Македонската Православна Црква- Историски развој |
Jakov |
Краток вовед:
Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и Делата Апостолски.
Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој пероиод и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики.
За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.
Во VII век на територијата на Македонија е извршена словенска колонизација при што доаѓа до мешање на староседелците со Словените. Нивната христијанизација започнува во IX век, со делото и со животот на браќата Свети Методиј и Кирил, кои потекнувале од Солун. Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, во достоинство на патријаршија, а подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, с#1104; до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа III, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија. Од овој момент па натаму, македонскиот народ прави постојани напори за нејзино обновување но поволни услови за враќање на самостојноста се создаваат дури во текот на Втората светска војна (1941-45 г.). Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот црковно-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска Православна Црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука, заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како автокефална, бара да биде признаена како самостојна црква. Но, повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.
Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година.
Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ #1117; дал самостојност на Македонската Православна Црква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.
Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската Православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата "Света Богородица" Каменска во Охрид беше одржана и архиерејска литургија, на која што зеле учество патријархот Московски Алексиј, патријархот Српски Gерман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сосложување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други афтокефални цркви.
Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница во охридската црква Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е совршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинувањето од страна на Турција.
Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црковните општини надвор од границите на Републиката.
Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската Православна Црква како административен дел од едната, света, соборна и апостолска црква, ќе ги чува Светото Писмо, Светото предание, апостолските Правила и прописите на вселенските и помесните собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската Православна Црква. |
Enigma |
Kako shto istorijata veli "Samuilovata drzhava", ne bila makedonska, a Ohridskata
"avtokefalna" arhiepiskopija bila samoproglasena od Samuil, t.e. shizmatichka i nepriznata od Vselenskata crkva, kako i od drugite crkvi. So iskluchok, ja priznal Rimskiot papa, koj ne bil politichki informiran, i smetal deka taa vekje bila priznata
od Konstantinopol.
Se bi bilo prekrasno, kako vo bajka, koga MPC bi postoela togash kako VERSKA INSTITUCIJA, no faktite govorat deka postoela Ohridska Arhiepiskopija, koja ne bila Makedonska Crkva, a se odnesuvala na slovenite, i prvonachalno bila formirana od Vizantija po baranje na bugarskiot car.
Koga Svetiot Sinod na MPC vo 1967g. ja SAMOPROGLASIL avtokefalnosta izvrshil akt na SHIZMA (RASKOL) vo Crkvata. MPC nikogash ne bila ukinata od turskiot sultan, zashto
togash ne postoela kako takva. Taa, spored kanonite za jurizdikcija na Crkvata, se javuva kako NASLEDNICHKA na Ohridskata Arhiepiskopija, no ne i edna ista crkva.
So vakov voved vo istorijata na MPC (prevzemena od nejziniot sajt), taa nikogash nema da se zdobie so avtokefalnost, bidejki projavuva pretenzii kon teritorijata na nekogashnata Ohridska Arhiepiskopija. Toa shto na teritorija na Makedonija imalo povekje mitropolii
i eparhii, ne znachi deka tie i pripagjale/pripagjaat na MPC, kako shto nema potvrda ni deka Justinijan bil Makedonec, samo zatoa shto bil roden vo Taor, ili deka Justinijana Prima bila MPC, bidejki bila formirana na teritorija na Makedonija.
Vistina e deka MPC nasledila del od terotoriite na Justinijana Prima i Ohridskata Arhiepiskopija, koj se prostira vo granicite na deneshnata makedonska drzhava, i nishto povekje, ni pomalku od toa.
Ne mi e jasno, zoshto vernicite na MPC ja osuduvaat POA, a otvaranjeto na masonskata lozha vo Makedonija go primaat so interes i odobruvanje, dodeka novinarite toa
"prekrasno" go prikazhuvaat? Ili ne znaat deka pravoslaven hristijanin NE SMEE da bide sloboden mason, NITU DA PODRZHUVA, NI ODOBRUVA FORMIRANJE NA MASONSKI LOZHI VO PRAVOSLAVNITE ZEMJI?!
|
Enigma |
P.S. Judeo-masonstvoto e najgolem i najopasen neprijatel na pravoslavieto, vo toj kontekst, i na site pravoslavni zemji,
bidejki e organizirano predvoden od sledbenici na gjavolot,
koi dobrovolno i svesno mu sluzhat, a na toj nachin go
proizveduvaat antihrist. |
Jakov |
Axam.....a za istoriskiot razvoj na Makedonskata Pravoslavna Crkva nesto ako moze....toa drugoto e poznato odamna.... |
toni_a |
БАРАЊЕ ДО ПАРЛАМЕНТОТ НА ТУРЦИЈА
Турскиот султан не можел да ја укине Охридската архиепископија
Ако турскиот парламент ја поништи султанската одлука со која беше укината Охридската архиепископија, тоа ќе значи дека МПЦ е автокефална црква, изјави вчера преспанско-пелагонискиот владика Петар.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2879&stID=64513 |
Jakov |
Ova e interesno megutoa pravno gledano nema nikakov seriozen efekt. Nemoze ni da predizvnika priznavanje nitu da ja zasili nasata pozicija von Makeodnija. Poveke ke ima efekt vnatre vo MPC i RM. Sepak e dobro dokolku se sluci nesot vakvo. No da ne zaboravame Turcija pred dva dena dobi pokana za pregovori vo EU a tamu e Hellada. :( |
Enigma |
quote: Originally posted by Jakov
Axam.....a za istoriskiot razvoj na Makedonskata Pravoslavna Crkva nesto ako moze....toa drugoto e poznato odamna....
Se razbira, mozhe, no nema potreba, bidejki ti vekje dostavi
voved vo istorijata na MPC, a jas samo go dopolniv so fakti,
koi MPC i nejzinite vernici gi ignoriraat. |
Enigma |
quote: Originally posted by toni_a
БАРАЊЕ ДО ПАРЛАМЕНТОТ НА ТУРЦИЈА
Турскиот султан не можел да ја укине Охридската архиепископија
Ако турскиот парламент ја поништи султанската одлука со која беше укината Охридската архиепископија, тоа ќе значи дека МПЦ е автокефална црква, изјави вчера преспанско-пелагонискиот владика Петар.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2879&stID=64513
Kako mozhe turskiot parlament da ponishti svrshen akt, koj bil izvrshen od nekogashen sultan pred nekolku veka? MPC ne mozhe da bide avtokefalna crkva dokolku, toa priznanie
ne i dadeno, pred se, od matichnata crkva, koja vo nejziniot sluchaj e SPC, od prosta prichina, shto taa ja primila apostolskata priemstvenost od nea, t.e. prvite episkopi na
MPC bile rakopolozheni od SPC. I shto bi bilo, koga bi mozhelo ednostavno da se ponishtuvaat odluki, izvrsheni vo drevnosta ili podalechnata istorija? Koj ima vlast da gi vrati vremeto i istorijata nazad? Navistina, me chudi, shto obrazovani lugje smeat da
mislat deka mozhat da manipuliraat so vremeto.
|
Enigma |
P.S. Realnosta potvrduva deka nie ne mozheme da go vratime
ni vcherashniot izminat den, za da gi izmenime ili ponishtime
izvrshenite odluki i svrsheni dela.
Koga ubiecot bi mozhel da mu go vrati zhivotot na ubieniot,
togash i turskiot parlament, najverojatno bi mozhel da go
ozhivee mrtviot sultan, za toj da bi ja ponishtil izvrshenata
odluka. Ne e li toa absurd?!
Ili, Makedonija zhivee vo nekoj - svoj absurden svet?
Kako mozhe chovekot da veruva vo absurd i da se nadeva na
nego? Ili Simvolot na Verata, nekoi vekje go zamenile so
"Credo Quia Absurdum"?! |
OooOo |
quote: Originally posted by Enigma
... najverojatno bi mozhel da go ozhivee mrtviot sultan, za toj da bi ja ponishtil izvrshenata odluka. Ne e li toa absurd?!
Ne e, zatoa postojat naslednici ...
Odluki se nosat, se menuvaat, se dopolnuvaat, se ponishtuvaat. Niedna odluka ne e za vek i vekov.
|
toni_a |
Enigma,
ne se razbiram vo tie crkovnite raboti...no od praven aspekt,sekoja odluka,zakon,presuda...mozhe da se promeni.
pa duri postoi i obesshtetuvanje i izvinuvanje...
eve,vo komunizmot bea donesuvani zakoni i se pravea nekoi raboti...koi sepak ne bea za sekogas.pa neli se vrakat imoti itn.
imeto na nasata drzhava ne beshe (od pocetokot) priznavano,pa sega najgolemiot del od drzhavite vo svetot go priznavaat...
od toa sto go pisha doagam do zaklucok deka vo svetot nisto ne se promenilo i nemozhe da se promeni.
samo objasni sega,od tvojot posleden post,koj e ubieniot i koj ubiecot? |
Enigma |
Za da se bide naslednik, potreben e dokument za nasledstvo, koj spored kanonite na Crkvata, MPC go ima. Vprochem, nea nikoj ne i go osporuva imeto "Ohridska Arhiepiskopija", tuku taa bara avtokefalnost preku raskol i priznavanje na imeto MPC. Na site ni e jasno deka toa nema da se sluchi se dodeka ne se razreshi problemot okulu imeto na drzhavata, bidejki MPC e nacionalna crkva.
Komunizmot, centralizacijata na imoti i nivnoto vrakjanje se sluchuvaat
vo eden ist vek, pod edna ista vlast, ili slednata, koja se nadovrzuva na predhodnata ili gi pobiva nejzinite odluki, dodeka sultanot i MPC nemaat nishto zaednichko, nitu mozhat da se nadovrzat, kako shto e nevozmozhno da se povrze deneshniot turski parlament so nekogashnata Ohridska arhiepiskopija. Gapot e premnogu golem, a Turcija ima vlast samo vo svojata zemja (taa ne e povekje Otomanska imperija), dodeka MPC ne e islamska organizacija.
Kakva bi bila taa avtokefalnost na MPC priznata od Turcija?
Ne e bitno, koj e ubiec, ni koj e ubien, tuku poentata e deka ubiecot
ne mozhe da mu go vrati zhivotot na ubieniot, nezavisno od toa, kolku
se kae i izvinuva, a materijalnata kompensacija ne mozhe da im go
vrati mrtovecot na zhivite.
|
Enigma |
Ne zhivejte vo iluzija, i ne dozvoluvajte nikoj da ve zaveduva so lagi,
zashto zhivotot ima svoi principi i pravila, a smrtta nema nishto.
Sushtinata (bitieto), koja e izgubena niz istorijata, nikoj i nishto, so nikakva kompensacija ne kje mozhe da ja vrati.
Samo Hristos ima vlast i sila mrtvi da voskresnuva!
Ako pak, Toj sakashe MPC da bide priznata, kako takva, koj bi mozhel da mu se sprotivstavi? Zoshto MPC ima potreba da se obrakja kaj
turskiot parlament, koj nema vrska so pravoslavnata Crkva?
Hristos e glava na Crkvata, i bez Nego nishto ne e vozmozhno, pa ni
avtokefalnost.
|
OooOo |
Uf shto mrzam filozofii, staj mu g****o pred ochi i 2 dena kje go filozofira kakvo e. Nema shto da se filozofira, se znae deka smrdi i kraj. Naslednik vakov, onakov, papir vakov, onakov, odluka vakva, odluka onakva ... ajd bre nosi se, sama se vrtish u krug!
|
toni_a |
Enigma
znaci,kako da ja razberam rabotava?
celiot problem se sostoi vo toa sto sultanot ja ukinal i sto ne e reshen sporot so imeto? |
Enigma |
quote: Originally posted by toni_a
Enigma
znaci,kako da ja razberam rabotava?
celiot problem se sostoi vo toa sto sultanot ja ukinal i sto ne e reshen sporot so imeto?
Razberi, kako sakash! No, problemot ne e vo toa shto sultanot ja ukinal Ohridskata
arhiepiskopija, nitu vo sporot so imeto na drzhavata, tuku vo RASKOLOT na MPC.
Ete, da pretpostavime deka turskiot parlament bi mozhel da ja ponishti odlukata na
pokojniot sultan, no toa bi ja vratilo MPC vo statusot na OA pred nejzinoto ukinuvanje,
t.e. vo avtonoma Crkva pod jurizdikcija na Konstantinopol (patriarhijata na Samuil nikogash ne bila priznata od Vselenskata Crkva).I, shto povekje bi dobila MPC, otkolku
shto ima sega? Potochno, taa samo bi mozhela da se zdobie so pogolema zaguba.
Reshenieto na sporot so imeto na drzhavata e faktor vo odnos na imenuvanje na crkvata,
megjutoa nema sushtinsko znachenje za najziniot status, ako MPC ostane vo svojata shizma.
|
toni_a |
kolku sto znam srbija ne` ima priznato pod ustavno ime.toa znaci ne bi trebalo da bide predmet na diskusija. ili srpskata crkva ne ja priznava makedonija pod toa ime?
toa sto go pisuvash so RASKOLOT ne go razbiram!
ke mozhesh li na kratko da mi objasnish i da mi kazhesh koj so kogo se raskolnal,kako i koga? |
Enigma |
quote: Originally posted by toni_a
kolku sto znam srbija ne` ima priznato pod ustavno ime.toa znaci ne bi trebalo da bide predmet na diskusija. ili srpskata crkva ne ja priznava makedonija pod toa ime?
toa sto go pisuvash so RASKOLOT ne go razbiram!
ke mozhesh li na kratko da mi objasnish i da mi kazhesh koj so kogo se raskolnal,kako i koga?
Da, no pogreshno e da barame od SPC da vleze vo konflikt so Vselenskata patriarhija i so
GPC, i toa poradi MPC, koja e vo raskol so SPC. Crkovnata politika ni najmalku ne e ubava, ni dobra, no neminovna e za opstanokot na crkovnata institucija.
MPC, kako takva, dobila avtonomen status vo 1857g. od SPC, koga bile rakopolozheni
nejzinite prvi arhierei od Srpskata crkva. Vo 1967g., bez soglasnost na SPC, MPC
ja samoproglasila svojata avtokefalnost, so shto go narushila kanonskiot poredok
na Crkvata. Znachi, MPC e vo raskol so SPC. Statusot na edna pomesna crkva zavisi
najnapred od Boga, patem i od voljata na matichnata crkva (crkva - majka), kako
i od postavenite uslovi za avtokefalnost, vo koi ne spagja shizmata (raskol).
Raskolot e zhiva rana vo teloto na Hrista, koj vodi kon eres i otpagjanje od Crkvata Hristova. Raskolnichkata crkva nema opshtenje so drugite pravoslavni crkvi, odnosno sveshtenosluzhitelite na site pravoslavni crkvi ne smeat da sosluzhuvaat so nejzini duhovnici. Raskolnichkata crkva e kako otcepena granka, zashto liturgiskoto edinstvo
e prekinato. Taa, nikade vo istorijata ne e zapishana vo redovite na kanonskite crkvi, ednostavno kako da ne postoi, a nejzinite vernici se potpolno otsecheni od ostanatiot pravoslaven svet. Edinstveno, priznati se Svetite Tainstva (krshtenie, venchanie, prichest, itn).
P.S. Sultanot ne ja ukinal Ohridskata Arhiepiskopija tuku - taka, a vo soglasnost so
Vselenskata patriarhija. Taa bila ukinata kako institucija, no crkvata prodolzhila
da zhivee pod jurizdikcija na matichnata crkva (Vselenska patriarhija).
Od koi prichini, samo Gospod znae! Imaj vo obdzir deka togash ne postoela makedonska
drzhava, ni dotogash, pa se do minatiot vek.
Istata sudbina ja dozhiveala i Pekjkata patriarhija, koja najprvin bila simnata na
status na mitropolija, patem i potpolno ukinata (edna godina pred ukinuvanjeto na OA).
Crkvata na Kralstvoto Srbija (SPC) dobila avtonomen status od Konstantinopol vo 1832g.,
a vo 1879 ja samoproglasila svojata avtokefalnost, koja bila priznata od Vselenskata
patriarhija duri vo 1922g., po osnovanjeto na Kralstvoto na srbite, hrvatite i slovencite,
vo chij sostav vlegla i Makedonija, chija crkovna teritorija podpadnala pod jurizdikcija
na SPC. Povekjeto pomesni crkvi pominale niz faza na raskol, i nitu edna, lesno i vednash
ne se zdobila so avtokefalnost, a nekoi chekale i povekje od sto godini, no nishto ne
ni dava garancija deka raskolot na MPC kje zavrshi so priznata avtokefalnost, bidejki
Crkvata ne e demokratska organizacija, nitu e Bog demokrat.
|
toni_a |
aj procitaj go ova i kazi dali ima ,spored tebe nesto gresno:
ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Македонската Православна Црква (МПЦ), како легитимна наследничка на Охридската Архиепископија (ОА), своите почетоци ги има од апостолско време, од времето на второто и третото патување на светиот апостол Павле со своите сотрудници низ Македонија, кога ги формирал и првите христијански заедници на балканска и европска почва (Дела 16, 9-12 и Рим. 15, 19 и 2. Кор. 8, 1).
Духовниот живот на просторот од Република Македонија и во ранохристијанкиот период е на мошне високо рамниште, што се потврдува и со учеството на нејзините Епископи на вселенските и помесните собори (светиот Епископ Ахил Лариски - Преспански на Првиот Вселенски собор 325 г.; Епископот Евагриј од Хераклеја Линкестис на Сардикискиот собор 343-344 г.; Квинтилиј на Ефескиот 449 г. и на Четвртиот Вселенски собор, а на Цариградскиот 533 г. Бенигнус од Хераклеја и др.).
На овие наши простори уште во 6-от век постои автокефална црква - Јустинијана Прима, што ја основал најпознатиот црковен и државен правник, светиот цар Јустинијан, со седиште во Јустинијана, денешно Скопје.
По згаснувањето на Јустинијана Прима, по околу три века, во 893 година, настапува реевангелизација и духовна ренесанса, со организирањето на Црквата од страна на најнадарениот ученик на Светите браќа Кирил и Методиј - Свети Климент Епископ Велички. Неговата епархија била основа за создавање на Охридската Архиепископија како автокефална црква, почнувајќи од времето на Самоиловата држава (997-1018), па с#1104; до нејзиното укинување (1767 г.).
Угледот на Охридската Архиепископија, чии поглавари се потпишувале и како Архиепископи на Јустинијана Прима, бил огромен, па затоа ниту византискиот император Василиј II, по поразот на Самоиловата држава во 1018 година, ниту српскиот цар Душан Силни по заземањето на Македонија (XIV в.), не ја укинале, туку дозволиле во нивните држави да постои и таа - и Охридската Aрхиепископија, како автокефална Црква, покрај Цариградската, односно Пеќската. Таа дури по падот на Смедерево под Отоманската империја, во 1449 година, до обновувањето на Пеќската Патријаршија во 1557 г., повторно воспоставила јурисдикција врз епархиите на Пеќската Патријаршија, по неканонското одвојување од Охридската Архиепископија во 1219 година, на чело со Свети Сава Немањиќ.
На територијата на Отоманската империја на Балканот, Портата дозволила да има само една автокефална Црква, па затоа 1766 година ја укинала Пеќската, а 1767 и Охридската Архиепископија. За последнава правени се постојани обиди за нејзино обновување од страна на македонскиот народ, особено во времето на востанијата во Македонија (Разловечкото 1876, Кресненското 1878/9 година и Илинденското 1903 година). Посебно конкретен обид за обнова на Охридската Архиепископија направил Скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов, кон крајот на 19 век.
Тоа е, впрочем, време кога автономните и суверени држави и православни народи на Балканот, прогласуваат или обновуваат автокефални Цркви (на пр. Грчката, Српската, Бугарската и Романската).
По Првата светска војна, Кралството на СХС, во полза на Српската Православна Црква, ги доби 7-те епархии во Вардарскиот дел на Македонија.
На почетокот од Втората светска војна, српските Архиереи и српското свештенство ја напуштија Македонија, која потоа потпадна под јурисдикција на Бугарската и дел под Албанската Црква.
Во периодот од 1919 г., односно 1922 г., епархиите во денешна Република Македонија, се знае на кој начин, се приклучени кон обединетата Српска Православна Црква и во таа состојба ќе останат до 06 април 1941 г. Од таа дата, па с#1104; до денес, de facto, Српската Православна Црква воопшто не е присутна на просторот од Република Македонија! Значи, цели 65 години!
Обновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, започна уште на првата наша слободна територија, односно на 20.10.1943 г., на Свештеничкиот собир во Издеглавје (Охридско), а на 5 и 6 март 1945 г. - на Првиот Црковно-народен собор во Скопје, во присуство на над 300 делегати, свештеници и мирски лица, донесена е Одлука за “обнова на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква.”
Бидејќи, по Втората светска војна, Православната Црква во НР Македонија остана без Архиереи, беше одлучено свештенството и народот да изберат Архиереи, а хиротониите да ги извршат Епископи надвор од СФРЈ. Но, државната политика го спречи тоа и ја принуди Црквата во НР Македонија тоа прашање да го решава со Српската Православна Црква, која имаше претензии над Македонската Православна Црква. Српската Православна Црква ги сметаше за свои, и Црквата и народот во НР Македонија - не признавајќи дека постои македонски народ и затоа инсистираше да го врати поранешниот скопски митрополит Јосиф кој, како недомороден владика, ја напушти Македонија на почетокот на Втората светска војна. Иницијативниот одбор за организирање на Македонска Православна Црква #1117; предлагаше на Српската Православна Црква кандидати за Епископи домородци (Македонци), а Српската Православна Црква не ги прифаќаше туку нудеше асимилирани Македонци (Срби) кои би работеле за српската националистичка кауза. И покрај сите ветувања, во времето на управувањето со Српската Православна Црква од страна на Патријархот Викентиј, дека предложените кандидати од Иницијативниот одбор за организирање на Македонската Православна Црква ќе бидат потврдени од Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква, тоа не се случи, па немајќи друго решение, во октомври 1958 г. беше свикан Втор Црковно-народен собор и беа избрани предложените Епископи, а Топличкиот Епископ Доситеј, по потекло Македонец, од викар на Српскиот патријарх Герман беше избран за поглавар на Македонската Православна Црква .
Тогаш беше донесен и Устав на Македонската Православна Црква, како самостојна Црква.
Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква, пак, со Одлука бр. 06/1959 г., на обновената Охридска Архиепископија, односно на Македонската Православна Црква, #1117; ја призна САМОСТОЈНОСТА. Единството меѓу Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква беше договорено да биде изразено преку персоналната унија на српскиот Патријарх, кој се потпишуваше како Патријарх Српски и Македонски, односно Патријарх на Српската и Македонската Православна Црква (види акт бр. 9 март 1963 г., и 8 април 1963 г.). При посетата на Скопје на патријархот Герман, на 19 јуни 1959 г., од негова страна, во сослужение на српските Архиереи од неговата придружба и Архиепископот Доситеј е извршена хиротонија врз архимандритот Климент, идниот митрополит Преспанско-битолски. Значи, како Македонската Православна Црква сме се стекнале со уште двајца канонски Архиереи, покрај поглаварот - Архиепископот Доситеј. На тој начин запазено е благодатното апостолско преемство во нашата Света Црква!
Но, набрзо Српската Православна Црква започна со ревидирање на својата Одлука за САМОСТОЈНОСТА на Македонската Православна Црква, па затоа Македонската Православна Црква инсистираше Српската Православна Црква да ја престави пред другите помесни Православни Цркви, но таа упорно тоа го одбиваше и ја негираше САМОСТОЈНОСТА на Македонската Православна Црква со раскинувањето на персоналната унија. Затоа Македонската Православна Црква, за надминување на недоразбирањата, побара автокефалност од Српската Православна Црква. Српската Православна Црква го одби барањето на Македонската Православна Црква и тогаш Македонската Православна Црква беше принудена самата официјално да ја прогласи возобновената автокефалност на Охридската Архиепископија, свикувајќи Архиепископски црковно-народен собор во 1967 година, како, впрочем, што биле возобновени или прогласени одделни православни цркви (од возобновената автокефалност на Пеќската Архиепископија - Српската Православна Црква; од Трновската Патријаршија - Бугарската Православна Црква итн.), вклучувајќи го во најново време и прифаќањето од другите Православни Цркви на автокефалноста на Албанската Православна Црква.
Сепак, давањето автокефалност на една Црква е работа во која учењето и разбирањето на Православната Црква е мошне недоследно и покрај фактот што ова прашање е многу важно. Имено, на некои древни Цркви, коишто ја загубиле високата ерархија и матичната држава, по возобновувањето на државата или високата ерархија, им се признава и автокефалност, а на други, како и на Македонската Православна Црква, се бара да минуваат низ процесот на автономија. На Македонската Православна Црква, иако претставува возобновена древна Црква, и по 60 г. од возобновувањето, #1117; се оспорува автокефалноста, а согласно 17 правило од Четвртиот Вселенски собор и 38 правило на Шестиот Вселенски собор, имаме канонско и историско право на тоа, бидејќи сме древна Црква и имаме суверена држава.
Во Православието има недоследност и по прашањето кој ја дава автокефалијата: Мајката Црква или Цариградската Патријаршија, па се случува некои Цркви да добијат и по двапати автокефалност, како што е случајот со Полската и Чехословачката; други, пак, да добијат автокефалност од Мајката Црква - како Американската Православна Црква, а останатите Цркви (Црквите од грчкото јазично подрачје) да не ја признаваат, но и покрај тоа да сослужуваат со нејзините Архиереи.
Македонската Православна Црква, во повеќе наврати од 1967 до 1991 год., инсистираше да воспостави дијалог со Српската Православна Црква, но беше одбивана. Во тој период, на ниво на Комисии, се остварија само две средби: во 1978 г., во манастирот на Св. Прохор Пчињски и во 1979 г., во манстирот на Пресвета Богородица во Калиште, кај Струга, но без успех. На овие средби главна тема било прашањето за компетентноста кој може да дава автокефалија. Комисијата на Српската Православна Црква тоа прашање сметала дека “#1117; припаѓа на Вселенската Патријаршија или на идниот Вселенски собор”, наспроти поранешниот нејзин став дека “тоа е во надлежност на Мајката Црква”. Значи, секогаш Српската Православна Црква, по ова прашање, се однесувала според моменталните нејзини интереси и прилики.
Поради ваквиот став на Српската Православна Црква, делегација на Македонската Православна Црква го посети Цариградскиот Патријарх г. Вартоломеј, на 16 март 1992 г., во Фанар. Таму беше остварена средба и со српскиот Патријарх г. Павле и беше постигната согласност дека проблемот со автокефалноста на Македонската Православна Црква треба да се разреши со дијалог меѓу Српската и Македонската Православна Црква.
На 15 и 16 април 1992 г., се одржа средба меѓу комисиите на Српската и Македонската Православна Црква, во манастирот на Пресвета Богородица во Калишта, Р. Македонија и по предлог на Неговото Високопреосвештенство Загребско-љубљанскиот Митрополит г. Јован - Претседател на Комисијата на Српската Православна Црква, се донесе заеднички став да се воспостави евхаристиско единство меѓу Архиереите и свештенството на Српската и Македонската Православна Црква, а прашањето со автокефалноста да се решава по пат на дијалог.
Синодот на Македонската Православна Црква го прифати овој став, а Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква го одби и веднаш потоа донесе противни одлуки на тоа, и за првпат направи чекор да навлезе во јурисдикцијата на Македонската Православна Црква во Република Македонија, поставувајќи администратор за т.н. српски епархии во Република Македонија. Најверојатно ова се случи затоа што пропаднаа сите планови на Србија за конфедерација на Македонија со Србија. Последните акции на Српската Православна Црква за промена на името на Р. Македонија, е зачудувачки спротивна на државната Одлука на Србија и Црна Гора, која ја призна Република Македонија, по нејзиното осамостојување 1991 г. И покрај ваквото грубо мешање и навлегување на Српската Православна Црква во јурисдикцијата на Македонската Православна Црква, што беше игнорирано од свештенството и од православниот народ во Р. Македонија, Македонската Православна Црква продолжи и понатаму да го развива дијалогот со Српската Православна Црква, којшто беше неуспешен.
Потоа, од своја страна, за решавање на овој спор, Српската Православна Црква наметна една предлог-спогодба, која на секоја средба на Комисиите се доработуваше. Но, кога Македонската Православна Црква, во Ниш на 17.05. 2002 г., предложи свој докумет, сличен на понудениот од Српската Православна Црква, Комисијата на Српската Православна Црква го отфрли и, злоупотребувајќи ја довербата на членовите на нашата Комисија, подметна работен документ, од пред две поранешни средби, па затоа Комисијата на Македонската Православна Црква инсистираше да се стават парафи на работниот документ од Ниш. Ставањето на парафите врз работниот предлог-документ беше грубо злоупотребено, и тој таен документ беше објавен во медиумите, со цел и на тој начин да се изврши притисок врз Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква за да го прифати документот. Но, и Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква и целото свештенство, монаштво и народот во Македонската Православна Црква тој документ го отфрлија (исто, како што порано Архиерејскиот Собор на Српската Православна Црква, го отфрли ставот за заедничкото сослужување, донесен во Калишта, во 1992 год.).
Архиерејскиот Собор на Српската Православна Црква го прифати овој документ, но го фалсификува во најчувствителниот негов дел - уставното име на Република Македонија, кое го преименува во Поранешна Југословенска Република Македонија (види: документ Ниш 17 мај 2002 и Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква бр.38/2002). На тој начин, Српската Православна Црква, покажа дека нејзината намера е да ја злоупотреби Македонската Православна Црква, која го има мнозинскиот народ во Република Македонија (67%), за да повлијае да се промени уставното име на Република Македонија, а со тоа и името на Македонската Православна Црква, јазикот, културата и с#1104; што е посебност на македонскиот народ.
Српската Православна Црква за спроведување на своите намери, со цел да помогне во сменувањето на уставното име на македонската држава и Црква, најде сојузник, во лицето на поранешниот Повардарски Митрополит Јован, којшто од Македонската Православна Црква беше избран и хиротонисан, а заради докажани канонски престапи беше расчинет, за кој српскиот Епископ Пахомиј, на една телевизија рече: “Одамна баравме таков човек”.
Поттикнат од гордоста, властољубието и среброљубието, одметнатиот некогашен Архиереј, целосно застана на страната на Српската Православна Црква, негирајќи го името на сопствената држава - Република Македонија и на Македонската Православна Црква и, откажувајќи се од своето потекло, се стави на страната на националистичките пропаганди, насочени против Македонската Православна Црква и Република Македонија, за што беше целосно подржан од Српската Православна Црква.
Српската Православна Црква, прифаќајки го него, најде уште двајца кандидати, надвор од клирот на Македонската Православна Црква кои беа противканонски избрани и хиротонисани од Српската Православна Црква и со нив направи српски егзархат, којшто, всушност, е фиктивна (без народ), наводно, автономна српска Црква во Република Македонија, именувана како Православна Охридска Архиепископија (ПОА), злоупотребувајќи го името на нашата древна Охридска Архиепископија.
На последното заседание на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква, во мај 2005 година, Српската Православна Црква на т.н. “ПОА“ #1117; додели Одлука на наводно автономна Црква, а против Македонската Православна Црква ја прошири Одлуката од 1967 г., изопштувајќи го, покрај Архиереите и свештенството на Македонската Православна Црква, и целиот православен народ во Република Македонија, доколку остане во заедница со Македонската Православна Црква.
Овој чин на Српската Православна Црква предизвика огорчување, не само кај македонскиот народ и другите православни, туку и кај сите граѓани што живеат во Р. Македонија, дури и кај српскиот православен народ во Србија и Црна Гора.
Значи Српската Православна Црква, порано, еднострано и со зла намера, непокажувајќи ни основни знаци на евангелска љубов кон Македонската Православна Црква, ја прекина евхаристиската заедница со Архиереите, свештенството и монаштвото, а со последнава одлука и со целокупниот православен народ во Македонската Православна Црква. Затоа, Македонската Православна Црква молитвено се обраќа до Вас и до Вашата Света Црква за да ја покажете Вашата евангелска љубов кон нашиот народ и Црква Божји, кои скоро 2000 години живеат според учењето на Светата Православна Црква, Светото писмо и Светото предание.
Ве молиме, Македонската Православна Црква да ја прифатите како Ваша најпонизена сестра во Христа Господа - Главата на Православната Црква.
Знајте и тоа дека, наоѓајќи се во ваква состојба, по овие притисоци од Српската Православна Црква, нашиот народ е изложен на дополнителни притисоци од разни секти, а некои интелектуалци од Македонија дури заговараат излез во некакви унии.
Доколку имате потреба од повеќе информации, подготвени сме да Ви ги дадеме во заеднички разговори, кај нас или кај Вас.
Ваша Светост, доколку не примиме од Вас и од Вашата света Црква знаци на евангелска љубов, а заради ваквиот неискрен однос на Српската Православна Црква кон нашата Света Црква и нашиот православен народ, бидете уверени дека гревот кон Македонската Православна Црква ќе го носи на совест целото Православие.
Ваш во Христа Бога брат и сомолитвеник,
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
+ СТЕФАН
|
toni_a |
od celava rabota ,sto eve vaka malku pochnav da citam, razbrav deka kako sto imale drzhavite i drugite nacii pretencii i "zhelba" za vlast,istoto se preslikuva i prakticira na crkovniot plan.(sto spored mene nema ama bash nisto zaednicko so vera,hristijansko,ljubov,tolerancija,pravednost,bog...)
jak si,imas vlast i teritorija->dobivash crkva(priznata)
|
toni_a |
Од неканонското укинување на автокефалната Охридска Архиепископија во 1767 г., остварено со одлука на турскиот султан, а по барање на Цариградскиот Патријарх Самуил I па си до Првата светска војна епархиите на сегашна Репубика Македонија се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската Патријаршија. После Првата светска војна овие епархии територијално потпаднаа под окупација на Српската држава и затоа преминаа под управа на Српската Православна Црква. Со почетокот на Втората светска војна српските Епископи, заедно со својата војска и полиција, ги напуштаат овие епархии со кои управуваа само 20 години и на нивно место доаѓаат Епископите на Бугарската Православна Црква. По Втората светска војна Република Македонија егзистира како посебна федеративна држава во состав на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Неколку години по распадот на СФРЈ, на 8 април 1993, Република Македонија стана 181 членка на Организацијата на Обединетите Народи (ООН), но заради спорот околу името со Република Грција, призната е како Бивша Југословенска Република Македонија. Под нејзиното уставно име „Република Македонија”, досега е призната од повеќе од 70 земји во светот меѓу кои и од Русија, САД и Кина, како и од Србија и Црна Гора, Бугарија, Романија итн.
И покрај јасната одлука на 17 правило на Четвртиот Вселенски Собор, во која се вели дека организирањето на црковните области треба да биде соодветно на државното и граѓанското организирање, на Црквата во Република Македонија од познати политички причини и до ден денес #1117; се оспорува правото на своја самостојност.
Со Нишкиот нацрт-договор во 2002 г. помеѓу Македонската и Српската Црква, беа задоволително решени сите спорни канонски и литургиски меѓусебни проблеми на двете Цркви. Единствен спорен проблем за СПЦ остана името на нашата света Црква и нејзиниот статус. Нашата Црква од пастирски причини инсистираше на името ’Македонска Православна Црква’ и на самостоен статус, додека Српската Православна Црква, од политички причини (не го признава постоењето на македонскиот народ), инсистираше на името Охридска Архиепископија и на автономен статус. Сите теолошки и историски факти укажуваат дека проблемот на името на нашата Црква нема црковна, туку чисто политичка основа
|
toni_a |
ova go zemav od edno drugo mesto,ama mi prozvuci dosta interesno...
под притисок на грчките фанариоти цо цел да се елинизира православното население во Македонија. Значи, Охридската Архиепископија со корени од веројатно 3тиот век(Св.Еразмо Охридски е првиот Охридски Епископ што мене ми е познат) потпаѓа под јурисдикција на Цариградската Патријаршија. Во 1919, со создавањето на Кралството Југославија, епархиите потпаѓаат под јурисдикција на Српската Православна Црква, мислам дека постои и податок дека Србите платиле за да ги добијат овие епархии под своја јурисдикција. Спорна е и нивната автокефалија токму од Охриската Архиепископија е купена со злато во времето на Стефан Немања. |
Enigma |
quote: Originally posted by toni_a
od celava rabota ,sto eve vaka malku pochnav da citam, razbrav deka kako sto imale drzhavite i drugite nacii pretencii i "zhelba" za vlast,istoto se preslikuva i prakticira na crkovniot plan.(sto spored mene nema ama bash nisto zaednicko so vera,hristijansko,ljubov,tolerancija,pravednost,bog...)
jak si,imas vlast i teritorija->dobivash crkva(priznata)
A kako misleshe ti?
Verata i ljubovta za Boga, nikoj ne mozhe da mu ja odzeme na chovekot (beden ili bogat), no koga e vo prashanje nezavisna crkovna ili bilo kakva institucija, se razbira, bez vlast, ekonomska mokj i uporna organizirana borba za postignuvanje na celta, nevozmozhno e da se dobie.
Ni zheni na podarok ne se dobivaat, a za institucii nema smisla ni da govorime!
Zatoa rekov, ne zhivejte vo iluzija! Zhivotot e bojno pole, vo koj, za ostvaruvanje na svoite prava, chovekot treba da se izbori preku ispolnuvanje na sopstvenite dolzhnosti
i so istraen trud.
Za da dobie zhena, mazhot najnapred treba da ja osvoi, i da pojde na mnogu kompromisi,
a potoa chel zhivot da r'mba za nea i za semejstvoto. Ako ne gi ispolnuva uslovite za
za svoe - "nezavisno" semejstvo, i svoite dolzhnosti, toj nikogash ne kje mozhe da ima semejstvo, ili kje go izgubi toa shto go ima bez obdzir na dadenoto pravo. Togash,
kako sakash, ako si nejak i nemash vlast, da imash nezavisna crkovna institucija? |
Enigma |
quote: Originally posted by toni_a
ova go zemav od edno drugo mesto,ama mi prozvuci dosta interesno...
под притисок на грчките фанариоти цо цел да се елинизира православното население во Македонија. Значи, Охридската Архиепископија со корени од веројатно 3тиот век(Св.Еразмо Охридски е првиот Охридски Епископ што мене ми е познат) потпаѓа под јурисдикција на Цариградската Патријаршија. Во 1919, со создавањето на Кралството Југославија, епархиите потпаѓаат под јурисдикција на Српската Православна Црква, мислам дека постои и податок дека Србите платиле за да ги добијат овие епархии под своја јурисдикција. Спорна е и нивната автокефалија токму од Охриската Архиепископија е купена со злато во времето на Стефан Немања.
Ne e bitno dali platile Srbite, zashto vo 1919g., seushte zheni so zlato se kupuvale,
i se mozhelo so pari da se kupi (se razbira, osven zdravje i ljubov).
Vprochem, togash ne postoel zakon protiv otkup na robovi, zheni i zemja, vo toj kontekst i crkovna zemja. Sepak, se ispostavuva prashanjeto: dali taa informacija e verodostojna?
|
toni_a |
woowww!
vakvo nesto ne ochekuvav od tebe!
osobeno ova:
[quote:]
...nezavisna crkovna ili bilo kakva institucija, se razbira, bez vlast, ekonomska mokj i uporna organizirana borba za postignuvanje na celta, nevozmozhno e da se dobie...
...ako si nejak i nemash vlast, da imash nezavisna crkovna institucija?
e sega ostana uste prasanjeto dali se/bile pravedni (hristijanski) postapkite na spc?
odnosno zashto suverena,nezavisna i priznata drzhava da nema svoja MAKEDONSKA crkva?
|
Enigma |
quote: Originally posted by toni_a
woowww!
vakvo nesto ne ochekuvav od tebe!
osobeno ova:
[quote:]
...nezavisna crkovna ili bilo kakva institucija, se razbira, bez vlast, ekonomska mokj i uporna organizirana borba za postignuvanje na celta, nevozmozhno e da se dobie...
...ako si nejak i nemash vlast, da imash nezavisna crkovna institucija?
e sega ostana uste prasanjeto dali se/bile pravedni (hristijanski) postapkite na spc?
odnosno zashto suverena,nezavisna i priznata drzhava da nema svoja MAKEDONSKA crkva?
Ni jas ne ochekuvam takvo neshto od realnosta, no za zhal, taa e chesto surova, a jas nemam mokj da ja izmenam, no imam izbor, da se soocham so nea ili da ja ignoriram (da
zhiveam vo zabluda).
Gorepostavenoto prashanje se odnesuva na SPC, a jas, bidejki ne sum nejzin chlen, nitu
sum Srbinka, ne mozham da odgovaram vo nejzino ime. Nasheto prashanje e postaveno vaka:
dali se pravedni postapkite na MPC, kako i nashite lichni postapki?
Zashto sekoj e odgovoren samo za svoite postapki i grevovi (nepravdi), za koi porano ili
podocna (na ovoj ili onoj svet) kje se rasplati.
Zoshto, suvereni i nezavisni semejstva nemaat deca? Zoshto umiraat mladi lugje i deca?
Zatoa, najverojatno i MPC ne e priznata "MAKEDONSKA" Crkva. Zoshto..., samo Gospod znae!
Sepak, ni ostanuva faktot deka Gospod ne dozvoli priznavanje na avtokefalnosta na MPC,
zatoa POA e priznata kanonska crkva od SPC i seta pravoslavna ekumena. Ili ti mislish
deka politikata na GPC i SPC e posilna od Bozhjata sila?
Gospod dozvoluva nepravdi da bidat izvrsheni vrz nas, najverojatno zatoa, shto samite ne
sme pravedni. Nie, pred Boga, nikogash ne kje mozheme da se opravdame so tugjite nepravedni postapki. Zatoa, poarno e da gi sledime svoite postapki, namesto da kopame
po tugjite dushi barajki i broejki nepravdi.
Ako imash neshto protiv SPC i Srbite, obrati se kaj niv, pa neka ti odgovorat tie,
bidejki nema smisla nie da gi ozboruvame vo nivno otsustvo.
|
toni_a |
quote: Originally posted by Enigma
Gorepostavenoto prashanje se odnesuva na SPC, a jas, bidejki ne sum nejzin chlen, nitu
sum Srbinka, ne mozham da odgovaram vo nejzino ime. Nasheto prashanje e postaveno vaka:
dali se pravedni postapkite na MPC, kako i nashite lichni postapki?
Zashto sekoj e odgovoren samo za svoite postapki i grevovi (nepravdi), za koi porano ili
podocna (na ovoj ili onoj svet) kje se rasplati.
spored mene sepak e vazno so kogo se fakame vo oro...
za da se precenat postapkite koisto crkvata gi ili treba da gi napravi,sepak e vazno koj i kakov e "partnerot".
eve eden primer:
iako jas kako soucesnik vo nekakov kriminal,sto ne go izvrshuvam direktno/licno,tuku eve sum go zasolnal i sum znael za izvrshitelot i deloto, ne me pravi avtomatski nevin.
tuku naprotiv,spored zakon sum vinoven i bi bil kaznet.
razbiram deka nesakash da gi komentirash postapkite na spc,no spored mene tie se od sushtinsko znacenje za ponatamosnite postapki na nasata crkva.
dokolku spc odednas zapocne da se zanimava so "crna magija" i pocne da mu se klanja na gjavolot,dali togas treba i na nea potcinetite crkvi da go pravat istoto? a nacionalizmot i apetitite sto gi neguvaat,opakuvani vo "Bozja volja" i "crkva" se mnogu polosi.
samata kazha deka sepak si e vo igra politika,mok itn...
zasto togash vo promeneti uslovi na igra,kade sto veke imame svoja teritorija,drzhava i nacionalnost koi se priznati (oficijalno) od srpska strana nemozhe da se priznae MPC?
eve duri po 17 pravilo,generalnata praksa i sto li uste ne,nesakaat da se soocat so realnosta i vistinata.
kako sto citam isto i CPC ne se priznava...
sto izleguva na kraj? ja svedovme pak rabotata na opstopoznatata srpska politika kon nas.zatoa neznam zashto se plashish deka so nekoe negativno iskazuvanje za spc bi napravila grev,koga e jasno deka ne se raboti za vistinski crkoven spor i Bozhja volja.
na edna druga tema ednas postirav kako izgleda "amblemot" na poa i nemase ama bas nisto zaednicko so Makedonska Crkva za koja i vsushnost stanuva zbor.
a licno jas,dokolku treba da se klanjam na dvoglav orel bi se otkazhal od taa crkva!
so ova mislenje sigurno ne sum sam,pa preceni sega vo cie ime i interes raboti spc.sigurno ne vo Bozhji.
[quote]
...Бидејќи Србија по втората светска војна еднострано се откажа од Букурешкиот договор и го прифати постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик и ја призна Народна Република Македонија, денес на српските националшовинисти, кои што се однесуваат како да е ова 1912., не им останува друга можност, освен преку црквеното прашање да го оспорат постоењето на македонскиот народ...
...Грчката официјална политика го негира името на македонскиот народ, јазик и држава. ГПЦ како нејзина маша ја поддржува СПЦ во овој спор, бидејќи доколку не постои МПЦ, тогаш не постои ниту македонски народ, ниту македонска држава. Македонците во тој случај се сталинистичка творба, а името Македонија и припаѓа екслузивно само и само на Грција...
/
dali zhelbata za slobodna i nezavisna drzhava,narod i crkva koja saka da se imenuva ,posle vekovi na ropstvo(pokraj drugoto "gazena" i od gore navedenite), so imeto preku koe se identifikuva za tebe pretstavuva greska i grev? |
toni_a |
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКАТА ОХРИДСКА ПАТРИЈАРШИЈА - МАЈКА НА ПРАВОСЛАВИЕТО
http://www.mytempdir.com/211451
(PDF na Makedonski) |
toni_a |
ЗОШТО СУЛТАНОТ ЈА УКИНА ОХРИДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА?
http://www.mytempdir.com/211461
(PDF na Makedonski) |
angomako |
quote na enigma:
Povekjeto pomesni crkvi pominale niz faza na raskol, i nitu edna, lesno i vednash
ne se zdobila so avtokefalnost, a nekoi chekale i povekje od sto godini, no nishto ne
ni dava garancija deka raskolot na MPC kje zavrshi so priznata avtokefalnost, bidejki
Crkvata ne e demokratska organizacija, nitu e Bog demokrat.
========================================================================================
pa nikoj ne rece deka crkvata e demokratska organizacija,ama pak povekje od sigurno e kako coveckata padnata priroda moze da ja iskoristi crkovnata institucija vo niski i podli nacional-shovinisticki celi.
enigma,voopsto ne mi se dopagja kako razmisluvas.
mnogu cudno,navistina,i pomalku astrasuvacki deluva na mene soznanieto kako inteligentni lugje mozat taka ednostrano da ja suspendiraat svojata kriticka misla i da procesiraat podatoci kako roboti.
ta ako nasite faktine deluvaat,na tebe,pogledni na istorijata,koja e ucitelka na zivotot.
i toa sepak ne e dovolno...kakomozes taka selektivno da gi primas rabotite,se prasuvam?
ima tolku mnogu primeri od koi moze da se poucime za toa kako drugi crkvi pominale niz istoto ova niz koesto smer pominale i nie,i sto se ne,a ti toa pa toa.
pa postoi na primer i ruskata zadgranicna crkva,koja isto taka bila nepriznaena,i se uste e.
i ete toa ne ja sprecuva taa crkva da opsti so drugite crkvi,a pred se srpskata.
i sto sega,taa crkva e protiv gospod?
ne mu e po volja na boga taa crkva?
mislam,najstrasno e koga dnevnata politika i nacional-shovinizmot i sl,
se krijat pod terminot "bozja volja",i sl...
a kako kje opredelime kade pocnuva dnevnata politika,a kade bozjata volja?
isto kako sto ti vikas deka bog ne e demokrat,jas kje go prosiram toa i kje napisam deka "bog e milostiv,i ima razbiranje kon onie koi go ljubat"...
mislam,site imale pravo na shizmi,i bog im odobril,ama nie,ete,za sekoj slucaj,da ne ne ni odobri,pa da si traeme podobro.
prasanjeto e,ako srbite taka razmisluvale kako i ti,togas dali i tie kje imale denes sopstvena crkva.
sekoj narod si ima svoj krst za nosenje,i nema potrebi od baucki prikazni za mali deca.
ti enigma,treba da porasnes i da imas povekje doverba vo sebe.
bog im pomaga na onie koi si pomagaat sebe si.
mpc vekje go izbrala ovoj pat,istokako i spc,i mnogu drugi pravoslavni crkvi.
ta tokmu ovoj cin na raskol do dobivanje avtokefalija e del od taa "politika megjucrkovna" za koja sto ti zboris.
mozebi ne e po zakonite,ama ako se prosledi istorijata,kje se vidi deka de fakto,mpc i patot po koj sto di e tipicen i slicen na patot niz koisto pominale mnogu drugi pravoslavni crkvi.
i tocno,se slagam deka nema nisto tuka ubavo ili fer,ama ete,taka toa si bilo.
i ne,ne begame nie od realnosta,ami ti begas od faktite.
so baucki prikaski od tipot "kje gorite vo pekolot,ako ne idete po voljata na spc",nigde nikoj nema da stigne.
nema vrakjanje od patot sega koj e izbran,i mozebi bozjiot test e tokmu vo toa,da vidi dali kje istraeme na patot za aftokefalija do sopstvena crkva,niz koj test pominale i mnogu drugi pomesni crkvi,megju koi i tvojata spc.
od kaj pa ti,enigma,si davas do pravo,a so ogled na dosegasniot crkoven razvoj,da impliciras kakava e bozjata volja,i sto bog saka od nas?
da ne si ti slucajno vozgordeanata?
koga vekje sme trgnale po istiot toj pat kon aftokjefalija kako i skoro site drugi pomesni crkvi,togas,enigma,NEMA vrakjanje.
mojata bolka e vo toa sto,tokmu preku poa se postavi najgolemata sopka kon onoj pat od koj nema vrakjanje.
objektivnmo gledano,odmnogu mnogu pricini mpc ne moze da ja povlece aftokjefalijata povekje,i mene me cudi kako toa ne uspeaa od poa lugjeto da go vidat,ami kako mladi majmuni,blagonadezni i seznajni iznaskokaa da se iznaplukaat vrz svoite duhovni otci.kako moze toa taka enigma?
moeto iskreno mislenje e deka tokmu preku poa,se napravi najgolemata sopka na patot do nasata makedonska crkovna aftokjefalija.
toa e kako da si trgnal na pat niz pustina i imas onolku gorivo kolku za da stignes od mestoto a do mestoto b.i sega na dve tretini od patot nekoj vika,vrakjanje nazad!
ne moze vrakjanje nazad,ne denes koga ima drzava makedonska,koga imame svoj jazik,i sl...
toa samo uste povekje bi go unistilo i razedinilo narodot,a vistinskite duhovnici se svesni za tie svoi postapki.
moite cestitki do tebe i tvoite prijateli
|