, кога во Париз учествуваше на некоја тркалезна маса, пред учесниците и странските новинари Глигоров не дозволи ниту теоретска можност да се распадне Југославија, изјавувајќи дека ако се распадне Југославија, прва ќе се распадне Македонија“.
Одлуката за референдумот ја донесовме по т.н. Брионски договор, со кој Словенија практично стана независна. Не е точно дека СДСМ дал идеја за референдумот. Референдумското прашање го напиша Глигоров своерачно. Иако од времето на Платформата Изетбеговиќ - Глигоров до првите денови на август многу луѓе во Македонија го променија своето мислење и објективно гледаа на работите, Глигоров си остана на своите ставови од Платформата и третпат на пратениците, а сега и на граѓаните, им го подметна и својот Сојуз на суверени југословенски држави.
Свесен за својата вистинска улога во процесот на изборувањето на независноста на Р. Македонија, Глигоров избегнува да ја спомне Декларацијата за сувереност. А за да го избегне ехото од повикот за независноста на Македонија што го упатуваше Љ. Георгиевски од собраниската говорница пролетта 1991 година, кое на многу луѓе уште им ѕвони во ушите, Глигоров вели дека не ВМРО-ДПМНЕ, туку некој друг порано повикал на независност. Тоа го направил, вели тој, некој „форум“ летото 1990 година. Во форумот учествувале угледни луѓе и за нивните разговори постоеле и белешки кај еден професор на скопскиот универзитет. Глигоров вели дека тој форум бил формиран за да предложи независност на Македонија. Со целата почит и кон форумот и кон неговите членови, морам да кажам дека тој ништо не му предложи на Собранието и дури не се ни огласи, ниту по повод Декларацијата за сувереност, ниту по повод референдумот, ниту пак во врска со донесувањето на Уставот. Затоа не гледам причина зошто Глигоров воопшто го споменува тоа тело во ваков контекст. Можеби затоа што самиот не учествуваше во донесувањето на Декларацијата и немаше храброст да застане на политичката линија содржана во неа, а ете учествувал во разговорите на тој форум што мисли дека може да му послужи како алиби. Во таков случај се поставува прашањето дали тој бил во некоја комуникација со членовите на тој форум и дали со нив ги договарал половичните решенија за „независност“ на Македонија што во три наврати му ги предлагаше на Собранието.
Живееме во цивилизирана ера. За ова што зборувам постојат документи и нема можност да успеат вакви преиначувања и подметнувања како што се оние што се содржани во спомнатото интервју.
Авторот е пратеник
|
Great_Macedonian |
Ljupco imase vizija za makedonija.... vizija za "Obedineta Bugarija"
Branko imat vizija za "Obedineta Srbija".....
Dejan be bracko... dravata ni e POLNA od predavnici, ne mu veruvaj nikogo samo gledaj sto se slucuva naokolu e sve ke ti bide jasno. |
Great_Macedonian |
Od dosegasnite premieri se vide kolkavi "patrioti" se.. Samo razlikata megu mene i mnogu od vas e sto jas zboruvam realnost, go kazuvam ona sto ne cini i ona sto cini vo sekoja politicka partija vo makedonija. VMRO i SDSM imet pametni (i prosti) lujge.. liderite ne im cinat (osven Gruevski- ne bil premier pa nema da komentiram za nego).
|
Strelec |
quote: Originally posted by Great_Macedonian
VMRO i SDSM imet pametni (i prosti) lujge.. liderite ne im cinat (osven Gruevski- ne bil premier pa nema da komentiram za nego).
Од сите двајца лидери, никој не чини освен Груевски!:)))
|
Great_Macedonian |
mislev na Branko,Ljupco,Bucko,Hari... za gruevski ke vidime ko ke stanit premier, ako i toj prodolzi po stapkite na predhodnite i toj ke bide na crn spisok. |
achtung_panzer |
quote: Originally posted by Makedon
... Тој како објаснување ми го кажа следното: „...Не се сомневам во желбите и чувствата на македонскиот народ, туку во неговото водство...
Ova e vistina do deneshen den, za site vodstva od 1991 do denes... |
lav |
И бацко-ви Столе не е некое „цвеќе„ за мирисање , иако (можеби) доволно порано од останатите (комуњари) се „тргна„ настрана од „овие„ кои сеуште ѕидаат КРИВИ кули (вавилонски), разбира се.
Своевремено тој (се мисли на Столета) беше тоа за што го обвинува Бранко-та мислам на спроведувач на се замислено од „премудриот„ , иако овој тогаш беше „дете„ од само 27 гоидини и „Премиер„ (на конец врзана како марионета чичо Ќирова), всашност продолжена рака на премудриот ни чичо Ќиро ...кој како кукли во куклен театар ги „влечеше„ конците на севкупната политика во Макеоднија , и тоа никојпат не преставувајќи се јавно...ами (откога ќе се видеше „успех„) работеше како оние од познатиот MUPPET SHOW кукли на Балконот седнати.
Бацкото-ни Столе тогаш сепак беше зрел човек и нема за што да се правда (ние давно паметиме) за неделата што ги стори заедно со чичо-ни Ќиро а притоа обвинувајќи го само „малолетниот„ за политика Брако Црвенков(иќ)ски.
Има многу документи и тоа „закопани„ во бункерите на „националниот„ сервис на сдсм , мислам на МТВ.
Ама сега засега ги кријат за да тие кои не паметат добро им поверуваат на денешниве (и секојапат) губитници на секое поле во Македонија. |
трендафил |
Факт е дека единствен што имал некаква визија за Македонија од политичките лидери што сме ги имале до сега е Љубчо Георгиевски. За жал, токму во негов мандат се случи Рамковната, како последица на нападите од Косово (и покрај гаранцијата што НАТО и ја даде на Македонија). Другите немаа никаква визија. Македонија талкаше и талка како брод без кормилар. Само кога бродот некаде ќе заринка(ше), проработуваше пропагандната машинерија на самопрогласените државотворци кои гебелсовски тоа место го прогласуваат за најдобро на светот. На пример се радувавме за приемот во ООН, иако за тоа го сменивме името (или сме примени без име, со референца) и знамето. Нешто што не го направила ниту една земја. Наместо да го задржиме достоинството и да продолжиме со борбата да останеме нормална земја. Дури не би ме изненадило ако во иднина почнеме да ја славиме и Рамковната спогодба, која го зададе до сега најсилниот удар врз нашата држава, Македонија. Само што за неа односот е како за годишницата на брак во семејството. Мажот обично го заборава датумот, но затоа жената го памети. Мажот само мора да купи подарок. Исто е и со денот на Рамковната. АЛбанците го паметат и очекуваат нов подарок. И во последниве три години го добиваат. Прво државен универзитет, потоа општински граници. Па употреба на знамето на Република Албанија...
|
dejan |
Trendafil, kakva vizija imal Ljubco ako posakuval da ja podeli Makedonija?? Ukradel 700 miliona dolari (amerikanski, ne sum siguren) pa po toa covekot si zemal Bugarski pasos...nigde go nemase za dolgo vreme, gradese luksuzni vikendici vo Berovo.....neznam kako Ljubco imase nekakva vizija za Makedonija????
I ako uste ima vizija za Makedonija i nekako ke mu dokaze na narodot sto posakuva, ne daj boze da dojde na vlast....koj znae kolku atentati ke ima...(od DUI, DPA, ONA, ANA, KLA, UCK blah blah) |
трендафил |
Георгиевски беше за самостојна Македонија во време кога СДСМ (тогаш СКМ-ПДП) се бореше за реанимација на СФРЈ. Се потсмеваа со него кога зборуваше за македонска пушка на македонско рамо или за македонска репрезентација. Јас не знам дали нешто украл, но сигурно нема 700 милиона долари. Со тие пари би бил во горната дел на листата на најбогатите луѓе од поранешните социјалистички земји, а тој воопште не е помеѓу првите 100. Јас не сум ја видел вилата на Георгиевски во Берово (доколку воопшто таква постои), но гледам дека вилите на Водно се скоро исклучиво во сопственост на луѓе од СДСМ. А вредноста на вила на Водно и во Берово не е иста. И сигурен сум дека сега сигурно не краде Георгиевски, туку дека тоа го прават некои други луѓе. Колку и да зел пари (ако воопшто зел) Љубчо ги зимал од бизнисмените на СДСМ. Ако тие нему му дале толкави пари, колку ли имаат? Можно е директорите на партијските фирми на СДСМ да пријавувале во централата дека даваат големи пари за поткуп, а всушност поголемиот дел да го задржувале за себе. Затоа и се вртат толку големи бројки во јавноста и окулу корупцијата се крена толкав прав во 2002 година, што уште не може да падне на земја.
|
lav |
quote: Originally posted by dejan
Trendafil, kakva vizija imal Ljubco ako posakuval da ja podeli Makedonija?? Ukradel 700 miliona dolari (amerikanski, ne sum siguren) pa po toa covekot si zemal Bugarski pasos...nigde go nemase za dolgo vreme, gradese luksuzni vikendici vo Berovo.....neznam kako Ljubco imase nekakva vizija za Makedonija????
I ako uste ima vizija za Makedonija i nekako ke mu dokaze na narodot sto posakuva, ne daj boze da dojde na vlast....koj znae kolku atentati ke ima...(od DUI, DPA, ONA, ANA, KLA, UCK blah blah)
Деки
Не им верувај (секојпат) на комунистичката пропаганда спроведена преку „независни„ весници во Македонија , за билокој кој се наоѓа на „другата„ страна од овие комунистички остатоци ..и тоа кои уште и се прават и силни , иако насекаде во цивилизирана Европа им ставија ди-ди-ти и ги „истребија„ како големи паразити.
Прво погледај ја населбата Водно , градена пред 50-60 години со Народни Пари (крадени), и тоа на крадена земја од поранешните сопственици од селата Горно и Долно Водно , а кои се распрскани без билокаква материјална оштета за тоа низ цела Македонија.
Тие си ја бараат украдената од комунистичките диктатори земја на Водно...ама „овие„ , не сакаат да (им ја вратат) се вратаат од волкоебините од каде и дошле во Скопје ..со големи ...и со децении земани (за МК прилики) пензии од 1000+кусур Евра.
За привилегиите кои ги „уживале„ со децении и несакам да зборувам , оти од тоа е и економски упропастена и државата на Македонците. |
marko_polog |
Great,
Tie propagandi za Ljubco od strana na komunjarite i samite oni vece se sramat da gi povtoruvaat, nemoj samo da bides tolku naiven da veruvas, i Aleksandrov, Cento itn.. za niv bea drzavni neprijateli.
Ljubco za mene ima napraveno dve greski, vo nikoj slucaj ne smeese da go potpise ramkovniot, kolku i da bese steten toj dogovor za Makedonskiot Narod, samiot trebase da znae deka komunjarite i balistite ke nadopolnuvaa so nivniot medjuseben pazar(univerziteti, teritorija, znaminja itn..)
Drugo,
Vo nikoj slucaj ne smeese da napravi koalicija so SDS vo 2001, Buckovski kako Minister za Odbrana i vo SORABOTKA so negovite denesni partneri vo Vlada gi sabotirase site sredstva za Makedonija voeno da ja dobie bitkata(povlekuvanje na tenkovite, helikopteri, teskata artilerija, glasanje protiv voena sostojba itn..)
Ova go pisuvam za Tetovsko, tamu bev i ne moze nikoj da mi kaze poinaku, za drugite kraista neka pisat tie sto znaat.
Ljubco e mrazen od komunjarite poradi negovata glavna uloga za vreme procesot koga Makedonija se odvoi od Yugoslavia, steta za tebe sto nemozes da procitas niz arhivite na vesnicite vo toa vreme, da vidis samiot sto "budala" go napraviva, so koj pamet zboruva mladiov tip za Makedonska Armija, Reprezentacija itn..
I op, mora da e 'bugaras', kako sto bea mnogumina kako nego za vreme Yugoslavia sto bea ubieni ili prateni vo pritvor.
|
Makedon |
quote: Originally posted by Great_Macedonian
Ljupco imase vizija za makedonija.... vizija za "Obedineta Bugarija"
Branko imat vizija za "Obedineta Srbija".....
Dejan be bracko... dravata ni e POLNA od predavnici, ne mu veruvaj nikogo samo gledaj sto se slucuva naokolu e sve ke ti bide jasno.
Coek, ti si procital nekogas bugarski vesnik? Sigurno ne si citkal sto pisuvaat bugarite. E tamu ke vidis deka Ljubco nas mnogu go nekat oti sekogas vo Bugarija izjavuval deka MAKEDONSKATA NACIJA E FAKT, pa go karakteriziraat kako SRBOMAN i "LAZEN VMROVEC". Istoto toa sum go procital i za Dosticka Dimovska. |
Strelec |
Ц ц ц... Што се’ има и што се’ трпи оваа држава наша!?!?!?
|
intel |
quote: Originally posted by Makedon
quote: Originally posted by Great_Macedonian
Ljupco imase vizija za makedonija.... vizija za "Obedineta Bugarija"
Coek, ti si procital nekogas bugarski vesnik?
Македон ајде утре здравје јас ќе ти скенирам нешто. |
marko_polog |
Od sto se isplasivte od "bugarasite", cela Makedonija im ja dadovte na siptarite. |
Strelec |
Убаво им го плесна, Марко... Наместо само од Групчин натаму, тие сакаат цела Македонија да им ја дадат!?
|
marko_polog |
Od Grupcin natamu nekoj prati tenkovi, helikopteri i teska artilerija koga bese potrebno, za da nekoj ekspresno od koga bese postaven Minister za Odbrana da gi vrati nazad po istiot pat.
Toa e razlikata, dokazi se koga e potrebno(Vlast), kako ovija sega sto odma im padnava maskite koga napraviva koalicija so ubicite na Makedonskite Braniteli, nego se e interes(da ne recam i licen)
|