ozonce |
Golem del od niv ne gi razbrav no ajde i vie potrudete se :)
Лабораториски дијамант се добива со разложување на калциум карбонат според реакцијата:
CaCO3 --> CaO + CO2
Смеса од 80 % хелиум и 20 % кислород се користи за дишење при одронување на карпи во некои вдлабнатини!
Калајот... во присуство на минералите неговата распространетост се зголемува!
Арсенот не образува голем број соединенија поради неговата отровност. Името му доаѓа од зборот арсин што значи змија, што укажува на неговата отровност.
На испит по Аналитичка хемија поставеното прашање гласи: Кои услови треба да ги исполнува една хемиска реакција за да може да се применува во гравиметрија? Одговор: Да биде (се мисли реакцијата) аналитички чиста, да не впива влага и да е хигроскопна.
Студент од четврта година на вежби по предметот Хемиска контрола на технички материјали го прашува асистентот: "Кој индикатор се користи за перманганометриско определување на манган?
Студент од насоката биологија-хемија на вежби по Аналитичка хемија после извршени две титрации (волумени на потрошен стандард: 10,5 mL и 11,0 mL) предава средна вредност за потрошениот волумен 16,0 mL. На сугестијата од асистентот да се провери резултатот судентот одговара дека проверил и дека тоа е резултатот кој го добива. Средна вредност која, се добива доколку правилно се работи со калкулатор изнесува (10,5 mL + 11,0 mL)/2 = 10,75 mL, студентот. Тоа што студентот го предал како резултат е 10,5 mL + 11,0 mL/2 = 16,0 mL, што е точно, но не е средна вредност.
Паулиевиот принцип гласи: Сите молекули во еден атом не може да бидат исти. (потекло: Рударско-геолошки факултат, Штип)
Паулиевиот принцип гласи: Сите молекули во еден атом не може да бидат исти и со електрони. Коментар: овој колега препишал од претходниот. (потекло: Рударско-геолошки факултат, Штип)
|