МИЧИГЕН ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА
МИЧИГЕН ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА
f9 МИЧИГЕН ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ Овој голем успех се должи на голем број на македонци активисти кои иако се иселиле од матичната држава, во никој случај не ја заборавиле и работат со политичарите во нивните локални заедници за исполнување и унапрадување на интересите на Република Македонија и македонскиот народ. 26 Септември. Ленсинг, Мичиген - По признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД, како и неколкуте успешно донесени резолуции во неколку сојузни држави во САД, и Сенатот на Мичиген ја изгласа Резолуцијата бр. 59, со која се признава единственоста и постоењето на посебена македонска нација. Како што пренесува неделниот македонски весник во Америка и Канада “Македонски Глас” со ова резолуција се признава и постоењето на посебен македонски јазик, како и постоењето на Македонска автокефална Православна Црква. Овој голем успех се должи на голем број на македонци активисти кои иако се иселиле од матичната држава, во никој случај не ја заборавиле и работат со политичарите во нивните локални заедници за исполнување и унапрадување на интересите на Република Македонија и македонскиот народ. Резолуцијата бр. 59, била спонзорирана и поднесена од американскиот сенатор и пријател на македонската заедница во Детроит, Лора Тој. Таа била подготвена од страна на г-дин Цветко Здравковски и г-дин Душко Синадиновски-претседател на Македонско-Американската национална алијанса, организација во Америка и работеле заедно со сенаторот за да помогнат да се изгласа. Во резолуцијата која била подготвена по повод официјлната посета на македонскиот премиер, Владо Бучковски во САД, се нагласува фактот дека “ луѓето кои живеат во Македонија имаат долга историја и богато македонско национално наследство; имаат посебен и единствен национален идентитет и зборуваат на свој посебен македонски јазик; веруваат во православната вера под водство на Македонската Православна Црква; Република Македонија стана независна држава во 1991 година и беше примена во ОН во 1995 година; САД ја призна Македонија како суверена држава под нејзиното уставно име ; Република Македонија е членка на коалиционите сили кои се борат против тероризмот во Ирак; и дека сојузната држва Мичиген е дом на најголемата македонска заедница во САД и заради тоа Сенатот, легислативното тело на оваа држава ги поддржува правата на македонскиот народ низ целиот свет да ја нарекуваат нивната држава Македонија нивен дом, слободно и без предрасуди да го изразуваат нивниот македонски националан идентитет, да ја практикуваат верата во нивната Македонска Православана црква, да ги негуваат нивните обичаи и да ги имаа сите човекови и цивилни права загарантирани со меѓународните закони. На крај се упатува и покана до македонскиот премиер Бучковски, по повод неговата официјална посета на САД. Копии од донесената резолуција ќе бидат испоратени и до Претседателот и потпретседателот на САД, државниот секретар, Конгресот, лидерот на монозинската партија во Сенатот на САД, како и конгресната делегација на Мичиген.
Pana Uspesnata prikazna prodolzuva....
toni_a prekrasno e koga ima pozitivni vesti...
dejan Pozitivno e....ama ne e za raduvanje. Michigan e nisto, Amerika ne prizna vekje.
ProMKD SAD ne priznaa pod ustavnoto ime, ama ne sum siguren dali isto ne priznaa kako posebna etnicka grupa, Makedonskata Pravoslavna Crkva, i Makedonskiot jazik? Dali znae nekoj poveke za toa?
OooOo Sea kje dojde Thief i kje vi reche: 'Jaka muda, iselenicite nishto ne pravat' :)
wolf_pack Vreme beshe, sigurno ima preku 30 000 Makedonci vo Michigan. Ja kako sho znam skoro pola Tetovo e vo Detroit/Windsor area i tri crkvi do sea izgradija.
BorisVM 3/4 od Tetovo e vo Detroit, t.e. vo taa oblast. Shto bi rekle nie, "Rat vodimo na svite strane."
concrete Micigen , Micigen...kade bese toa...???? Pa i Gorna Volta ne priznala slusam, so istite efekti za onie 1/4 tetovci sto uste se vo Tetovo. A zar uste ke pravite pretstava od aktivnostite na nekoe kulturno umetnicko drustvo koe tepa slobodno vreme...koga i NASTO so svoeto sirenje se isseli od Tetovo??????
трендафил А кога ќе не признае Охајо. Поради Македонија, град во таа држава чие име не им пречи на грците.