Za drevnata religija na Makedonite |
Homer MakeDonski |
Што ќе речете за тоа да се впуштиме малце и во водите на митологијата,
За древната религија на нашите предци скоро ништо и да не е напишано и ниту пак со сигурност се знае.Мое мислење е дека нивната религија била материзам и дека како следбеници на Големата Богиња Мајка или Мајката Земја го добиле името Македони .Наидов на еден текст ,во кој што согледав интересни моменти за оваа моја претпоставка и со задоволство го пренесувам .
Според книгата “Македонија - зачетоците на првата нација во Европа’’од Симета Пандовски
=======
Bo Македонија постоеле повеќе религиозни центри, но еден од за Македонците бил Дион - најстариот религиозен центар во од универзален карактер.
Дион имал и домашно значење, како место каде што се разни религиозни манифестации кои ги организирале царови во името на народот. Името Дион доаѓа од индо-европскиот јазичен говор "ДЕЈ", или "ДИО" што значело светлина, збор на некој начин е застапен и сега во македонскиот јазик, како господин, господи или госпоѓи - господ на светлоста или ДЕНОТ.
Дион бил град на многу познати фестивали во име на ЗЕВ, ЗЕВС, ЗВЕЗДЕН, ДЕУС, или JOB, латински равно на "ГОСПОД" или "БОГ", промовиран од македонскиот цар Архелај за време неговото владеење од 413 до 399 година пред новата ера.
фестивали за некои современи научници значат "контра игри" организирани од Македонците, но не се исклучува можноста да самите биле копија на игрите од Дион, затоа што тој бил најстар центар на Балканот. Инаку, според некои записи, на Македонците не им било дозволено да учествуваат во олимписките игри, заради нивното различно етничко потекло.
Во откритијата на врвни археолози во Дион се откриени пронајдоци кои датираат уште од таканаречениот "темен период" 1100 - 700-тата година пред новата ера, а во значењето и вредноста не се потребни објаснувања. Некои пронајдоци во Дион временски ги надминуваат пронајдоците во соседна "Грција", што докажува дека културата најверојатно се ширела од север кон југ, а не обратно, како што се дотогаш или се тврди и сега. Ваквото објаснување, односно заклучок го поврзува Дион со другите делови на Балканот, т.е. територијата од Белото Mope до планинскиот венец на Карпатите и од Синото Mope (Јадранот) до Црното Mope. Следат цитатите :
"Мора да сватиме дека Дион не е грчки град. Имено Дион повеќе се поврзува со раните индо-европски освојувачи, одошто со класичните Грци. Дион како именка на место дoaга oд индо-европскиот "ДЕЈ-ДЕН
“Феникијците изнаоѓале богови и ги извезувале, исто биле обожавани и некои дрва: Зевс Демарус (Zus Demarus) спомнат како Filon od Biblos (Феникијски град) мора да бил елинизиран од Бал-Тамар, господар на “палмите’’34
_______________
33 By Michael Koathley
34 "The Phoenicians", Translated by David Macrae, by Aldo Massa, Editions Minerva S. A., Geneve,
1977.
|
Inkognito |
quote: Originally posted by Unicor777
um, interesna tema, se soglasuvam so tebe deka mnogu malku se znae za religijata na drevnite makedonci, no bogovite sto ti gi spomnuvas imaat grcki prizvuk. Sega, znaeme deka so padot na filip makedoncite padnale pod se pogolemo vlijanie na grcite, blagodarejki na Aristotel i Aleksandar. No koga zboruvame za drevnite makedonci, toa ne se samo Filip i Sin mu, tuku cela loza na kralevi, zaednici, veruvanja i rituali. JAs mnogu malce znam za ova, no bi sakal od nekogo da slusnam za iminjata na bogovite i boginjite na starite makedonci, no na tie sto gi obozavale kako rezultat na procesot na helenizacija
Можеби имаат грчки призвук заради додавките на грците во 19-ти век, и не само на имињата од боговите туку и на се друго, на пример островите Род во Родос или Сам во Самос [;)] |
Homer MakeDonski |
Bo 1928 година, при ископувањето кај местото Дион од страна на Солунскиот универзитет, откриено е дека градот Дион се простирал во рамнина на подножјето на планината Олимп, која доминира на хоризонтот. Градот бил плански изграден и бил добро одржуван. Улиците водат во правец исток-запад со минимална надолнина која овозможувала одлив на водата покрај градските ѕидови. Централните улици биле долги околу 670 метри и го поврзувале едниот крај со другиот. Ѕидовите на кои биле изградени стражарници се протегале на околу 2.700 метри околу градот. Истите датираат од V или IV век пред новата ера. Градот бил обезбеден со водовод и со одводна канализација.
Пронајдени биле големи цевки од печена глина, преку кои се доливала изворска вода до чешмите на градот. Градот бил обезбеден со работилници, продавници, приватни куќи и народни бањи. Откриени се два театри, од кои едниот со подземни простории.
Најстариот веронаучен центар во Дион бил храмот на Мајката Земја идентификувана со името ДЕМЕТЕР, кое било во употреба кај античките народи 800 години, а почнале некаде пред новата ера. Дион бил нарекуван и како "место на светлината".
Најраните цивилизирани влади всушност биле религиозни управителства. Идејата за организирано живеење, обработување на земјиштата итн. потекнува од свештенството, односно нивните обожавачки богови. Првите владетели во Сумерија се познати како свештени лица. Свештеникот бил заколнат човек, предан на религијата, кој целиот живот го посветувал на веронауката и боговите. Негова преокупација била да го држи својот народ со себе и да не дозволи да преоѓа кај друг свештеник со друг бог.
Аријанските народи (белата раса), кои подоцна станале лидери на цела античка цивилизација, предничеле во нивната развиеност. Нивното свештенско и царско владеење е дел од нивниот цивилизациски напредок и е најмногу евидентно во Јужна Европа, Мала Азија и Блискиот Исток. Најмногу војни, револуции, менување на династии и превирања се забележани во гореспоменатите предели, исто така.
Свештенството играло главна улога во развојот на цивилизациите уште од самиот почеток и трае до денес. Неговата улога зависела од условите и местоположбата каде што тоа делувало и се развивало. Затоа се јавуваат и разлики од место до место. Во Египет, на пример, имало и фараони, кои имале повеќе сила и овластувања од свештенството. Фактички, тој бил бог и важел за најсвето нешто во Египет.
Кога Александар Македонски го освоил Египет, египетскиот народ го прифатил и признал за фараон, давајќи му ја титулата Амон, што била рамна на Бог. Таа традиција продолжила и по смртта на Александар, така да и другите македонски владетели во Египет ги сметале за нивни фараони, почнувајќи со Птолеме I и продолжило со другите по него.
|
Unicor777 |
um, interesna tema, se soglasuvam so tebe deka mnogu malku se znae za religijata na drevnite makedonci, no bogovite sto ti gi spomnuvas imaat grcki prizvuk. Sega, znaeme deka so padot na filip makedoncite padnale pod se pogolemo vlijanie na grcite, blagodarejki na Aristotel i Aleksandar. No koga zboruvame za drevnite makedonci, toa ne se samo Filip i Sin mu, tuku cela loza na kralevi, zaednici, veruvanja i rituali. JAs mnogu malce znam za ova, no bi sakal od nekogo da slusnam za iminjata na bogovite i boginjite na starite makedonci, no na tie sto gi obozavale kako rezultat na procesot na helenizacija |
gosoro |
ОД „БЕСЕДА ПРОТИВ НОВОПОЈАВИЛАТА СЕ БОГОМИЛСКА ЕРЕС" ОД ПРЕЗВИТЕР КОЗМА /XI век/
„Се случи, дека во годината на православниот цар Петар во Бугарската земја се појави поп со име Богомил - по верно е да се нарече Богунемил. Тој прв започна да проповедува ерес по Бугарската земја..."
"Богомилството освен во Бугарското царство добило широко разпространување и во Италија, Франција, Србија, Босна, Русија, Унгарија. Приврзениците на богомилството во Италија се нарекувале Катари, во Франција - Албигојци и Бугри. Насекаде во Европа станала позната "опасната Бугарска ерес"...
ОД ДУКЉАНСКИОТ ЛЕТОПИС /XII век/
Потоа време во Бугарското племе се издигнал некој си Самуил, кој се провозгласил за цар. Тој водел долги војни со Грците и ги изгонил од цела Бугарија, така дека при негово време Грците не смееле да се приближат таму...
„И така после смртта на Бугарскиот цар Владислав император Василиј, како собрал голема војска и множество кораби, започнал да ја завојува земјата и ја завладеал цела Бугарија, Рашка и Босна цела Далмација и сите крајбрежни области чак до пределите на Долна Далмација".
|
Inkognito |
quote: Originally posted by gosoro
ОД „БЕСЕДА ПРОТИВ НОВОПОЈАВИЛАТА СЕ БОГОМИЛСКА ЕРЕС" ОД ПРЕЗВИТЕР КОЗМА /XI век/
„Се случи, дека во годината на православниот цар Петар во Бугарската земја се појави поп со име Богомил - по верно е да се нарече Богунемил. Тој прв започна да проповедува ерес по Бугарската земја..."
"Богомилството освен во Бугарското царство добило широко разпространување и во Италија, Франција, Србија, Босна, Русија, Унгарија. Приврзениците на богомилството во Италија се нарекувале Катари, во Франција - Албигојци и Бугри. Насекаде во Европа станала позната "опасната Бугарска ерес"...
ОД ДУКЉАНСКИОТ ЛЕТОПИС /XII век/
Потоа време во Бугарското племе се издигнал некој си Самуил, кој се провозгласил за цар. Тој водел долги војни со Грците и ги изгонил од цела Бугарија, така дека при негово време Грците не смееле да се приближат таму...
„И така после смртта на Бугарскиот цар Владислав император Василиј, како собрал голема војска и множество кораби, започнал да ја завојува земјата и ја завладеал цела Бугарија, Рашка и Босна цела Далмација и сите крајбрежни области чак до пределите на Долна Далмација".
Од каде ли се извадени информацииве?
Богомил е роден во село Богомила - Велешко, тоест во Македонија и бил Македонец како и другите кои ги наведе во текстов!
|
suschestvo |
Isgeda Gosporo gi pobrka rabotive!
Vidi go naslovot, prvo!
Vtoro, nemorat da pisis za raboti koi za Makedoncite i ne se tolku drevni. Imas drugi topici za toa vreme za koe so sakas ti da pisis.
Ovde gledas deka se prajt muabet za postari raboti, t.e. mitologija.
|